Белград
9ᴼ /
8ᴼ
По три првенствени кола од Втората фудбалска лига на Македонија, гевгелиски Кожуф и радовишки Детонит имаат стопроцентен учинок. Во сите три кола забележаа победи и се во кругот од пет екипи кои имаат по 9 бода. Од Југоистокот, во второто по квалитет фудбалско натпреварување на Македонија, освен овие две екипи учествува и струмичка Беласица која викендов стаса до првата победа над Тетекс. Гевгеличани по победите над Карораман со 3:0 во првото, ...
Во населеното место Секирник се одржаа традиционалните русалиски средби на кои играорци го презентираат фолклорот обичаите и традицијата на македонците бегалци од кукушко. Станува збор за игри и ора кои ги негуваат потомци на децата од македонскиот егзодус во 1913 година а се преставија пет русалиски друштва од земјава. Освен домакините КУД „Русалии“ – Секирник, се преставија и Русалии „Пољаните“ – Петрич, КУД „Танец“ – Миравци, КУД „Јане ...
Вчера околу 11:30 часот во атарот помеѓу селата Дабиље и Робово избувнал пожар на стрниште со површина од околу 2 хектари при што била зафатена и речици целосно изгорена викендица која се наоѓала во тоа подрачје. Информацијата ја потврдија и од полицијата. ,,На 26.08.2023 во 13.30 часот во СВР Струмица е пријавено дека во атар на с.Дабиље настанал пожар во кој била опожарена викендица во сопственост на Н.Т. и Б.Т. од с.Дабиље. Повредени лица ...
Денес православните христијани го слават празникот ,,Успение на Пресвета Богородица“ или познат и како Голема Богородица, кој е еден од 12-те најважни датуми во црковниот календар. Овој празник е поврзан со крајот на земниот живот на Дева Марија и нејзиното повторно обединување со Исус Христос на небото. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Според Светото ...
Околу два часа уживаа посетителите на концертот на Симон Трпчески во населеното место Секирник Општина Босилово каде го претстави проектот „Македонисимо“. Дворот на училиштето во родното село на мајка му Нетка беше претесен за жителите на Секирник но и од пошироко кои дојдоа да ги слушаат транскрипциите на македонската традиционална музика во поинаков аранжман од Панде Шахов во соработка токму со Трпчески. Со реализацијата на овој концерт како ...
Првиот човек на општина Гевгелија Андон Сарамандов објави дека е ставен во функција водоснабдителниот систем за населеното место Негорци. Како што соопшти на својата ФБ страна целосно е е изграден цевководот од 6405 метри на кој покрај населното место Негорци линијата го опфаќа и населното место Прдејци. На денешниот чин беше и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. Како што истакна Срамандов во мај минатата година со овој ...
Пијанистот Симон Трпчевски заедно со „Македонисимо“ вечерва во Секирник ќе имаат настап во рамките на „Босилово културно лето 2023“. Концертот е закажан во 20 часот во дворото на училиштетото ,,Св Кирил и Методиј“ во Секирник Општина Босилово каде ќе се изведат транскрипции на македонска традиционална музика од Панде Шахов во соработка со Симон Тпчевски посветени на македонскиот народ. Трпчески денеска во Секирник родното село на мајка му Нетка ...
Брера Струмица во рамките на петото првенствено коло и гостува на Брегалница во Штип. На прес конференцијата стратегот Џовани Валенти истакна дека не отстапува од зацртаната цел да се практикува веќе поставената игра. Заради згуснатиот распоред веќе се чувствува замор кај дел од играчите но денешниот тренинг го охрабрил дека Брера може да направи добар резултат и во Штип. ,,Сигурно ќе направиме измени во првиот состав. Но сеуште не сме одлучиле ...
На 24.08.2023 во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со ...
Усвоен нацртот на новиот ГУП на град Струмица. Според истиот, наместо досегашните 40 хектари зелена површина предвидени се вкупно 88.35 хектари. Согласно постојната состојба, од јавните зелени површини во градот постојат уреден градски парк со површина од 9,42 ха сместен во северо- западниот дел на градот. Има и помал градски парк во центарот на градот со вкупна површина од 0,45 ха, но и зелени плоштади-скверови со вкупна површина од 2.63 ха. Од ...
Струмичкиот прволигаш Академија Пандев Брера Струмица славеше и против Тиквеш од Кавадарци и ја забележа четвртата првенствена победа. Новајлијата Христијан Малески и младиот Мартин Ѓеоргиевски беа стрелци на головите на мечот на кој тимот од Кавадарци се покажа доста незгоден противник. Струмица по четири кола немаат пораз и се лидери на табелата со скор од 7 постиганти и еден примен гол во четирите меча. Крадењето авторски текстови е казниво ...
Повеќе од 30.000 евра донации за неодамнешните поројни дождови и невремиња беа собрани во акцијата на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици. Голем дел од членството, но и други деловни субјекти и индивидуалци, донираа пари и ја покажаа својата хуманост кон граѓаните кои изгубија домови и кон Словенија која ја доживеа најголемата природна катастрофа во својата понова историја и се соочува со сериозно оштетена инфраструктура и ...
Објавена е комплетната програма на второто издание на настанот Get EXITed во прекрасниот градски парк Струмица. EXIT и општина Струмица подготвуваат спектакл за 7 септември, предводени од Џон Њуман, Бурак Јетер и Конструкта, а сега им се придружуваат и Ван Гог, оркестарот Џамбо Агушеви, Лана и The Geors. За време на маратонската забава, овие одлични изведувачи ќе им донесат на посетителите најразлични звуци – од соул, поп и рок, до најголемите ...
На 21.08.2023 во 11.15 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на надвозник од влез на Гевгелија кон булевар „Гевгелија“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(55) од село Богородица и патничко возило „мерцедес“, управувано од М.Т.(35) од село Богородица гевгелиско, соопшти МВР ,,Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници во ...
Струмичкиот прволигаш Брера забележа победа против актуелниот шампион Струга ТЛ и по три првенствени кола тие се единствената екипа во Првата лига без пораз. Ване Крстевски и Марио Врдољак беа стрелци на головите за Брера Струмица која демонстираше одлична и борбена игра на теренот во Струга. Следното коло дома го пречекуваат тимот на Тиквеш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е ...
Цените на бензинот се зголемуваат, а на дизелот се намалува од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 1 денар, и ќе чини 87,5 денари. Од утре ЕУРОСУПЕР 98 ќе чини 90 денари, односно неговата цена се зголемува за 1,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе изнесува 80 денари по литар. За пола денар паѓа цената на екстра лесното масло и од утре ќе ...
На 20.08.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица, едно лице управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“ изгубил контрола на возилото и удрил во семафор, по што возачот на возилото побегнал од местото, соопшти СВР Струмица Во моментот на несреќата во возилото се превезувале 17 лица мигранти од Сирија, од кои 6 малолетници и Н.Б.(45) ...
Пет лица вмешани во нападот на струмичкиот полициски службеник во населеното место Баница кој се случи завчеравечер заработија притвор од 30 дена. За нив како и за останатите напаѓачи од Баница и Градско Балдовци за кои полицијата поднесе кривични пријава отворена е истражна постапка за напад врз службено лице при вршење на работа за безбедност, соопшти Јавното обвинителство во Струмица. Тие во петокот навечер околу 23 часот според МВР насилно ...
На 19.08.2023 година полициски слуужбеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.С. (43), Д.Ј. (33), П.С. (40), И.Г. (26), И.В. (41), Т.С. (37), Р.С. (52), А.С. (43), В.К. (39), Т.В. (21), Ж.М. (33) и уште едно малолетно лице, сите од село Баница, струмичко и М.Ѓ. (23) од село Градско Балдовци, струмичко. Тие се сомничат дека на 18.08.2023 година во 23.00 часот во село Баница, струмичко, насилнно запреле цивилно ...
Фудбалските надежи на „Брера Струмица“ од генерацијата 2011 го освоија одличното второ место на Евима Купот во Банско Бугарија каде учествуваа екипи од повеќе европски држави. Тие денеска претприја пораз од романската Стеауа но не разочараа соопштија од клубот. Станува збор за дечиња кои ги предводдат тренерите Васко Тодоров и Борче Постолов и досега на повеќе турнири се биле во самиот врв. ,,Имено на турнирот во оваа генерација, Давид Пешов ...
На 17.08.2023 во 07.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, на делницата од с.Ново Село до с.Сушица, Б.С.(26) од с.Ново Коњарево, управувајќи патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот, соопшти МВР По несреќата Б.С. била пренесена во Медицински центар Струмица каде и биле констатирани тешки телесни повреди. ...
Во организација на Здружението за поттикнување и развој на алтернативната музичка сцена, уметност и култура „Комон сенс“ утревечер (сабота на 19-ти август) со почеток во 18:00 часот на спомен костурницата над Струмица ќе се реализира првото издание на „Монументал Фестивал“ на кој ќе настпат седум диџеи од државата. ,,Монументал Фест нема да биде само обичен настан, туку своевидно патување на кое споменикот ќе заблеска во сиот негов раскош во ...
Ги известуваме корисниците дека утрово беа оштетени главни магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај. Штетата е направена од градежни работи на трети страни, што предизвика пречки во услугите кај поголем број корисници, стои во известувањето од Телеком Поради ова, Македонски Телеком ќе ги преземе сите потребни активности за поведување ...
Регионален центар за одржлив развој од Гевгелија ќе го спроведува проектот „Биди дел од системот!“ кој е финансиран од Европската Унија во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“. Целта на проектот е да се зајакне улогата на граѓанскиот сектор во промоција на човековите права, развојот на демократијата и владеење на правото преку промоција на ...
Македонските шампиони во шах од Струмица во категориите до 8 и 10 години кои ќе земат учество на Светското првенство во Египет и Европското во Романија ги одмеруваа силите со струмичани на плоштадот Гоце Делчев а паралелно го промовираа и овој спорт меѓу младите. Станува збор за членовите на ШК „Цареви Кули“ од Струмица Мартин Гоцев, Ина Крумова, Јован Вукашиновиќ и Надица Велкова кои на Државното првенство во Струга се закитија со медали и ...
Новиот хотел „Термал Лукс&Спа“ во Банско ќе ги отвори своите вративо наредните месеци. Од таа причина отворени се повеќе позиции за вработување. Како што соопштуваат од хотелот се бараат 70 динамични, мотивирани и посветени работници, кои се флексибилни и подготвени да работат как Тим. ,,Нудиме различни работни позиции како што се:консиер-возач-помошник, рецепционери, келнери-келнерки, готвачи и пеерсонал во кујната, собарки за чистење, ...
Mладиот фдубалер Христијан Малески од шампионот Струга Трим Љум се пресели во струмичкиот прволигаш Академија Пандев Брера Струмица. Двата клуба се договорија Малески да биде позајмен во Струмица за поголема минутажа. Веста ја објави Брера Струмица на својата ФБ страна потенцирајки дека Христијан веќе работи со тимот и се очекува да дебитира во зелено црниот дрес на Брера. „Христијан Малески од Струга е новото име во редовите на нашиот сениорски ...
Струмичката епархија го повика верниците независно каде и да се да не веруваат во лагите на расчинетиот расчинетиот свештеник Боро Милчев. Тој последниов период служел меѓу верниците во Пјаченца во Италија велејќи им дека е расчинет само од Струмичката епархија, но дека служи со „благослов“ на самиот Архиепископ. “Со оглед на тоа дека многу од верните чеда од нашата епархија живеат и работат во Р. Италија, во Пјаченца, и кои особено ова лето нѐ ...
Завчера вечер na 13.08. во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Димитар Цветинов“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено лагуна“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.К.(33) од Струмица и патничко возило „фолксваген голф“ со странски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(21) од с.Ињево, радовишко, кое потоа удрило во паркирано патничко возило ...
По концертите во Литванија и повторно во Германија, Симон Трпчески и Македонисимо ќе одржат концерт на 26 август во село Секирник, Општина Босилово, Струмица, родното место на мајката на Трпчески. Концертот во Секирник ќе биде организиран на отворено и ќе биде со слободен влез за сите заинтересирани љубители на Симон Трпчески и проектот Македонисимо, соопштуваат организаторите. ,,Како што минатата година ја стартувавме македонската турнеја ...