Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Неколку часа по полноќ на локалниот пат од Чачак кон селото Јанчиќи се случила страшна сообраќајна несреќа во која според првите информации од терен животот го загубиле четворица млади момчиња. – Најверојатно се враќале од забава и возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот. Сите загинаа. Ова е вистинска трагедија, тоа се само млади. Сите беа на 18 или 19 години – изјави за медиумите еден од жителите на селото Јанчиќи, кој ...
Најмалку пет лица се повредени денеска во Киев кога проектил погоди станбена зграда во централниот дел на градот, соопшти началникот на украинската полиција Игор Клименко. Претходно денеска беше соопштено дека во Киев е погодена зграда на девет катови. Украинските власти нагласија дека станува збор за руски ракетен напад, а градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го опиша нападот како обид да се заплаши Украина во пресрет на самитот на НАТО. Се ...
Велика Британија, САД, Канада и Јапонија ќе забранат увоз на руско злато како дел од новите санкции против Москва, како одговор на инвазијата на Украина, објави Даунинг стрит на првиот ден од самитот на Г7. „Овие мерки директно ќе ги погодат руските олигарси и ќе го таргетираат центарот на воената машина (на рускиот претседател Владимир) Путин“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон. Британскиот премиер денеска се среќава со лидерите на Г7 на ...
Спасувачите со голи раце пребаруваат по селата во источен Авганистан уништени во вчерашниот земјотрес со магнитуда од 6,1 степен, во кој загинаа над 1.000 луѓе, а повеќе од 1.500 се повредени. Талибанските власти побараа помош од меѓународната заедница, додека спасувачките напори се попречени од силниот дожд и недостигот на ресурси. Очевидците велат дека селата и патиштата околу епицентарот на земјотресот се целосно уништени. Тој бил 44 ...
Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков падна со гласање за недоверба, пренесоа светските агенции. Ова ќе ја фрли земјата во политички хаос поради војната во Украина и зголемената инфлација, забележува Ројтерс. Владата на Петков падна со 123 гласови „за“ наспроти 116-те пратеници кои беа „против“. До ваква разврска дојде откако владејачката коалиција го загуби своето мнозинство поради споровите околу буџетските трошоци и прашањето дали ...
Со посебен авионски лет од Велика Британија синоќа се трансферирани во Тирана 23 албански осуденици, во согласност со договорот меѓу двете земји за трансфер на затвореници. Меѓу нив најмногу се лица осудени за шверц со дрога, останатите се за киднапирање, силување и еден за педофилија. Само еден е без дозвола за престој во Велика Британија. – Овие лица се одговорни за повеќе грозоморни злосторства, вклучувајќи силувања, насилен криминал и ...
Две лица загинаа во пукање во ноќен клуб во норвешката престолнина Осло, соопшти полицијата рано утринава. Полицијата на Твитер објави дека неколку лица се повредени, а осомничениот бил приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот. Сите индиции се дека сторителот дејствувал сам, изјави портпаролот на полицијата Торе Барстад подоцна за „НРK“. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош. „НРК“ објави дека ...
Прогнозите од петокот се остваруваат, дневните броеви на нови случаи започнуваат да растат. Околу ова прашање не останува многу простор за дискусија, односно шпекулирање (како што велат нашите здравствени власти), бидејќи сите индикатори покажуваат во една насока – нагоре, пишува проф. Дејан Трајковски во најновата анализа. „На првиот дијаграм седумдневната подвижна средина решително завртува нагоре. Веќе можеме да го лоцираме датумот на долот ...
Премиерот Димитар Ковачевски го отфрли „францускиот предлог“, ваков каков што е во моментот, за одблокирање на евроинтеграциите. Тој по Самитот ЕУ- Западен Балкан рече дека земјава направила сè, сега ЕУ е на потег. Албанскиот премеир Еди Рама, чија земја, исто така е заложник на бугарското вето, рече дека земјите од регионот ќе продолжат на патот кон ЕУ, надевајќи се дека во наредниот век ќе бидат членки. Срскиот претседател Александар Вучиќ ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи со свое објаснување за отфрлање на францускиот предлог. -Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да ...
Народното собрание на Бугарија денеска го одобри францускиот предлог за Северна Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а 21 воздржани. Усвоениот документ што го предложи лидерот на Демократска Бугарија Христо Иванов, и дава зелено светло на Владата во оставка на Кирил Петков да ги одобри преговарачка рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на сложените односи меѓу Бугарија и Северна ...
ЕСМ понуди околу 20 отсто повисока цена на тендерот на ЕВН Хоум. Односно, произведената електрична енергија наместо 41 евро, во следните шест месеци ЕВН ќе плаќа 48 евра за мегават час. Од ЕСМ велат дека тие ќе ја покријат целосната побарувачка од ЕВН ХОУМ, односно ќе обезбедат 100 отсто од потребите на струја. -АД ЕСМ како најповолен единствен понудувач на тендерот му понуди на ЕВН ХОУМ купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра ...
Со свое видување на актуелните прашања поврзани со источниот сосед, на Фејсбук реагира академик Катица Ќулакова. “Потсетник: Ако една држава покажува историски, културни и јазични аспирации спрема историското, културното и јазичното наследство на друга држава, тоа значи дека таа има територијални аспирации. Културно-историските аспирации се другото лице на територијалните аспирации. Негацијата на идентитетот на едно културно-историско наследство ...
Во земјотресот во пограничната област меѓу Авганистан и Пакистан се јавува дека загинале над 250 луѓе, а стотици се повредени. Распоредувањето на спасувачите во оддалечените планински региони се одвива тешко. Според досегашните информации од локалните власти во погодените области во Авганистан, најмалку 255 луѓе загинале во силниот земјотрес почувствуван авганистанско-пакистанскиот пограничен регион. Уште најмалку 155 лица се повредени во ...
Сојузот на синдикати на Македонија за утре најави генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година. На седница на Комисијата за финансирање и буџет вчера не помина амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот со кој требаше да се обезбедат средства ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, а УВ индексот 9. Како што соопшти УХМР, во Скопје, сончево и топло, ...
Сообраќајна несреќа во која настрада млада велосипедистка се случи вечерва на булеварот Митропoлит Теодосиј Гологанов во близина на поранешната фабрика „Алумина“. Според првичните информации велосипедската поминувала на велосипедска патека кога во неa удрил возач со моторно возило „БМВ“. Очевидци на терен за Скопје Инфо сведочат за страшна сообраќајна незгода и додаваат дека од силниот удар патиките на девојката биле на десетина метри од ...
Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) цената на бензините ќе се намали за 1,5 денари, а цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Новите цени на нафтените деривати, како што кажа, се должат на фактот што во текот на изминатата недела за речиси два денари се зголеми курсот на доларот и достигна над 59 денари за еден долар. -Курсот на доларот прави ...
Францускиот предлог не нè носи кон членство во ЕУ. Ние сакаме да ги почнеме преговорите или сакаме да ги завршиме преговорите и да влеземе во членство, затоа што не носи во едно тесно сокаче што е исклучително комплицирано, обременето со барањата на Бугарија, при што се прават преседани и за други држави кандидати што ќе следат после нас, оценува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и екс шеф на дипломатијата Никола Димитров. Тој во изјава ...
Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна тајно зела околу 20.000 евра од сефот на нејзиниот татко за да му купи автомобил на своето момче. Кога пејачот видел дека му недостига голема сума пари повикал полиција, па преплашената девојка признала се и ги вратила парите, дознава Курир. Оваа драма се одвивала неколку месеци. Уна е вљубена во своето момче, па сакала да го изненади со повеќе од вреден подарок. Затоа пред неколку месеци од сефот на нејзиниот татко ...
Коалицијата „Заедно“ на претседателот на Франција, Емануел Макрон, освои 38,48 отсто од гласовите, односно 245 места во Собранието, покажуваат резултатите од вториот круг од парламентарните избори во Франција, објави утринава „Ројтерс“. Тоа е најмалото мнозинство во историјата на Петтата република, која ќе се соочи со 131 пратеник од левичарската коалиција NUPES на Жан-Лук Меланшон, пренесува „Ројтерс“. Коалицијата „Заедно“ на претседателот на ...
ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија! И за Македонците! И за Албанците! И за Турците! И за Србите, Власите и Бошњаците, Ромите, Египќаните и сите останати! Тука сме за сите ограбени, понижени и обесчестени граѓани на Македонија! Им подаваме рака на сите! Придружете ни се во нашата борба за нашата мајка Македонија, кажа претседателот проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашниот протест пред владата по мотото – Премногу е! Тој потенцира дека ни е потребно е ...
Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл, обвинува поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ. „Не знам што е пострашно, да им верувам на нашиве дека го немаат предлогот или да не им верувам. Ако не се во тек со предлог што се однесува на македонските маки со Бугарија, тогаш тоа е признание дека не си ја работеле работата ...
Пејачот Ламбе Алабаковски на социјалните мрежи се заблагодари за поддршкаѕта која му ја дадоа граѓаните. Против него се води постапка за палењето на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Алабаковски се заблагодари за поддршката која ја доби и од народот и од многу јавни личности, а и преку протестот во Битола. „Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!, пишува тој. ...
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 109,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 111,5, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, Екстра ...
Србија го регистрира првиот случај на заболен со мајмунски сипаници, објави Институтот за јавно здравје „Батут“. „Случајот дијагностички е препознаен и дадена е терапија. Лабораториската дијагностика е направена на Институт за вирусологија, вакцини и серум ‘Торлак’“, пишува во соопштението од Институтот. Станува збор за лице што дошло во Србија од странство. Од Институтот додаваат и дека е извршено епидемиолошко испитување и преземени се сите ...
Пратениците од бугарската партија Преродба кои ја напуштаа зградата на Народното собрание, и која се смета за проруската партија во Бугарија , на влезот ги пречека група демонстранти кои се обидоа да се судрат со нив. Полицијата мораше да ги изнесе од зградата на бугарскиот парламент по завршувањето на работниот ден, јави дописникот на МИА од Софија. Обезбедени од тесен кордон, пратениците од Преродба беа упатени кон централната улица, а ...
Кога ќе се потрошат резервите, Кока-Кола или други брендови на компанијата повеќе нема да се произведуваат и продаваат во Русија, соопштено е од компанијата. Американската компанија Coca-Cola објави дека го запира производството и продажбата на своите пијалоци во Русија. „Кога ќе се потрошат резервите на компанијата, Кока-Кола повеќе нема да се произведува и продава од Кока-Кола или други брендови на компанијата во Русија“, се вели во ...
Додека се чека официјално да биде објавен предлогот на Франција за тргање на бугарското вето, медиумите во Бугарија почнаа со објавување детали од истиот. Предлогот, кој прво ќе стигне во Софија, според бугарскиот портал Медиапул е Бугарија да го тргне ветото, а ЕУ да гарантира дека Македонија ќе ги исполни бугарските барања. -Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Северна ...
Францускиот предлог за кревање на ветото на Македонија денеска од Париз патува до сите 27 земји членки вклучително и до Бугарија. Веста за последниот обид на Макрон во последен момент да направи пробив за почеток на преговорите за земјава пред јунскиот самит, ја објавуваат неколку бугарски медиуми. Според агенцијата БГНЕС, која се повикува на извори од вчерашната владина седница, самиот Петков се пофалил дека лично Макрон и Шолц стоеле цврсто ...