Oпштина Василево заедно со ЈПКД „Турија“ а на иницијатива МПЦ ОА, Православна црква Успение на Пресвета Богородица од с. Василево ќе го оградуваат паркот лоциран на влезот од Василево каде се наоѓа и параклисот посветен на Св. Јован Крстител. Паркот ќе добие ограден ѕид од камен со ограда од ковано железо со што ќе се добие една урбана целина на самиот влез од Василево. ,,За неколку месеци, овде, во Паркот на влезот во Василево, ќе биде ...

Во Струмица вчера полициски службеници ги лишиле од слобода Д.К.(20) и Џ.И.(25), двајцата од Струмица. Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека на 11.11.2003 во Струмица со употреба на сила одзеле личен предмет од едно лице. Предметот бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицата се задржани во Полициска станица Струмица. За настанот, посочуваат од МВР, е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По ...

Струмичките сино бели ја забележаа и шестата победа во Втората лига откако денеска на свој терен славеа против Караорман со 2:1. Милушев и Бејков беа стрелци на головите за Беласица која со ова победа се проби на четвртата позиција на второлигашката табеал веднаш зад водечката тројка Бесими, Детонит и Пелистер. Беласица изминативе пет кола нема пораз. Забележа три победи и две реми и веќе се вбројува во екипите кои може да се вмешат во трката за ...

Поп пејачката Александра Јанева од Струмица му кажа ДА на нејзиниот дечко Иван Ангелов кој за сопруга ја побара под Ајфеловата кула во Париз Франција. Јанева веста ја објави со фотографии на социјалните мрежи каде што напиша „Овој пат вечерта промени сѐ!“ „Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа. Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка плачко мој најсакан. Кога сакам ...

Највисоката награда на литературниот конкурс на 56-те Детски Рацинови средби во Велес, ја освои Ване Гавровски од ООУ „Гоце Делчев“ од струмичко Босилово, со менторката Весна Тилева. Во конкуренција на 467 литературни творби на тема „Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата“ Гавровски кој е деветто одделение го освои Гран прито. ,,Јас им порачувам на сите, ако некој има желба да твори и ако тоа го исполнува и прави ...

Фудбалерите на Брера Струмица се вратија на победите откако во 14 тото коло славеа над актуелниот првак Струга ТЉ со 2:1. Салваторе Рибаудо и Ѓеорге Јанкулов беа стрелците кои уште во првото полувреме ја најавија петата победа на струмичани за која долго време се чекаше по стартните четири победи. Избраниците на Џовани Валенти одиграа одлично во текот на целиот меч. Ја наметнаа својата игра и контуинирано притискаа на половината на Струга која ...

Одбојкарките на Наковски волеј ја продолжуваат својата доминација во Првата женска лига забележувајки ја петата победа во првенството. На свој терен славеа победа против Фит фан волеј со 3:1 во сетови (25:23, 20:25, 25:16, 25:17) со што останаа на лидерската позиција без ниту еден изгубен бод. Гостинките кои се покажаа како респектабилен состав успеаа во вториот сет да дојдат до израмнување откако Наковски поведе. Но очигледно немаа сила да ...

На 10.11.2023 година во 11.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Т.К.(35) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од канабис. За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на истиот против Т.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски текстови ...

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе се продава по пониска цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, еуродизелот поевтинува за два и пол денари по литар, а за исто толку се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство. Па така, од ноќеска на полноќ литар еуродизел ќе биде со цена од 78 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 77,50 денари. Со одлуката на РКЕ, ...

Денеска, во 00.50 часот, на потегот помеѓу село Свидовица и село Куклиш, полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода 63-годишниот А. Д. од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, извести МВР. За случајот бил известен јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл. ...

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов е избран за прв човек на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион и тој во наредната година ќе раководи со највисокото тело на Југоистокот. Тој доаѓа на позицијата претседател, откако му истече мандатот на Ацо Ристов кој раководеше во изминатата година. За него приоритет ќе биде регионалниот развој преку искористување средства од домашни и странски фондови. Најпрво би сакал да ...

Струмичките пожарникари добија ново противпожарно возило но и еден дрон за рана детекција на шумските пожари а вакви дронови беа доделени и на противпожарните единици на Гевгелија и Радовиш. Станува збор за донација од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој го имплементира проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“. Станува збор за специјализиран мал камион за гаснење ...

Во време на брзи промени и глобални предизвици, развојот и поддршката на претприемничките екосистеми стануваат суштински за развојот на иднината на Југоисточниот регион. Преку проектот „Деловен екосистем како интегриран систем“ – Be In кој има за цел да го истражи, подобри и засили деловниот оптимизам и иновациите во нашиот регион но и да се црпат искуства од други држави во поглед на иновациите и одрливата иднина во рамките на проектот беа ...

Денеска во дворот на Регионалниот ЦУК Струмица, во присуство на директорот на ЦУК, заменик Директорот, националните партнери во проектот Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како и вработените во РЦУК Струмица, се изврши примопредавање на возило FORD KUGA ST X LINE со ИКТ опрема за ноќни операции добиено од реализација на Проект за ефикасно откривање и управување со шумски пожари со цел зголемување на подготвеноста и размена на ...

Агенцијата за вработување преку проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“ објави јавен повик до сите работодавачи и невработени лица за учество во мерката Обука на работно место кај конкретен работодавач. Пријавувањето за овој оглас е до 01.12.2023 или до исполнување на предвидениот број. Обуката е со времетраење од три месеци, при што на секое вклучено невработено лице ќе му биде исплатен месечен паричен надомест од 11.000 ...

После четири децении конечно патот од Иловица и Штука до Турново конечно доби нов асфалтен слој откако целата таа делница од речиси 2 километри беше целосно реконструирана односно отстранета целата асфалтна подлога. Станува збор за патен правец изграден 1983 година и контуинирано се крпеше и санираше. Општина Босилово последниве две години успеа да изработи проект со целокупната документација со која доби средства од Светска Банска за ...

Градоначалникот на Василево Славе Андонов објави дека се исплатени средствата од мерката еднократна парична помош за секое прваче запишано во училиштата во оваа општина кои се пријавија и ги исполнија критериумите на Јавниот повик. На почетокот на учебната година Општина Василево објави Јавен повик за еднократна парична помош на семејства кои имаат запишано прваче во основно училиште на територијата на општина Василево и сите кои ги исполнија ...

Денеска (07.11.2023) околу 13.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија го лишиле од слобода А.К.(47) од Штип, со живеалиште во Гевгелија, соопшти МВР По претходно преземени мерки, тој бил затекнат со моторно возило „бмв“, а при преглед на теренот, во близина на возилото, биле пронајдени и одземени повеќе опаковки хероин. ...

15 лица се повредени од кои тројца се хоспитализирани во струмичката болница откако утрово се преврте комбе автобус возило на патот струмица – Валандово. Од болницата соопштуваат дека сите патници се со полесни повреди а трите лица се задржани заради понатамошна опсервација. Од полицијата соопштуваат дека возилото се превртело ,,На 07.11.2023 година околу 06.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица ...

Општина Босилово ги информира сите жители кои планираат утре да го користат патот од Иловица и Штука до Турново дека истиот ќе биде затворен за сообраќај заради асфалтирање. Патот ќе биде затворен од од 08:30 до 16:30 при што за неопходни работи ќе може да се користи полскиот пат Штука Секирник ,,Почитувани граѓани, утре (Вторник) од 08:30 до 16:30 ќе се асфалтира патниот правец од Иловица и Штука кон Турново. Истиот за овој временски период ќе ...

Дарио Ивановски од Скопје со време 30,16 минути и Греса Бакраги од Косово со време 34,54 минути на 10 километри први пристигнаа на целта и освоија златна медала и златен пехар на 3-от маратон „Новембер Рун-Гевгелија 2023“ што се одржа на улиците на Гевгелија Маратонот го организираше Општина Гевгелија и АК „7 ноември“ и ,под покровителство на Атлетската федерација на Македонија која маратонската трка на 10 километри ја прогласи и за трка од ...

Отпочна изградбата на Градскиот пазар во Радовиш кој ќе биде на сегашната локација на зелениот пазар во центарот на градот. Освен зелен пазар според најавите на оваа локација ќе има и деловни простории како и катна гаража. Првиот човек на општината Ацо Ристов го означи стартот на градежните работи за овој капитален проект вреден 114 милиони и 69 илјади денари или околу 1,9 милиони евра. Пазарот ќе го гради Фабрика Карпош АД Скопје кој на ...

Голем број посетители од земјава но и од странство беа присутни на годинашнава манифестација Ден на празот во Градашорци организирана од Општина Василево под покровителство на градонаачалникот на Славе Андонов. Тие уживаа во богатата културно уметничка програма подготвена од учениците на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево, ООУ „Атанас Нивичански“од Нова Маала, настапите на КУД Сушевски бисери како и на песните на Благица Калева и Адријана Јаневска Од ...

Струмица жени славеше против Вардар 2019 од Скопје со 3:0 во сетови и ја впиша четвртата победа во првенството. Немаа проблеми против скопскиот состав кој го надигра за неполн час игра со 3:0 во сетови (25:07, 25:15, 25:15). Гостинките само во првата фаза на вториот и третиот сет пружија отпор но не доволен за резултатска неизвесност. Поповиќ, Пандева, Шчекиќ, Владевска, Поп-Јорданова, Зетова, Михајлова и Дикова беа девојките кои го одиграа ...

Одбокарките на Наковски волеј ја забележаа и четвртата победа во првенството. На гостински терен славеа против Јанта волеј со 3:1 во сетови и е единствената екипа со макисмален учинок во досегашниот тек на првенството зацврстувајки се на првата позиција. Избраничките на Александар Митев и Хари Наковски по победата над шампионот Работнички во четвртото коло го надиграа и вицешампионот Јанта со што ја покажаа својата доминантност и амбициите за ...

Во Гевгелија почна да фунцкионира прифатилиштето за бездомни кучиња кое ќе работи во склоп на ЈПКД “Комуналец” Гевгелија кое доби Решение од АХВ за вршење на дејноста за третман на бездомни кучиња. Прифатилиштето е со капацитет од 13 кучиња со можност да се прошири ,,Гевгеличани кои ќе забележат улични кучиња може да пријавата на сервисот Систем 48 или директно во Комуналец кои ќе излезат на терени да ги заловат. Во процесот се врши ...

Традиционално и оваа година во чест на најголемиот општински празник ќе биде доделена Годишна награда и Награда за животно дело на општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”, соопштија од Општина Струмица ,,Наградата се доделува како признание на правни и физички лица од општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: ...

Вчера во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица од слобода лишиле три лица кај кои се пронајдени наркотици. Според МВР вчера во 6 часот е приведен 19-годишниот Е.И. од Струмица во чиј дом при претрес извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана Синоќа пак околу 22 часот полицијата од Струмица ги лишиле од слобода 23-годишниот К. К. и 20-годишниот Н. П., двајцата од Струмица, извести МВР. „При ...

Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Д.Џ.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“, соопшти МВР Како што е наведено на веб страната на МВР, Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. ...

Одбојкарките на Наковски Волеј славеа со 3:1 над шампионот Работнички во Скопје и се единствениот тим во женската прволигашка конкуренција со максимален учинок по три првенствени кола. Струмичанки победата ја најавија со самиот старт на мечот добивајки ги првите два сета. Потфрлија во третиот но се вратија во четвртиот за конечни 1:3 (22:25, 19:25, 25:13, 21:25). Наковски само ја продлабочи кризата кај Работнички откако во последното коло на ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.39
92%
1016
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
94%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1006
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
86%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
45%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Злато

135056.24

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Платина

52952.77

Калај

40.48

Бакар

10.95

Паладиум

46425.68

Алуминиум

2.91

Никел

473339.37

Кобалт

58.42

Цинк

3.23

Рутениум

29192.88