Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Фудбалерите на Пари Сен Жермен водат со 1-0 на полувреме против Астон Вила во Суперкупот на Европа кој се игра на „Ред бул“ арената во австриски Салцбург. Двете екипи одиграа едно израмнето прво полувреме. Неверојатниот Грузиец, Квича Квараскелија стрелаше за 1-0 за светците во 20. минута. Сепак, до крајот на првиот дел премиерлигашот успеа да израмни на 1-1 откако во првата минута од судиското надополнување прецизен беше Маџо. Крадењето ...
Чави Хернандез е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, потврдија вечерва од федерацијата на оваа држава. Чави потпиша договор со „лалињата“ до 2030 година, а главна цел ќе биде што подобар пласман на Европското првенство во Велика Британија во 2028 година, како и настап на Светското првенство 2030 година. Чави својот последен ангажман го имаше во 2024 година кога го заврши својот тригодишен мандат во Барселона. ...
Навивачите на Бешикташ со нетрпение го очекуваат доаѓањето на Душан Влаховиќ во Истанбул. Бешикташ денеска официјално објави дека српскиот напаѓач доаѓа во клубот. Навивачите едвај го дочекаа тоа и се собраа во голем број на аеродромот „Ататурк“. Река народ се упатува кон ВИП-излезот на аеродромот за соодветно да го пречекаат Влаховиќ. „Црни орли, доаѓам во Бешикташ“, порача Влаховиќ во дресот на својот нов клуб. 🦅 VLAHOVIC İÇİN BİNLERCE ...
Најпознатата кошаркарска франшиза во светот, Лос Анџелес лејкерс е продадена за рекордни 12 милијарди долари на бизнисмените Џош Кушнер и Боб Ајгер. Со тоа, Лејкерс го менуваат сопственикот по вторпат во период од само една и пол година. Претходен сопственик беше Марк Волтер, кој минатата година го откупи контролниот удел во клубот од семејството Бас. Оваа цена претставува рекорд за купување на која било спортска франшиза во Северна Америка. ...
Двократниот европски шампион Вардар, со рутинска победа над Прилеп од 39-29 го стартуваше настапот на 54. издание на ракометниот турнир во Струга. Вардарци уште во првото полувреме беа подобар противник па веќе на пауза против прилепчани имаа предност од пет гола (18-13). Како изминуваше натпреварот разликата само се зголемуваше, а на крајот „црвено-црните“ славеа со убедливи 39-29. Вечерва во вториот натпревар од денешната воведна програма ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Астон Вила вечерва од 21 часот ќе се сретнат во Суперкупот на Европа што ќе се игра на „Ред бул“ арената во Салцбург. Двајцата тренери се соочуваат со огромни проблеми со составот. „Светците“ на Луис Енрике ќе го нападнат трофејот без Дембеле, Фабиан Руиз и Баркола во стартната постава. Кај Французите од првата минута ќе дебитира засилувањето Аклиуш. Од друга страна, Унаи Емери остана без речиси половина ...
Изгледа дека нема ништо да се случи од најавениот трансфер на Расел Вестбрук во Евролигата. Макаби и Панатинаикос покажаа интерес за поранешниот МВП на НБА, додека Хапоел Тел Авив се спомнуваше како најсериозен кандидат за негов ангажман. Сепак, добро упатените новинари од НБА, Марк Стајн и Брет Сигел, ги демантираа информациите дека Вестбрук преговара со Хапоел. Според нивните сознанија, искусниот плејмејкер се уште сака да ја продолжи ...
Алберт Риера е се поблиску до преземање на тренерската позиција во Црвена ѕвезда, а официјалната потврда за неговото доаѓање се очекува најдоцна до четврток, односно до петок наутро. Преговорите со шпанскиот тренер и неговиот агент Енди Бар се во завршна фаза, а според српските медиуми, за четврток во Белград е закажана нова средба. Во текот на зимата, Риера беше еден од главните кандидати за тренер на белградскиот клуб. И тогаш имаше ...
Турскиот клуб Бешикташ објави дека српскиот фудбалер Душан Влаховиќ е нов играч на „црно-белите“ од Босфорот. Истанбулскиот гигант на интересен начин потврди дека Влаховиќ пристигнал во клубот и дека се е договорено, потпишано и официјализирано, откако на своите официјални канали објавија фотографија од златник на кој е врежан ликот на српскиот напаѓач. Бешикташ и српскиот фудбалер договорија соработка во траење од четири години. ...
Искусниот белгиски голгетер Ромелу Лукаку е новото големо засилување во турската Суперлига. По две тешки сезони поминати во Наполи, 33-годишниот напаѓач постигна комплетен договор и кариерата ја продолжува во дресот на Фенербахче. Турскиот и италијанскиот гигант ги договорија сите детали за трансферот. Наполи на име на обесштетување ќе добие фиксни шест милиони евра, сума која може дополнително да порасне преку неколку клаузули за бонуси. Со ...
Доскорешниот хрватски селектор, Златко Далиќ, очекувано експресно најде нов ангажман еден месец по завршувањето на мундијалот. Далиќ ја напушти клупата на Хрватска и јасно стави до знаење дека приоритет повторно ќе му биде селекторски ангажман, одбивајќи неколку клупски понуди во изминатиот период. Од неколкуте опции за селектор најинтересна беше онаа од Обединетите Арапски Емирати, чија федерација неколку години го убедуваше Далиќ да се ...
Интер по долги напори конечно успеа да најде купец за Давиде Фратези, кој во следните 24 часа би требало да си замине од „Џузепе Меаца“. Лацио ќе биде новиот клуб на овој италијански репрезентативец, откако римјаните најдоа заеднички јазик со „нероаѕурите“, договарајќи ги сите детали од овој трансфер. Фратези не криеше дека е незадоволен од минималната минутажа што ја добиваше од Киву минатата сезона, уште помала од онаа што претходно ја ...
Работнички успеа да осигура уште еден значаен потпис за новата сезона, продолжувајќи ја соработката со македонскиот репрезентативец Виктор Ефремовски. Токму Ефремовски беше лидер на „центарци“ во текот на ланската турбулентна сезона, во која тој беше најдобар суперлигашки стрелец, одигрувајќи и меч за паметење против вицешампионот Маџари на кој постигна дури 50 поени. Интерес за одличниот шутер покажаа уште неколку македонски екипи, но тој ја ...
Артим Положани е оптимист дека Шкендија може да ја претвори негативата од еден гол во конечен триумф во двомечот со Хибернијан, со што македонскиот вицепрвак би се пласирал во плејофот за влез во Конференциската лига на УЕФА. Реваншот се игра утревечер со почеток во 20 часот во Скопје, а тетовци веруваат дека како што тоа беше случај во претходната рунда против Браво, истиот успех ќе го повторат и со Хибернијан. Самодовербата е уште поголема ...
Родри јасно стави до знаење дека сака да се пресели во Барселона летово, каталонците веднаш почнаа преговори со Манчестер Сити, но двете страни се уште не успеваат да ги договорат деталите од овој мегатрансфер. Каталонците понудија 60 милиони евра, плус пет преку клаузули, следеше негативен одговор од Сити, но Барса се врати со нова – последна понуда за Родри. Имено, директорот Деко и претседателот Лапорта испратија конечни 65 милиони евра до ...
Интер осигура важен трансфер откако италијанскиот првак конечно успешно ги финишираше преговорите со Тотенхем за Џед Спенс, кој ќе потпише четиригодишен договор со „нероаѕурите“. Италијанскиот шампион беше во потрага по нов бек откако Дамфрис се пресели во Реал Мадрид, прва желба беше Палестра, но италијанскиот дефанзивец на крајот го избра Челси за следна дестинација во кариерата. Потоа вниманието целосно беше насочено кон Спенс, за денеска ...
Еден од најстарите и најпрепознатливи спортски настани во земјава, Меѓународниот ракометен турнир „Струга“, продолжува и ова лето. Од 12 до 15 август, Струга повторно ќе живее со духот на ракометот, традицијата и спортската енергија. Македонски Телеком, како долгогодишен партнер на македонскиот ракомет, ја продолжува својата поддршка на турнирот и оваа година, а настаните ќе може да се следат во живо. Во среда започнува 54. издание на ...
Лео Меси за првпат се појави во јавноста по трагичната смрт на неговиот татко, откако најдобриот светски фудбалер објави долго писмо наменето токму на човекот што му беше од најголема помош во кариерата. „Татко, се уште не можам да поверувам дека те нема. Не можам да го прифатам тоа, или подобро речено – не сакам. Тешко ми е да замислам дека никогаш повеќе нема да те видам, дека веќе нема да разговарае. Знам дека многу патеше, дека вака е ...
Асвел продолжува да се екипира за наредната сезона, а францускиот клуб денеска се пофали со нов потпис, и тоа на новопечен репрезентативец на Македонија. Нејт Сестина и официјално стана нов член на клубот што ќе го води легендарниот Тони Паркер, откако крилниот кошаркар потпиша двогодишен договор со Асвел. Американецот пред две години ги бранеше боите на Фенербахче, минатата сезона беше член на Олимпија Милано со која стигна до двојна круна ...
Феран Торес ги минува последните часови како член на Барселона, откако херојот од финалето на СП 2026 доби дозвола да не присуствува на денешниот тренинг на Ханси Флик, како најава дека преговорите за неговиот трансфер во ПСЖ се во завршна фаза. Феран има договор со Барса на уште една година, двете страни се далеку од наоѓање на заеднички јазик околу продолжување на соработката, што е причината поради која каталонскиот гигант реши да го ...
Денеска и официјално ќе биде означен стартот на новот, 54. издание на традиционалниот Струшки турнир, со што овој езерски град повторно ќе се најде во фокусот на вниманието на домашната јавност. Стружани по неколкуте години во кои едвај врзуваа крај со крај, летово конечно успеаја да состават солиден буџет и квалитетен тим, па претстојните дуели со екипи од самиот врв на мак-ракометот ќе бидат добра можност за домаќинот да ги тестира ...
Стефан Ристовски од денеска и официјално повеќе не е член на Сараево откако тимот од БиХ ја потврди разделбата со македонскиот дефанзивец. Ристовски дојде во Сараево минатото лето од редовите на Динамо Загреб, беше стандарден првотимец во оваа екипа, но сепак беше донесена одлука тој да си замине од „Кошево“. Разделбата беше најавена уште пред еден месец, за Сараево денеска да ја потврди разделбата. „Фудбалскиот клуб Сараево и Стефан ...
Манчестер Сити во следните денови и дефинитивно ќе даде зелено светло за трансферот на Родри во Барселона, но Енцо Мареска јасно стави до знаење дека очекувa „граѓаните“ да донесат адекватна замена за МВП фудбалерот од последниот мундијал. Елиот Андерсон веќе беше доведен за отштета од над 100 милиони фунти од Нотингем Форест, но Мареска е дециден дека англискиот репрезентативец не може да се смета за наследник на Родри, па бара нова ...
Најлегендарниот скок-играч во историјата на НБА-лигата, Дениис Родман, доби неверојатна понуда да мине извесен период со евролигашот Хапоел Тел Авив. Пвиот човек на Хапоел Офер Јанаи, испратил понуда од 100.000 долари до поранешниот ас на Детроит и Чикаго, да дојде и да им ги пренесе на кошаркарите на неговиот тим тајните за успешен скок во кошаркарскиот свет. „Кога дојдов на чело на Хапоел сон ми беше да го вратам клубот во елитата. ...
Наводно оваа продажба е поврзана со учеството во тепачката на Аргентинците по финалето на Светското првенство, кога токму Алмада, Молина заедно со Паредес физички се пресметуваа со играчи на Шпанија. Токму од тука јасно беше дека тие тешко ќе продолжат во Шпанија. Алмада претходно потпиша за Ривер Плејт, а сега заминува и Молина. Атлетико не преговараше премногу за цената и беше јасно дека сакаа што поскоро да се ослободат од Молина, кого на ...
Фудбалската јавност во Бразил е во шок, поради скандалот што се случи во Боливија, каде што локалната полиција спроведе голема операција, а бразилскиот гигант Сао Паоло е во центарот на приказната. Еден од најголемите бразилски клубови е потресен од невиден скандал откако во клупскиот автобус беше пронајдена огромна количина марихуана. Според локалните медиуми, боливиската полиција, за време на рутинска проверка, запрела автобус од Сао Паоло ...
КК Пелистер го формира стручниот штаб за сезоната 2026/27, а клубот продолжува со стратегијата за давање шанса на млади и перспективни македонски тренери. По назначувањето на Тане Спасев за нов тренер на сениорскиот тим, битолчани го продолжија договорот со Владимир Николовски, кој во новата сезона ќе ја има улогата на негов асистент. Од клубот посочуваат дека со изборот на Спасев е одреден правецот во кој сакаат да се движат – да им се даде ...
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, порача дека неговиот тим има амбиција да продолжи да напредува и да освојува трофеи, откако минатата сезона стави крај на 30-годишното чекање на клубот за голем трофеј. Астон Вила во мај го совлада Фрајбург со 3-0 во финалето на Лигата на Европа, со што Емери ја освои рекордната петта титула во ова натпреварување. За клубот од Бирмингем тоа беше прв голем трофеј по Лига купот во 1996 година. Триумфот во ...
Голманот на Милан, Мајк Мањан, го одложил своето враќање на предсезонските подготовки на тимот, додека во исто време се појавија информации за обновен интерес од саудискиот Ал-Наср. Францускиот голман и минатото лето беше блиску до заминување од Милан, откако Челси испрати сериозна понуда за неговите услуги. Сепак, „росонерите“ тогаш одлучија да не го пуштат еден од своите најважни играчи. Мањан беше убеден да остане во клубот од страна на ...
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, призна дека во овој момент нема јасна слика за тоа на кое ниво се неговите фудбалери. Дел од играчите на францускиот шампион се приклучија на тренинзите минатата недела, додека некои дури завчера се вратија во тимот. Поради тоа, Луис Енрике смета дека ПСЖ сè уште не е во целосен натпреварувачки ритам. Парижаните вечерва ќе се соочат со Астон Вила во натпреварот за Европскиот Суперкуп, кој ќе се одигра ...