Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Шкендија и Брегалница играат без голови во првото полувреме од последниот натпревар од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига. На дуелот кој се игра на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, Шкендија има далеку повеќе можности за погодок но не успева да реализира. Одличен на голот на штипјани е Амир Јашар, кој ги спречи обидите на Криезиу, Тамба, Красниќи… Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето ...
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постојано се поврзува со заминување од Манчестер Сити. Реал Мадрид и Барселона најчесто се спомнуваа како негови можни дестинации, но сега постои можност тој да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен. Ерата на Хари Кејн во Баерн завршува. Договорот на англиската ѕвезда истекува на крајот од оваа сезона, иако постои можност соработката да продолжи барем уште една сезона. Сепак, во баварскиот тим веќе ...
Реал Мадрид на Жозе Мурињо изгледа моќно, а Шалке го почувствува тоа денес во пријателски натпревар во Гелзенкирхен, во кој „кралевите“ победија со 3-0. Секако, Реал не играше со полна пареа. И покрај тоа, лесно ја завршија работата во овој дуел. Веќе во шестата минута, Килијан Мбапе ја користи големата грешка на одбраната на домашниот тим и постигнува гол за 1-0. 🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨 بدأ عداد كيليان مبابي في الاهداف كيليان مبابي يسجل هدفه الاول مع ...
Шампионот Вардар го доживеа и вториот едноподруго пораз во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, овој пат на гостувањето од Струга ТЛ со 1-0. Стружани со далеку подобро издание во второто полувреме, дојдоа до водство во 61. минута кое го задржаа до крајот, но само благодарение на промашениот пенал на Давид Бабунски во 96. минута, не успевајќи на тој начин да му донесе барем бод на Вардар. А, Струга ТЛ поведе со голот на Христијан ...
Фудбалерите на Арсенал го освоија првиот трофеј во сезоната, оној во Комјунити Шилд. Шампионите на Премиерлигата го победија победникот на ФА Купот, Манчестер Сити, со убедливи 3-0. „Топчиите“ одиграа одлично во Кардиф, „граѓаните“ изгледаа збунети, без идеи, и не е изненадувачки што на крај епилогот е 3-0. Арсенал така стигна до 18-от Комјунити Шилд, прв од 2023 година. Рекордер е сè уште Манчестер Јунајтед (21 титула). Веќе по првото ...
Струга ТЛ сосема заслужено, со далеку подобро издание во второто полувреме, води со 1-0 против Вардар по 70 минути игра на дербито од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига. На дуелот кој се игра во Струга, домашните поведоа со голот на Христијан Малески во 61. минута од дуелот. Одлична акција по десната страна на стружани, а Малески ефектно погоди под гредата од голот на немоќниот Давор Талески. Крадењето авторски текстови е казниво ...
Струга ТЛ и Вардар играат без голови по првите 45 минути во дерби натпреварот од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига. Во главно низ полувреме без многу возбудувања, домашните беа поблиску до предност на натпреварот. Беше поништен гол на Радески во 38. минута поради офсајд позиција, а истиот играч само две минути подоцна ја имаше и најголемата шанса кога изби сам пред голот на Талески, но шутираше млако директно во добро поставениот ...
Во интервју за „Вог“, еден од најдобрите фудбалери во историјата Португалецот Кристијано Роналдо изјави дека е многу можно дека се наоѓа е во последната година од својата кариера, но дека пред тоа сака да остави наследство кое ќе се памети долго време. „Ова е веројатно мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство“, рече Роналдо. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња за првпат отворено проговори за тоа ...
Навивачите на Арсенал не можеа да замислат подобар почеток на сезоната со натпреварот против Манчестер Сити. Во меч со кој се означува стартот на сезоната во Англија, од Комјунити Шилд, Арсенал поведе по само 23 секунди игра. Луис-Скели „измами“ феноменална топка за Калафиори, кој лесно го совлада голманот на Манчестер Сити. pic.twitter.com/e2muD8YQNh — japanandkingys (@japanandkingys) August 16, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со ...
Пред Брегалница е тежок предизвик, најтешкиот во сезоната. Штипјани денеска гостуваат на тетовска Шкендија во 3. коло од ПМФЛ, во желбата да дојдат до изненадување против големиот фаворит. По триумфот над Арсими, самодовербата во екипата е на високо ниво, атмосферата исто така, во очекување на добар настап и добар резултат и од овој натпревар. „Очекувам тежок натпревар против екипа која има високи амбиции. Ќе дадеме максимум од првата до ...
Шпанија е актуелен светски шампион откако на неодамна завршениот Мундијал 2026 славеше по продолженијата со Аргентина. А, честа да го суди ова финале му припадна на словенечкиот судија Славко Винчиќ кој одлично ја заврши работата. Од самиот почеток, „гаучосите“ влегоа во финалето доста жестоко и покажаа дека повеќе се фокусираа на физичката пресметка со Шпанците отколку на желбата да го загрозат голот на противникот. По завршувањето на ...
Карим Бензема е подготвен да влезе во војна со раководството на Ал Хилал откако францускиот ветеран се почувстувва изневерен од клупските челници кои пред половина година го доведоа од Ал Итихад, а сега бараат начин да го раскинат неговиот договор. Бензема е една од првите светски ѕвезди што заедно со Кристијано Роналдо го прифати предизвикот да дојде во Саудиска Арабија и да помогне во популаризацијата на фудбалот во оваа земја. Токму поради ...
Црвена Звезда денеска и официјално го претстави Алберт Риера за нов шеф на стручниот штаб, откако управата на српскиот шампион го избра токму Шпанецот како идеален кандидат за нов тренер по оставката на Дејан Станковиќ. Риера бележеше одлични резултати со Цеље во словенечкиот шампионат, па иако пред неколку месец имаше кратка и неуспешна авантура во Бундес-лигата со Ајнтрахт, во таборот на Звезда се убедени дека овој стратег е идеален за ...
Џои Ферман е најновото засилување на Борусија Дортмунд откако германскиот гигант реши да ја активира клаузулата на договорот што овој 27-годишен фудбалер го има со својот клуб ПСВ Ајндховен. Холандскиот првак не сакаше да преговара за продажба на клучниот играч за врска, па Борусија беше принудена да ја плати целата клаузула од 21,5 милиони евра за да добие зелено светло да го доведе Ферман во своите редови. Џои Ферман ги мина последните три ...
Јувентус денеска ќе комплетира уште еден значаен рансфер, доведувајќи го во своите редови Јон Лукуми. Станува збор за колумбиски дефанзивец кој е добро запознаен со италијанската Калчо-лига ако се знае дека со успех ги бранеше боите на Болоња, од каде ќе се приклучи во таборот на „старата дама“. „Црно-белите“ бараа нов врвен дефанзивец и се насочија кон Лукуми, а долгите преговори конечно вродија со плод кога беше договорен „пакет“ од 20 ...
Интер го заврши трансферот на Џед Спенс од Тотенхем, па „нереоаѕурите“ сега целсоно се фокусирани на ангажман на ново засилување од Премиер-лигата, на „Џузепе Меаца“ да го доведат Куртис Џонс од Ливерпул. Поранешниот младински репрезентативец на Англија влезе во последната година од договорот на „Енфилд“, новиот тренер Ираола би сакал да го задржи, но бидејќи Џонс одбива нов договор управата е решена да го продаде за да го запре трендот на ...
Трансферот на Зион Сузуки во ПСЖ пропадна буквално во „пет до дванаесет“, но повеќе од јасно е дека јапонскиот голман нема да остане во Парма, која одлично ќе го наплати неговото заминување од „Енио Тардини“. Астон Вила би требало да биде новиот клуб на Сузуки откако актуелниот освојувач на Лигата на Европа испрати нова понуда што Парма ја прифати. Загарантираната сума е 30 милиони евра, со дополнителни пет милиони преку неколку клаузули, но ...
Екипата на ТФТ комплетираше уште еден домашен трансфер откако потпиша договор со Матеј Митревски, млад кошаркар од таборот на „црвено-црните“ кој ќе има можност да се проба и во елитното друштво. Откако вчера го официјализираше трансферот на младинскиот репрезентативец Ѓорѓевиќ, ТФТ денеска го објави и потписот со 19-годишниот Митревски. „Со задоволство го претставуваме Матеј Митревски, кој во ТФТ пристигнува од редовите на КК Вардар. Станува ...
Милан славеше на пријателскиот натпревар со Манчестер јунајтед со 4-2, меч што беше од посебно значење за Рубен Аморим ако се знае дека португалскиот стратег пред нецела година доби отказ од „црвените ѓаволи“. Аморим поставува нови стандарди во Милан и јасно стави до знаење дека очекува максимален ангажман, а меѓу оние кои ќе мора да се навикнат на новата ситуација е Рафаел Леао. Португалскиот крилен офанзивец воопшто не настапи против ...
Македонија ќе има моќен состав на стартот од новиот претквалификациски циклус со Австрија откако Олимпија Милано и официјално потврди дека Мозес Рајт на крајот од овој месец ќе дебитира за нашиот национален тим на мечот во Виена. Рајт доби пасош пред неколку месеци, но не настапи на последните дуели со Луксембург и со Ирска од претходниот преткваликациски циклус. Како што ЕКИПА веќе најави, Рајт дал ветување дека во август ќе биде достапен за ...
Актуелниот шампион Вардар доживеа голем удар минатиот викенд, откако го загуби дербито против Шкендија на Арената „Тодор Проески“. Овој пораз, зачинет и со претходните порази на европските натпревари на домашен терен, го чинеше отказ шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани. Аргентинскиот стратег си замина, а тимот на натпреварот со Струга Трим Лум ќе го предводи сега неговиот асистент Матија Мирков, затоа што клубот досега не именуваше нов ...
По завршувањето на европската авантура, фудбалерите на Шкендија целосно се фокусираат на домашните обврски. По двете победи на првите два меча и импресивна гол-разлика од 5:0, единствена цел на тимот е враќање на шампионската круна. Бразилскиот играч од средниот ред, Рафаел Фреитас, верува дека Шкендија мора да го задржи високото ниво на игра од европските сцени и во домашниот шампионат. „Без никакво сомневање, имаме квалитет да го одржиме ...
Ханси Флик ќе добие уште едно значајно засилување во Барселона откако Жоао Кансело направи значаен чекор до враќање назад на „Камп Ноу“. Португалецот одлично се снајде во тактичките замисли на Флик во вториот дел од ланската сезона во кој беше позајмен од Ал Хилал, но клубот од Саудиска Арабија бараше 30 милиони евра за откуп, сума што Барса одбиваше да ја плати. Ал Хилал во меѓувреме се соочи со друг проблем, преголем број на странски ...
Струга ТЛ попладнево ќе го пречека Вардар во дербито на третото коло на ПМФЛ, меч на кој поранешниот првак ќе се обиде да ја продлабочи кризата на актуелниот шампион. Стружани имаат четири бода по првите две рунди (победа над Шкендија Арачиново, реми со Скопје), но нема сомнеж дека дербито со најтрофејниот клуб во Македонија е мотив плус за сите во таборот на Струга ТЛ. „Се надевам дека ќе биде квалитетен, интересен меч, вистинско дерби полно ...
Партизан утрово оицијализираше уште еден трансфер откако „црно-белите“ од Белград потпишаа договор со порториканскиот репрезентативец Итан Томпсон. Поранешниот првак на АБА-лигата ги имаше договорено условите со овој одличен шутер, но се чекаше тој да добие раскин на договорот со Индијана пејсерс, тим чиј дрес со успех го носеше во вториот дел од ланската сезона. Штом и тој услов беше исполнет, Томпсон го стави својот потпис на договорот со ...
Интер Мајами претрпе убедлив пораз оа Нешвил со 4-1, меч што ќе се памети и како прв во кој Лео Меси два пати ја погодил стативата од противничкиот гол – за само две секунди. Победникот беше решен во 90. минута кога аргентинскиот генијалец се најде во добра ситуација, шутираше силно, но топката заврши во левиот дирек. Таа се одби повторно до Меси, кој шутираше од прва, овојпат во десната статива… Интер Мајами по овој пораз сега се наоѓа на ...
Кадетската репрезентација на Хрватска се закити со златниот медал на Европското првенство – Б дивизија што се одржуваше во Македонија. Хрватите покажаа најмногу на шампионатот, сите натпревари до финалето ги добија со над 20 поени разлика, но во мечот за златото неочекувано налетаа на силен отпор од Исланд, ривалот што го победија убедливо во групната фаза во Гевгелија. Финалето сепак беше сосема поинаква приказна, Исланѓание изненадија со ...
‘ПСЖ успеа да комплетира уште еден трансфер откако доцна синоќа беше официјализиран договорот со Мика Готс, белгискиот 21-годишен сперталент кој доаѓа од редовите на Ајакс. Офанзивниот фудбалер беше високо на листата со желби на Луис Енрике, а управата на ПСЖ најде заеднички јазик со холандскиот гигант, на крајот плаќајќи почетни 45 милиони евра, плус уште потенцијални десет милиони поврзани со лесно остварливиклаузули. Личните услови беа ...
Ракометарите на Охрид втора година по ред излегуваат како победници од Струшкиот турнир, откако во вечерашното финале славеа над Вардар со минимални 31-30. Очекувано, дуелот на двете врвни екипи мина во квалитетен и неизвесен ракомет, во завршницата сепак поумешни беа охриѓани кои го одбранија ланскиот трофеј освоен во соседниот град. Охрид беше подобар противник во првото полувреме во ке избраниците на Ројевиќ имаа контрола над резултатот, ...
Стартот на новата сезона во турското првенство е крајно непредвидлив, Галатасарај и Трабзон ремизираа во првото коло, додека Фенербахче на самиот почеток ги разочара своите фанови губејќи со 2-1 на гостувањето против Генчлербирлиги. Кога Талиска поведе во раната фаза од мечот се чинеше дека фаворитот рутински ќе ја одработи задачата, но како што одминуваше времето така Фенербахче го намалуваше темпото. Казната стигна со два гола, еден во ...