Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Младинците на ОК Струмица се во посета на ОК Јастржебски Вегиел во Полска со кој од минатата година воспоставија клупска соработка на сите полиња. Тие беа дел и од турнирот на кој освен екипа од Академијата на таленти на Јстржебски и подмладокот на македонскиот шампион учествуваа и екипите на Острава од Чешка и полскиот Хутников Краков. На турнирнот младиот Јован Милев кој е и јуниорски репрезентативец беше прогласен за најкорисен играч во ...
Синоќа на 04.02.2024 година околу 10 часот во струмичката полиција било пријавено дека околу 21.40 часот на локалниот пат Струмица – село Просениково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од село Доброшинци, струмичко и патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Т.(39) од село Градско Балдовци, струмичко. ,,Во несреќата со тешки телесни ...
Гевгелиската Фирма „Пелагонија Тириц“ го доби тендерот за ,,Рехабилитација и реконструкција на постоечката пешачка и велосипедска патека во општина Дојран“ што го распиша Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Ова фирма, достави најниска цена за предвидените работи наведени во техничката спецификација и во конкуренција на вкупно 8 фирми, тие јавната набавка ја добија за 9 милиони 317 илјади денари или за околу 151 илјада евра. ...
Дигиталната платформа „Сакам да кажам„ објави фотогалерија од Ѓ. Личовски како голем број риболовци уживаат на февруарското сонце и ловат риба од Дојранското езеро. Риболовци од Дојран, Струмица, Скопје, Куманово како и од други места од земјава се секојдневен декор по мирните води на Дојранското Езеро. Ловат со трска, покрај брегот, на дрвените мостови, но и во внатрешноста на езерото со кајчиња и гумени чамци и се печат на февруарското сонце. ...
Летово во Општинскиот центар Ново Село ќе се одржи Балканско првенство во одбојка на песок за мажи и жени откако ОФМ од Балканската одбојкарска асоцијација ја доби организацијата во двете категории до 22 години. Засега не е дефиниран терминот кога конкретно ќе се одржи Балканското во Ново Село. Се планира да биде или јули или во август на кое ќе учествуваат двојки од Македонија но и од Србија, Молдавија, Романија, Турција, Косово. Се очекуваат ...
„Ајде сите на нозе“ песната на Јордан Митев која има милионски прегледи на Youtube ќе биде пеена и на боснаски јазик во изведба на Халид Муслимовиќ. Тие двајцата неодамна ја официјализираа соработката и ја снимија песната во Скопе за која наскоротреба да се сними и спот. Халид кој важи за еден од најпознатите егенди на балканската фолк музика за песната се зиантересирал уште минатата година но заради турнејата на Митевв во Австралија, работите ...
УМС на ВМРО ДПМНЕ од Струмица, на ФБ објавија фотографии како нивни членови доцна синоќа го чистаат споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот од графитите и пораките со кои беше исшаран. Нивната реакција доаѓа откако вчера на социјалните мрежи се појавија фотографиите како е нагрден и вандализиран споменикот а веќе утре се одбележува денот на раѓањето на Гоце Делчев. ,,Непосредно пред одбележувањето на денот на 152 годишнина од раѓањето на ...
Млади струмичани со мобилни мерачи ќе ги детектираат загадувачите во Струмица кои испуштат ПМ 10 и ПМ 2,5 честички за да се добие појасна слика во кој дел од градот има најголема аерозагаденост а паралелно овие параметри ќе ги дава и дрон кој ќе се лета над градот во критичните периоди за да ги утврди конкретно кои се можните извори на емисиите на овие канцорегени честички. Ова се дел од резултатите што се очекуваат од пректот,, Чист воздух, ...
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 3 од Кривичниот законик. Осомничената, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината 4-годишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, ...
“ Ќе те пронајдам “. Вака на англиски со црвен спреј е испишано на споменикот Гоце Делчев во центарот на Струмица, каде се испишани и други симболи и знаци со што значително е нагрден овој споменик. Фотографиите со графитите со црвен и бел спреј се споделуваат по социјалните мрежи. Не се знае од кога се испишани. Сите го осудуваат чинот на сквернавењето на споменикот на доаенот на македонското револуционерно движење во пресрет на одблежување на ...
“Нека овие парични средства собрани од страна на великодушните жители на Општина Дојран кои ги собравме по празникот Богојавление, ти донесат конечна победа над болеста и од се срце ти посакуваме да имаш безгрижно детство исполнето со многу здравје и љубов“, Вака стои во пораката до малиот Алексеј од 30 годишниот Давид Стефановски од Скопје кој го извлече светиот крст од водите на Дојранското езеро на Водици, донирајки ги парите што го даруваа ...
Министерството за економија ќе доделува потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел да се зголеми енергетската ефикасност во домовите и да се заштеди електрична енергија. За ова мерка оваа година се предивдени да бидат доделени 7000 ваучери во висина од 4.1 милион евра по принципот прв дојден – прв усужен. За граѓаните од Пелагонискиот и Југозападниот регион ваучерите ќе бидат со износ од 25 илјади ...
На 31.01.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Радовиш, Е.Ј.(25) од село Аликоч, радовишко, пријавил дека околу 10.30 часот во атар на селото бил физички нападнат од Р.Ј., О.Ј. и З.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 31.01.2024 во 17.25 часот во село Коџалија, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле С.Б.(49) од село Коџалија затоа што околу 16.30 часот на локалниот пат за село Коџалија ...
Од полноќ горивата ќе бидат со повисоки цени. Согласно новата одлука на РКЕ, бензините и дизелот горивото поскапуваат за 1,5 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт ...
Жителите од населените места Добрашинци, Висока и Нова Маала како и од Чанаклија добија асфалтирана делница до патот кој води до браната Турија. Станува збор за делница т.е. пат од околу 1,3 километри изграден пред повеќе децениии и постојано се санираше и крпеше. Реализацијата на овој патен правец почна во октомври кога почна остранување на стариот асфалт и подлогата токму од крстосницата кон брана Турија па се до центарот на населеното место ...
Грантот од 50 илјади долари да биде насочен за изграддба на Спротско рекреативен центар кај браната Топлик. Вака одлучија гевгеличани на Форумот на заедницата каде изминатиов период предложија и дебатираа за проекти од областа на животната средина. Станува збор за Форум во рамките на Програмата „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“, финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува ...
Членовите од музичката школа на м-р Васко Пиличев од Струмица, идниот месец заедно со вокалните солисти Славица Теодора и Ана ќе реализираат концерт со кој ќе ја шират љубовта кон музиката, саканите, родителите, пријателите. Концертот е закажан на 14 февруари во Центарот за култура Антон Панов во Струмица каде се очекува да настапат над 60 тина гитаристи . Менторот на школата Васко Пиличев во изјава за Дрнка МК кажа дека на концертот ќе има ...
На 26.01.2024 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Р.А. (38) од Радовиш, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и во службениот разговор со него изјавил дека марихуаната ја набавил од Н.Б.(32) од Радовиш. Врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Радовиш ...
Обиколницата на патот Струмица – Дабиле кој од јули минатата година почна да се гради и треба да стане булеварско решение доби асфалт. Асфалтирањето на ова делница е резултат на притисокот од јавноста која постојано реагираше на социјалните мрежи заради што синоќа градоначалникот Костадинов најави дека блаодарение на донатори ќе се асфалтира а денеска упати благодарност до општествено одговорните компании. ,,Се става асфалт на делницата ...
На 25.01.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, Ш.Џ.(63) од Струмица, управувајќи патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица. Крадењето авторски текстови е казниво со ...
Продолжуваат реакциите кај тутунарите кои и понатаму целосно не ги предаваат произведените количини. Во струмичко радовишкиот регион откуп вршат 5 компании. Нивните пунктови секојдневно се отворени но и понатаму има бојкот од страна на производителите. Тие го предадоа тутунот од првите берби кој е со послаб квалитет во однос на трета и четврта рака на берба. На ниво на држава откупени се околу 6 илјади тони тутун. Главната причина за проблемите ...
Фондацијата ,,Заев – Едно општество за сите“ донираше амублантно возило за потребите на струмичката болница. Клучевите од возилото на директорката на ЈЗУ Општа Болница Струмица – Катерина Кузмановска, ги предаде поранешниот премиер екс министерот за здравство Венко Филипче кој во изјава за медиумите потенцираше дека Фондацијата и во иднина ќе биде партнер на здравствените институции во земјава. ,, Ова е трето возило за итна медицинска помош што ...
На 23.01.2024 околу 20.00 часот во близина на с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода М.К.(21) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, соопшти МВР Претходно, кај с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници дале знак за запирање на ...
Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со кафе бар „Нагоре“ во Струмица, како дел од неформалниот тековен концепт-проект, оваа сабота, 27 јануари 2024 година во 21:00 часот ќе ја отворат изложбата на цртежи насловена „Реминисценции“ на Страхил Петровски. „Реминисцении“ содржи 12 дела кои меѓусебно се надополнуваат, дејствуваат и го окупираат просторот со експресија која е ...
Денеска (20.01.2024) во 04.40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Г.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03.20 часот на ул. „Мајка Тереза“ во Струмица физички го нападнал Т.Т.(56) од Струмица и му одзел пари. Тој е задржан во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против ...
На 19.01.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на патот Гевгелија – Богданци, на мостот на реката Вардар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со регистарски таблички од друго возило, управувано од Б.М.(48) од Македонска Каменица, во кое превезувал и криумчарел седум лица мигранти од Сирија, патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(63) од ...
Вечерва на патниот правец Гевгелија-Богданци се случила сообраќајка во која едно лице го загуби животот. Веста ја потврдија од струмичката полиција од каде соопштија дека во сообраќајката учествувале четири возила но повеќе детали најавија за утре. ,,На 19.01.2024 година во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале 4 патнички возила, од кои две марка ...
Денеска (16.01.2024) Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Р.Р. (30) од село Трпејца, општина Охрид и Г.А. (39) од Радовиш, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот закон. На 15.01.2024 година во 23.50 часот во дворно место на ...
На 15.01.2024 околу 19.40 часот во с.Костурино, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода И.М.(30) од с.Градошорци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, соопшти полицијата. Имено, околу 19.30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано ...
МЗШВ објави четири јавни повици за издавање на државно земјоделско земјиште до 3 хектари на кое нема подигнато долгогодишни насади, врз кое нема востановено право на закуп или за кое не се води постапка за денационализација. Во Јавните повици 2 3 и 4 се нуди и земјиште во атарите на околу 50 тина населени места во Југоистокот односно во регионите на Гевгелија, Валандово, Струмица и Радовиш и тоа за лозови и овошни насади како и оранжерии за 30 ...