Кога надворешната температура е многу ниска, дури и млаката вода може да биде опасна за прозорците на возилото Многу возачи во наредниот период наутро ќе ги дочекаат замрзнати шофершајбни, а тоа значи и голема непријатност, губење време… особено кога се брза да се стигне некаде. Германскиот авто клуб (ADAC) предупредува да не се прибегнува кон брзи решенија и стаклото да не се одмрзнува со топла или млака вода. Ова може да ве чини ...

Со паметна употреба на возилото и достапните системи, дури и за време на зимскиот период и ниските температури, радиусот на движење на електричниот автомобил може значително да се прошири Еден од големите предизвици со кои се соочуваат сопствениците на електрични автомобили е секако зимскиот период. Зимата, односно ниските температури имаат далеку поголемо влијание врз електричните автомобили и нивната автономија во возењето во споредба со ...

Засегнатите клиенти ќе треба да потпишат формулар со кој се потврдува промената во спецификациите кај нивниот локален дилер за BMW Многумина од нас денес не можат да си го замислат животот без притискање со прстите на големите екрани во возилата, но некое време ќе мора да се помират со животот без таа функционалност, барем кога станува збор за BMW. Во изјава за порталот Edmunds, BMW потврди дека поради недостаток на чипови ги менува своите ...

Шанса да се револуционизира минималистичкиот дизајн Sema Show 2021 заврши. Производителите и тјунерските куќи, повторно се собраа во Лас Вегас, за да го претстават сето најдобро што го имаат во областа на дизајнот, технологијата и доработката. Само Ford на своите штандови изложи 40 фасцинантни концепти, а и Honda исто така настапи со импресивна флота. Nissan е уште еден јапонски производител кој привлече големо внимание, додека Mazda ...

Чешката компанија Compactive, со седиште во Брно, претстави нови сообраќајни знаци, за кои тврди дека многу ќе придонесат за безбедноста на патиштата Првиот презентиран знак е оној кој служи за предупредување на возачите дека се приближуваат до обележан пешачки премин. Станува збор за класичен знак кој е во сина боја и со рамка дебела неколку сантиметри, со додавање на уште две портокалови светла на врвот. Знакот е опремен со уред кој ги ...

Автомобилите веќе знаат да се паркираат, ги предупредуваат возачите на поспаност, сами се враќаат на сообраќајната лента и предлагаат рути до саканата дестинација. Возилата кои Mazda ги има во план за јапонскиот пазар ќе знаат да препознаат ситуации во кои возачот добил срцев или мозочен удар До 2025 година автомобилите ќе знаат дури и да предвидат дали има потенцијален здравствен проблем и соодветно да го информираат возачот, вели ...

Асовите на Peugeot од Б сегментот наскоро ќе можат да сметаат на поголема автономија на движење. Францускиот бренд ќе обезбеди подобар опсег за електричниот субкомпактен двоец од почетокот на следната година. Тоа нема да се постигне со зголемување на капацитетот на батериите кои ќе останат исти (од кои 50 kWh, од кои употребливи 46,2). Всушност, тие ќе применуваат промени поврзани со менувачот, а некои пакети на опрема ќе добијат и гуми со ...

Сите непотребни информации можете да ги исклучите и ќе ја гледате само арматурата. Ова е овозможено со полутранспарентна површина која овозможува беспрекорна интеграција на екранот во околната површина Во современите автомобили се обработуваат и прикажуваат голем број информации. Со цел да се визуелизира овој наплив на информации, се поставуваат поголеми екрани во автомобилите. Сепак, не секоја прикажана порака е релевантна во секоја ...

BMW ќе соработува со фарми на нова, млечна технологија која метанот од изметото го претвора во електрична енергија BMW објави дека ќе ја прошири соработката со фармите за млеко како дел од проектот за обновлива енергија. Во соработка со California Bioenergy (CalBio), производителот на автомобили работи со фарми за млеко за производство на електрична енергија што може да се користи за напојување на електричните возила. Германскиот ...

Соларниот парк на VW е изграден во 2013 година и е едно од најголемите соларни полиња со кои управува производителот на автомобили во САД. Потребни се многу работници во фабриките за автомобили, но се чини дека тие не мора нужно да бидат луѓе. Фабриката на Volkswagen во Чатануга во Тенеси, САД моментално вработува 4.000 луѓе и стадо од 50 овци кои го помагаат новиот соларен проект на компанијата. Соларниот парк на VW е изграден во 2013 ...

Ова симпатично возило е најновата генерација на прототипот Honda AWV (Autonomous Work Vehicle) Компанијата ја тестирала оваа мала самоуправувачка машина во период од еден месец на градилиште каде што компанијата Black & Weatch градела соларен парк од 120 мегавати на површина од 1.000 хектари во Ново Мексико. Прототипот AWV е базиран на шасијата Honda Pioneer UTV, а ова мало возило може да носи товар до 721 килограм и може да влече ...

До сега, возачите не можеа да дојдат до веродостојни информации за тоа колку батериите на електричните возила ќе го задржат капацитетот во периодот на експлоатација, што ја доведува во прашање одржливоста на нивната инвестиција Ова би можело да се промени благодарение на предлогот за нов правен инструмент за осигурување на минимална трајност на батериите инсталирани во електричните и plug-in хибридните автомобили, одобрен од Светскиот форум ...

Ford Ecosport на европскиот пазар е веќе неколку години, а со последната рестилизација стана и вистински европски модел, бидејќи сега доаѓа од фабриката на Ford во Крајова, Романија. Повисоки стандарди Иако не ги крие стилските карактеристики на неговиот претходник, промените се доволни за да се почувствува вистинско освежување. А тоа значи дека во релативно кратката каросерија, донесува многу простор како на предните така и на задните седишта, ...

Моделот XCeed е типичен доказ за тоа дека SUV вирусот не ја одмина ниту Kia, а новитетот во гамата кој е заокружување на семејството Ceed е приказ на тоа што се добива кога на компактна платформа ќе и се подигне суспензијата и малку ќе се променат параметрите Моделот XCeed е изграден на компактната платформа на Ceed и со тоа влегува во трендовската класа на SUV-кросовер изведби, а крајниот производ дефинитивно, барем според нашето мислење, е ...

Солиден и прилично добро опремен урбан кросовер за достапна цена По премиерата на локалниот пазар во 2016 година, KUV100 со својот тренди дизајн наменет пред се за младата клиентела, стана најпродаваниот патнички автомобил во гамата на Mahindra. И покрај тоа, квалитетот беше она што му недостасуваше. Но тоа е така се до неодамна кога индиската фирма воведе бројни промени во својата популарна линија KUV (Kool Utility Vehicle). Со додатокот Nxt, ...

Новиот RAV4. 100% SUV, 100% Hybrid Toyota RAV4 е едно од најпродаваните SUV возила во светот и многумина ја сметаат за пионер во сегментот. Почнувајќи уште од 1994 година до ден денес се има здобиено со широка популарност на глобално ниво со своите добри перформанси во сите услови на возење, со својата удобност и леснотија на управувањето. Низ годините, RAV4 се менувал во согласност со потребите на корисниците и технолошкиот напредок. Така, ...

Првиот модел на Opel Corsa на пазарот се појавува во 1982 година. Во тоа време, убавиот, градски автомобил на клиентите им нуди некои придобивки кои, пред тоа, можеле да се очекуваат од барем „за еден број“ поголемите возила. Тој рецепт е сочуван 37 години, а потврда за квалитетот и вредноста е фактот дека првите пет генерации на Opel Corsa сe продадeни во 13,7 милиони примероци! Новата, шеста генерација на Corsa носи нов дизајн ...

Модерен и јапонско прецизен крој за урбаната џунгла Ако направиме споредба со претходната генерација, веројатно, имало малку што да се подобри. Но во Toyota не се согласувале со тоа и се обиделе да отидат чекор подалеку, фокусирајќи се на економичност во однос на потрошувачката на гориво, безбедноста, пространоста, употребливоста и перформансите. Дизајнот зборува сам за себе. Па зарем номинацијата за Европски автомобил на годината за 2021 и ...

Hola! за новиот Leon Целaта низа на новитети меѓу компактите кои пристигнаа во последно време го направија овој сегмент многу побогат и попривлечен. Факт е дека овие автомобили најдобро му пркосат на SUV трендот, а сега се и екстремно напредни, пространи и привлечни со новите генерации. Повеќето купувачи во овој сегмент веројатно ќе го насочат погледот кон традиционалниот бестселер VW Golf, а оние кои сакаат повеќе кон премиум модели како ...

Seres 3 го има се она што е потребно за трасирање на електричната иднина, но и се она што е потребно за да се зголеми нашата доверба во „кинезите“ DFSK, гигантот на кинеската автомобилска индустрија, сака да ја револуционира електричната мобилност во Европа. Seres 3 е неговиот прв предлог. SUV полн со аргументи да стане еден од најпопуларните електрични автомобили и да ги разбие митовите за кинеските автомобили кај Европјаните, ...

„Дива мачка“ подготвена за скок во секое време Кога Ford Европа во април 2019 година ги покажа првите фотографии од новиот компактен кросовер наречен Puma, беше јасно дека нешто, во најмала рака, се подготвува на европскиот пазар на автомобили. Веќе тогаш беше јасно дека Puma ќе влезе меѓу веќе жестоката конкуренција на кросовери од В-сегментот, но ако се земе во предвид дека кросовер / SUV сегментот, без оглед на димензиите, од ...

За разлика од некои други марки, Toyota не се откажува од автомобилите од А сегментот, па затоа подготви нова генерација на најмалиот модел во нивната европска гама Тоа и новото Aygo кое сега во своето име ја има буквата X, што е благодарение на фактот што дизајнот на овој автомобил е делумно инспириран од изгледот на кросоверите. Да потсетиме, Toyota на почетокот на годинава со концептот Aygo X Prologue најави како ќе изгледа овој сериски ...

Автомобилот од компактната SUV-класа својата платформа специјализирана за електрични возила ја дели со Toyota bZX4 Subaru го претстави својот прв целосно електричен модел – Solterra. Станува збор за компактен SUV автомобил и близнак на Toyota bZX4 со кој ја дели новата платформа специјализирана за EV возила. Димензиите на Solterra се исти како и на Toyota: автомобилот е долг 4.690 mm, широк 1.860 mm и висок 1.650 mm, а доаѓа во верзија ...

Новиот кросовер премиерно ќе биде претставен на Салонот за автомобили во Лос Анџелес (19-28 ноември) Mazda полека ја обновува понудата на SUV модели, па така на крајот од годината продажбата на моделот CX-3 во Европа ќе престане во корист на модерниот CX-30, кој се базира на актуелната Mazda 3. Поголемиот модел CX-5 засега останува во понудата, а во блиска иднина пристигнуваат и сосема нови модели како CX-60 и CX-80. Овие нови модели се ...

Компактниот кросовер сега има поагресивен преден дел, редизајнирана внатрешност и понапредни системи за помош Еден од најпопуларните модели во гамата на Volkswagen го доби првото освежување. Сега, по четири години на пазарот и повеќе од милион продадени компактни кросовери T-Roc, доживува фејслифт, како надворешно така и во кабинскиот простор. Што се однесува до изгледот, T-Roc сега има различен преден и заден браник со поостри и почисти ...

Германската марка на саемот за автомобили во Лос Анџелес го претстави најмоќното издание на Cayman досега 718 GT4 RS веќе се докажа на Нирбургринг, каде што успеа да постави време од 7:04.511 за пократката дистанца, како и 7:09.300 за подолгата варијанта на патеката. Ова го потврдува тврдењето на Porsche дека овој модел е драстично помоќен автомобил од стандардниот GT4. „Срцето“ на автомобилот е феноменалниот 4.0-литарски ...

Škoda Slavia е нов модел на Млада Болеслав. Škoda доби задача од групацијата Volkswagen да го предводи пробивот на пазарите во развој, а Индија е почетната точка. Новитетот е поставен на платформата MQB-A0-IN, односно посебна варијанта на веќе познатата архитектура специјално прилагодена за употреба на индиските патишта. Slavia во најголем дел е развиена во таа земја и токму таму ќе се произведува. Кога станува збор за ...

Засега нема информации за погонот, освен дека ќе биде електрифициран, а за очекување е twin-turbo V8 машина со електромотор На официјалната страница на одделот BMW M на Facebook е објавен тизер со кој се потврдува веќе објавеното име XM за идниот М SUV модел. Скицата открива масивен преден дел со големи осветлени „бубрези“ помеѓу двете многу тесни LED светла и уште две поставени на покривот. Браникот е дизајниран во ...

Сите 599 примероци прво биле понудени на колекционерите и сопствениците на серијата „Icona“, па може да се смета дека моделот е распродаден Ferrari официјално го претстави својот најнов модел во ограничена едиција наречена Daytona SP3, кој воедно е трет член од серијата „Icona“ по Monza SP1 и SP2 во 2018 година. Спектакуларниот суперавтомобил е направен во чест на историската 1-2-3 победа на Ferrari на трката 24 часа ...

Во електричните тротинети се инвестирани десетици милиони долари од страна на големи електрични и автомобилски компании како Google, Uber, Lyft, Ford… Иако изминатите години честа тема на технолошките, но исто така и останатите медиуми беа електричните и автономните автомобили, транспортниот пазар оваа година сепак го обележаа – електричните тротинети. Ако не го следите токму овој пазар, можеби и не сте чуле за една компанија ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
86%
1024
weather icon

Белград

-1ᴼ / -1ᴼ
4.12
93%
1026
weather icon

Загреб

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
75%
1024
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
7.67
46%
1023
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.72
84%
1028
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
66%
1013
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
1012
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
39%
1017
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
3.6
78%
1021
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
8.23
68%
1025
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
8.23
87%
1017
Currency

61.53

Currency

59.9831

Currency

73.4766

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.58149

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.6959

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $