Севкупно во 2021 година, продажбата на нови автомобили во ЕУ бележи пад од 2,4% или 9,7 милиони возила Во декември 2021 година, бројот на регистрации на патнички автомобили низ Европската унија забележал пад од 22,8% или 795.295 единици, што е шести последователен месец на пад, соопшти Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA). Повеќето пазари во регионот забележале двоцифрен пад, вклучувајќи ги и четирите најголеми: ...

„Тоа е еднакво важно како за нашето непосредно опкружување, колку и за животната средина како целина“, вели ко-основачот на иницијативата Нина Нобле Планот за ослободување на улиците на германскиот град од автомобили заживеал за време на дружба на тројца пријатели во кафуле во 2019 година. Набргу потоа, истите тие ја основаат групата Volksentscheid Berlin Autofrei Group, или Народен референдум за Берлин без автомобили, и ...

Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,94%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 010.01.2021 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки ...

Mобилностa во Сибир ja носат користени јапонски автомобили за кои веројатно никогаш не сте слушнале, но за тоа има причина Не е лесно да се биде возач во Јакутија, Таимир и Чукотка, го започнува својот текст Ана Сорокина на порталот Russia Beyond, кој е многу интересен бидејќи детално објаснува кои марки на автомобили и зошто токму тие најмногу се користат во источна Русија. каде зимските температури достигнуваат до минус 50 степени. Кога не ...

На глобално ниво, очигледна е иницијативата за преминување од конвенционален на електричен погон Дека сè оди со прилично брзо темпо докажува и извештајот за продажбата на чисто електрични автомобили која во 2021 година забележала раст од 26 отсто во споредба со една година претходно. Во превод, 6,4 милиони електрични автомобили се продадени на глобално ниво Но додека некои производители како Lotus или Renault ветија дека ќе станат ...

Да „гаѓал“, немало подобро да погоди За некои, паркирањето е еден од најстресните маневри. Дали е странично паркирање, фронтално или само уфрлување во слободен простор. Има безброј видео снимки од надзорни камери кои ги прикажуваат тешкотиите на паркирањето, но на ова последно видео е прикажано веројатно најоригиналното „паркирање“ видено во изминатите неколку години. Единствената информација е дека настанот се случил ...

Во однос на автономијата, камионот на Baidu е опремен со Highway Intelligence System кој вклучува 11 вградени камери… Кинескиот интернет гигант Baidu сака да го зголеми своето присуство во автомобилската индустрија со лансирањето на Xingtua, целосно електричен тежок камион дизајнирани од Pininfarina со напредни автономни карактеристики. Xingtu е лансиран преку подружницата на Baidu, DeepWay и има особено низок коефициент на отпор од ...

Automotive News Europe го цитира извршниот директор Лука де Мео: „Renault ќе биде 100% електричен во Европа во 2030 година“, со што се поставува краен рок кој е во склад и со роковите поставени од Ford, Peugeot и Fiat, меѓу другите Претходно, од Renault беште објавено дека целосно електричните возила ќе сочинуваат 90% од гамата на брендот до 2030 година. Новата најава доаѓа како дел од извештајот за радикалната стратегија за ...

На крајот од месец октомври минатата година, Bugatti објави дека во тоа време се уште се достапни помалку од 40 единици Chiron, за сега да биде објавено дека сите се дефинитивно распродадени Како шти се наведува, минатата година вкупно 150 клиенти со длабоки џебови нарачале W16 „монструми“, од кои 60 отсто биле нови за брендот од Молсхајм. Од 150 идни Bugatti сопственици, 40 од нив се одлучиле за Bolide или таканаречениот ...

Consumer Reports, помеѓу останатото, прави редовни анкети меѓу своите читатели, барајќи информации за различни теми поврзани со автомобилите. Генерално, производителите на автомобили сакаат да бидат рангирани на листите за најдобри, иако оваа колекција на најдобри од најлошите во однос на задоволството нема да одат во корист никому. Десетте споменати возила кај нивните сопственици предизвикале нивните сопственици да почувствуваат дека нешто ...

Додека Volvo ќе продолжи да нуди и седани и каравани, Mercedes, од друга страна, целосно ќе ги елиминира караванските модели од својата понуда до 2030 година Така барем пишува Automobilwoche, наведувајќи дека планот на Mercedes е да престане да нуди каравани до крајот на оваа деценија. Тоа ќе започне со укинување на моделот CLA Shooting Brake, кој ќе исчезне од гамата во 2025 година и за кој не се предвидува наследник. Дополнително, се ...

Извршниот директор на Volvo, Хакан Самуелсон, пред околу една година изјави дека се планира укинување на некои S и V модели, со цел фокусирање кон теренците/кросовер модели. Во тоа време, тој оваа одлука ја оправда со тоа што повеќе од 75 отсто од продажбата се однесува на моделите XC. Ако се премотаат работите до денес, ќе се види дека шефот на Volvo во меѓувреме повторно дал некои изјави, но во однос на регуларните автомобили. Шведскиот ...

Навикнете се на тивките трки за забрзување бидејќи вака би можеле да изгледаат во блиска иднина Tesla Model S Plaid е буквално светски рекордер кога станува збор за забрзување и ќе го задржи тој статус додека на патиштата не пристигнат Lotus Evia, Tesla Roadster и секако близнаците Pininfarina Battista и Rimac Nevera. А на таков автомобил со такво забрзување овој пат му се спротивставува мотоцикл. Иако се работи за Harley-Davidson, ова е ...

Додека остатокот од светот пикапите воглавно ги гледа како работни и примитивни возила, Американците одамна сфатија дека можат добро да заработат ако ви понудат опрема од Lincoln или Cadillac, во таков вид на возило. Логиката е дека само затоа што носите товар од пет или десет тони зад себе не значи дека не сакате да уживате во најсовремена технологија и опрема Камионетите се исклучително профитабилна стока и еден извор вели дека Ford прави ...

Преуредувањето може да вклучува инсталирање на нови компоненти, но повторна употреба на делови од возилото кои се уште се во добра состојба, обновување на батериите и многу повеќе Производителите и увозниците на автомобили секојдневно имаат некои нови идеи, но тие ретко се толку интересни за да станат светски вести. Потегот на Toyota во Велика Британија е дефинитивно тоа и е на пат да ја промовира новата услуга. Британскиот магазин Autocar ...

Ажурираниот C5 Aircross во продажните салони ќе пристигне во текот на летото, а ќе го понуди постоечкиот микс од бензински, дизел и plug-in хибридни погони За да остане конкурентен и свеж во споредба со поновите ривали на пазарот, Citroen го претстави ажурираниот C5 Aircross, најголемиот SUV во својата понуда. Во однос на изгледот, најголемите промени се однесуваат на предниот дел, кој сега изгледа помодерно од својот претходник. Ова се ...

Станува збор за електричен тротинет со моќност од 1 КС, кој е развиен во соработка со американската компанија Bytech Додека повеќето производители на автомобили на овогодинешното издание на CES ја претставија својата најнова инфо-забавна и автономна технологија, Bugatti покажа поинаков вид на иновација – електричен скутер со помалку од 1 КС. Произведен во соработка со American Bytech, овој електричен тротинет има технологија во стилот ...

Како изгледа автомобил по напорно off-road возење во сезоната на дождови? Како да се капел со прасиња во бања со кал. Токму тоа планира да им го понуди на своите клиенти британскиот продавач на Dacia. Имено, сите сопственици на Duster можат да дојдат на локацијата на салонот во london West за да го капат својот автомобил во кал, односно да изгледа како да поминале тежок теренски пат. Како се родила оваа генијална идеја? Во истражувањето ...

Моделот би можел да се натпреварува со модели како VW Taigо, Mazda CX-30, но највеќе со клиентите на Renault Megane Conquest (Arcana) Долго зборуваниот Peugeot 4008 би можел да пристигне уште оваа година со електрифицирани погонски единици и закосен покрив, дополнително нагласувајќи го премиум пресвртот на француската марка во последните години. Peugeot го користеше името 4008 на B-SUV базиран на Mitsubishi кој се произведуваше од 2012 до ...

Škoda Auto понуди увид во тоа како ќе изгледа новиот Škoda Enyaq Coupe iV преку презентирање на официјални дизајнерски скици Купе варијантата на целосно електричниот модел Enyaq iV има уште поемотивен дизајн и, благодарение на својата извонредна аеродинамика (коефициент на отпор од 0.247 наспроти 0.27 кај SUV верзијата), ќе може да се пофали со уште поголем опсег (534 km) од SUV верзијата (510 km) за Long Range верзијата. ...

Lada се подготвува за нова револуција Во следните неколку години ќе видиме дури четири сосема нови модели. Не е тајна дека благодарение на присуството во групацијата Renault, Lada ќе има корист од веќе видените решенија. Затоа, новата Niva ќе биде технички слична на следната генерација на Dacia Duster. Lada и Dacia како дел од една деловна единица во Renault Group Зближувањето на двата производители не треба да изненадува. На крајот на ...

Ако се прашувате како ќе изгледаат автомобилите во иднината, се чини дека Amazon и Stellantis го имаат одговорот Групацијата Stellantis и американскиот технолошки гигант Amazon развиваат софтвер за возила. Целта е да се користи дигиталниот асистент на Amazon (Alexa) во автомобилите, вклучително и моделите од брендовите Jeep и Ram. Платформата ќе вклучува апликации кои поддржуваат вештачка интелигенција за забава, навигација, одржување на ...

Возите темпирана бомба затоа што не знаете кога вашиот Mercedes може да се запали. Сопствениците на дизели деновиве мораат да размислуваат за тоа додека возат. Сепак, не сите Германски Bild пред извесно време објави писмо адресирано до сопствениците на Mercedes дека нивните дизел автомобили можат да се самозапалат поради проблеми со течноста за ладење. Наводно, проблемот погодил 800.000 автомобили. Потврда за имформацијата имаше и од Reuters, ...

Во премиум/луксузниот сегмент, тектонските нарушувања предизвикани од електрификацијата се поизразени отколку на „мејнстрим“ пазарот, бидејќи кај оваа категорија возила процесот на електрификација се одвива побрзо BMW е најпродаван премиум бренд во САД во 2021 година, трета година по ред (336.644 возила). Тоа е одличен резултат, но она што е индикативно е дека Tesla е на второто место со 313.400 единици. На глобално ниво, ...

Под хаубата се наоѓа 1.6-литарски турбо бензинец со четири цилиндри и електричен мотор од 100 kW Новата WRC сезона, започнува на 15 јануари со свеченото отворање на сезоната, а Hyundai штотуку официјално го претстави тркачкиот автомобил i20 N Rally1 кој ќе се натпреварува против Toyota GR Yaris Rally1 и M-Sport Ford Pumа Rally1. Како што предвидуваат новите прописи, сите натпреварувачи ќе користат хибриден погон, а новата класа Rally1 значи ...

Германскиот премиум производител BMW сака повторно да биде на врвот на индустрискиот сегмент во кој се натпреварува последните сто години Овој пат, тоа можеби не се должи на примената на технолошки решенија кои им го олеснуваат животот на клиентите, туку пред за подобрувања во производните процеси на долг рок. На саемот за автомобили во Минхен минатата есен, компанијата претстави концепт автомобил кој беше претставен со цел да му покаже на ...

Возењето на снег за многумина е многу стресна и напорна работа, особено ако сте возач на камион Понекогаш камионите заглавуваат на планински пат покриен со снег. Додека се чека службата за помош и влечење, може да се создаде километарски сообраќаен метеж, што е фрустрирачко за другите учесници во сообраќајот, но и за самиот возач, кој брка рокови. Понекогаш има и друго решение…Nissan GT-R со неговиот 3.8 V6 кој зависно од изведбата ...

Шпекулациите дека групацијата Volkswagen ќе влезе во Formula 1 се шират повеќе од една деценија, а во последните неколку месеци добија на интензитет. Колку во сето тоа има вистина, тоа ќе покаже времето пред нас Според тие шпекулации, Audi треба да го преземе F1 тимот на McLaren, а една публикација отиде дотаму што сето ова го класифицираше како завршена работа. McLaren негираше дека имало и ќе има каква било промена во нивната сопственичка ...

Mercedes-Benz во 2021 година на глобално ниво има продадено 2,05 милиони патнички возила, недоволно за да ја задржи титулата најпродавана премиум марка во светот Продажбата на патнички возила на Mercedes има пад од пет отсто во споредба со претходната 2020 година, соопшти Daimler. Најголемиот пад се случил во четвртиот квартал, пред се поради недостигот на полупроводници, со кој и понатаму мака мачат повеќето автомобилски производители. Од ...

Го паркирате автомобилот, го гасите моторот и… Дали е подобро да се уфрли во прва или да се подигне рачната сопирачка? Ајде да видиме. Ова е прашање на кое возачите вечно дискутираат. Во суштина… е подеднакво добро решение. А тоа само покажува колку може да биде комплицирано решавањето на овој спор. Особено што конкретниот одговор на прашањето поставено во насловот навистина многу зависи од возачот. Уфрлете во прва. Ова е ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
86%
1023
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
3.6
90%
1025
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -3ᴼ
1.03
88%
1025
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
4.12
91%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
4.61
68%
1022
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -4ᴼ
1.54
91%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
88%
1014
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
76%
1011
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
8.75
39%
1017
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
91%
1021
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
9.77
74%
1022
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
87%
1018
Currency

61.525

Currency

59.9831

Currency

73.2484

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.58149

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.6959

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $