ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар. За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот ...

Здружението Мултус од Гевгелија во наредните месеци ќе реализира кампања со која се очекува да се подигне дигиталната писменост кај младите како и нивната безбедност на интернет и социјалнните мрежи. Станува збор за TikTok кампања каде познатиот Александар Динев ќе ги ,,води“ тинејџерите низ предизвиците и можните ризици од секојдневната употреба на интернетот и социјалните медиуми. Во првото видео што го објави младиот Динев објаснува дали ...

Прволигашот Младост 1977 од Богданци ја запиша и третата победа во првенството откако денеска на свој терен го декласира Борец од Велес со 56:6. Гостинскиот состав од Велес, првиот гол го постигнаа дури во второто полувреме откако во првите 30 минути резултатот беше 29:0. Со ова победа ракометарите на Младост 1977 од Богданци се зацврстија на лидерската позиција во Групата А од Првата лига со вкупно 10 бода. Претходно победи забележаа и над ...

Ќе се гради кружен тек на раскрсницата меѓу улиците 24 ти Октомври и Братство и Единство во Струмица. Општината во август годинава склучила договор со фирмата Џови Компани откако претходно распиша тендер на кој се јавиле три фирми а фирмата од Мокрино достави најниска понуда. Кружниот тек ќе чини 3 милиони и 669 илјади денари или 59, 6 илјади евра. Според потпишаниот договор, станува збор за градежен дел за изведба на кружниот тек како и за ...

Драгана Рајкова која е ученичка во V одделение во ООУ Јосип Броз Тито во Валандово за време на детската недела ја издаде својата прва книга насловена како ,,Спомени од моето детство“. Во книгата се поместени дури 44 песнички за кои има своја илустрација за да бидаат песничките поинтересни за своите врсници и дечињата Инспирацијата за песничките се од секојдневниот живот, наставниот матријал но и од нејзината имагинација и на еден лесен детски ...

Дури осум фудбалери од ФК „АП Брера Струмица“ се повикани за македонските младински репрезентации кои периодов имаат настапи во рамките на квалификациите за континенталните натпреварувања за фудбалери до 21 и 19 години. Ова несомнено е потврда за потенцијалот што го нуди клубот во однос на млади фудбалери кои може да се носат и со репрезентативниот дрес на Македонија. Селекторот на младата репрезентација на Македонија Драги Канатларовски за ...

Здружението Nomads Camping Club од Струмица организира еднодневен кампинг кај Старо Коњарево за празникот 11 ти Октомври при што за сите гости кампери нуди можност одблиску да се почуствува камперската магија во планина. Паралелно сите кои сакаат, ќе имаат можност да се запознаат и со водопадите кај ова населено место на Беласица која со својата богата флора и фауна нуди огромни потенцијали за истражување. ,, Целта ни беше за празникот да ...

Пред стартот на мечот со Гостивар во рамките на 10 тото првенствено коло фудбалерите на Брера Струмица излегоа со маици на кои стоеше амблем за дарување крв. Маиците ги дадоа на посетителите на трибините на СЦ Пандев. Инаку ФК Брера Струмица завчера беше иницијатор на крводарителска акција при што се јавија 48 донори на крв. За време на акцијата меѓу крводарителите беа и фудбалерите и стручниот штаб на Брера. Крадењето авторски текстови е ...

На 06.10.2023 во 22.30 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ј.М. (34) од Струмица, затоа што во патничкото возило „санг јонг“ со бугарски национални ознаки, управувано од негова страна, бил пронајден кокаин, соопшти МВР. Исто така, на 06.10.2023, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во домот на З.Б. (58) во Струмица, поради основи на сомнение ...

„Селектирај отпад“ ги објави имињата на струмичани кои за месец септември најмногу селектирале пластичен отпад а количините ги пријавиле преку мобилна апликација. Станува збор за пет струмичани кои освоија најмногу поени, откако во пластични кеси со бар кодови складираа пластика и хартија и со мобилната апликација ,,Селектирај отпад“ го алармираа струмички Комуналец да го подигнат селектираниот отпад. Наталија Дикова доби награда од 2000 денари, ...

Денес за првачињата од ООУ „Гоце Делчев“, Василево, беше одржан свечен настан за прием во Детската организација. Вкупно 65 првачиња кои настава посетуваат во централното училиште во Василево и подрачните низ населените места Ангелци, Владевци, Сушево, Седлараци, Едрениково, Радичево и Дукатино, сложно во еден глас дадоа ветување дека ќе бидат умни, вредни, посветени на училишните обврски, дека ќе ги почитуваат наставниците но и дека ќе ...

Струмица го доби мултифункционално спортско игралиште со комплетно партерно уредување. Се наоѓа во Втората урбана заедница, кај ООУ „Никола Вапцаров“ и од денеска е пуштено во употреба, а најмногу му се израдуваа најмладите жители од овој дел на градот. Радоста со нив ја споделија и градоначалникот Костадин Костадинов, директорот на ЈПКД „Комуналец“ Зоран Горгиев, членови на Советот на општина Струмица и претставници на општинската ...

Во рамките на третото коло од Првата ракометна лига на Македонија, струмичките ракометари го декласираа Боред во Велес со 13 голови разлика или со 30:17. Момците на Пепи Пецанов уште еднаш демонстрираа високо ниво на дисциплина во играта и борбеност со што стасаа и до втората победа во првенството откако завчера ремизираа со Младост од Богданци. Екипата на Астраион уште во раната фаза од мечот резултатски се одлепи при што Пецанов даде можност ...

Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер денеска во Радово при посетата на Едукативниот центар за деца од предшколска возраст, вкуси ајвар приготвен на традиционален начин од домакинките кои учествуваа во неделната Ајваријада во Босилово. Таа не го криеше задоволството од вкусот при што се заинтересира која е тајната на овој специјалитет бидејки разликата е очигледна од онаа што го купува. На заминување амбасадорката од градоначалникот на ...

Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци отвори своја фолклорна секција во Дојран со цел да понуди можност младите од ова Општина да се запознаат преку ора и танци со богатиот македонскиот фолклор и традиција. Вчера во просториите на спортската сала при основното училиште ,,Кочо Рацин“ во Нов Дојран каде се пријавија голем број на деца се одржа првата проба. Со ова „Мегдан” од Богданци испишува нова страница со што на децата ќе им понуди ...

Со поддршка на УСАИД, отворен е едукативен центар за деца од предучилишна возраст во населеното место Радово во Општина Босилово. Центарот веќе го посетуваат 20 тина дечиња и истиот ќе биде од голема корист како за родителите кои работат така и за дечињата кои во центарот со помош на стручни лица ќе учат, едуцираат но и ќе другаруваат преку игра и песни. Едукативниот центар во Радово ,,Огражденски пеперутки“ е дел од Програмата за развој на ...

Градоначалникот Костадин Костадинов и Народниот правобранител Насер Зибери, ја отворија работилницата на тема „Соработката на локалната самоуправа со Народниот правобранител и придобивките од децентрализација за граѓаните“ којашто денеска се одржа во Домот на АРМ во Струмица. Зборувајќи за ефектите од децентрализацијата и соработката со Народниот правобранител, градоначалникот Костадинов истакна дека Струмица е вистински пример за извонредна ...

На 03.10.2023 околу 14.45 часот на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ, при извршување на полициски активности, во близина на две напуштени патнички возила, „алфа ромео“ со велешки регистарски ознаки и „форд“ со скопски регистарски ознаки, кои претходно учествувале во сообраќајна незгода, биле пронајдени три ...

Вкупно 48 струмичани лубители на спортот и навивачки на ФК Брера Струмица даруваа крв на акцијата што ја иницираше клубот во соработка со Црвениот крст но и Службата за трансузиологија при струмичката болница. Уште во раните утрински часови симпатизери на ФК Брера дојдоа во просториите на СРЦ Пандев за да ја покажат хуманоста но и да се видат со дел од стручниот штаб и фудбалерите на првиот тим ,,Сакавме да го искористиме потенцијалот што го ...

Денес, првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала, на свечена церемонија беа примени во Детската организација. Сложно, во еден глас повторувајќи ги зборовите од Заветот по својата директорка, ветија дека ќе ги почитуваат наставниците, ќе ги решаваат зададените задачи и ќе се дружат со другарчиња во училишниот двор, притоа искрено, детски барајќи прошка за направените грешки. Честитки по тој повод им упатија директорката на училиштето ...

Денеска (02.10.2023) околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода М.С. (63) од Скопје, кој во товарно моторно возило „ман“ со скопски регистерски таблички превезувал 11 мигранти од Сирија. Откако возилото било запрено, од страна на полициските службеници бил воочен бункер меѓу кабината и товарниот дел, каде по детален преглед биле пронајдени мигрантите. По ...

Контроверзната позната новинарка Лара Логан во гостување на утринска програма на американска телевизија изнесе еден куп невтемелени тврдења за војната во Украина и за руската агресија, кои речиси целосно се совпаѓаат со руските дезинформациски наративи за Украина и за Западот Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Има повеќе новинари кои ја кажуваат вистината. Феноменалната Лара Логан во емисија во живо. ...

Струмичките ракометари одиграа нерешено со Младост 1977 од Богданци во рамките на второто коло од Првата лига и ги поделија бодовите. И двата тима во финишот од средбата имаа можност да стават печат за победа, но не успеа да го најдат патот до противничкиот гол со што мечот заврши 31:31. Астраион Хендбол одигра одлично и речиси во три четвртини од мечот имаше предност благодарение на цврстата одбрана. Момците на Пепи Пецанов во второто ...

Во четврток, 5 октомври во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица премиерно ќе биде прикажан филмот „Света Петка – крст во пустината“ на Хаџи-Александар Ѓуровиќ, а е работен по бестселер романот „Петкана“ на Љиљана Хабјановиќ Ѓуровиќ. „Филмот зборува за побожната девојка Параскева, која го напушта својот живот меѓу луѓето од Константинопол и тргнува кон Јорданската пустина, каде ги поминува следните 40 години од својот живот, борејќи се ...

20 тина домакинки од Општина Босилово утрово ги запалија печките и почнаа да ги печат пиперките за да приготват ајвар по традиционален рецепт. Со тоа тие го означија стартот на првото издание на манифестацијата „Ајваријада“ во Босилово која има за цел да ги промовира сите специјалитети од црвени пиперки. Целата манифестација се одржува во дворот на училиштето Гоце Делчев во Босилово. Првите тегли со ајвар се очекуваат после 12 часот кога и ...

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во посета на Дојран и како што објави градоначалникот на ова општина Анго Ангов, официјално го најавил започнувањето на градежните активности за изградба на новата и современа пречистителна станица, како и санација на долгоочекуваниот колекторскиот систем! ,, Се чувствуваме горди и задоволни што општина Дојран, заедно со финансиски средства обезбедени од Владата на Р.С.Македонија, но и со средства ...

Навивачката група „Ајдуци“ на својата ФБ страна објавија фотографии од свој перформанс со кои алармираа до сите инволвирани во спортот за позитивни промени. Со огромен транспарент ,,Ајдуците“ кои се верни навивачи на струмичка Беласица упатија апел и до одговорните во спортот и државата но и до младите кои место на спортски терени се повеќе одат во кладилници ,,Спортска Струмица со празни стадиони и сали, со години без медали, а струмичката ...

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш со 7:0 го декласираше кумановски Башкими и со вкупно 16 бода се наоѓа на на врвот на второлигашката табела. Радовишани победата ја најавија уште по првото полувреме кога има водство од 2:0 а во вторите 45 минути ја ,,решетеа“ мрежата со дополнителни 5 гола. Јусуф Алиу Андрија Кудијан и Славчо Јанев постигнаа по два а во листата на стрелци се запиша и Вилдан Керим. Ова петта победа на Детонит Плачковица ...

Фудбалерите на Брера Струмица цел месец се без победа во прволгиашкото првенство. По стартните четири победи над Вардар, Воска, Струга ТЛ и Тиквеш веќе пет кола немаат славје. Попладнево загубија од Македонија ЃП со 1:0 со што се продлабочи резултатската криза започната од Брегалница во Штип кога претрпеа пораз, па ремито без голови против Работнички дома, поразот од Шкупи во Скопје, ремито со Силекс. Во рамките на 9 коло струмичани офанзивно ...

Градоначалникот на општина Васиево Славе Андонов, со своите соработници беше гостин во детската градинка „Прва радост“, Василево, каде на дечињата им подели играчки донирани од приватна компанија. ,,Детските насмевки, радост и среќа немаат цена. Среќен сум што со нашата постапка, успеавме барем на миг да бидеме причината за детската среќа.Продолжуваме и во следниот период да градиме партнерски однос со детските градинки, бидејќи наша обврска е ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
67%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.0
92%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
70%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.46
93%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
92%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
62%
1005
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1007
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
59%
1008
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
9.77
85%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
79%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1008
weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1011
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Паладиум

46425.68

Никел

473339.37

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.91

Платина

52952.77

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Цинк

3.23

Бакар

10.95

Злато

135056.24

Сребро

1878.05