Жозе Мурињо нема намера да ги разгорува гласините за враќање во Реал Мадрид. Некои медиуми пишуваа за одличниот однос меѓу Флорентино Перез и португалскиот стручњак, кој седеше на клупата на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година и во тој период освои „само“ една титула, Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија, по што неговата кариера тргна надолу. Иако моментално е на клупата на Бенфика, каде што е исто така под огромен притисок, Мурињо нема ...

Само неколку дена откако доби отказ од Реал Мадрид, Чаби Алонсо би можел да има нов ангажман, и тоа во за него позната средина – во Германија. Според информациите на „Билд“, Алонсо е еден од кандидатите за клупата на Ајнтрахт Франкфурт, со оглед дека Дино Топмелер е пред отказ од клупата на овој тим. Екипата четири кола по ред нема победа, и падна на табелата, а веројатно челниците на Ајнтрахт веќе донеле одлука за негова смена. Ајнтрахт има ...

ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Самоил Ристовски е еден од играчите за иднината на македонската репрезентација, младиот битолчанец против Данска дебитираше на големите натпреварувања, а се очекува да се најде во тимот и за денешниот дуел со Португалија. Според Ристовски, Македонија треба да најде одговор за португалската игра и да покаже дека може да се надигрува и да победува ривали од самиот врв, кои негуваат модерен стил на игра. ...

Македонија денеска од 18 часот ја очекува клучниот натпревар против Португалија во обидот да дојде до следната фаза од Европското првенство 2026. На задоволство на сите домашни спортски вљубеници на голот на националниот тим повторно се враќа еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот ракомет, Никола Митревски, кој поради мала повреда паузираше на претходниот натпревар со Данска. А, најславните свои ракометни денови во кариерата ...

Тотенхем размислува за тренерска смена после најновиот пораз од Вест Хем на домашен терен, по што позицијата на данскиот тренер Томас Франк е сериозно разнишана. Спарси се на 14, место на табелата, а во 22 меча остварија само седум победи. И покрај тоа, Франк е убеден дека ја има поддршката од менаџментот, и го вклучил во плановите за летните засилувања, но тоа не значи дека долго ќе се задржи во Лондон, особено ако резултатите не се на ...

Челси планира одново да биде активен на трансфер пазарот, а споменатото име кое се поврзува со овој клуб, не им се допаѓа на навивачите на екипата. Станува збор за млад стопер од Франција, за кого тимот од Лондон може да потроши дури 60 милиони евра. Според информациите од Франција, „сините“ направија сериозен птег околу ангажманот на Жереми Жаке, млад стопер на Рен. Премиерлигашот го сака стоперот веднаш, односно уште во јануари. Францускиот ...

Португалските ракометари се максимално мотивирани со триумф над Македонија да обезбедат пласман во главната рунда од ЕП 2026. Свесни дека се фаворити на денешниот натпревар, на Португалците исто така им е јасно дека на денешниот дуел ќе имаат потешка задача во однос на премиерата со Романија. „Во оваа група во која е и Данска, сите останати натпревари се исклучително важни бидејќи не постои простор за грешка. Влогот е пласман во следната ...

Напаѓачот на Милан, Никлас Фулкруг, бил ограбен во неговата хотелска соба во Милано, додека бил на тренинг камп со тимот. Украдени биле луксузни часовници и накит во вкупна вредност од 500.000 евра. Полицијата започна истрага за случајот. Фудбалерот, кој сè уште е во процес на барање постојан дом во градот, беше жртва на дрзок грабеж во неговата хотелска соба во областа Фиера. Дури утрово, на 17 јануари, напаѓачот на „росонерите“ забележал ...

ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Македонија во својот најсилен состав ќе го дочека дуелот против Португалија (18 часот), за кој селекторот Кире Лазаров на располагање ќе ги има голманот Никола Митревски и пивотот Жарко Пешевски. Двајцата искусни ракометари не се најдоа во тимот на отворањето со Данска, селекторот Лазаров обелодени дека станува збор за ситни повреди, но сега тоа е минато и Пешевски и Митревски ќе бидат огромен плус за ...

Младиот крилен играч од Гвинеја, 20-годишниот Нфанли Сила е пред трансфер во Тиквеш. Овој играч кој е дел од младинската селекција на својата земја, постигна договор со кавадаречкиот клуб, и само прашашње на часови е кога ќе се приклучи на Тиквеш, кој е на подготовки во Анталија. Првичниот договор е на две години, со можност да биде продолжен на уште една. Сила има четири настапи за младата селекција на Гвинеја. Игра на десната крилна ...

ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Македонските ракометари максимално подготвени ќе го дочекаат денешниот дуел со Португалија, клучен за нашите шанси за следната фаза ако се знае дека евентуален пораз ќе значи и дефинитивен крај на настапот по првата групна рунда. Противникот е фаворит, но македонските ракометари веруваат дека за разлика од првиот дуел со неприкосновената Данска, овојпат ќе можат да парираат, да се надигруваат со противникот, ...

Германија може да го завршат Европското првенство уште во групната фаза, откако добија (не)очекувана шлаканица од Србија во второто коло. Сега Германците ќе мора да бркаат победа над Шпанија, ако сакаат да се надеваат дека ќе продолжат во плеј-офот. Еден потег беше невобичаен, а тоа е оној на селекторот Алфед Гисласон да побара тајм-аут во мигот кога Кнор беше сам пред голот на Србите и постигна погодок, но топката откако беше на самата гол ...

Србите еуфорично ја прославуваа победата над Германија на дуелот во Хернинг што широко им ги отвори вратите кон следната фаза. Раул Гонзалес уште еднаш ја потврди својата тактичка генијалност, правејќи ги неопходните корекциии во играта за Србија да се врати од „минус четири“ на полувремето и на крајот да слави со конечни „плус три“. Задоволството во српскиот табор беше огромно, но Раул експресно стави до знаење дека нема да дозволи никаква ...

Мајами го победи Оклахома Сити со 122-120, и со тоа ја прекина серијата на актуелниот шампион од пет победи по ред. Тројката што го постави конечниот резултат ја погоди Ендру Вигинс 30 секунди пред крајот на натпреварот. Оклахома имаше две шанси за израмнување или победа, но прво Чет Холмгрен промаши забивање по додавањето на Карузо во алеј-уп од надворешната страна, а на последниот удар, три секунди пред крајот, самиот Карузо промаши шут за ...

Марсеј стигна до убедлива победа во 18. коло од француското првенство славејќи на гостувањето кај Анже со 2-5. Голеадата започна уште во првото полувреме со пет постигнати голови од кои четири од страна на гостите. Мрежата за Марсеј ја тресеа Гири (19′), Гринвуд (24′), Траоре (34′) и Веа (40′) пред Сбаи да намали на 1-4 со гол во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Пихао во 88. минута го постигна петтиот гол за ...

Ракометарите на Србија триумфираа над Германија со 30-27 на Европското првенство забележувајќи значајна победа која го отвара патот до место во следната фаза. Финишот на натпреварот го одбележа голема драма, но и голем пропуст на селекторот на Германија, Алфред Гисласон кој и „подари“ победа на Србија. Имено, германскиот селектор во моментите кога Србија водеше со 26-25 побара тајм-аут буквално во истата секунда кога неговиот тим реализираше ...

Калјари стигна до злато вредна победа во 21. коло од италијанското првенсто совладувајќи го фаворизираниот Јувентус на домашен терен со 1-0. Стрелец на победоносниот гол за домаќините беше Мазители кој ја затресе мрежата во 65. минута на средбата. Ова е четвртиот пораз за Јунветус во Серија А оваа сезона по кој „старата дама“ останува на четвртата позиција на табелата со 39 освоени бодови. Калјари пак со 22 бодови се искачи на делба на 14. ...

Реал Бетис стигна до голема победа во шпанското првенство совладувајќи го Вилјареал на домашен терен со 2-0 во 20. коло. Домаќините до триумф ги предводеа Руибал со гол во 57. минута и Форналс во 83. минута. Триумфот на Реал Бетис го олесни Комесана кој заработи директен црвен картон во 76. минута од средбата. Со овој пораз Вилјареал останува на третата позиција на табелата со 41 освоен бод, додека Бетис се искачи на шесттата позиција со 32 ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски и неговиот Тренто претрпеа пораз на домашен терен од Кремона од 85-94 во 16. коло. Јакимовски натпреварот го заврши со двоцифрен учинок од 11 поени, пет скокови и една асистенција за 22 минути поминати во игра. За Тренто ова е третиот пораз во последните пет натпревари во италијанското првенство со што останува на 10. позиција на табелата со скор 6/9. Крадењето авторски текстови е ...

Шведска ја забележа првата победа на Европското првенство совладувајќи ја Холандија со 36-31 во натпреварот значаен и за македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски кои за прв пат судеа на собирот на најдобрите репрезентации на „стариот континент“. Шведска рано стигна до предност од два голови, а и покрај тоа што Холанѓаните успеваа да останат во игра во воведот на средбата, отпорот попушти пред крајот на првото полувреме по ...

Раул Гонзалес приреди уште едно ракометно изненадување, овојпат како селектор на Србија предводејќи ја оваа репрезентација до голем триумф над Германија од 30-27, исход со кој Србите воедно се и на чекор до пласман во следната фаза. Успехот е уште поголем ако се знае дека по првото полувреме Србија имаше „минус четири“, но Раул тогаш ги направи потребните корекции во играта, неговиот тим влезе во ритам и со фантастичен финиш стигна до ...

Лиам Росениор кој го превзема англискиот гигант Челси од Енцо Мареска на почетокот на 2026 година зимскиот преоден рок ќе го искористи за засилување на стоперската линија. Англискиот стратег не може да смета на Леви Колвил кој е повреден, а Весли Фофана и понатаму има проблеми со континуитетот поради повреди па на „сините“ им е потребно стабилно решение. Идеалното засилување е Џереми Жаке, 20-годишниот стопер на Рен за кој Челси е подготвен ...

Јувентус во зимскиот преоден рок ќе се обиде да стигне до домашно засилување во името на Даниел Малдини. Синот на легендарниот италијански фудбалер, Паоло Малдини во моментот настапува за Аталанта и веќе се започнати преговори за можен трансфер. Дваесетичетиригодшникот според „Трансфермаркт“ вреди осум милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во 56. минута од натпреварот против Сасуоло мораше принудно да го напушти теренот. По натпреварот помошниот тренер Кристијан Стелини соопшти добри вести за Македонецот на Наполи откривајќи дека не станува збор за потешка повреда, туку замена принудена од вртоглавица. „Елмас почувствува вртоглавица, веројатно се должеше на симптоми на грип. Не станува збор за повреда, но ќе видиме што ќе кажат утрешните ...

Манчестер Јунајтед го демолираше градскиот ривал Манчестер Сити во дербито на 22. коло во Премиерлигата. „Црвените ѓаволи“ прикажаа фантастична игра, потполно го лимитираа противникот и славеа со 2-0. Победата наиде на големо задоволство кај повремениот тренер Мајкл Керик кој изјави дека овој квалитет на игра треба да биде присутен на секој натпревар. „Предизвикот за сите нас е веќе во следниот натпревар да ја повториме оваа игра. Секој игра ...

Манчестер Јунајтед ја доби понудата на Милан за трансфер на поранешниот капитен Хари Мегваер. Стоперот кој го засили славниот англиски клуб во 2019 година во трансфер вреден неверојатни 87 милиони евра беше пред заминување од „Олд Трафрод“ минатото лето, но сега работите се променети. Керик на него гледа како еден од клучните фудбалери во составот, некој кој носи стабилност на теренот па негово заминување оваа зима нема да биде опција и ...

Баерн Минхен ја продолжи победничката низа во Бундеслигата откако во 18. коло славеше на гостувањето кај Лапциг со 1-5 и тоа по голем пресврт. Домаќините првото полувреме го завршија со предност од еден гол откако мрежата ја затресе Кардосо во 20. минута, но работите потполно се променија во вторите 45. минути. Гнабри во 50. минута изедначи на 1-1, Кејн во 67. минута донесе целосен преврт, Тах во 83. минута ја зголеми предноста на 1-3, а ...

Арсенал забележа ново реми во Премиерлигата, овој пат на гостувањето кај Нотингем Форест во 22. коло, меч кој заврши со 0-0. Ова е вториот натпревар во низа во Премиерлигата во кој избраниците на Микел Артета не успеаваат да постигнат гол, но и покрај тоа „топчиите“ ја зголемија предноста на врвот на табелата со оглед на тоа што Манчестер Сити претрпе пораз во дербито на Манчестер. Арсенал сега има 50 освоени бодови, седум повеќе од Манчестер ...

Наполи ја продолжи трката за првата позиција во Серија А со Интер и Милан откако во 21. коло славеше на домашен терен против Сасуоло со 1-0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Лоботка кој ја затресе мрежата во 7. минута од средбата, гол кој беше доволен за Наполи да им се врати на победите. Новиот триумф на неаполитанците остана во сенка на повредата на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој во 56. минута мораше принудно да ...

Хрватска многу потешко од очекувањата стигна до почетна победа на ЕП 2026 откако „коцкестите“ со многу мака ја совладаа Грузија со резултат 32-29. Грузијците се покажаа како цврст и незгоден ривал, Хрватска на паузата имаше минимални 15-14, но Грузија направи нов пресврт и имаше предност од два гола. Во последните десет минути се влезе со „плус еден“ за Грузија, но Хрватите се разбудија кога беше најважно, го свртеа резултатот во своја полза ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1006
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
67%
1003
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
998
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
75%
1010
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
97%
998
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
80%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.66
89%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
97%
1004
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.78

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Родиум

339994.14

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.09

Иридиум

221848.72