Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
После успешниот старт и високиот триумф над Башкими од 6-0 во првото коло, Силекс на првото гостување сезоната одигра само нерешено 1-1 против Шкендија Арачиново, на стадионот „Чаир“ во Скопје. Сега кратовскиот тим на домашен терен против Скопје, посакува втор триумф во оваа сезона во Првата лига. Само три бода се во мислите на фудбалерите од кратовскиот табор. Голманот на Силекс, Љупче Џеков очекува тимот да ја игра својата препознатлива ...
Одличен старт на сезоната имаше тимот на Тиквеш во ПМФЛ. Триумф над Арсими од 5-1, а потоа победа над Башкими со 0-5. Десет дадени голови, и само еден примен за цврсто прво место на табелата пред денешното 3. коло. Сега за кавадарчани престои нов предизвик во тимот на Шкендија Арачиново. Тиквеш посакува да ја продолжи победничката серија, да дојде до третата победа и да покаже дека оваа сезона има амбиции да се бори за горниот дел на ...
Преостанатиот дел од договорот од 12,5 милиони долари на починатиот кошаркар на Мемфис Гризлис, Брендон Кларк, ќе биде исплатен на неговото семејство, потврди извор од НБА. Новите информации се спротивни на претходните извештаи дека семејството на Кларк нема да добие никакви пари од последната година од неговиот договор. Според Кевин О’Конор, договорот на Кларк со Мемфис Гризлис бил целосно заштитен во случај на негова смрт, што значи дека на ...
Фудбалерите на Скопје во минатото коло го освоија првиот бод по враќањето во елитата откако ремизираа 1-1 против фаворитот Струга ТЛ. За тимот на Муарем Муарем продолжува „пеколниот“ распоред, па во третото коло ги очекува тешко гостување кај Силекс во Кратово. Сепак, составот од Автокоманда има план како да му се спротистави на Силекс и ќе се обиде да ги неутрализира силните страни на домаќинот. „Имаме план и се надеваме дека ќе го ...
Реал Мадрид и Шалке 04 утре ги очекува пријателски натпревар, преку кој и двата тима влегуваат во завршна фаза од подготовките за новата сезона. Секако, Реал Мадрид е фаворит, но тоа е пријателски натпревар на кој Шалке исто така ќе се обиде да се наметне. Токму Един Џеко е во центарот на вниманието пред мечот поради одговорот што го даде на прашање пред натпреварот против Реал Мадрид. На прашањето со кои играчи на Реал Мадрид би сакал да го ...
По освојувањето на првиот историски бод во ПМФЛ, Шкендија од Арачиново ќе се обиде да остане непоразена и на тешкото гостување во Кавадарци каде ги очекува дуелот против Тиквеш. Домаќините влегуваат во овој меч како најефикасен тим по првите две кола со дури 10 постигнати голови, максимален учинок и лидери на табелата. Офанзивниот играч за врска, Вилдан Керим, го почитува тимот од Кавадарци, но истакна дека арачиновци се максимално подготвени ...
Големо признание за најдобрата македонска судијка Ема Никочевиќ која доби доверба да го суди финалето на Европското првенство Б-дивизија за кадетки кое денеска од 17 часот се игра во Пјештани во Словачка. Во финалето на шампионатот кое ќе претставува битка за влез во А-дивизијата ќе се соочат Белгија и Шведска. Никочевиќ, за која ова е прво европско финале во кариерата, ќе биде од судиската тројка во финалето, заедно со Сузана Вујичиќ од Црна ...
Уругвајскиот фудбалер Лукас Тореира итно сака да го напушти Галатасарај и Истанбул. Тореира има многу проблеми на личен план, бидејќи човек опседнат со неговата сопруга му создава проблеми веќе некое време. Сопруга на Тореира е турската актерка Деврим Озкан, која е опседната од турски државјанин жител на Истанбул. Неодамна се појавија и видеа на кои се гледа како тој го напаѓа Тореира во трговски центар во Истанбул. Дотичниот човек беше ...
Шкендија во третата квалификациска рунда од Конференциската лига на УЕФА ги заврши годинашните настапи во Европа. Далеку полошо од минатата сезона кога „црвено-црните“ ја минаа и групната фаза од ова натпреварување, дочекаа пролет во Европа и играа во 1/16-финалето на Конференциската лига. Па, согласно тоа, тетовци оваа сезона минаа далеку полошо и на финансиски план во однос на минатата година. Шкендија годинава од Европа заработи точно ...
Стартуваат денеска и натпреварите во новата 2026/27 сезона во Втората македонската фудбалска лига која ќе биде како никогаш досега посилна. Оваа сезона лигата ќе биде со 14 екипи, но со вистинска концентрација на поранешни истакнати прволигаш од кои и три екс-шампиони на Македонија – Работнички, Шкупи и Македонија ЃП, но и три екипи со освоени трофеи во Купот на Македонија – Тетекс, АП Брера и Пелистер. Факт е дека повеќе од интересна ќе биде ...
Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ би можел да ја продолжи кариерата во Италија. Неговите услуги се понудени на торински Јувентус. Откако ја напушти Саудиска Арабија, каде што играше за Ал Наср во претходните три години, Марсело Брозовиќ се враќа во Европа со голем број понуди на маса. Брозовиќ бара предизвик во најдобрите лиги во Европа, а сега е на пат да го добие она што го сака. Услугите на 33-годишниот играч од средниот ред се понудени ...
Сопствениците на Ливерпул се согласија да продадат една третина од клубот на конзорциум во кој е вклучен милијардерот и основач на Амазон, Џеф Безос. „Фенвеј Спортс Груп“ потврди дека склучила конечен договор за продажба на стратешка малцинска инвестиција на „1892 Холдингс“. Групата ја предводи британско-индискиот милионер Амит Батија, а го вклучува и милијардерот и коосновач на Фејсбук, Едуардо Саверин. Батиа ќе стане потпретседател на ...
Нова контроверза го тресе европскиот фудбал. Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, се во центарот на вниманието. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува Инфантино зад сцената по скандалот што го потресе светскиот фудбал. Молина тврди дека целата ситуација се одвива далеку од очите на јавноста, односно без Дијало отворено да ги искаже своите ставови пред ...
Вардар ќе го предизвика бранителот на трофејот Охрид во финалето на традиционалниот Струшки ракометен турнир откако „вардарци“ ја оправдаа фаворитската улога против Бутел (36-23) и рутински го осигураа првото место во својата група. Денешните натпревари на турнирот поради временските услови во Струга наместо на отворено се одиграа во СЦ „Тими“ во Струга, каде ракометарите на Вардар без многу мака славеа над градскиот ривал Бутел на чија клупа ...
Френки де Јонг се појави пред новинарите барајќи да се престане со ширењето невистини околу неговиот статус во Барселона и недоразбирањата што наводно ги имал со тренерот Ханси Флик. Минатиот месец во шпанските медиуми беше пишувано дека Флик е бесен на Де Јонг и сака да го продаде екс-капитенот на Ајакс бидејќи тој одбил да настапи на клучниот меч од ЛШ против Атлетико, жалејќи се на повреда. „Многу ме погаѓа се што се случува, особено што ...
Новата сезона во турскиот шампионат почна со големо изненадување откако шампионот Галатасарај не успеа да триумфира на домашен терен над новиот прволигаш Корум, меч во кој актуелниот првак едвај стигна до реми од 2-2. Првото полувреме мина без поголеми возбудувања, но затоа вторите 45 минути беа суперинтересни. Кога Виктор Осимен стрелаше прецизно во 53. минута се чинеше дека Галата ќе стигне до посакуваните бодови, но следеше експресен ...
Габриел Мартинели нема намера да го следи трендот на фудбалери од врвните лиги во Европа кои летово се решаваат за трансфер во турското првенство. Галатасарај тргна амбициозно со понуда од 45 милиони евра за потписот на бразилскиот крилен фудбалер, Мартинели беше споменуван и како дел од размената со која Арсенал би стигнал до Виктор Осимен, но ниту една од овие опции нема да се реализира. Причина – јасниот став на Мартинели да не се сели во ...
Мајкл Портер Џуниор откри дека шампионскиот прстен воопшто не му значи многу. Денвер Нагетс станаа НБА шампиони за првпат во историјата на франшизата во 2023 година, откако го совладаа Мајами Хит во големото финале. Тогаш Никола Јокиќ беше прогласен за МВП на финалето, а Арон Гордон, Мајкл Портер Џуниор и Џамал Мареј одиграа многу важни улоги. Поради компликации поврзани со даноци и високи трошоци, Денвер одлучи да го испрати Портер во ...
Лацио вечерва го официјализираше најзначајниот трансфер во овој преоден рок откако го доведе во своите редови италијанскиот репрезенативец Давиде Фратези од редовите на Интер. Клубовите преговараа петнаесетина дена, кога се чинеше дека се е средено „лацијалите“ повторно се пожалија, па намместо еден милион евра за позајмица и задолжителна клаузула од 14 милиони евра, на крајот Лацио се согласи на пет милиони евра за позајмицата, плус опција ...
Македонија ја забележа првата победа на разигрувањето за пласман во Скопје откако нашите млади кошаркари со голем пресврт во второто полувреме стигнаа до триумф над врсниците од Унгарија. Селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од карактерот и играта во вториот дел, но јасно стави до знаење дека очекува такво издание од својот во текот на сите 40 минути. „Лошо прво полувреме. Повторно паѓаме после нивна серија од 11:0. Пак не бевме добри ...
Чиро Имобиле ја изненади фудбалската јавност откако вечерва објави дека ја завршува својата фантастична фудбалска кариера. Ветеранот имаше уште една година од договорот со францускиот прволигаш Париз што го потпиша лани, но Имобиле сепак одлучи на 36-годишна возраст да му каже збогум на фудбалот. „Чиро Имобиле и ФЦ Париз ја известуваат јавноста за одлуката на италијанскиот напаѓач да ја заврши професионалната кариера. Фудбалерот изрази желба ...
Елиф Елмас на помалку од 20 дена пред крајот на преодниот рок се уште тактизира во преговорите каде ќе ја продолжи кариерата, откако стана јасно дека Лајциг повторно не смета на услугите на македонскиот „дијамант“ кој во меѓувреме доби неколку интересни понуди. Финансиски најдобра беше понудата од Бешикташ, турскиот гигант имаше подготвено плата од пет милиони евра за една сезона за нашиот репрезентативец. Сепак, италијанските медиуми тврдат ...
Работнички е на чекор да осигура уште едно големо засилување за наредната сезона, откако „центарци“ влегоа во завршна фаза од преговорите со Кристијан Николов. Поранешниот македонски репрезентативец треба да биде значаен адут на плејмејкерската позиција, поранешниот ас на МЗТ Скопје ги мина последните две години во Турција, но реши летово да се врати назад во мак-баскетот. Интерес за услугите на Николов покажаа уште неколку екипи, но понудата ...
Дојде до голем пресврт во трансфер-сагата околу Хулијан Алварез. Аргентинскиот напаѓач им призна на своите соиграчи од Атлетико Мадрид дека направил грешка во начинот на кој се обидел да го реализира своето заминување од клубот и трансферот во Барселона ова лето. Во текот на летото, Алварез јавно ја изрази својата желба за промена на средината, а Барселона беше неговата голема желба. Каталонците покажаа сериозен интерес, спортскиот директор ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години извојува победа против селекцијата на Унгарија со убедливи 95-76, со што обезбеди пласман во битката за 13. место на Европското првенство (Б-Дивизија). Нашите млади кошаркари направија кам-бек, откако пред самиот крај на втората четвртина, „црвено-жолтите“ се најдоа во негатива од дури 18 поени разлика (33-51). Македонија полека, но сигурно почна да ја топи предноста на противникот и ...
Фудбалерите на Арсими славеа со минимални 1-0 против Башкими во премиерниот натпревар од 3. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Во првата половина од првото полувреме двата тима беа внимателни и сето тоа не ни донесе поголеми шанси. Првата посериозна шанса на мечот имаа гостите откако при една контра Саити биеше кон голот на домаќинот, но неговиот удар заврши покрај голот на Сиљановски. Најзрелата шанса во првиот дел ја ...
Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид ја засили својата надворешна линија со потпишување двегодишен договор со Макс Шулга. По една сезона помината во Бостон и неговите филијали во „Г“ лигата, 24-годишниот бек се враќа во Шпанија. Украинецот (24) претходно живееше и тренираше во Шпанија, па затоа ќе има статус на домашен играч. Шулга поголемиот дел од минатата сезона го мина во тимот на Мејн Селтикс, каде што имаше просек од 15,7 поени, 6,7 ...
Фудбалерите на Арсими и Башкими играат без голови 0-0 на полувреме во воведниот натпревар од 3. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Во првата половина од првото полувреме двата тима беа внимателни и сето тоа не ни донесе поголеми шанси. Првата посериозна шанса на мечот имаа гостите откако при една контра Саити биеше кон голот на домаќинот, но неговиот удар заврши покрај голот на Сиљановски. Најзрелата шанса во првиот ...
Во пресрет на новата сезона второлигашот Беласица се засили со уште четири фудбалери во имињата на Рон Мемеди, Давид Спасов, Миахил Танчев и Елмаз Емуш. Рон Мемеди е офанзивен играч односно централен напаѓач но ги покрива и крилните позиции, тој исто така е и репрезентативец на Македонија, ќе претставува уште едно освежување во нашиот ростер, а очекуваме да внесе и уште поголем квалитет во офанзивата на нашиот тим. Давид Спасов е офанзивен ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со нови проблеми пред изборите за четврти мандат, откако Фудбалската федерација на Нов Зеланд одлучи да ја повлече својата поддршка. Нов Зеланд исто така ги прекина односите со Фудбалската конфедерација на Океанија (ОФЦ), а Фудбалската федерација на Нов Зеланд (НЗФ) побара независна ревизија на процедурите поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise Scheme“ (FFE). „Фудбалсата федерација на ...