Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Алавес славеше со 3-0 на дуелот против Хетафе со кој беше отворена новата сезона во шпанската Примера дивизион, во првото коло во кое главните фаворити Барселона и Реал своите натпревари ќе ги играат кон крајот на месецот. Хетафе е тим познат по груба игра со години наназад, тренд што мадридскиот клуб го продолжи и во ова прво коло, со црвениот картон што го заработија Феминија во 42. минута. Алавес нападна и успеа да ја искористи предноста ...
Интер забележа победа од 1-0 на пријателскиот натпревар со Бетис, меч што мина во знакот на Џон Стоунс. Англискиот дефанзивец кој летово пристигна од Манчестер Сити дебитираше во дресот на „нероаѕурите“, и тоа на најдобар можен начин, постигнувајќи го голот за победа. Тој не само што одлично се снајде во одбраната, туку и маестрално реагираше во противничкиот шеснаесетник во 82. минута, со фантастичен волеј матирајќи го противничкиот голман. ...
Рубен Аморим прави сериозен ремонт во играчкиот ростер на Милан, португалскиот стратег веќе стави до знаење дека очекува клубот да го напушти неговиот сонародник Рафаел Леао, а заедно со него отпишан одновиот тренер е и Кристоф Нкунку. Французинот имаше многу проблеми со повредите минатата сезона, а Аморим воопшто не беше импресиониран од она што го виде од Нкунку во текот на подготовките, па без размислување го приклучи на трансфер-листата ...
Неверојатен резултат пристигнува од европското првенство за кошаркарки до 16 години, каде Шпанија ја декласираше Бугарија со неверојатни 115 поени разлика. „Црвената фурија“ одигра историски меч во кој го наполни до врв кошот на противничките, славејќи со конечни 128-113. Бугарките постигнаа само по три поени во првата и во втората четвртина (35-3 и 37-3), најефикасни беа во третиот период со пет поени (29-5), а во последните десет минути ...
Баерн Минхен го совлада Лајпциг со 3-1 на денешниот меч од „Телеком купот“, но во фокусот на вниманието беше Џамал Мусиала, бисерот на баварскиот гигант кој колабираше пред крајот на натпреварот. Мусиала влезе во игра во вториот дел, во 81. минута даде гол за Баерн, но само две минути подоцна ги загрижи сите на стадионот откако се онесвести на теренот. Веднаш притрчаа соиграчите и членовите на медицинскиот тим на Баерн, го освестија ...
Пропаднатиот трансфер на Зион Сузуки од Парма во ПСЖ донесе до промена на плановите на неколку клубови во врска со голманската позиција, па последните информации говорат дека Јапонецот ќе заврши во Астон Вила, што ќе го забрза и заминувањето на Емилијано Мартинез од „Вила Парк“. Имено, отккажаниот трансфер на Сузуки во ПСЖ се должи токму на денешниот интензивен интерес на освојувачот на Лигата на Европа за овој голман. Самиот Сузуки ...
Кадетската репрезентација на Македонија го освои 14. место на ЕП – Б дивизија, пласман што никако не може да се оцени како успешен особено ако се земе во предвид фактот дека овој шампионат се одржуваше во нашата земја. Нашите млади кошаркари попладнево беа преслушани од Бугарија, уште еден меч во кој „црвено-жолтите“ се прикажаа далеку од посакуваното светло. „Денеска не бевме спремни за борба, а направивме и многу тактички грешки. Не се ...
Рубен Аморим може да биде горд на фудбалерите на Милан откако „росонерите“ попладнево на пријателск меч го преслушаа неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед со 4-2. Аморим за ривал го имаше својот наследник Мајкл Карик, португалскиот ас покажа дека веднаш остава печат врзата играта и карактерот на „росонерите“, кои два пати губеа, но сепакк најдоа начин со пресврт да стигнат до победата. Мегваер со глава го донесе Јунајтед во водство, но ...
Работнички рутински славеше со 3-0 над Кожуф на отворањето на новата второлигашка сезона во која „романтичарите“ не ја кријат желбата експресно да се вратат во елитното друштво. Гостите од Гевгелија немаа никакви шанси за изненадување на денешниот дуел, Работнички поведе во 19. минута преку Кудијан, а потоа во второто полувреме ја запечати победата со головите на Подграџа и на Богдановски. Македонија ЃП ремизираше 1-1 на домашен терен против ...
Навивачите на Интер имаат причина за задоволство откако италијанскиот првак се пофали со трансферот на Џед Спенс, англискиот репрезентативец кој настапуваше во одлична форма на изминатиот мундијал во дресот на „гордиот албион“. Спенс влезе во последната година од договорот и Тотенхем беше принуден да го продаде, а челниците на Интер ја искористија ситуацијата, ги договорија сите детали и денеска го комплетираа овој трансфер. Интер ќе му плати ...
Шкендија Арачиново ја забележа првата победа во новата сезона од ПМФЛ откако како гостин стигна до цел плен против Тиквеш во Кавадарци, славејќи со 0-1. Стадионот во Каввадарци се покажа повторно среќен за арачиновци, кои пред неколку месеци токму во овој град славеа во баражот и влегоа во елитното друштво, за денеска да стигнат до цел плен против незгодниот тим на Тиквеш. Кавадарчани влегоа како фаворити откако освоија шест бода во првите ...
ПСЖ денеска го промовираше Феран Торес, комплетиран е и трансферот на Готс од Ајакс, но челниците на актуелниот европски првак изненадија многумина со откажувањето на третиот договорен трансфер што требаше да биде официјализиран викендов. Зион Сузуки сепак нема да го облече дресот на ПСЖ откако францускиот гигант буквално во „пет до дванаеет“ се премисли и реши да не го доведе јапонскиот голман во своите редови. Беше договорено буквално се, ...
Фудбалерите на Силекс во третото коло ја забележаа и втората победа во ПМФЛ откако попладнево славеа со убедливи 3-0 на дуелот против Скопје. Гостите од главниот град добро парираа во првото полувреме, но Силекс одлично го почна вториот дел, реализирајќи ја првата шанса кога Хасукиќ стрелаше мајсторски по додавањето од левата страна, сместувајќи ја топката во горниот агол од голот на голманот Наумовски. Сите шанси за камбек на Скопје исчезнаа ...
Никола Калиниќ се наоѓа на излезна врата од Црвена Звезда откако новиот тренер Ибон Наваро веќе стави до знаење дека нема да смета на искусниот крилен кошаркар во наредната сезона. Последните информации говорат дека Калиниќ и покрај понудите од Евролигата и од Еврокупот, би можел да заврши во АБА2 лигата, и тоа во дресот на Војводина. Тимот од Нови Сад потпиша договор со кој ќе стане „развојна екипа“ на Дубаи, што значи дека финансиите повеќе ...
Црвена Звезда доживеа фијаско со елиминацијата во квалификациите за Лигата на Шампионите, прв цената ја плати тренерот Станковиќ, но се очекува до крајот на овој преоден рок да си заминат и неколку фудбалери кои беа стандардни во изминатиот период во таборот на српскиот шампион. Прв нога повлече Наир Тикнизјан, ерменскиот лев бек кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на Олимпијакос. Грчкиот гигант исто како и српскиот првак беше елиминиран ...
Њукасл ги продаде Гордон, Тонали и Гимараеш, го отпушти тренерот Еди Хау, па време „црно-белите“ да почнат и со инвестирање во нови фудбалери, по желлбата на новиот менаџер Матијас Жаисле. Ново име конечно беше договорено да пристигне на „Сент Џејмс Парк“, и тоа босанскиот интернационалец Амар Дедиќ кој ќе потпише петгодишен договор со овој англиски премиерлигаш. Дедиќ настапува на бековската позиција и доаѓа на инсистирање на самиот тренер, ...
Со натпреварот меѓу Алавес и Хетафе што стартува вечерва во 19.30 часот и официјално ќе стартува новата сезона во шпанската Ла Лига во која Барселона ќе ја има улогата на бранител на трофејот, но Реал Мадрид предводен од Жозе Мурињо ќе стори се за да се врати на тронот на шпанскиот фудбал. Она што е интересно, првото коло ќе биде некомплетно и викендов ќе се играат само шест средби, а главните фаворити своите премиерни дуели ќе ги играат ...
Македонската кадетска репрезентација за кошаркари до 16 години доживеа катастрофален пораз од дури 40 поени разлика, од соодветната селекција на Бугарија, во натпреварот за 13.место на Европското првенство У16 – Б-дивизија кое се игра во Скопје. Нашите кадети одиграа лош натпревар дозволувајќи им на Бугарите да доминираат низ текот на целиот натпревар, на крај за убдлив пораз од 62-102 (15-24, 14-30, 16-24 и 17-24). Најефикасни во ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, зборуваше за новиот шеф на тренерскиот штаб, Жозе Мурињо, пред стартот на новата сезона во Ла Лига. Првиот член на Реал влегува во новата сезона со голем оптимизам, убеден дека на чело на тимот е човек создаден за трофеи. Мбапе не го криеше задоволството од соработката со познатиот португалски стручњак. „Исклучително е позитивно да имаме тренер како Мурињо, кој совршено знае како да победува и кој ни ...
Нов играч на КК ТФТ Скопје е Григориј Ѓорѓевиќ, еден од најголемите македонски кошаркарски таленти! Младиот репрезентативец на неодамнешното Европско првенство до 18 години имаше просек од 13.4 поени, 4.7 скокови и 6.4 асистенции, што воедно беше и трет најдобар асистент на целото првенство. Ѓорѓевиќ дополнително го потврди својот квалитет и на М18 „фајнал-форот“, каде што беше прогласен за МВП на финалниот турнир за екипата на КК Вардар. Во ...
За само два дена, ПСЖ се договори за доаѓањето на двајца напаѓачи вредни повеќе од 100 милиони евра, пишува француски „Л’Екип“. Францускиот шампион прво постигна договор со Барселона за Феран Торес за нешто помалку од 50 милиони евра, а синоќа се договори и за трансферот на Мика Годтс од Ајакс за 55 милиони евра. Годтс треба да пристигне во Париз за време на викендот, а француските медиуми објавуваат дека дури и по неговото и доаѓањето на ...
После успешниот старт и високиот триумф над Башкими од 6-0 во првото коло, Силекс на првото гостување сезоната одигра само нерешено 1-1 против Шкендија Арачиново, на стадионот „Чаир“ во Скопје. Сега кратовскиот тим на домашен терен против Скопје, посакува втор триумф во оваа сезона во Првата лига. Само три бода се во мислите на фудбалерите од кратовскиот табор. Голманот на Силекс, Љупче Џеков очекува тимот да ја игра својата препознатлива ...
Одличен старт на сезоната имаше тимот на Тиквеш во ПМФЛ. Триумф над Арсими од 5-1, а потоа победа над Башкими со 0-5. Десет дадени голови, и само еден примен за цврсто прво место на табелата пред денешното 3. коло. Сега за кавадарчани престои нов предизвик во тимот на Шкендија Арачиново. Тиквеш посакува да ја продолжи победничката серија, да дојде до третата победа и да покаже дека оваа сезона има амбиции да се бори за горниот дел на ...
Преостанатиот дел од договорот од 12,5 милиони долари на починатиот кошаркар на Мемфис Гризлис, Брендон Кларк, ќе биде исплатен на неговото семејство, потврди извор од НБА. Новите информации се спротивни на претходните извештаи дека семејството на Кларк нема да добие никакви пари од последната година од неговиот договор. Според Кевин О’Конор, договорот на Кларк со Мемфис Гризлис бил целосно заштитен во случај на негова смрт, што значи дека на ...
Фудбалерите на Скопје во минатото коло го освоија првиот бод по враќањето во елитата откако ремизираа 1-1 против фаворитот Струга ТЛ. За тимот на Муарем Муарем продолжува „пеколниот“ распоред, па во третото коло ги очекува тешко гостување кај Силекс во Кратово. Сепак, составот од Автокоманда има план како да му се спротистави на Силекс и ќе се обиде да ги неутрализира силните страни на домаќинот. „Имаме план и се надеваме дека ќе го ...
Реал Мадрид и Шалке 04 утре ги очекува пријателски натпревар, преку кој и двата тима влегуваат во завршна фаза од подготовките за новата сезона. Секако, Реал Мадрид е фаворит, но тоа е пријателски натпревар на кој Шалке исто така ќе се обиде да се наметне. Токму Един Џеко е во центарот на вниманието пред мечот поради одговорот што го даде на прашање пред натпреварот против Реал Мадрид. На прашањето со кои играчи на Реал Мадрид би сакал да го ...
По освојувањето на првиот историски бод во ПМФЛ, Шкендија од Арачиново ќе се обиде да остане непоразена и на тешкото гостување во Кавадарци каде ги очекува дуелот против Тиквеш. Домаќините влегуваат во овој меч како најефикасен тим по првите две кола со дури 10 постигнати голови, максимален учинок и лидери на табелата. Офанзивниот играч за врска, Вилдан Керим, го почитува тимот од Кавадарци, но истакна дека арачиновци се максимално подготвени ...
Големо признание за најдобрата македонска судијка Ема Никочевиќ која доби доверба да го суди финалето на Европското првенство Б-дивизија за кадетки кое денеска од 17 часот се игра во Пјештани во Словачка. Во финалето на шампионатот кое ќе претставува битка за влез во А-дивизијата ќе се соочат Белгија и Шведска. Никочевиќ, за која ова е прво европско финале во кариерата, ќе биде од судиската тројка во финалето, заедно со Сузана Вујичиќ од Црна ...
Уругвајскиот фудбалер Лукас Тореира итно сака да го напушти Галатасарај и Истанбул. Тореира има многу проблеми на личен план, бидејќи човек опседнат со неговата сопруга му создава проблеми веќе некое време. Сопруга на Тореира е турската актерка Деврим Озкан, која е опседната од турски државјанин жител на Истанбул. Неодамна се појавија и видеа на кои се гледа како тој го напаѓа Тореира во трговски центар во Истанбул. Дотичниот човек беше ...
Шкендија во третата квалификациска рунда од Конференциската лига на УЕФА ги заврши годинашните настапи во Европа. Далеку полошо од минатата сезона кога „црвено-црните“ ја минаа и групната фаза од ова натпреварување, дочекаа пролет во Европа и играа во 1/16-финалето на Конференциската лига. Па, согласно тоа, тетовци оваа сезона минаа далеку полошо и на финансиски план во однос на минатата година. Шкендија годинава од Европа заработи точно ...