Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Полицијата излезе со детали за сообраќајната несреќа во која денеска загина 47 годишна жена кај „Пластичарска“. -На 04.06.2022 во 13.05 часот било пријавено дека на бул. „Никола Карев“ патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје удрилo во Т.Р.(47) од Скопје. Т.Р. починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, ...
Сопственик на погребално претпријатие од Виривитица – Хрватска , Марио Коларевиќ со денови лежи во ковчег пре министерството за економија и бара правда. Истовреме штрајкува и со глад. Причина за протестот е проблеми со законот за Погребална дејност. Тој тврди дека комунално претпријатие Флора работи на начина кој ствара нелојална конкуренција. Според неговиот исказ тврди дека ги принудуваат роднините на починатите да одат кај нив да добијат ...
Лидерката на француската партија Национално oбединување и кандидат на неодамнешните претседателски избори во Франција, Марин Ле Пен, денеска беше погодена со јајце во главата додека одела по улица за време на посетата на северниот град Сен Амон Лес. Ле Пен била гаѓана со јајца од симпатизери на нејзините политички противници, а откако била погодена, брзо била опкружена со обезбедување за да ја заштити. Видно вознемирена Ле Пен веднаш беше ...
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица. Четворица од нив, заедно, извршиле повеќекратно кривично дело трговија а останатите двајца се товарат дека индивидуално го извршиле го истото кривично дело. Во временскиот период од декември 2021 до април 2022 година, трето и четврто осомничените – мајка и сестра на ...
Штипското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. Првиот осомничен управувал автомобил „опел астра“, а вториот осомничен автомобил „сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на ...
Нема договор со Владата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и утре ќе биде донесена одлука за генерален штрајк, изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски по двочасовната средба во Владата. Димовски кажа дека е разочаран од разговорите со владините претставници, кои, како што посочи, имале одговор за се, само не за главното – за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. – Бараме итно зголемување на платите. Ценовните ...
Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Панчо Минов закажа седница во понеделник со единствена точка на дневен ред: Пријава за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, поднесена од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата на Комисијата која е одговорна за почитување на Етичкиот кодекс на Собранието ќе започне во 12 часот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заедно со пријавата доставиле и докази, односно ...
Закана за бомба денеска ги принуди вработените во Клиничкиот центар во Бања Лука да ги евакуираат пациентите кои се лекуваат таму, додека полициските истражители се обидуваат да откријат кој стои зад сличните заканувачки пораки кои еден ден претходно стигнаа до стотици училишта и полициски станици во БиХ. Клиничкиот центар Бања Лука, една од најголемите здравствени установи во БиХ, заканата за бомба ја добил во раните утрински часови по ...
На барање на Турција, Обединетите нации го сменија името на таа земја во „Туркије“, а претходно на странски јазици беше „Турција“. Обединетите нации претходно добија посебно барање од Турција. Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефани Дујариќ изјави дека добиле писмо од турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу, испратено до генералниот секретар Антонио Гутереш, во кое се бара промена на името на земјата на странски јазици во ...
Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот “Рекет”, односно Катица Јанева и Бојан Јовановски остануваат зад решетки за да ја издржат затворската казна. -Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски ...
Граѓаните кои имаат заштеди во пропаднатата Еуростандард банка ќе бидат целосно обесштетени. Делумно обестсштеување им следува на оние кои имале повластени каматни стапки. Ова го изјави адвокатот на оштетените штедачи на Еуростандард банка Љупчо Кузмановски во телевизиско гостување. Тој информира дека е завршена постапката за определување на доверителите и редоследот на доверители и нивното обесштетување. Појаснува дека Фондот за осигурување на ...
Од утре нов удар врз стандардот на граѓаните – компаниите ги прават последните пресметки. На полноќ завршува важноста на дел од владиниот сет од 26-те антикризни мерки кои беа донесени со цел спречување на ценовни шокови за граѓаните, се отвора простор за вртоглав раст на цените на прехрамбените производи, но и на нафтените деривати. Основните прехрамбени производи од 1 јуни повторно ќе се продаваат со ДДВ – според информациите на ТВ24 од утре ...
Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи денеска Апелација го потврди првостепеното решение за притвор, потврдуваат од Апелациониот суд за „Фокус“. Од судот појаснуваат дека гаранцијата која ја понудил Зеќири воопшто не била разгледувана, бидејќи покрај опасноста за бегство, притворот му е одреден и поради опасност да ја попречи истрагата. Зеќири пак пред неколку дена на ...
ГасТера од денеска повеќе нема да добива гас од руски „Газпром“, откако одби да се согласи со барањата на Москва за плаќање во рубли, соопштија двете компании во понеделникот. ГасТера, која купува и тргува со гас од името на холандската влада, рече дека склучила договор на друго место за две милијарди кубни метри гас што очекуваше да ги добие од Газпром до октомври. Компанијата е 50 отсто во сопственост на холандски владини субјекти и по 25 ...
Според првичните неофицијални податоци на Досие.мк пожарот во Монопол во Тетово е предизвикан од невнимание и човечки фактор. Според луѓето од терен кои се во просториите кои изгореа најверојатно самиот гранулат не соодветно складиран. Во близина имало стакло кое придонело гранулатот да се запали. Бидејќи се работи за градежна фирма полна со стиропор пламенот многу брзо се раширил и се случи огромен пожар. За да се стави под контрола беше ...
Обвинителството засега нема отворено никаква постапка за деветтемина сведоци кои немо го гледаа нападот врз хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше нападнат пред скопската дискотека „Привилиџ“ минатиот месец, а потоа почина на Ургентниот центар во Скопје. Од скопското обвинителство за „Фокус“ велат сите детали и факти ќе бидат утврдени во рамките на истражната постапка, а до овој момент се води постапка само за тројцата осомничени, Анџело ...
Непалската армија соопшти дека го лоцирала местото на падот на авионот кој исчезна вчера, а во кој имало 22 лица. – Тимовите за пребарување и спасување го лоцираа местото на несреќата – портпаролот на авионот Нарајан Силвал на Твитер, објавувајќи слика на која се гледа бројот на опашката на авионот. Како што беше претходно објавено, во неделата во Непал исчезна авион на приватна компанија со 22 лица. Малиот авион летал од туристичкиот град ...
Пехарот што го освои како претставник на Украина со победата на овогодинешната Евровизија, бендот „Калуш оркестар“ го продаде на хуманитарна аукција за 900.000 долари, а парите ќе бидат наменети за купување на три беспилотни летала за вооружените сили на Украина. „Пријатели, вие сте неверојатни! Благодарни сме на секој од вас што донираше средства за оваа аукција, а особено на тимот на Whitebit кој го купи трофејот за 900.000 долари и сега стана ...
Во среда завршува рокот за дел од антикризните мерки на Владата, по што се очекува ново поскапување на основните прехранбени производи. Според информациите, маслото за јадење се очекува да поскапи за 7 денари, додека лебот за нови 2 денари. Млекото, пак, за најмалку 3 денари, а јајцата и килограм ориз поскапуваат за 5 денари. Парламентот на Македонија, во месец март ги изгласа антикризните мерки, предложени од Владата, со кои се намалува ДДВ-то, ...
Дел од медиумите ги објавија имињата на осомничените во случајот „Делчевски ниви“ меѓу кои се двајца управители во ЕВН, телохранител на Христијан Мицковски и уште неколку негови сегашни и поранешни блиски личности: . Игор Гиевски, управител на ЕВН Електрани, Мирослав Митровски, управител на ЕВН Електрани, Дарко Тодоровски, поранешен советник во Советот на Општина Делчево, Дарко Ќурчиски, бизнисмен, Влатко ( дел од обезбедувањето на Христијан ...
Судија на претходна постапка вечерва им одреди мерка притвор на пет од седумте осомничени лица за шемата со продажба на ниви во Делчевско. Како што соопштија пред малку од Основниот кривичен суд Скопје, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на И.Г., М.М., Д.Т., О.Т. и В.И. им определи мерка притвор во траење од 30 дена. На Д.Ќ, му определи мерка куќен притвор, поради постоење на основите од член 165 ст.1, т.2. од ЗКП односно ...
Во пресрет на вонредниот коалициски совет, кој денеска треба да се одржи во Софија, на кој главна тема ќе бидат односите со Северна Македонија, во Скопје расте скептицизмот дека во јуни ќе се крене бугарското вето. Поранешниот претседател Бранко Црвенковски кој ретко се појавува во јавноста, денеска на трибината организирана од страна на Советот на амбасадори порача дека македонската јавност треба да се подготви, и од страна на власта и од ...
Смртта на Реј Лиота ја потресе јавноста и многу од неговите колеги и обожаватели се простуваат со него по социјалните мрежи. Во помените често се спомнува јукстапозицијата помеѓу жилавите ликови на Лиота и мекоста во реалниот живот. Тој ќе остане запаметен како еден од најдобрите актери од неговата генерација. – Сосема сум скршена кога ја слушнав оваа страшна вест за мојот Реј. Ми се случувало, каде било во светот луѓето да ми кажат дека ...
Вчеравечер, на големата сцена во Македонскиот народен театар беше одиграна по кој знае кој пат хит претставата „Не се клади на Енглези“, но за првпат, нивна публика беа глуви и наглуви лица. Ова несекојневно доживување им го овозможи агенцијата за интегрирани комуникации „Репресент комуникации“ од Скопје, која одлучи своите 5 години постоење да ги одбележи со програмска активност од општествена одговорност и со инклузија ...
Обвинителството ќе бара притвор за осомничените во случајот „Делчевски ниви“, за кој вчера Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава, дознава „Фокус“. Oбвинителството не бара притвор поради опасност од бегство , туку дека можат да ја попречат кривичната постапка со влијание врз сведоци или да уништат докази. Седумината осомничени вчера беа уапсени и однесени во полициска станица, а во текот на денешниот ден ...
Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница во сенегалскиот град Твауан, околу 120 километри источно од главниот град Дакар. „Болка и шок откако дознав за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот што избувна во болницата Мама Абду Азиз Си Дабак во Тивауан“, напиша сенегалскиот претседател Меки Сал во пораката објавена преку „твитер“, кој инаку е во државна посета ...
Ова е најголем масакр во основно училиште во САД по трагедијата во Сенди Хук во Конектикат во 2012 година, во која беа убиени 26 лица, од кои 20 деца на возраст меѓу шест и седум години Најмалку 19 ученици и двајца возрасни се убиени во пукање во основното училиште Роб во Увалда, Тексас, на околу 130 километри од Сан Антонио. Напаѓачот, идентификуван од властите како Салвадор Рамос, е мртов и се верува дека дејствувал сам. Гувернерот на Тексас ...
Се трага по лице кое паднало во канал за наводнување во село Тркање, додека работел на објект. Според информациите од МВР, вчера во 17,10 часот во Полициска станица Кочани, С.К. (36) од Скопје пријавил дека Р.А.(27) од Кавадарци, кој извршувал работни задачи на објект, најверојатно паднал во канал за наводнување, кој се наоѓал во близина. Полициски службеници излегле на местото на настанот и во координација со ТППЕ на Кочани преземаат мерки за ...
Во среда е закажан состанок на Комисијата за заразни болести, за да се разговара за можни мерки коишто може да се преземат за да се спречи пренесување на вирусот во земјава, односно, најмногу што може да се одложи регистрирањето на првиот случај во Македонија. Една држава веќе воведе карантин за заразените со мајмунски сипаници, а епидемиолозите смируваат. Но, подучени од тоа што го донесе Ковид-пандемијата, светот се подготвува за лошо ...
За малку е избегната трагедија вчера во Старата скопска чаршија, а само брзата реакција на противпожарната единица спречила огнот да го проголта хотелот „Буши“ и да се прошири врз околните објекти во Чаршијата. Според Телма, во турканиците, вкупно седумдесетина луѓе се повредени – десетици вдишале чад, дел завршиле во болница, а со повреди се здобиле и тројца пожарникари. Огнот, според информациите од противпожарната служба, ...