Запалени се коледарските огнови низ велешките сокаци и маала. Покрај нив седат деца, жени и мажи. Во населбата „Дворови“ ги има неколку само на брегот на река Вардар. Младите се похрабри, нивните огнови се на отворено. И највесели се нивните деца, најмладите Дворовчани кои играат и пејат. Нивните татковци и чичковци мезат на претежно посни трпези. Сите велат дека Коледето е причина за да излезат од домот на заедничка средба. А за соседот Саше ...

Во Полициска станица Велес, вчера утро, во 09:30 часот, У.К. (54) од велешко село Горно Оризари, пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77), од истото село, се оддалечил од неговиот дом. Според пријавеното, У.К претходната вечер, во 22:00 часот, добил повик од неговиот пријател В.С. кој имал шлеп служба дека М.Г. му се јавил и му кажал дека со неговото патничко возило „Спарк“ со велешки регистаски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат ...

Триесетта „Бадникова вечер“, организирана од Организација на жени на Општина Велес, освен што беше јубилејна исто така ќе остане забележана и по спецификата на вечерта поточно на кумството коешто останува на месноста Којник, како еден од најпознатите делови на градот Велес. Тоа е така затоашто во поделеното парче од Бадникова погача, што годинава ја подготви којничанката Цветанка Мирчева, кума на „Бадникова вечер 2025“, паричката и се падна ...

По мостот кај Башино Село, за влез и излез од северната страна на Велес, од денеска не се одвива сообраќај. По мостот не минуваат ни автомобили ниту товарни камиони а исто така не е безбеден и за преминување на река Вардар и за граѓани. Забраната за сообраќање стигна ден откако Градежен факултет испратил Извештај за состојбата во која се наоѓа статиката како и основата со материјалот од којшто е изграден, мостот до Јавно претпријатие за ...

Празнично, со честитки за здрава, успешна и берикетна Нова 2025 година, афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски на читателите на Дума.мк им ги дава на читање следните афоризми: „Денес за книгите важи: две купени- една прочитана!“ „Кога се решив за женидба, жените бираа.“ „Каде е со врски, сѐ е без врска.“ „.Желбите на народот? Ехо во пустина.“ „Никој не може да го стигне. Бега од одговорност.“ „Со платата излегувам накрај, ама со месецот – ...

Четириесет и пет годишна вонбрачна партнерка од Велес го пријавила во Сектор за внатрешни работи Велес лицето С.Х (27) од велешко село, вчера, во 13:10 часот, за закани и физички напад во нејзиниот дом каде што заедно живееле. -Полициски службеници постапиле по пријавата и го лишиле од слобода С.Х. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен ...

Самоиницијативно дојдоа и даруваа вкупно 31 крводарители денеска крв во Станица за Трансфузиологија во Велес. Влезните врати на оваа државна здравствена институција, која се наоѓа во комплекс на ЈЗУ Општа Болница Велес, се отворени секојдневно за сите хумани луѓе во трите општини Велес, Чашка и Градско. Лаборантите и лекарите трансфузиолози не го кријат задоволството од веќе создадената навика на бројни граѓани на Велес кои се крводарители и ...

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини. Во споредба со 2023 година тоа се повеќе од 270 милиони денари или над 4.32 милиони евра повеќе, информираат од ЈПДП. „Во однос на вкупната фреквенција на возила за 2024 година има 62.662.988 поминати возила со наплатени 99,2 %. За намалување на бројот на таканаречените неплаќачи ЈПДП во периодот ...

Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора, неколку дена пред крајот на 2024 година, објави резултати од Меѓународен конкурс за Идејно архитектонско решение на Атлетски стадион во Подгорица, објавен кон средината на октомври минатата годинава. Со одлука на жирито, со кое претседаваше архитектот Бранислав Греговиќ, првата награда ја доби творештвото на тимот на авторки на македонското студио „архитектура нова“ ...

Педесет и седум годишната Н.М денеска ќе биде оперирана по здобиените тешки телесни повреди утврдени на Компјутерски томограф додека Б.П.(45) ќе биде пуштена на домашно лекување по направените медицински испитувања и 24 часовната опсервација во ЈЗУ Општа Болница Велес, соопшти портпаролката д-р Билјана Босилкова. Двете жени од Градско повредите ги здобиле во сообраќајна незгода, којашто се случила вчера, околу 15.40 часот, на регионалниот пат ...

Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Министерство за внатрешни работи вчера, во 15:05 часот ги лишиле од слобода В.А.(54) од Демир Капија и 48-годишната А.Д. од Куманово. -На бензинска пумпа во близина на село Каласлари, велешко, при преглед во патничко возило „бмв“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од В.А., а сопатник била А.Д., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња брендирана облека, за кои не ...

Игнатиј беше ученик на св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој беше епископ во Антиохија, каде многу се прочу по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа. На едно свое пропатување, цар Трајан дојде во Антиохија. Пред него го изведоа овој славен епископ, а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабруваше христијаните од ...

Центарот располага со ски стаза, ски лифт и сите неопходни елементи за скијачки центар. Местото е оддалечено околу 35 километри од Кавадарци. На свеченото пуштање во употреба присуствуваше премиерот Христијан Мицковски. – Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но, не и само за кавадарчани. Од сите краеви на државата ќе дојдаѓаат да уживаат во овие прекрасни природни убавини и да се рекреираат. Навистина би сакал ова да биде само ...

Ова се Јана и Сара, втора и трета рожба на мајката Виолета Андовска. Двете девојчиња се првите новороденчиња во Велес, во 2025 година. Јана и Сара ги фотографиравме по 3,5 часа откако ја видоа светлината на денот. Јана е тешка 3кг и 320 грама и е долга 51 см, а Сара тежи 3,2 кг и е долга 49 см. Двете девојчиња спиеја и беа мирни за време на престојот на Дума.мк во постоперативниот дел на Хирушки сали на Одделение за Гинекологија и Акушерство ...

Официјалното отворање на Скијачки центар „Михајлово“ се случува во моментов. Центарот располага со ски стаза, ски лифт и сите неопходни елементи за скијачки центар. Центарот се наоѓа на планината Кожув од страната на Кавадарци и оддалечен е околу 35 километри од градот. Локалната самоуправа информираше дека поседува потенцијал за негово развивање и понатамошен туристички развој со ресторанско и хотелско работење како и индивидуални ...

Само што се родија првите бебиња во Велес во новата 2025 година. Тоа се близначиња кои на свет ги донесе нивната мајка породувајќи се на Гинеколошко акушерското одделение во ЈЗУ Општа болница Велес. Здравствените работници како нив така и мајката ги подготвуваат за првата средба со јавноста. Според првичните информации на Дума.мк по околу два часа идентитетот на новороденчињата и на нивната мајка ќе можат да бидат соопштени на јавноста. ...

Почитувани, редовни читатели и членови на заедницата на Дума.мк како и поддржувачи, остануваат уште неколку часа од последниот ден на годината во која секојдневно бевме заедно, НИЕ во Редакција следејќи ги дневните настани, известувајќи на теми кои Вие ни ги предлагавте затоа што Ви создаваа проблеми или потешкотии, истражувајќи и анализирајќи а ВИЕ читајќи не, коментирајќи, лајкувајќи и споделувајќи ги нашите медиумски производи. Годината ...

Ова се девојките или госпоѓите, а можеби и госпоѓиците кои секојдневно во маркет, во центарот на градот, ги услужуваат своите сограѓани со прехрамбени производи. Во пресрет на највеселата ноќ на годината, ги „начекавме“ на пауза и со новогодишни венчиња во нивните коси. Вака тие одлучија да ја надополнат атмосверата во маркетот за сите свои редовни купувачи. Тие сакаа да ги фотографираме. Освен фотографија на која ги упатуваат своите насмевки ...

Без петарди, особено петарди од категориите Ф2 и Ф3, бараат граѓаните кои се пријатели на животните во Велес. Тие им се обратија на сограѓаните како и на граѓаните во Македонија да не користат други пиротехнички средства од овие категории, како што се ракети, воздушни бомби и огномет, бидејќи тие исто така им штетат на луѓето како и на животните и го загадуваат воздухот и животната средина. Бројни поплаки до нив стигнале за нелегално пукање ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) со препораки за правилна хидратација за време на празниците. „За време на празниците, луѓето се опуштаат во исхраната и пиењето. Меѓутоа, ова „опуштање“, за жал, не е „ајде, само денес“, туку трае околу триесет дена. Оваа година, Институтот за јавно здравје се фокусира на препораки за правилна хидратација за време на празниците, се наведува во соопштението, апелирајќи граѓаните да го преиспитаат нивниот ...

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино,вчера, 30 декември, во 13:00 часот ги лишиле од слобода Д.Н.(19) и Ф.М.(21), двајцата од село Криволак, неготинско. Тие се сомничат дека во периодот во два дена, поточна на 29 и 30 декември, годинава, одзеле повеќе предмети од општинско основно училиште во село Криволак. -Предметите биле пронајдени и вратени во училиштето. Лицата Д.Н. и Ф.М. биле приведени, известен бил јавен ...

Основен суд Велес, во четвртокот на 27 декември, годинава, прими предлог за отварање на стечајна постапка со постапка за реорганизација од должникот Друштво Фабрика шински возила ДООЕЛ Велес. Предметот е распределен кај стечаен судија којшто по испитување на неговата уредност, ќе треба да постапи согласно одредбите од Законот за стечај. Тоа значи дека по околу 15 дена од приемот ќе треба да се изјасни дали ќе го прифати Прелогот за отворање ...

Првиот доказ за украсувањето на дрвја потекнува од единаесеттиот век. Во Германија се украсувала елка со црвени јаболка, во Западна Германија била украсувана и со колачиња во разни форми и свеќи кои се симбол на Христ и вечната светлина. Овој ритуал се ширел низ цела Европа низ вековите. Првата елка била украсена во Англија од принцот Алберт во 1841 година. Била украсена со подароци, машни, цвеќиња од хартија и бонбони. Многу брзо, овој ...

„На сите читатели на порталот “ДУМА” им ја честитам новата 2025 година, и им посакувам здравје, радост и среќа да ги следи низ целиот живот!“ Вашиот афористичар Никола Бошковски Коки, којшто за новогодишните празници ви ги подготви следните афоризми: „Без жени нема живот, а со нив…уште помалку.“ „Единственото новогодишно намалување, всушност е намалената доверба на граѓаните во господата кои денес ја претставуваат власта.“ „Нема наталитет, ...

Триесет најмлади велешанчиња ,повторно, годинава по 11 пат, два часа играа, пееја и се забавуваа во игротека. Сите тие беа добри,послушни,мирни и носеа дома петки од градинка или од училиште во годината што ја испраќаме. Така заслужија нова забава но и дружба со Веселиот Дедо Мраз. Организаторот на забавата, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“, заедно со претставничката на Патронажна служба на Здравствен дом Велес и ...

Пријавата дека во близина на игралиштето, во помошна просторија – штала, во Росоман има безживотно тело на маж во Одделение за внатрешни работи Кавадарци евидентирана е вчера, во 11:40 часот. Таму бил пронајден починат М.С.(56), затоашто тоа место било негово престојувалиште како бездомник. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен ...

Тоа го стори ресорната служба на Општина Велес. Од локалната власт одговорија на прашањето на Дума.мк дали денеска ќе реагираат на барањето на граѓаните од Нова населба, кои живеат на улица „Партение Зографски“ за обезбедување на местото поради несакани последици како по животот на граѓаните така и по безбедноста на сообраќајот. „За дупката на асфалтот на локација спој со улица Партение Зографски со Благој Ѓорев, Општина Велес е запозната ...

Тоа го стори ресорната служба на Општина Велес. Од локалната власт одговорија на прашањето на Дума.мк дали денеска ќе реагираат на барањето на граѓаните од Нова населба, кои живеат на улица „Партение Зографски“ за обезбедување на местото поради несакани последици како по животот на граѓаните така и по безбедноста на сообраќајот. „За дупката на асфалтот на локација спој со улица Партение Зографски со Благој Ѓорев, Општина Велес е запозната ...

На осум паноа коишто се наоѓаат на ѕидот на детската градинка во населба Чашка поставена е Галерија под отворено небо на графики чиј наслов е „Мал Формат“. Нивни автори се студенти на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Графиките се изработени на слободна тема. Организаторот на изложбата е Драганчо Таневски професор по ликовно во ООУ „Тодор Јанев“ рече дека во Чашка се поставени само дел од 18 ...

На иницијатива на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), почна процесот на консултации за изработка на нов етички кодекс за новинарите и медиумите. Новиот кодекс ќе ја замени постоечката верзија од 2001 година, со цел да ги одрази современите предизвици и потреби на новинарската и медиумската заедница, информираат од ЗНМ. Како поддршка на ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.03

Бакар

11.69

Рутениум

45750.51

Цинк

3.25

Калај

46.91

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Паладиум

546.56

Злато

159231.39

Кобалт

64.04

Платина

67162.91

Сребро

2460.50