Околу 150 ученици од ООУ ,,Никола Вапцаров“ од Струмица денеска беа во посета на ФК „Брера Струмица“ и се информирале како функционира клубот но и како тече еден ден на фудбалерите. Според објавената информација од клубот, дечињата се дружеле со фудбалерите од првиот тим, тренерите, се интересирале за фудбалската професија, за тренажниот процес а пред се како да станат славни и познати фудбалери. Станува збор за дечиња од второ и петто ...

На 18.04.2024 во 19.30 часот на место викано „Цареви кули“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.С.(34) и В.С.(35), двајцата од село Василево, струмичко. При преглед над нив, кај А.С. била пронајдена марихуана. Во службен разговор во Полициската станица Струмица А.С. признал дека во домот поседува и друга количина, која потоа доброволно ја предал на полициските службеници. За настанот бил запознаен јавен ...

Со премиера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски и изложба на театарски фотографии од Сречко Гунчев, Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица ќе одбележи 75 години од постоењето. Кога велиме „Црна дупка“ не се однесува на термин од нашата галаксија и универзумот како појава, туку се однесува на една црна дупка во нашето живеење.Во таа смисла оваа пиеса спаѓа во постмодернистичиот период на Горан Стефановски, по „Диво месо“, по ...

Носителот на листа на Изборна единица 4, д-р Венко Филипче го отвори централниот караван за парламентарните избори на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кој попладнево започна во Демир Капија и Гевгелија. Во своето вечерно обраќање во Гевгелија д-р Филипче говореше за своите лични заложби како пратеник во Собранието и вети дека како претставник на граѓаните во идното Собрание ќе остане достапен за нив, за нивните грижи, маки, но и идеи и ...

Венко Филипче на првиот митинг од кампањата во Демир Капија им се обрати и на гласачите на СДСМ. Тој порача дека е време за размислување со ладни глави и дека СДСМ секогаш е на вистинската страна на историјата. „Сега е време за размислување со ладна глава, бидејќи одлуките денес имаат големи последици на иднината. СДСМ е партијата која секогаш е на вистинската страна на историјата, која и кога греши не скршнува од вистинскиот пат. Затоа ...

Тимот на Струмица жени претрпе пораз и во вториот финален меч за освојување на шампионската титула. На гостувањето во Скопје загубија од бранителот на титулата Работнички со 3:0 во сетови и ова е втор пораз за струмичанки кои во првенството беа доминантни. Повторно тежок натпревар во кој струмичанки немаа концентрација во решавачките моменти. Откако го изгубија првиот сет со 28:26 Струмица жени се обидувапе да се врати во вториот и третиот ...

„Јас секогаш ќе работам со пациенти и ќе оперирам во операциона сала. Тоа не престанав да го правам како министер и нема да престанам да го правам ниту пак како пратеник.“ Ова го вели Д-р Венко Филипче во видео објавено на неговата Фејсбук страница, во кое наведува зошто се враќа во политиката и како ќе придонесе како пратеник. Филипче е носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборната единица ...

пецијализантите остануваат во фокус на СДСМ и во следниот мандат што ќе го добиеме бидејќи граѓаните ја препознаваат нашата посветеност за системско решавање на клучните прашања за здравствениот систем. Наша цел ќе биде зајакнување на главниот столб на кој се темели иднината на македонското здравство, а тоа е задржување на младите лекари и специјалисти во земјава. Тоа ќе го постигнеме преку зголемување на платите за специјализантите и преку ...

Ние имаме социјалдемократи кои се најбогати во светот и не мислат добро на македонците. Уништија се а чепнаа и во уставот без да имат уставен патриотизам. Вака подвлече кандидатот за претседател на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова од Гевгелија која истакна дека е за уставни измени но не за правање на преамбулата како телефонски именик ,, Јас еве да кажам, да, потребни се уставни изменни, ама не за преправање на ...

Одбојкарите на Струмица со 3:1 во сетови го совладоа тимот на Штип УГД и поведоа во финалната серија за освојување на шампионската титула. Недостасуваат уште две победи за да избраниците на Кире Ричлиев го подигнат 11-тиот Шампионски трофеј. Во салата Парк во Струмица струмичани буквално се реваншира на штипјани за поразот во КУП финалето пред десетина дена. Беа доминантни во првиот и вториот сет (25:19, 25:18) по што гостите од Штип ...

Струмичката полиција вчера лишиле од слобода две момчиња на возраст од 20 и 26 години од населенит места Мокрино и Колешино, бидејќи при преглед на патничко возило „Опел“ со струмички регистарски ознаки во кое тие биле е пронајдена марихуана. Момчињата биле задржани во Полициска станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство во Струмица. ,,На 15.04.2024 во Струмица, полициски службеници од ...

СВР Струмица поднесена кривична пријава против 32-годишниот Б.Н. од Скопје и 24-годишниот З.М. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, извести МВР. „Пријавените, на почетокот на мај 2023 измамиле сопружници од Струмица на начин што понудиле да им помогнат за брзо аплицирање на кредит во висина од 900.000 денари, по што во неколку наврати им дале вкупно 182.000 денари“, соопшти МВР. Крадењето авторски ...

Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на ...

Специјализантите подолго време преку јавни настапи, протести и генерален штрајк, што го започнаа денеска, бараат да бидат исполнети нивните барања за регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти. Како што најавија, штрајкот ќе трае се додека не добијат писмени гаранции дека ќе им се исполнат барањата. Прв кој обезбеди специјализантите да бидат платени за нивната работа ...

На 14.04.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Струмица, 15 во Валандово и 10 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. ...

,,Пет пластика за цвеќе“. Ова беше мотото на еко акцијата што ја спроведе Локалниот младински совет на Босилово во сите населени места во општината при што беа доделени околу 2000 парчиња саксиско цвеќе за пет пластика. Стотици граѓани донесоа пластични шишиња кои може да се рециклираат а за возврат добиваа цвеќиња. Ова е втора слична акција откако пред неколку денови се спроведе акцијата пластични шишиња за овошни садници, која трета по ред ...

Кандидатот на СДСМ и носител во изборна единица 4, Д-р Венко Филипче, денес ја посети Струмица каде оствари низа средби со граѓаните. Филипче ги посети пазарите во градот и разговараше со струмичани за изборите и предизвиците со кои се соочуваат. „Од разговорите гледам голем ентузијазам и очекувам убедлива победа на Стево Пендарвоски во првиот круг, а потоа и во вториот, како и на парламентарните избори“ – истакна Филипче. Филипче рече дека ...

Кампањата на Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова во Струмица вчера продолжи со направени средби со граѓаните во Габрово и во Муртино. На средбите преку разговори со граѓаните Општинскиот изборен штаб на Кандидатката Гордана Силјановска Давкова ги промовира програмските цели и ги најавува промените кои доаѓат. Општинскиот изборен штаб е задоволен од пречекот и приемот во сите места во кои пристига караванот со активистите. ...

Струмица жени киксна на домашен терен во првиот меч од разврската за шампионската титула со Работнички. Тимот од Скопје со 3:0 славеше во Струмица и си обезбеди предност од 1:0 во борбата за три добиени меча кои носат и титула Првите два сета беа крајно рамноправни. Работнички ги доби со 26:24 и 25:23 и Струмица жени како да го положи „оружјето“ и дозволи Работнички со 3:0 да замине за Скопје Како што објавија од Струмица Жени во мечот ...

Вчера во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Ристоман Попчевски“,во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ќ.У.(24) од Струмица и мопед „априлиа“ со германски национални ознаки, управуван од малолетник од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Медицинскиот ...

Носителот во изборна единица 4, Д-р Венко Филипче денес во Кавадарци се сретна со голем број граѓани. Разговараше со пензионерите, дијабетичарите и здравствените работници со цел да се запознае со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Филипче има за цел лично да разговара со огромен број на граѓаните во кампањата бидејќи како што вели тоа е најдобриот начин да се стекне доверба, но и да се разберат виситински проблеми на оние кои ќе ...

Две возила се судрија на раскрсницата меѓу Климент Охридски и Братство и Единство во Струмица при што едното возило се преврте на коловозот. Според информациите од СВР Струмица три лица се повредени од кој едно потешко. По сообраќајката полицијата вршеше увид за да ги утврди причините за оваа собраќајка во која е предизвикана и матријална штета. ,,На 12.04.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата ...

Стојне Николова е една од ретките за која може да се каже дека е комплетна пејачка, кога е во прашање овој вид на уметност. Пејачка која зад себе освен авторски песни, има и преработки на традиционални македонски песни. Во својата кариера ниже хит по хит а завчера ја оправда довербата на публиката и го објави своето најново музичко парче кое го носи насловот „Лоша“. Песна за која сними модерен, провокативен, но и прилично скап видео запис. ...

Во рамките на реализирање на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“, којшто го реализира „Медија Флеш“, вчера во просториите на Младинскиот центар во Струмица беше формиран Клуб за медиумска писменост при Локалниот младински совет на Општина Струмица. Координаторот на проектот, Ристо Тасев и проектниот асистент, Веле Појразовски, го презентираа проектот пред присутните ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира тутунопроизводителите дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на двете мерки, основни и дополнителни директни плаќања, за договорен и продаден ориентален ароматичен тутун од реколтата 2023. Кон 14.300 тутунопроизводители исплатена е поддршка вредна близу 1.5 милијарди денари. Оваа реколта субвенцијата за ...

Теа Ангелова од Радичево деветоодделенка при ООУ Гоце Делчев од Василево е една добитничките на стипендијата Борис Трајковски – Нова за четиригодишно школување во ова реномирана образовна институција. Во конкуренција на 100 апликанти од целата земја Ангелова, доби целосна стипендија заради нејзините досегашни награди но и заради одличните резултати на тестирањето каде апликантите мораа да полагаат математика, англиски, тимска работа, ...

Поддршката што ја добиваме од граѓаните во Изборната единица 4, каде што сум постојано присутен на терен, е одлична. Ова го изјави носителот на листата на СДСМ и Kоалицијата за европска иднина за ИЕ 4, д-р Венко Филипче при неговата денешна посета на Гевгелија. Филипче истакна дека одзивот на граѓаните и нивната подготвеност за средба и отворен разговор за сите прашања ги потврдуваат сомнежите за местените анкети на ВМРО-ДПМНЕ. „Од ден во ...

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4, д-р Венко Филипче вчера беше во Радовиш каде што оствари средби со пензионери и со лица со дијабетес со коишто разговараше за мерките предвидени во новата „Програма за европска иднина“. На средбата со пензионерите, д-р Филипче потсети на досегашните заложби на Владата предводена од СДСМ за подигнување на стандардот на пензионерите. Тој ...

Граѓани, дипломати, лица со попречености, преставници на граѓански здруженија и институции учествуваа во уредувањето и оплеменувањето на првиот инклузивен парк кој го подига Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Општина Гевгелија. Станува збор за парк од околу 2 000 квадрати метри кој се наоѓа во кругот на пионерскиот дом во Гевгелија со што овој град добива модерен, урбан, хортикултурно уреден простор кој ќе придонесе за поголема ...

На 10.04.2024 во 02.45 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени германски државјанин Р.Г.(35) двајца жители од село Ораовица, радовишко со иницијали Х.К.(34) и М.К.(33) .Според полицијата тие на улицата 22 Октомври во Радовиш го нарушиле јавниот ред и мир со тепачка. ,,Околу 02.00 часот на ул. “22ри Октомври” во Радовиш Р.Г. од една страна и Х.К. и М.К. од друга страна го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Се ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
83%
1024
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
86%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.45
89%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.79
95%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.6
96%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
74%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
100%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
91%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.24
84%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
1.55
100%
1030
Currency

61.548

Currency

54.966

Currency

73.744

Currency

37.992

Currency

39.15

Currency

67.22

Currency

8.2483

Currency

0.67176

Currency

0.34733

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58441

Иридиум

321507.47

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Сребро

1666.05