На 09.05.2023 во 08.15 часот кај Железничката станица Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар Југ го лишиле од слобода А.Г.(39) од Богданци. При преглед во патничкото возило „ауди“, кое го управувал со регистарски таблички од друго возило, пронајдени се 11 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници, соопшти МВР Имено, претходно, тој бил забележан на регионален пат ...

На 08 и 09.05.2023 година од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција во соработка со Службата за борба против дрога од Солун, Република Грција реализиран е случај на недозволена трговија со наркотична дрога кокаин, при што во Солун се запленети 105 килограми кокаин и лишени се од слобода 10 лица, и тоа 7 лица државјани на ...

Алпинистичкиот клуб ,,Скала“ од Струмица ја стави во функција вештачката карпа во ООУ,, Видое Подгорец“ каде учениците но и лубителите на адреналин ќе може да ја користат за усовршување на техники за искачување. Станува збор за вештачка карпа од два дела во висина од 6 и 9 метри на кои има поставено 10 насоки за искачување. Заради безбедноста, тренажниот процес ќе биде под будното око на членовите на АК ,, Скала“ кои ќе ги учат ...

На Факултетот за електротехника и информациски технологии, почна 11-тото издание на меѓународниот натпревар за роботика, електроника, автоматика и вештачка интелигенција – Робомак 2023. Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ, ги мотивираше студентите да го практикуваат своето теоретско знаење. „Како ФЕИТ секогаш сме насочени кон тоа наученото знаење да се примени во пракса уште во студентски денови. Една од овие можност е токму и организирањето на ...

НУ Завод и Музеј Струмица објави дека почнале со теренските активности за изработка на Основен проект за Конзервација и реставрација на Пирго Кулата кај Мокриево. Станува збор за доцна античка кула која според сите претпоставки била користена и во периодот на Цар Самуил. ,,Стручен тим од НУ Завод и музеј Струмица во соработка со проф. д-р Трајче Нацев од Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип започнаа со реализација на проектот: ,,Изработка на ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на одлуката од 5.5.2023 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за ...

Струмица добива адреналинска патека (Pum track) кај АТШ Берово во непосредна близина на СРЦ ,,Пандев“. Истата сеуште се работи и подготвува за ставање во функција, но младите струмичани веќе ја ,,окупираа“ возејки велосипеди. Станува збор за патека која изобилува со нагорнини и надолници и рампи за скокање околу кои можат да струмичани да возат велосипеди, скејт борди, ролери, тротинети генерирајки импулс од движење користејки го притисокот ...

Во Гевгелија се одржа првиот Велотлон откако АМД ,,Дичо Панов“ во соработка со Гевгелија Точак клуб и Општина Гевгелија преку проект во месноста Курија кај Негорски Бањи изгради „офф роуд“ патека во должина од 4,750 метри. Околу 50 тина натпреварувачи од 12 градови од земјава се натпреваруваа во возење на велосипед, совладување на препреки и трчање по ридска патека – настан што привлече и голем број гости од државата. ,,Целта на проектот ...

Екипата на Тиквеш од Кавадарци забележа висока победа против Академија Пандев во Струмица во рамките на 31 првенствено. Избраниците на Васоски претрпеа пораз со 4:1 пред своја публика. Иако домаќините уште од стартот на мечот наметнаа темпо и доминација, секап кавадарчани ги зграбија трите бода и официјално си обезбедија опстанок во Првата лига. Дончев во последната секунда од судиското надополнување на првото полувреме донесе водство на ...

На градското шеталиште во Гевгелија се одбележа Светскиот ден на Пулмоналната Хипертензија , родното место на Ѓургица Ќаева, која пред 10 години го формираше и беше претседател на Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија Момент Плус Гевгелија. Токму „Момент плус“ и Ратко Ќаев беа и организатори на целата културно уметничка и спортска програма. Пред гевгеличани настапија „Фониа“, Наталија Данаилова, Марија, Крџе, Моки, Мартин ...

Млади девојки облечени во народни носии пеаја песни, плетеа цветните венчиња и се лулаа на нишалка. Тоа се дел од обичаите во Струмица за Ѓурѓовден кои ги негува Здружението ,,Струма“ и семејството Лазарови во чија вила се одржуваше настанот. Како што потенцираа присутните станува збор за традиција која според нив не треба да згасне. Тие сакаат Ѓурговден да се слави како како празник на новиот почеток и новата среќа. Атмосферата ја надополни ...

Кадетскиот состав на ОК Струмица Никоб без ниту еден изгубен меч во првенството, се закити со Шампионскиот трофеј во својата конкуренција. Овој тим на завршниот турнир во Струмица со 3:0 во сетови славеше над Работнички од Скопје Станува збор за доста квалитетен состав кој беше носител и во младинската конкуренција и преставува светла иднина за струмичката одбојка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови ...

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го отвори Меморијалниот фудбалски турнир посветен на споменот и незаборавот на припадниците на МВР, хероите: Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев. Министерот Спасовски предводејќи делегација од МВР положи цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители Готак, Соколов и Крстев. „Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. Вредност која што не зближува едни со ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.И. (26) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. „Пријавената, вработена како благајник во АД ,,Водостопанство’’ на РСМ, подружница ,,Струмичко поле’’ – Струмица, во период од неколку месеци, од сефот на благајната на АД ,,Водостопанство’’ противправно присвоила парични средства во износ од 1.280.000 денари, доверени од директорот на претпријатието„ ...

Во општинскиот Центар Ново Село се одржаа традиционалните ,,Ѓурѓовденски средби“ кои според традицијата почнаа со поворка на играорците по улиците на Ново Село за да потоа на „Белев Рид“, во кругот на Манастирот Св. Ѓорѓи и Св. Антониј ги презентираат своите фолклорни кореографии. Како што објави градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов на годинашниве ,,Ѓурѓовденски средби“ , покрај КУД „Јане Сандански“ од Ново Село, учествуваа и ФА „Бучим“ ...

Ученици од СОУ,, Димитар Влахов“ под менторство на професорката Маре Караристова, направија видео со кое апелираат за чување и негување на мајчиниот јазик. Видеото е изработено по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај од страна на активот по македонски јазик при ова училиште. ,,Македонскиот јазик е наследство, аманет од нашите предци. Многу векови сме биле лишени од овој скапоцен елемент на нашиот идентитет. Ова нација биле принудувана да ...

Сопственикот на струмичкиот прволигаш ФК Академија Пандев – Горан Пандев на Македонската берза продаде 90 одсто од акциите на клубот. Како што објави порталот „Фактор.мк“ во блок трансакцијата, биле продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари, што, пак, е рамно на 603 илјади евра. Веста ја потврдија и од ФК Академија Пандев. Иако во блок транскацијата не ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против татко и син од селото Богородица, кои во своите домови неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција ,,При претрес во домот на синот била пронајдена една полуавтоматска пушка, една ловна пушка со 99 патрони, еден самострел со пет стрели, една воздушна пушка, како и уште 272 куршуми различна муниција. Кај таткото, пак, биле пронајдени ...

За два денари за литар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се намалуваат за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, литар еуродизел БС-95 од полноќ ќе се продава за 78 денари, литар еуросупер БС-98 ќе чини 80 денари, а еуродизелот ќе се продава за 67 денари за литар. За два денари од полноќ ...

На 04.05.2023 во 23.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, помеѓу с.Босилово и с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв 320“ со струмички регистарски ознаки управувано од В.В.(20) од с.Муртино, струмичко и патничко моторно возило „ауди а4“ со струмички регистарски ознаки управувано од П.Т.(18) од с.Дукатино, струмичко. Во несреќата со тешки ...

Во стручниот штаб на Македонската одбојкарска репрезентација како помошници на новиот селектор Јошко Миленковски повикани се струмичките одбојкарски тренери Атанас Милев и Хари Наковски. Тие треба да му помагаат на Миленковски околу спроведувањето на подготвителниот период на македонската одбојкарска репрезентација која во наредните пет месеци ќе има настап во Европската златна Лига но и на Европското првенство каде Македонија е домаќин на ...

Македонската одбојкарска репрезентација ги почна подготовките за настапот во Европската Златна лига чии натпревари се закажани при крајот на месецов но и за Европското првенство каде Македонија е домаќин. На списокот на новиот селектор Јошко Миленковски повикани се 20 одбојкари кои до 12 ти мај ќе бидат во Маврово а потоа и во Скопје пред првиот меч со Украина закажан против Украина на 27 мај ,,Почнувам со 20 играчи на првиот микро циклус во ...

Младинскиот состав на Наковски волеј станаа Државни шампионки откако во големото финале ги совладаа своите врснички на Вардар ЕМ во Скопје со 3:2 во сетови. ,,Одлична одбојкарска претстава приредија девојките вечерва во салата Борис Трајковски-Скопје против Вардар ЕМ. Со неизвесност и тесни резултати во сите пет сета Наковски волеј го надиграа својот ривал со резултат од 3:2 во сетови. Младинките на Наковски волеј уште еднаш покажаа дека се ...

Пеналот од кој Вардар го постигна победничкиот гол против Беласица во Турново бил непосточеки. Вака потврди Судиската комисија при ФФМ при анализата на мечот од Втората фудбалска лига во Турново од Втората фудбалска лига каде струмичките сино бели претрпеа пораз од 1:0. Комисијата во извештајот посочи дека главниот судија и вториот помошен судија направиле погрешна проценка во 81. минута, кога беше досуден удар од белата точка за ...

Здружението Рурална Коалиција, Кичево објави едукативно видео и новинарска истражувачка строија на теми поврзани со ЕУ интеграциите, родовата еднаквост и нејзиното практикување во општините. Едукативното видео и истражувачката сторија се изработени во рамки на проектот ,,Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“, имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери ...

Општина Дојран се подготвува за претстојната туристичка сезона, а за време на продолжениот празничен викенд, за три дена, очекуваме над 30.000 посетители. Сместувачките капацитети веќе се резервирани, имаме над 300 приватници кои нудат сместувачки услуги, плус хотелите. Локалите имаат подготвено интересни забавни програми, со многу музички гости и веруваме дека сите кои ќе го посетат Дојран за време на празникот, ќе бидат задоволни – за ...

Големи гужви и колони на граничниот премин Богородица кон Грција заради продолжениот празничен викенд. Според податоците на МВР до 10 часот претпладнево низ овој премин за влез и излез од државата регистрирани се дури 13 илјади патници од кои 7.200 биле македонски државјани. Во овој период, како што кажа портпаролот на МВР Гоце Андреевски, државата ја напуштиле 5.500 македонски граѓани.. „Заради првомајските празници зголемена е фреквенција ...

Општина Ново Село урбанизира две парцели за изградба на викенд населби. Првата ќе биде кај населеното место Мокрино додека втората кај Смоларе со што се очекува да се збогати понудата со сместувачки капацитети во подбеласичкиот регион. Станува збор за две парцели кои според градоначалникот Ѓорге Божинов на кои треба да се изградат околу 34 викендици. ,, Почнавме проекти за изработка на урбанистичко плански документции за изградба на две ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денари, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за 1,00, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 80,00, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82,00 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домажинство не се менува и останува 68,00 ...

Почна запишувањето на децата во прво одделение во општинските основни училишта во Струмица. Во месец мај родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската 2023 година ќе наполни шест години или ќе наполни до 31 јануари идната година по претходно добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот, е должен да достави ...

ЕДС инфо поинт

44 минути - А1он - +2
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
995
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
995
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.03
99%
999
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
92%
995
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
66%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
100%
997
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.68
90%
1000
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
996
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
67%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Цинк

3.33

Иридиум

221848.72

Калај

48.47

Злато

157055.75

Рутениум

45750.51

Паладиум

53434.54

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Платина

83354.78

Родиум

336779.07

Сребро

2457.28