Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска прогласи национална жалост откако во вчерашното стампедо за Ноќта на вештерките загинаа 151 лице во популарна област за ноќен живот во главниот град Сеул. Јун изрази сочувство за жртвите и на повредените им посака брзо закрепнување. Ова е навистина трагично, рече тој. „Трагедија и катастрофа што не требаше да се случи, се случи синоќа во срцето на Сеул“. Толпата која славеше во популарната ...

Во Гинеколошко – акушерската клиника Народни фронт во Белград 600 бебиња биле вакцинирани со физиолопки раствор наместо бсж бакцина. Скандалот ја тресе Србија , а за грешката при вакцинирањето истрага отвори и обвинителството. Српските здраствени власти соопштија дека децата се безбедни и дополнително ќе ја примат вакцината. Истата може да се даде до 12 месечна возраст заради што во болницата каде примиле вакцина е огласено повторно бебињата ...

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, за БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, но и во Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, тоа треба да се провери, внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да се види дали навистина има добронамерност или се дел од туѓа агенда. ВМРО во Бугарија најави дека во недела ќе ...

Истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осум скопски средни училишта во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови и најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Без разлика на ...

Во 5 училишта во Скопје на нивни меил адреси, претпладнево се пристигнати закани за поставени бомби, потврдија од МВР за Телма. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Средношколци од училиштето Орце Николов потврдија дека и нивното училиште било евакуирано и дека полицијата е во ...

Град Скопје го урна знакот „Ја сакам Кисела Вода“ поставен на пешачкиот остров меѓу улицата Народни херои и булеварот Борис Трајковски. Овој знак беше поставен кон средината на јуни за да се разубави општината. Но, сега како што вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, градоначалничката Данела Аровска наместо да се занимава со проблемите на граѓаните, урива знаци кои се донација од граѓани. „Поставување на овој знак, беше иницијатива на граѓани. ...

Овој викенд стрелите на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот, што значи дека останува зимското сметање на времето. Од Владата информираат дека анализите подготвени од Министерството за економија покажале дека треба да остане доглогодишниот системот за промена на времето. Иницијативата да не се менува летната часовната зона, односно да не се вратат стрелките на часовникот, ...

Новиот лидер на британските конзервативци, Риши Сунак, денеска официјално ќе ја преземе премиерската функција од неговата претходничка Лиз Трас. Како што е случај и со сите претходни премиери, Сунак официјално ќе стапи на функцијата по аудиенцијата што ќе ја има кај монархот. Тој ќе биде третиот Британски премиер оваа година кој ќе се соочи со голем број предизвици меѓу кои прв предизвик ќе биде да излезе со збир на буџетски мерки на 31 ...

Скај њуз објави статија во која ја опишува атмосферата во Москва, во која се наведува дека во главниот град на Русија е се повидлив и се поголем стравот и напнатоста кај луѓето кои стравуваат од воена мобилизација Освен впечатливите постери и плакати кои ги слават хероите на руските „специјални воени операции“, нема ништо што кажува дека ова е главен град на земја во војна. Животот на московските улици, се вели, продолжува, но под изгледот на ...

Во трката за наследник на краткотрајната британската премиерка Лиз Трас, Риши Сунак е првиот кандидат кој го собра потребниот број номинации. Но, кам-бекот на Борис Џонсон исто така изгледа можен. Поранешниот британски министер за финансии, Риши Сунак, е првиот кандидат на Конзервативната партија кој го помина цензусот од 100 гласови поддршка од пратениците на партијата и кој ќе се најде на гласачките ливчиња за избор на нов шеф и иден ...

Борис Џонсон би можел да се врати на премиерската функција во Велика Британија само шест недели откако беше заменет со Лиз Трас. Таа вчера поднесе оставка откако нејзината економска програма ја доведе во прашање финансиската стабилност на земјата. Конзервативната партија, која и натаму има значајно мнозинство во парламентот и нема потреба да свикува избори уште две години, ќе избере нов лидер на 28 октомври, кој ќе биде петти британски ...

Неполни шест недели откако стапи на функцијата во матичната партија и владата, Лиз Трус во четвртокот ја најави својата оставка. Во кусото владеење таа ја втурна Британија во тешка финансиска криза. Британската премиерка Лиз Трас беше принудена да се повлече од функцијата поради бурните шест недели во кои нејзините политики предизвикаа бура на финансиските пазари, а бунт во нејзината партија и го збриша авторитетот. Во обраќање до јавноста ...

Обвинителката Вилма Русковска за којашто се води дисциплинска постапка по кривична пријава на директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми соопшти дека се кандидирала пак да биде шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Таа пријава поднела вчера и очекува колегите да ја поддржат и да гласаат за нејзе. Русковска попладнево беше повикана да даде исказ пред обвинител во ОЈО Скопје по поднесената ...

Од Град Скопје утринава се огласија по повод копасот во ЈСП. Од таму велат дека уште во текот на вчерашниот ден, а веднаш по завршување на вонредната седница на Советот на град Скопје изготви одлука за пренамена на средства со кои ќе се исплати септемвриската плата на вработените во ЈСП Скопје. „Иако законскиот рок за исплата на платите е до 15 текот на месецот, дел од менаџментот на ЈСП одлучи дека треба со манипулации и подбуцнување на дел ...

Автобусите на ЈСП утринава останаа во своите бази во Автокоманда и Ѓорче Петров, а скопјани без превоз. Вработените порачаа дека нема да сообраќаат на линиите се додека не ја добијат својата плата. Нервозно пред камерите изјавија дека им се вршат притисоци, а од в.д. директорот Александар Стојковски побараа да не биде партиски послушник туку да се одважи и да им се придружи. Вработените порачаа дека јавен превоз нема да има се додека не ги ...

Огнената група се чини ја доби првата битка во ДУИ, бидејќи на денешната седница на Генералниот совет, едногласно беа изгласани имињата за внатрепартиските функции. Кадрите за кои претходно беше постигнат консензус во ДУИ, беа изгласани за членови на Претседателството на Генералниот совет. За потпретседатели се избрани Изет Меџити, Бајрам Реџепи, Арбер Адеми и Арбана Пашоли, генерален секретар – Фатон Ахмети, организациски секретар – Блерим ...

Владимир Путин објави дека прогласува воена состојба во окупираните украински региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, што Русија ги анектираше минатиот месец. На денешниот состанок на Безбедносниот совет, Путин ѝ нареди на владата да формира специјално координативно тело на чело со премиерот Михаил Мишустин, кое ќе работи со овие четири региони. Ова е последната ескалација од страна на Путин, која следува откако руската војска доживеа ...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја пречека министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, со знаме на Република Словачка. За грешката попладнево реагираа од Министерството за надворешни работи и се извинија. „Изразуваме длабоко извинување за ненамерениот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата министри при посетата на министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни ...

Раководството на ЈСП денеска со неколку автобуси ја блокира улицата пред Владата, поради неисплата на долгот од околу два милиони евра, додека вработените протестираа во кругот на претпријатието, поради неисплатата на заостаната плата. Секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров, рече дека скопјани заслужуваат јавен превоз и ќе го добијат, без разлика на проблемите со кои што се соочуваат и без разлика на притисокот што се прави, како од МОН кој ...

Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП. авното сообраќајно претпријатие Скопје преку соопштение информира дека денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, постапувајќи по пријава од ЈСП околу 5 часот. Во пријавата се наведува дека од неговиот мејл пристигнала порака на службениот мејл на ЈСП и на мејловите на сите директори и повеќе служби во ЈСП дека поради нередовното земање на плата планирал да ...

ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестира пред Владата поради нередовна исплата на јавниот долг од страна на централната власт но и од страна на општините за превозот кој го врши претпријатието на учениците и на студентите. Поради ваквата одлука на Град Скопје и на ЈСП „Скопје“ се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот градски превоз во Скопје поради што скопјани можат да останат без превоз. Секретарот на Град Скопје Зоран ...

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во утринската емисија „Магазин“ на Сител рече дека фитнес-салата „од одредени“ причини е надвор од употреба во Собранието. Вели дека таму веќе никој не вежба откако поради ковид-мерките била затворена. – Ја користевме теретаната, поради одредени причини се уште не е отворена, иако знаеја понекогаш да ја искористат. Сега е надвор од функцијата, но и не вежбаме поради обврските ...

Инспектор во полицијата во Благоевград го повикал претседателот на Градскиот комитет на ОМО „Илинден“, Благоевград, Атанас Кирјаков на 17-ти октомври, пред да биде донесена одлуката да не биде отворен македонскиот клуб, „Никола Вапцаров“ во Благоевград, да се пријави во полиција. -На 14.10.2022 (во петокот) телефонски се јави Давид Кавраков инспектор во полицијата во Благоевград, да се пријавам на 17.10.2022 година во 9.30 часот наутро. ...

Најмалку 13 лица, меѓу кои и три деца, загинаа кога руски воен авион се урна во населбата Јејск, на брегот на Азовското Море во близина на Украина. Спасувачите рано утринава го соопштија билансот на несреќата и соопштија дека потрагата по преживеани е прекината. „Вкупниот број на жртви е 13, меѓу кои три деца, а 19 лица се повредени“, соопшти Министерството за вонредни ситуации, пренесоа руските агенции. Авионот Су-34 паднал во дворот на ...

Десетина загинати и ранети – ова е епилогот од најновиот руски напад со камиказе дронови врз украинскиот главен град Киев. Експлозиите започнаа да одекнуваат рано утрината и продолжија во текот на денот, а не беше поштеден ниту централниот дел на Киев. Градоначалникот на градот Кличко, кој нападите ги нарече терористички акт, посочи дека се спасувачките екипи се уште бараат луѓе од под урнатините на неколку локации и ги повика граѓаните да не ...

Новиот снабдувач со топлинска енергија на градот Скопје, ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, како носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика има обврска да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија во согласност со Лиценцата, Законот за енергетика и актите кои ги носи Регулаторната комисија за енергетика, информираат од компанијата. Од таму додаваат дека заради регулирање на потрошувачкиот однос на ...

Во близина на влезот во хидроакумулационото езеро на браната Ровни, југоисточно од Ваљево, се случи тешка сообраќајна несреќа. До несреќата дошло кога автобусот со непознат број патници се превртел, а според првите информации од терен, едно лице загинало, а 15 се повредени, јавуваат медиумите. Како што пренесуваат медиумите, автобусот се превртел кога возачот излегол од возилото и не ја притиснал рачната сопирачка, поради што автобусот се ...

Синоќа во ТЦ Бисер во скопски Аеродром се собрале поголема група на малолетници кои подготвувале физичка пресметка, соопшти полицијата. Имено, по добиени оперативни информации дека на 14.10.2022 околу 21 часот во трговски центар на бул.„Јане Сандански“ има поголема група на малолетници со намера физички да се пресметаат, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром биле преземени соодветни мерки и активности, но не дошло до ...

Најмалку 28 лица загинаа откако очигледна експлозија на метан проби јама на брегот на Црното Море во Турција, а спасувачите трагаат по десетици рудари за јаглен сè уште заробени стотици метри под земја. Ажурирајќи го бројот на загинатите, Фахретин Коча, министерот за здравство, на Твитер објави дека 11 други извлечени живи се лекуваат во болница. Сулејман Сојлу, министерот за внатрешни работи, претходно изјави дека 28 луѓе кои успеале сами да ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 13.10.2022 година регистрираше земјотрес 135 km југо-источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 56 минути со Рихтерова локална ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
71%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
79%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.04
91%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 0ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
77%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
62%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
72%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.34
61%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
89%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Калај

43.91

Сребро

2179.44

Злато

144593.23

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Родиум

358480.82

Иридиум

258288.78

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Бакар

10.65