Возачот на Haas, Никита Мазепин нема да настапи на денешната трка за ГН на Абу Даби. Тој е позитивен на тестот за Ковид-19 Рускиот возач ги одработи тренинзите и квалификациите, но доби позитивен резултат од тестот и ќе мора да ја пропушти последната трка од сезоната. Тимот соопшти дека Мазепин се чувствува добро и има само благи симптоми на болеста, но според правилата мора да оди во самоизолација. Резервниот возач на Haas, Пјетро Фитипалди, ...

Каков и да биде исходот од трката во Абу Даби, пред нас е историски ден поради улогите на двајцата возачи во една од најлудите сезони во историјата на Formula 1 По осум месеци, 21 трка дојде денот за одлука кој ќе биде овогодинешниот шампион во Formula 1. Пред големото финале, Макс и Луис се изедначени по бројот на освоени бодови, а Холанѓанецот е оној кој ќе стартува од пол-позицијата на последната трка сезонава. Пред финалната пресметка на ...

Жирито на AutoBest тестирало 15 електрични автомобили во практично возење и нивниот опсег со едно полнење на батеријата Резултатите од ECOBEST Challenge – Electrified by VinFast на Autobest изгледаат разочарувачки, иако и автомобилите со бензински или дизел погон ретко, го достигнуваат фабрички декларираниот опсег. Сепак, впечатливо е што само пет тестирани електрични модели достигнале повеќе од 90 проценти од официјалниот фабрички ...

Неозначен запрен автомобил причина за страшен верижен судир во Калифорнија Застрашувачка верижна сообраќајна несреќа се случила во Калифорнија кон крајот на минатиот месец. На почетокот на видеото може да се види постара Nissan Altima запрена на автопат во раните утрински часови. Пред оваа несреќа, се чини дека Altima-та претходно учествувала во судир бидејќи може да се видат големи оштетувања на предното тркало. Останува нејасно зошто на ...

Германскиот производител на автомобили Volkswagen објави дека склучил уште три стратешки партнерства за индустријализacija на технологија за батерии и нивно масовно производство Новите партнери на VW се групата за технологија на материјали Umicore, специјализираната компанија за батерии 24M Technologies и компанијата за чиста технологија Vulcan Energy Resources. Volkswagen соопшти и дека го спроведува својот технолошки план за внатрешен ...

Месец дена по премиерата на SEMA Show, оваа уникатна Tesla веќе може да се види на патиштата. Електричните автомобили имаат голем број на предности во однос на класичните возила напојувани од фосилни горива, но во еден поглед тие едноставно не можат да се натпреваруваат. И покрај вештачки генерираниот звук, сè што досега е понудено е далеку од звукот на вистински V8 мотор. Токму затоа, извесен Рич Беноа затоа решил да ја ...

New York Times пишува дека голем број возила на Tesla им дозволуваат на патниците на предните седишта да играат видео игри на централниот инфозабавен екран додека возилото е во движење, по ажурирањето на софтверот ова лето Системот на патниците им дозволува да играат игрици како „Sky Force Reloaded“, „The Battle of Polytopia: Moonrise“, „Solitaire“… додека Tesla е во движење. Рака на срце, пред да ...

Заработката од продажба на гориво се мери со десетици милијарди долари Високата цена на нафтата и следствено на нафтените деривати, секако негативно се одразува на економијата, но најмногу на стандардот на обичниот човек. Сепак, таквите цени за некои се добредојдени, ги охрабруваат и „тријат раце“. Најголемите нафтени компании кои работат во Америка, таканаречените Big Oil, годинава бележат огромни профити, а со нив и ...

Торинскиот бренд е на работ на големи промени… Fiat долги години има прилично застарено портфолио, но и покрај тоа Италијанците го издржаа налетот на конкуренцијата во Европа, додека во Јужна Америка остана практично недопирлив! Она што веќе е потврдено во Торино е дека новата генерација на Panda ќе премине од А во Б сегмент, како и тоа дека ќе премине во EV класата… Во меѓувреме, сегашната Panda ќе опстојува на пазарот уште ...

Германската марка нема да произведува единици од овие два модели до 10 јануари Секако, како и во другите случаи на затворање фабрики во автомобилската индустрија, и во овој случај проблем е недостигот на полупроводници и микрочипови. Поради тоа, Volkswagen решил да ги испрати работниците од фабриката во Емден на подолг одмор и тие да се вратат на работа на 10 јануари, кога треба да се рестартира производството на Passat и Arteon. Емден ...

Компанијата и понатаму се противи на целосна забрана за автомобили со мотори со внатрешно согорување Германскиот производител на автомобили BMW објави дека има продадено еден милион електрифицирани возила и планира да достигне вкупна продажба од два милиони EV возила до 2025 година. „Околу 70 отсто од продадените електрични возила досега се хибридни“, изјавил членот на одборот Питер Нота на тркалезна маса со новинарите, додавајќи ...

Одлучувањето за тоа колку е безбедно да се пие пред возење е секогаш коцкање, но сега едно истражување покажува колку грешиме Имено, истражувачите замолиле 90 луѓе да пијат пиво или вино и да кажат кога мислат дека ја надминале границата. Експериментот покажал дека дури 53 отсто од нив грешат кога проценуваат дали се сигурни за возење. Авторите на студијата сугерираат дека охрабрувањето на луѓето да размислуваат повеќе за тоа колку пиеле, ...

Видеото е монтирано за да се отстранат снимките од несреќата и продолжува да се користи за промовирање на системот до ден-денес Познатиот видео запис на Tesla, со кој компанијата го промовира својот систем за самоуправување Autopilot 2.0 без никакво човечко влијание, кој првично е објавен во 2016 година, а достапен и ден денес, според група поранешни вработени е монтиран. Имено, двајца поранешни членови на Autopilot тимот анонимно зборувале ...

Наместо со нивните приватни, фудбалерите на Манчестер Јунајтед во кругот на стадионот треба да ги користат спонзорските автомобили Ситуацијата во Манчестер Јунајтед е далеку од идеална. Клубот моментално е на шестото место во премиер лигата, а поради серијата лоши резултати неодамна беше отпуштен тренерот Оле Гунар Солскјер. На негово место е поставен Ралф Рангник, поранешниот тренер на германски Лајпциг, кој има свои методи и прилично ...

Renault Zoe, еден од најпопуларните електрични автомобили во Европа, во новиот круг на тестирање од страна на EuroNCAP добил нула ѕвезди во однос на безбедноста, додека сродниот Dacia Spring EV само една ѕвезда На овој начин, Зое стана третиот модел во историјата на Euro NCAP кој забележа резултат од нула ѕвезди, 20 години откако Renault Laguna беше првиот модел кој доби цели пет ѕвезди. Renault Zoe претходно беше горд сопственик на ...

Додека цените на половните автомобили во Германија во 2020 година останале речиси на нивото од претходната година, оваа година бележат раст во речиси сите сегменти Според анализата на порталот за половни автомобили AutoScout24, просечната цена на половен автомобил пораснала на 22.841 евро или за 2.027 евра или 10 отсто повеќе во однос на минатогодишното ниво. Споредено со истите периоди лани и годинава, порастот е уште поголем бидејќи во ...

Во теорија, полесно е да се вози електрично возило под вода отколку возило со термички мотор YouTube каналот „Chillin ’with Chet’ одлучил да ја спроведе теоријата во пракса, обидувајќи се да го вози Teslu Model S Plaid два метри под вода. Како и во многу други случаи, примената на теоријата се покажала многу потешка отколку што може да се очекува, па тестот на некој начин не успеал. Предизвиците за изведување на ...

Возачот на камионот не го видел Model 3 и немал поим дека турка електричен автомобил на автопатот … Секојдневно, на Интернет се појавуваат мноштво видеа кои прикажуваат различни инциденти на автопатиштата ширум светот. Меѓутоа, еден од нив посебно се издвојува и покажува како камион удира во Tesla Model 3 во задниот дел, по што продолжува да го турка автомобилот по автопатот нешто помалку од еден километар. Возачот на Tesla Model 3 ...

Lamborghini Huracan Performante, автомобил вреден повеќе од 250.000 евра, потонал во езерото Мондси во Австрија. Всушност станува збор за глупава грешка 31-годишен Швајцарец при обид за дрифтање ги помешал педалите за гас и сопирање и „одлетал“ во езерото. Брзината веројатно била голема бидејќи ова Lamborghini одлетало 15 метри и потонало 5 метри под површината на водата. Возачот успеал да излезе и да доплива до брегот, а потоа ...

Експертите во моментов споменуваат цена на батериите за електрични автомобили од 118 долари за киловат час Цените на речиси сите суровини во автомобилската индустрија растат, но има исклучоци. Батериите се најскапиот дел од електричните автомобили, но цените на литиум-јонските батерии драстично паднаа во последните години. Според консултантската агенција Bloomberg, цената на киловат час батерија на паметните телефони и други уреди моментално ...

Ford воведува решенија кои ќе бидат добри и за клиентите и за животната средина. Дознајте кои необични материјали ги користи овој производител во своите автомобили. Материјалите кои се користат во производството на автомобили немаат позитивно влијание врз природната средина. Поради оваа причина, Ford постојано се обидува да користи обновливи или рециклирани материјали во производниот процес. Сепак, тие мора да исполнуваат неколку важни ...

ЕУ наскоро би можела да го зголеми своето производство на зелен водород бидејќи трошоците за производство се намалуваат Многумина се обложуваа на струја, а некои како Toyota или Hyundai не го занемарија водородниот погон (или водородните горивни ќелии) и тоа може да им се исплати. ЕУ наскоро би можела да го зголеми своето производство на зелен водород бидејќи трошоците за производство се намалуваат. Овие тврдења ги изнесе претседателката на ...

Италијанскиот SUV придвижуван од 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор со 650 КС и 850 Nm до 100 km/h стигнува за 3,6 секунди, а максимумот му е 305 km/h Пред точно четири години, Lamborghini го лансираше својот суперспортски SUV – моделот Urus. Четвртиот роденден Италијанците го искористија за да ја информираат јавноста за најдобрите продажни резултати во историјата на компанијата. Благодарение на Urus, продажбата, прометот и ...

Според пописот на полицијата, во последните години, загинале или се повредени десетици луѓе Употребата на рајски гас или гас за смеење е констатирано во 63 сообраќајни несреќи со смртни последици и 362 несреќи со (тешки) повреди. Министерот во заминување Ферд Граперхаус (правда) големиот број сообраќајни несреќи предизвикани од гас за смеење го нарекува шокантен и загрижувачки. Во првите десет месеци од оваа година, полицијата повеќе од ...

Toyota слични аранжмани има и со Suzuki, на кој им ги отстапува RAV4 и хибридната Corolla во караван издание. Тоа е и повеќе од јасно уште на прв поглед. Mazda2 Hybrid е навистина Toyota Yaris со нова ознака на производителот на предната и задната страна на возилото и на воланот. Автомобилот ќе биде во продажба низ Европа во текот на 2022 година и за прв пат донесува целосна хибридна погонска технологија во палетата на модели на Mazda. ...

Освен што е наведено дека се работи за целосно електричен автомобил, Porsche не даде никакви детали за спецификациите Porsche Vision Gran Turismo е виртуелен тркачки концепт дизајниран за новиот Gran Turismo 7 кој Polyphony Digital ќе го лансира на 4 март следната година за конзолите за игри PlayStation 4 и PlayStation 5. Иако концептот на Porsche е само за дигиталниот свет, компанијата создала прототип со целосен обем и навести дека ...

Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,28%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 29.11.2021 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување ...

Чешката марка е решена електрификацијата да ја спроведе и на остатокот од гамата Кога станува збор за електричните модели на Škoda, досега акцентот беше ставен на SUV адутите, односно кросоверите. Челниците на производителот од Млада Болеслав посочуваат дека тоа во блиска иднина ќе се промени. Octavia со години е еден од столбовите на продажбата на Škoda и сосема е логично марката во наредниот период да претстави EV издание, ...

Луис Хамилтон победи и бодовно се изедначи со Верстапен пред последната трка во Абу Даби Луис Хамилтон победи во хаосот на ГН на Саудиска Арабија и последната трка следната недела во Абу Даби ја чека целосно бодовно израмнет со Макс Верстапен. Неверојатен расплет на луда сезона, исто како и лудата трка на новата патека Jeddah Corniche Circuit во која имаше се и сешто. Ајде да одиме по ред. На еден час пред почетокот на трката стигна и ...

SOD Rise 4×4 користи литиум-јонска батерија од 400 Ah, а на располагање се и до 840 вати сончева енергија Има многу off-road кампери, но малку од нив се во комбинација со „елегантен простор за живеење“. SOD Rise 4×4 камперот надворешно изгледа прилично деловно во сива нијанса, но кога ќе влезете внатре, влегувате во сосема поинаков свет на импозантна „куќа“ за сите терени долга 6,90 метри, широки 2,48 метри ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
93%
1025
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
4.63
100%
1027
weather icon

Загреб

-3ᴼ / -3ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
85%
1025
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
6.11
57%
1023
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -3ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
69%
1014
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
5.14
81%
1013
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
7.2
36%
1019
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
77%
1021
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
7.2
68%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
93%
1018
Currency

61.53

Currency

59.9831

Currency

73.4766

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.58149

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.6959

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $