И годинава ќе се одржи “GetExitEd“ настан во Струмица. Така најави првиот човек на Струмица Костадин Костадинов на својот ФБ профил, откако денеска со основачот на “Exit“, Душан Ковачевиќ разговарале за потенцијалот и можностите за унапредување и развој на овој настан. ,,На 7 ми Септември, нашиот град повторно ќе биде домаќин на фестивалската програма која ќе понуди регионални и светски познати музички ѕвезди и имиња. Како предводник на Општина ...

Бранко Глигоров – пица мајстор од „Концепт“ Струмица беше единствениот претставник од регионот на Шампионатот на светските пица мајстори што се одржа во Римини Италија. Станува збор за еден од најпрестижните натпревари со повеќе од 30 години традиција каде доаѓаат пица мајстори од сите страни на светот кои мора да знаат да направат пица тесто според италијанската традиција. Како што објави порталот ,,Биди свој“ – Глигоров се преставил со солена ...

Почна да се гради фекална канализација во Василево. Станува збор за крак од 753 метри на потегот од Домот на Културата кон излезот на селото по што се планира да се продолжи со канализациона линија и кон гробиштата. Целата инвестиција за овој крак чини околу 53 илјади евра а тендерот како што објавивме го доби фирмата Портланд од Струмица. Според склучениот договор овој проект треба се заврши за околу 3 месеци а паралелно Општина Василево ...

На 09.03.2023 во 15.50 часот во с.Баница, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(32) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на ...

Елеуса Фондација и оваа година започна голема хуманитарна акција под мотото „Сподели дел од својата трпеза, нахрани гладен“. Во поголемиот број маркети низ Струмица поставени се корпи во кои граѓаните може да оставаат прехранбени продукти, кои потоа ќе бидат доставени до најсиромашните наши сограѓани. Корпите со препознатливото лого на Елеуса Фондација и мотото „Сподели дел од својата трпеза – нахрани гладен“ поставени се низ маркетите на ...

Беласица преку социјалните мрежи се пожали за непримерно однесување во пресрет на натпреварот од вонредното 19. коло од Втората македонска фудбалска лига, на гостински терен кај Локомотива Скопје. Како што информираат од ФК Беласица, тренерот и тренерот на голмани на Беласица биле нападнати со тупаници и шлаканици во соблекувалната од страна на засега неидентификувани лица, а притоа немало обезбедување и полициски службеници. Паралелно како што ...

Академија Пандев славеше против прилепска Победа со 3:0 и освои важни бодови за остварување на целта – да се избегне дното од прволигашката табела. Избраниците на Александар Васоски беа далеку поубедливи на теренот а победата ја најави Мартин Ѓеорѓиевски а во листата на стрелци се запишаа и Кристијан Велиновски и Марио Врдољак. Ова е петта победа за струмичани втора во пролетниот дел во кој немаат пораз. Со новите три бода на своето салдо имаат ...

Се зголемува бројот на лица со хронично бубрежно заболување, предупредуваат од Центарот за дијализа Диаверум Македонија по повод Светскиот ден на бубрегот, кој се одбележува секој втор четврток во март. Димитар Клисаровски, директор на Центарот за дијализа Диаверум Македонија, посочува дека бројот на пациенти на дијализа во моментот е во пораст за 4% на годишно ниво во Диаверум Македонија, кој тренд веројатно се случува и во останатите центри во ...

Над 50 хектари со зеленчук под пластеници во струмичко Банско ќе останат без вода за загревање и наводнување откако Министерството за животна средина забрани земјоделците да користат електрична енергија за испомпување на геотермалната вода од Банско. Земјоделците се револтирани бидејки ЕВН почна да не им ги продолжува договорите за користење струја и бара потврда дека се корисници на водното право од овој реон кои градинарите го немаат. Кај нив ...

Улицата која води кон црквата Св. Илија во Радичево Општина Василево е асфалтирана со што се реши едно од барањата на жителите од оваа село кои имаа проблем со пристапот до Црквата и селските гробишта. Овој проект општина Василево го реализраше во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од чија страна беше обезбеден Буџетот и спроведена комплетната тендерска постапка за избор на компанија изведувач на градежните работи на ...

На автопатот Гевгелија – Скопје после клучка Смоквица, утринава во 2 часот полицајци запреле лесно товарно возило, односно комби, и во него нашле 20 мигранти. Од нив 18 биле од Конго, едно лице од Камерун и едно од Авганистан, извести МВР. „На автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“ со ...

Одбојкарките на Наковски Волеј со одлична и борбена игра забележаа победа против актуелниот шампион Работнички од Скопје со 3:1 во сетови (18:25, 25:17,26:24, 25:23) Струмичанки со исклучок на првиот сет во останатите три беа неприкосновени во салата при СОУ ,,Димитар Влахов“ и го нанесоа третиот пораз за избраничките на Деспотовски. Ова е прва победа на одбојкарките на Александар Митев и Хари Наковски против Работнички од Скопје кој се смета за ...

На 05.03.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 24 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Валандово и 4 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 38 прекршувања на брзината биле констатирани во ...

Почна изградбата на фекалниот и атмосферски канализационен систем за домакинствата од населното место Градско Балдовци во општина Струмица. Станува збор за проект од 376 илјади евра финансиран од Министерството за транспорт и врски кој треба да ги реши поплавите но и септички јами во ова населено место. Согласно проектот се планира изведба на околу 6,8 километри фекална но и околу 2,6 километри атмосферска канализациона мрежа кој треба да биде ...

Маската ,,Струмичка корида“ на ООУ ,,Видое Подгорец“ од Струмица доби најмногу поени на онлајн гласањето што и ова година го воведе организациониот одбор на Струмичкиот карневал. Тие добија диплома за најмногу освоено гласови од публиката која им беше врачена на доделувањето на наградите на најдобрите маски од годинашново издание. Паралелно ова маска доби и втора награда во категоријата групни маски од 30 до 50 учесници. Карневалската група ...

Вкупно 9 медали од кои шест златни освоија младите каратистки од КК Шихан од Струмица на Државниот Шампионат за кати во сите возрасти во организација на Македонската традиционална карате федерација што се одржа во Скопе. Злато освоија: Ангела Митева и Душко Пројков во конкуренција на учесници до 10 години, Марија Јованова за учеснички до 9 години, Никола Апостолов во конкренција на каратисти до 7 години, Тиме Крсте до 8 години. Меѓу златните е и ...

Викендов во просториите на ШК „Цареви Кули“ од Струмица се одржа вториот шаховски турнир за титулата Гран при за Струмица. Вкупно 40 тина шахисти од Струмица и регионот учествуваа на т.н. „февруарски“ турнир бидејки титулата ќе се оддели на оној шахист кој ќе освои поени од сите 12 месечни турнири. Според информациите најдобар на вториот турнир е Александар Дробаров а на врвот по освоени поени се и Панче Шарламанов и Михаил Ѕингаров. Тие се ...

Одбојкарките на „Наковски волеј“ утре во салата при СОУ ,,Димитар Влахов“ го пречекуваат лидерот во Првата женска одбојкарска лига на Македонија тимот на „Работнички“ од Скопје кој е и актуелен одбојкарски шампион. Значаен натпревар за струмичанки бидејки со победа над лидерот, ја отвораат вратата да бидат втори во ова мини лига и од ова позиција да ја започнат Плеј офф пресметката користејки ја предноста од домашен терен. Станува збор за трето ...

Во текот на изминатата вечер (04/05.03.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив 60 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Струмица, 18 на територија на СВР Куманово… За време на контролата биле санкционирани и 185 други видови на ...

Наталија Данаилова од Богданци својот нов сингл за кој изработи и видео запис. Станува збор за песната „Небо диво“ за која Весна Малинова ја напиша музиката и текстот а за аранжманот се погрижи Илија Ќосевски додека за видео спотот беше задолжен Ѓорѓи Вецев. Ова е нејзин трет сингл по песните „Не крши ме“ со која се престави на Макфест и „Вреди ли“ на Охридски трубадури“. Данаилова вели дека „Небо диво“ кој има брз ристам ќе биде дел од ...

Екипата на Академија Пандев го издржа притисокот кај Шкупи и освои бод во меч каде паднаа шест гола а двата тима наизменично имаа предност. Димитар Трајков беше фудбалерот кој на струмичани им донесе реми откако во судиското надополнување постигна гол за славје на Академијата која за овој дел од првенството значително се засили. Резултатот го отвори Шкупи но Крстевски кој постигна гол од невозможна позиција израмни. Струмичани преку Руфати ...

На 02.03.2023, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР, инспектори од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, со судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории во село Јаргулица, радовишко, кои се сопственост и ги користат Д.Т.(22), Н.Т.(25) и Б.Т.(44), сите од Радовиш, ...

Четири возила се судриле вчера на регионален пат Р 1401, на место викано „Валандовско брдо“ во која три лица се здобиле со повреди, соопшти полицијата. Во несреќата учествувале две товарни и две патнички возила при што едното товарно возило го напуштило местото. „Во несреќата учествувале „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(46) од село Николиќ, дојранско, патничко возило „тојота“ со струмички регистарски ознаки, ...

Синоќа во 20.40 часoт на регионалниот пат Валандово – Струмица, кај место викано „Бекатон“ во с.Костурино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран дале знак запирање на патничко возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, при што возилото не застанало. Возилото продолжило да се движи кон село Костурино и кога застанало во селото од него излегле 8 лица мигранти од Сирија кои набргу ...

Одделението за гинекологија и акушерство при струмичката болница наредниот период ќе добие 4Д ултразвучен систем за рана дијагностика на болести кај бремените жени. Станува збор за опрема вредна 51 илјада евра – донација од Јапонија. Директорката Катерина Кузмановска вели дека со новата опрема ќе се подигне степенот на здраствената заштита на бремените жени и новороденчињата не само во Струмица туку и во Југоистокот Кузмановска заедно со ...

Ученици од седмо одделение од основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје беа во едукативна посета на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Сите ученици учествуваа на работилница за популаризација на електротехниката и информациските технологии која се одржа во Центарот за иновации и трансфер на технологии – ИНОФЕИТ. Учениците проследија предавање за безбедносните и еколошките аспекти на електричната енергија, ...

Најновиот говор на рускиот претседател Владимир Путин беше искористен да се пласира еден стар руски наратив околу Украина – Русија само се бранеше. Овој наратив беше обновен и засилен со два-три поднаративи, а беа споменати и „нацизмот“ и „русофобијата“. Овој дезинфо наратив за Западот како главен виновник е и варијација на темата „Украина е главен виновник“, што Путин ја употреби во јануари говорејќи во Санкт Петербург Говорот на рускиот ...

По неколкугодишна пауза во Гевгелија годинава ќе се одржи Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“ кој соевремено беше музички белег на ова општина а на кој настапуваа голем број деца. Фестивалот ќе се одржи во мај и тоа во две вечери, на 19 и 20 мај кога се планира да настапат 20 тина млади пејачи а на 21 мај предвидена е и голема денска забава на плоштадот во Гевгелија. „Со огромна чест и задоволство ја поддржав иницијативата, како ...

Кумановскиот театар со претставата „Секс и лаги“ во режија на Драгана Таневска утре ќе гостува во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица. Оваа комедија е работена според текстот „Секс и љубомора“ на Марк Камолети и е спој помеѓу интригата и моралот, вистината и лагата во која конфликтот на интереси произнесува чувства, реакции и односи кои ги прават ситуациите комични. „Поради голема гледаност и заинтересиреаност на публиката оваа ќе биде ...

Вчера во Полициската станица Струмица било пријавено дека В.М.(72) од село Вељуса, струмичко, управувајќи трактор во нива во атарт помеѓу селата Ангелци и Вељуса, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Од здобиените повреди В.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
6.69
80%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.0
92%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1017
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.02
93%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.85
95%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
3.09
87%
1007
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1011
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
86%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
100%
1007
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Платина

52864.82

Бакар

10.96

Рутениум

29192.88

Никел

473258.99

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44

Сребро

1876.20

Калај

40.49

Цинк

3.22

Злато

134976.58

Иридиум

145787.60