ТФТ претрпе пораз од убедливи 88-69 во првиот дуел од финалето во АБА2 лигата против Широки бријег, конечен исход што не е реална слика за случувањата на теренот ако се знае дека ТФТ доминираше во првата четвртина и потоа целосно парираше до крајот на третата четвртина. За жал, во последните 10 минути следеше целосен колапс, Широки го доби овој дел од мечот со 24-7 и на крајот стигна до заслужена победа. Стратегот на ТФТ, Боро Смилковски, по ...

Возбудливо е на стартот од плејофот во женската Прва лига откако кошаркарките и Бадел и на Крива Паланка славеа на вторите натпревари и се изборија за мајсторки во полуфиналните серии со Баскет Кам, односно Вардар. „Баделки“ беа поразени на првит меч во Македонска Каменица, но синоќа одиграа импресивен дуел, целосно го надиграа противникот и славеа со убедливи 69-51. Фримен беше најдобра во победничкиот тим со 20 поени, Чолакоска реализираше ...

Барса стигна до планираните три бода против Селта, но каталонскиот гигант се соочува со огромен проблем по повредата што ја заработи Ламин Јамал, и тоа при постигнувањето на водечкиот гол од пенал на синоќешниот дуел. Крилниот офанзивец веднаш падна на теренот и побара лекарска помош, а клупскиот доктор Рикард Пруња по само неколку секунди побара од тренерот Флик да подготви замена. За денеска се закажани детални лекарски прегледи на ...

Оклахома Сити шампионски го почна настапот во плејофот оваа сезона откако актуелниот првак со две рутински победи поведе со 2-0 во серијата против Портланд. Кошаркарите на Оклахома не му дозволија на гостинот ниту за момент да се понадева на изненадува, по три четвртини имаа и над 20 поени предност, за на крајот сепак да го намалат темпото и мечот да заврши со конечните 120-107. Шеј Гилџус Александер беше незапирлив, успеа да реализира 37 ...

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово е приведен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, пренесуваат повеќе домашни информативни медиуми. Според пишувањата на медиумите, акцијата е спроведена во координација со надлежно Основно јавно обвинителство. Како што пишуваат „Плус Инфо“, „360 степени“, „Скопје 1“, Сејдини се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени ...

Фудбалерите на Лацио се пласираа во финалето на Копа Италија откако вечерва во трилер меч по изведување на пенали славеа над Аталанта со 1-2, откако по 120 минути резултатот беше 1-1. Мрежите мируваа се до 84. минута, а тогаш двата тима ни приредија вистински спектакл. Токму во оваа минута гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Ромањоли. Сепак, Марио Пашалиќ не дозволи елиминација на неговиот тим по 90 минути, откако израмни на 1-1 ...

Фудбалерите на Барселона стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на домашен терен против Селта Виго со 1-0 во натпревар од 33. коло во шпанската Ла лига. И покрај победата Ханси Флик ќе има големи главоболки бидејќи на мечот ја загуби својата прва ѕвезда Ламин Јамал. Стрелец на голот за водство за Каталонците од 1-0 беше токму Јамал од пенал во 40. минута. Но, по изведувањето на пеналот младата ѕвезда на ...

По подолг период сезонава Арсенал веќе не е на врвот на табелата во Премиерлигата, откако Манчестер сити вечерва славеше на гостувањето кај Барнли со минимални 0-1 во натпревар од 34. коло. Клучниот меч во дуелот се случи уште во 5. минута кога Ерлинг Халанд го постигна погодокот вреден победа (0-1). Сити и Арсенал во моментов имаат ист број на бодови и иста гол разлика, но „граѓаните“ се први поради повеќе дадени голови. Од друга страна со ...

Фудбалерите на Ница се вторите патници во националниот Куп на Франција, откако вечерва славеа на гостувањето кај Стразбур со 0-2. Откако по првите 45 минути мрежите мируваа, гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Вахи во 51. минута. Конечните 0-2 беа дело на истиот фудбалер во 82. минута од пенал. Во финалето Ница за противник ќе го има Ленс. Strasbourg 0-1 Nice – Elye Wahi 51' byu/Meladroit10 insoccer Крадењето авторски текстови ...

Фудбалерите на Барселона имаат предност од 1-0 на домашен терен против Селта Виго во последниот натпревар од денешната понуда од 33. коло во шпанската Ла лига. Стрелец на голот за водство за Каталонците беше Ламин Јамал од пенал во 40. минута. Но, по изведувањето на пеналот младата ѕвезда на Каталонците се пожали на повреда поради која мораше да го напушти теренот. Сепак, тука не беше крајот на драматичните моменти. Судијата доби знак дека на ...

Фудбалерите на Баерн Минхен се првиот финалист во Купот на Германија откако вечерва во одличен натпревар славеа на гостувањето кај Баер Леверкузен со 0-2. Баварците поведоа со 0-1 со погодокот на Хари Кејн во 22. минута, а сите дилеми околу победата ги разреши Луис Дијаз (0-2) со својот гол во 93. минута. Во финалето Баерн Минхен го чека подобриот од двобојот меѓу Штутгарт и Фрајбург. Bayer Leverkusen 0 – [1] Bayern Munich – Harry Kane 22' ...

Македонскиот кошаркарски суперлигаш ТФТ загуби во првиот натпревар од финалната серија во АБА 2 лигата откако вечерва загуби на гостувањето кај Широки Бријег со 88-69 Слабото издание во последниот период во кој постигна само пет поени беше клучот за поразот на македонскиот тим. Нашиот тим одлично го отвори натпреварот и по првите шест минути и првиот телевизиски тајм-аут имаше предност од 12-19. TФТ продолжи силно и во следниот период, а во ...

Кошаркарите на Феникс славеа на домашен терен против Гостивар со 98-85 во меч од 3. коло од плеј-аут фазата во Суперлигата на Македонија и со тоа некако ги задржаа шансите за опстанок во елитата. Домаќините подобро го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа предност од 22-17. До крајот Феникс успеа да го исконтролира мечот и да стигне до конечен триумф од 98-85. Луал Рахама со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај ...

Кошаркарките на Крива Паланка успеаја да слават во неизвесна завршница против Вардар (69-76), израмнувајќи ја полуфиналната серија на 1-1. Патникот во финалето ќе се одлучува во трет, решавачки натпревар. Гостинките доминираа во поголемиот дел од мечот. Предводени од расположената Робинсон, уште во првото полувреме наметнаа силно темпо и заминаа на одмор со убедливи +13 (36-49). И кога се чинеше дека Крива Паланка рутински ќе го приведе мечот ...

Екипата на Бадел 1862 израмни на 1-1 во полуфиналната плеј-оф серија од Првата лига, откако на домашен терен убедливо го совлада актуелниот шампион Баскет Кам со 51-69. Апсолутна контрола имаа девојките во „сино-жолта“ комбинација на овој втор меч од серијата. Во ниту еден момент не му дадоа на фаворитот да размислува за успех. Водеа по истекот на првата четвртина, со (15-11), а до големиот одмор, ја удвоија на (31-23). Најубедливо делуваа во ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен стигнаа до рутинска победа на домашен терен од 3-0 над Нант во заостанатиот натпревар од 26. коло во француската Лига 1. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Квича Квараскелија во 13. минута од натпреварот. На 2-0 зголеми Дезире Дуе во 37. минута, додека грузискиот интернационалец со својот втор гол во 50. минута ги постави конечните 3-0. PSG 3-0 Nantes – Khvicha Kvaratskhelia 50' byu/Meladroit10 insoccer ...

Фудбалерите на Барселона го забележаа и четвртиот пораз во низа во домашниот шампионат откако денеска загубија со 3-2 на гостувањето кај Елче во натпревар од 33. коло од шпанската Ла лига. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Гонзалез во 10. минута. На 1-1 израмни Афенгрубер во 18. минута. Вистинските проблеми за избраниците на Чоло Симеоне дојдоа во 30. минута кога Алмада доби директен црвен картон, а Андре Силва од пенал донесе водство за ...

Кошаркарите на Работнички стигнаа до голема победа во борбата за опстанок откако вечерва на домашен терен славеа над Чаир со 94-83 во меч од 3. коло од плеј-аут фазата во Суперлигата на Македонија. Освен првата четвртина која помина во егал 22-22, домаќините го контролираа натпреварот во следниот период и на крајот заслужено стигнаа до нов триумф во борбата за опстанок во македонската елита. Виктор Ефремовски со 28 поени беше прво име во ...

Македонскиот интернационалец Агон Елези продолжува со одличните игри во босанскиот шампионат. На денешниот натпревар против Слога, Елези ја отвори серијата голови во 37. минута, трасирајќи го патот кон високата победа на Сараево од 4-0. Доминацијата на домашниот тим беше крунисана во второто полувреме, кога Жоао Карлос со два погодоци и Купрешак го поставија конечниот резултат. Со овие три бода, Сараево ја зацврсти третата позиција на ...

Според италијанските медиуми, Алисон Бекер ги одбројува последните денови на „Енфилд“. Повеќе од една година е познато дека бразилскиот голман ќе го напушти Ливерпул по истекувањето на договорот. Ливерпул го обезбеди доаѓањето на Ѓорѓи Мамардашвили, кој беше проектиран како замена за Бекер, во текот на минатата сезона. Самиот Алисон учествуваше во донесувањето на одлуката за неговиот наследник. Затоа нема простор да се бара никаква сензација ...

Серж Гнабри ја потврди најлошата можна вест за него во моментов, германскиот репрезентативец нема да може да настапува за Баерн Минхен до крајот на сезонава, но и уште поважно – нема да биде дел од германскиот национален тим на СП 2026. Трагедија да е уште поголема, Гнабри се повредил при тренирање пенали по завршувањето на регуларниот дел од тренингот на Баерн, деталните прегледи покажаа сериозно кинење на мускулни влакна, по што се ...

Маџари уште еднаш покажа зошто важи за хит на сезоната во кошаркарскиот шампионат откако новиот суперлигаш во првата сезона од учество во елитното друштво успеа да обезбеди пласман во полуфиналето. Тимот одлично предводен од Миодраг Тодоровиќ игра одлична кошарка цела сезона, за попладнево да блесне во сиот свој сјај на клучниот дуел со Кожув, славејќи на убедлив начин над Кожув со 114-89, за запечатување на четвртото место на две кола до ...

Сезоната на Челси оди од лошо кон полошо по последните информации за сериозноста на повредата што ја заработи Естевао на дербито со Манчестер јунајтед. Бразилскиот офанзивец се пожали на болки во мускулот и со солзи го напушти теренот, првите прогнози велеа дека паузата ќе изнесува најмногу три седмици, но деталните прегледи донесоа нова, далеку позагрижувачка дијагноза за здравствената состојба на Естевао. Имено, утврдено е дека станува збор ...

Маџари уште еднаш покажа зошто важи за хит на сезоната во кошаркарскиот шампионат откако новиот суперлигаш во првата сезона од учество во елитното друштво успеа да обезбеди пласман во полуфиналето. Тимот одлично предводен од Миодраг Тодоровиќ игра одлична кошарка цела сезона, за попладнево да блесне во сиот свој сјај на клучниот дуел со Кожув, славејќи на убедлив начин над Кожув со 114-89, за запечатување на четвртото место на две кола до ...

Јетон Беќири може да биде задоволен од изданието на Шкендија во второто полувреме од денешниот дуел со Шкендија Арачиново, во кој тетовските „црвено-црни“ успеаја да го свртат резултатот и да слават со 3-2 во првиот меч од полуфиналето во Купот на Македонија. Стратегот на актуелниот првак не го криеше разочарувањето од грешките што ги направи неговиот тим во првото полувреме, што придонесе тетовци да заминат на одмор со негатива. „Веќе реков ...

Раководството на Челси ја шокираше јавноста со одлуката да го отпушти Енцо Мареска, уште повеќе откако за негов наследник од Стразбур беше доведен Лијам Росениор, стратег без никакво искуство во елитното англиско фудбалско друштво. Грешката беше признаена попладнево, откако управата на „сините“ реши да ја прекине соработката со Росениор, врачувајќи му отказ само три месеци откако потпиша договор на шест години со овој стратег. Младиот ...

Кадетската репрезентација на Македонија славеше со 33-18 над Бугарија на премиерниот меч од светскиот шампионат во училишен ракомет што се одржува во Скопје, но селекторот Горан Кузманоски гласно проговори за несериозниот пристап на „црвено-жолтите“ во првите триесетина минути. Ова пред се се однесува на првото полувреме во кое Македонија имаше само три гола предност (11-8), за во вториот дел, штом пристапот беше променет нашите кадети да се ...

Луис Енрике ја прифатил понудата за продолжување на соработката и во следните денови ќе потпише нов договор со ПСЖ, а управата на францускиот гигант се согласила да ја исполни големата желба на трофејниот стратег и на „Паркот на принцовите“ да го доведе Френки де Јонг. Ангажманот на холандскиот репрезентативец во ПСЖ францускиот медиуми го опишуваат како опсесија на Енрике, кој во поранешниот капитен на Ајакс гледа идеален играч за своите ...

Во насока на стабилизација и унапредување на домашната кошарка, на денешната седница, Управниот одбор на Кошаркарската Федерација на Македонија, донесе и разгледа повеќе значајни одлуки. Во рамките на расправата по усвоениот дневен ред, Управниот одбор донесе одлука за регулирање на финансиските обврски на клубовите, со која: • За старите долгови се овозможува подмирување со 40% попуст, најдоцна до 31 мај, • За обврските од тековната сезона ...

Кошаркарите на ТФТ остварија историски успех со пласманот во големото финале од АБА2 лигата, серија што ја почнуваат вечерва во 20.30 часот со гостување против првиот носител Широки бријег од БиХ. „Црно-белите“ од скопско Тафталиџе во последните седмици ја живеат својата спортска бајка, но никој не престанува со сонот – овој тим како седми носител да стигне до титулата во АБА2 и да влезе во елитното кошаркарско друштво во регионот. „Пресреќни ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
55%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
6.69
45%
1016
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.0
68%
1013
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 16ᴼ
1.34
57%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
52%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
77%
1010
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
71%
1017
Currency

61.635

Currency

52.4626

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Рутениум

51376.89

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09

Калај

50.03

Цинк

3.35

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84