Реал Мадрид го заврши контролниот натпревар против Шалке со убедлива победа од 3–0, но главна тема на разговор по натпреварот беше Жозе Мурињо. Тренерот на Реал се појави со голема модринка под десното око, што не остана незабележано. По натпреварот, Мурињо се сретна со тренерот на Шалке, Мирон Муслиќ, и двајцата позираа за фотографија. Муслиќ му подари на португалскиот тренер дрес од Шалке со натписот „Special One“ (Посебниот), неговиот ...

Шкотската фудбалска асоцијација ја загуби довербата во претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и нема да го поддржи неговиот реизбор на почетокот на 2027 година, потврди извршниот директор на асоцијацијата, Иан Максвел. Инфантино се најде под зголемен притисок поради идејата за формирање нова компанија која би управувала со комерцијалните права и продажбата на билети за сите натпреварувања на ФИФА, вклучително и Светското првенство. Планот ...

Двократниот европски шампион Вардар стигна до премиерната победа во новото натпреварување на Балканот, Регионалната лига откако денеска во меч кој се играше во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид славеше над Војводина со 36-30. Откако гостите од Србија беа во егал на стартот на мечот, вардарци во последните десет минути од првиот дел заиграа подобро, па сето тоа доведе на пауза меѓу двете полувремиња да заминат со позитива од пет гола 20-15. Во ...

Српскиот кошаркар Никола Калиниќ одлучи да ја заврши кариерата. Веста дека 34-годишниот кошаркар се повлекува од играчката кариера дојде како гром од ведро небо. „Луѓе, ја завршувам кариерата. Станувам помошник-тренер во Звезда. Поради животните околности, сакам да бидам блиску до Белград. Ви благодарам на сите што бевте дел од оваа луда авантура“, напиша Калиниќ на социјалните мрежи. Калиниќ ги мина изминатите две сезони во Црвена ѕвезда, ...

Аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани веќе не е шеф на стручниот штаб на Вардар. Неговата епизода на клупата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб заврши неславно, по раната елиминација во европските квалификации и поразот во големото дерби против Шкендија. По прекинот на соработката, Фабијани се огласи во јавноста преку емотивно писмо. Во него тој изрази огромна благодарност до своите соработници и порача дека е горд што имал можност ...

Ракометната федерација на Македонија ќе има свој претставник на претстојните Медитерански игри, кои ќе се одржат во Италија во периодот од 20 август до 3 септември. Македонија ќе настапи со женска младинска селекција, составена од комбинација на младинки и кадетки, односно ракометарки од генерациите У18 и У20. Поради краткиот временски период за формирање на составот, селекцијата беше комплетирана во најбрз можен рок, со репрезентативки кои ...

Челси постави изненадувачки висока цена за својот португалски репрезентативец Педро Нето. Лондонскиот клуб, наводно, бара дури 100 милиони фунти за 26-годишното крило, кое се најде на радарот на саудискиот Ал-Хилал. Според информациите на „Би-Би-Си“, „Дејли Мејл“ и новинарот Бен Џејкобс, Нето веќе ги договорил личните услови со Ал-Хилал, но саудискиот клуб сè уште нема испратено официјална понуда до Челси. Преговорите меѓу двата клуба веќе ...

Фудбалската репрезентација на Шкотска има нов селектор. Фудбалската асоцијација на Шкотска официјално го потврди назначувањето на 39-годишниот Белгиец Себастијан Поконоли на функцијата селектор на машката национална репрезентација. Поконоли потпиша договор на две години и ќе ја предводи Шкотска во претстојното издание на Лигата на нации. Тој на селекторската позиција го наследува Стив Кларк, кој си замина по настапот на Шкотска на Светското ...

Микел Артета побара Премиер лигата да ги промени правилата во врска со бројот на фудбалери кои можат да бидат во записникот за натпреварите. Менаџерот на Арсенал беше разочаран што мораше да остави неколку играчи надвор од составот за дуелот против Манчестер Сити во „Камјунити Шилд“, поради ограничувањето на бројот на резервни фудбалери. Во моментов, тимовите во Премиер лигата можат да имаат 20 играчи во записникот – 11 стартери и девет ...

Кошаркарската НБА куќа на славните е побогата за нови осум имиња. Во 2026 година, кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд запиша нови осум нови имиња кои се дел од златната историја на овој спорт. Се работи за кошаркарот Амари Стадемаер, кошаркарките Кандис Паркер, Елена Деле Дон, Шамик Холдскло, тренерите Док Риверс, Марк Фју, Мајк Д’Антони и судијата Џои Крофорд. Кандис, сестра на поранешниот играч на Макаби, а сега генерален менаџер ...

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Мартин Кион, беше изненаден од реакцијата на менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, по убедливиот пораз од 3:0 од „топџиите“ во ФА Комјунити Шилд. Кеон смета дека италијанскиот стратег требало да покаже поголема реакција по тешкиот пораз, особено со оглед на тоа што натпреварот беше негово прво официјално појавување на клупата на Сити. „Мареска ќе се засрами поради ова. Мислам, ова му е прв пат да се ...

Бразилскиот гигант Сао Паоло влезе во трката за потписот на Џејми Варди, откако на искусниот англиски напаѓач му понуди ангажман како слободен агент. Варди, кој има 39 години, моментално е без клуб по заминувањето од Кремонезе. Во својата единствена сезона во Серија А постигна седум гола на 29 натпревари, но не успеа да му помогне на тимот да го избегне испаѓањето во Серија Б. Сао Паоло сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе ...

Астон Вила е на добар пат да го потпише јапонскиот голман Зајон Сузуки од Парма. Премиерлигашот е во напредни преговори, откако пропадна трансферот на Сузуки во ПСЖ претходно. Иако беше пред премин во европскиот првак, сепак, тоа нема да се случи. Така Сузуки сега идната сезона ќе треба да го чува голот на тимот од Бирмингем. Овој трансфер го отвора јасно прашањето околу иднината на Емилијано Мартинез. Аргентинскиот чувар на мрежата се ...

Јувентус официјално го потврди трансферот на колумбискиот репрезентативец Џон Лукуми, кој потпиша четиригодишен договор со торинскиот гигант. Дваесет и осумгодишниот дефанзивец во Јувентус пристигнува за 18 милиони евра, а сумата може да достигне 20 милиони евра со вклучените бонуси. Лукуми ќе заработува три милиони евра нето по сезона. Колумбиецот во текот на летниот преоден рок имаше понуди од неколку клубови, меѓу кои Нотингем Форест, ...

Родри е на чекор до трансфер во Барселона, откако Манчестер Сити му даде дозвола да отпатува во Каталонија и да ги заврши последните формалности околу преселбата на „Камп Ноу“. Двата клуба постигнале договор за трансферот, откако Барселона претходно испратила две понуди кои биле одбиени од англискиот клуб. Според договореното, каталонците ќе платат фиксни 60 милиони евра, а сумата преку бонуси може да достигне околу 76 милиони евра. Шпанскиот ...

Македонија доби високи оценки за организацијата на Европското првенство за кошаркари до 16 години – Дивизија Б, кое се одржа во Скопје и Гевгелија. Кошаркарската федерација на Македонија беше домаќин на шампионатот, на кој настапија младите репрезентации од повеќе европски земји. Покрај натпреварите на теренот, првенството беше и можност Македонија уште еднаш да го покаже својот организациски потенцијал за големи меѓународни спортски настани. ...

Манчестер Сити доживеа тежок пораз на почетокот од новата сезона од Арсенал (3-0) во борбата за трофејот „Комјунити Шилд“. Па, веднаш по натпреварот, новиот менаџер на „граѓаните“, Енцо Мареска им кажал на челниците на клубот од Етихад кој играч мора да му го доведат до крајот на летото, откако не дебитираше на клупата на тимот согласно посакувањата. Поразот на Сити покажа дека нема да му биде лесно на Мареска да го наследи Гвардиола бидејќи ...

Пред стартот на новата сезона во македонскиот шампионат, екипата на Е. Пелистер 2 го промовираше талентираниот Марин Крстевски како свој нов играч. Крстевски, кој е младински репрезентативец на Македонија, игра на позиција среден бек во Битола се сели од редовите на Алкалоид и Мулти Есенс каде настапуваше изминативе години. Крстевски ќе ја засили конкуренцијата во тимот за предизвиците низ новото првенство. Крадењето авторски текстови е ...

Нејмар стана првиот играч во Бразил кој мораше да го напушти теренот на една минута поради новото правило против одолговлекување на играта. Во 23. коло од бразилското првенство, Сантос го победи Васко де Гама на гости со 3-0 и се извлече од зоната за испаѓање. Головите ги постигнаа Габигол, Вилијан Арао и Луан Перез, а Нејмар учествуваше со асистенции за два гола. Сепак, ситуацијата во која Нејмар мораше да го напушти теренот привлече ...

Неславен старт на сезоната за Џенаро Гатузо на клупата на Лацио кој неочекувано загуби со 0-2 од второлигашот Мантова на „Олимпико“ во Рим, и е елиминиран уште во првото коло од Купот на Италија. Гатузо, по мечот, ја презеде целосната одговорност за испаѓањето извинувајќи им се на навивачите на клубот. Но, ова е само продолжување на низата неуспеси на Гатузо кој без никакво успех во сезоната 2024/25 го напушти сплитски Хајдук, а потоа доживеа ...

Шкендија е осамен лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига со три победи во исто толку дуели на стартот од сезоната, по вчерашната убедлива победа од 4-1 против Брегалница. Тренерот на „црвено-црните“, Артим Положани сосема очекувано е задоволен од изданието на своите избраници, посебно и поради фактот што дуелот со штипјани доаѓа само после два дена од исцрпувачката пресметка со Хибернијан во Конференциската лига на УЕФА. ...

Грчкиот фудбалер Јанис Константелијас ја продолжува својата кариера во Борусија Дортмунд. Неговиот трансфер од солунскиот ПАОК беше договорен, што предизвика бурна реакција од навивачите кои се обидоа да го спречат. Откако неуспешно се обидоа да го контактираат претседателот на клубот Иван Савидис, тие се одлучиле за порадикален потег. Константелијас отпатува во Дортмунд на медицински преглед, но таму го пречека изненадување. Група навивачи ...

Реал Мадрид славеше со убедливи 3-0 вчера на пријателскиот натпревар против Шалке 04. И, иако поголемиот дел од натпреварот се играше во пријателски тон, сега се појави видео кое покажува срамен потег на Килијан Мбапе. Имено, во еден момент, Мбапе, по загубен дуел, му се приближи на Никола Катиќ, и најпрво по меѓусебно вербално префрлање, потоа следи кукавички потег на Французинот. Мбапе одлучи подмолно да го удри репрезентативецот на Босна и ...

Белгиeцот Себастијан Покоњоли е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Шкотска, објави официјално Фудбалската асоцијација на Шкотска. Во соопштението се наведува дека Покоњоли (39) потпишал двегодишен договор и ќе ја предводи Шкотска во претстојниот циклус од Лигата на нации, кој стартува веќе следниот месец, и тоа во групата со Македонија, во која се уште и Швајцарија и Словенија. Белгискиот тренер го тренираше Монако од октомври ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен претрпеа шокантен пораз во финалето на францускиот Суперкуп против Ленс. Ленс го победи Пари Сен Жермен со 1-0 дома и го освои францускиот Суперкуп за првпат во историјата. Второпласираниот тим од минатата сезона влезе во овој дуел како сериозен аутсајдер, но успеа да поведе во 32. минута преку Тован. Сепак, само седум минути подоцна следеше студен туш, бидејќи Антонио доби директен црвен картон. Но, и покрај ...

Фудбалерите на Арсенал го освоија трофејот Комјунити Шилд, откако го победија Манчестер Сити со убедливи 3-0 во Кардиф. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека уживал во играта на својот тим додавајќи дека не очекувал така лесна победа. „Им кажав на играчите дека уживав гледајќи ги. Покажаа голема желба и вистинска енергија и искрено – не очекував ваков резултат од објективни причини, бидејќи сè уште сме во фаза на подготовка, со многу ...

Пелистер не успеа да ја оправда фаворитската улога на стартот од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, само ремизирајќи (1-1) пред своите навивачи со дебитантот во второлигашката конкуренција, екипата на Камјани. Битолчани се спасија и од пораз со гол од пенал во последните минути од натпреварот. Стрелец на голот за гостите од Камењане за водство од 0-1 беше Трпески во 31. минута од средбата. И се до крајот на дуелот, ...

Барселона направи огромен чекор кон реализација на најголемиот трансфер ова лето. Како што ексклузивно објави Фабрицио Романо, Барселона и Родри постигнаа договор за трансферот на шпанскиот играч од средниот ред од Манчестер Сити. Романо објави дека договорот е постигнат и дека остануваат последните детали да се завршат. И Манчестер Сити даде зелено светло на најновата понуда на Барселона, по што трансферот доби конечна потврда. Родри на тој ...

Низ супер-интересно второ полувреме во кое беа постигнати дури пет гола, Шкендија славеше против Брегалница со 4-1 во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига, и со третата победа сезонава го запоседна осамена врвот на табелата во елитното друштво. По едно мирно прво полувреме без голови, Шкендија во отворен фудбал на двете страни сосема заслужено дојде до триумфот и трите бода на дуелот кој се играше наа тренинг центарот „Петар ...

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија го оцени како висококвалитетно судењето на дерби натпреварот од третото коло во Првата МФЛ, меѓу екипите на Струга Трим Лум и Вардар. Дуелот заврши со победа на Струга ТЛ од 1-0, благодарение на голот на Малески во 61.минута од средбата, а Вардар пропушти можност да го избегне поразот во 96.минута кога Давид Бабунски не погоди од оправдано досуден пенал за гостите. „Во една од ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
48%
1015
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.57
67%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
57%
1018
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1019
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.99
64%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
85%
1019
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
2.06
46%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 28ᴼ
4.63
60%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
0.51
54%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
83%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
43%
1016
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
65%
1013
Currency

61.525

Currency

52.71

Currency

71.9099

Currency

37.8479

Currency

38.0425

Currency

65.5891

Currency

7.8436

Currency

0.62323

Currency

0.33066

Currency

0.52382

Currency

1.09618

Currency

0.55097

Сребро

2226.13

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Злато

149205.18

Родиум

282926.57

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

13.57

Паладиум

42599.74

Платина

59800.39

Алуминиум

3.24

Калај

55.96