Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, а на неа се очекува да се разговара за минималната плата, порастот на цените на основните прехранбени производи и за потрошувачката кошница. Од Сојузот на синдикати на Македонија вчера најавија дека ќе го покренат прашањето за зголемување на минималната плата на 500 евра и за зголемување на сите останати плати за 6.000 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на ...
Кредитната агенција „Стандард и пурс“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтин на земјата ББ- со стабилен изглед, што воедно е потврда и за политиките на Владата што ги води, а претставува и значаен сигнал за инвеститорите при носење на нивните одлуки за инвестирање. Во извештајот Кредитната агенција посочува дека растот на економијата се забрзува и останува приоритет на Владата, велат од Министерство за финансии. Во извештајот се ...
Не се менува цената на топлинската енергија – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија. РКЕ донесе одлука со која продолжуваат да важат актуелните цени за топлинска енергија се до донесување на нова одлука. – РКЕ изврши длабинска анализа на доставените податоци за работата на компаниите кои вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во ...
На 29 јули 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено каматните стапки да бидат непроменети, односно каматната стапка на ...
Во август, според астролозите, ве очекува силна космичка поддршка, особено во деновите кога планетите се порамнуваат во моќни аспекти. Ако сакате да донесувате важни одлуки, да иницирате промени или да ги продлабочите односите, еве ги клучните датуми: 1 август 1 август носи предизвикувачки, но стимулирачки аспект помеѓу Венера, Сатурн и Нептун. Тоа е идеален момент за зајакнување на емоционалните врски, започнување поздрави навики и подлабоко ...
Стручњаците за кибербезбедност во Велика Британија издадоа итно предупредување до сопствениците на „Андроид“ (Android) за апликациите коишто „ги шпионираат“ своите корисници. Во нова истрага на британската компанија за безбеден избор и потрошувачка – „Вич“ (Which?) и компанијата за интернет-безбедност „Хексиосек“ (Hexiosec), 20 популарни апликации од секторите на социјалните мрежи, интернет-купувањето, фитнесот и паметниот дом беа ставени под ...
На работната средба на министерката за енергетика, Сања Божиновска, со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се разговараше за тековните енергетски проекти и нивните финансиски импликации врз компаниите и економијата. Во фокусот на разговорот беа влијанијата на новите регулативи за декарбонизација и зелената енергетска транзиција на Европската Унија, кои носат значајни предизвици, но и можности за развој на обновливите извори на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека компромисот постигнат во царинскиот спор меѓу Европската Унија и САД сериозно ќе влијае на германската економија ориентирана кон извоз. – Германската економија ќе претрпи значителна штета од овие царини, изјави Мерц по состанокот на Кабинетот за безбедност во Берлин. Сепак, рече тој, ефектите нема да бидат ограничени само на Германија и Европа. „Ќе ги видиме последиците од оваа трговска политика ...
Падот на еврото се забрза во понеделник, ставајќи ја валутата на пат кон најголемиот еднодневен пад во однос на доларот од мај, бидејќи инвеститорите се обложуваат дека трговскиот договор меѓу ЕУ и САД ќе ѝ наштети на европската економија. Единствената валута падна за дури 1 процент во однос на доларот на 1,162 долари во попладневната трговија и за дури 0,9 проценти во однос на фунтата. Според договорот постигнат во неделата, поголемиот дел од ...
Соопштение на РКЕ по новите цена на нафтените деривати: Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32 % во однос на одлуката од 21.7.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во ...
Овен Понеделник ве става во центарот на неочекувани можности. Енергијата на Марс во Девица ве поканува да бидете поорганизирани во вашите постапки. Стар познаник може да ви понуди интересно партнерство. Вашата природна храброст е комбинирана со нова доза на прецизност – комбинација што може да ви отвори врати за кои не сте ни сонувале. Почетокот на неделата носи длабоко размислување за вашите лични вредности. Ретроградниот Меркур во Лав ве ...
На најголемите светски берзи, индексите достигнаа рекордни нивоа минатата недела, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од добрите вести за трговските преговори меѓу САД и нивните партнери, како и од солидните резултати на компаниите. На Волстрит, индустрискиот просек Дау Џонс порасна за 1,3 проценти на 44.901 поен минатата недела, додека S&P 500 порасна за 1,5 проценти на 6.388 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1 процент на 21.108 поени. ...
Трите најголеми банки во земјава наскоро ќе објават нови тарифници со намалени надоместоци за извршување платни услуги − најави гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за емисијата „Трилинг“. Оваа позитивна најава следи по интензивниот дијалог што Народната банка го води со банкарскиот сектор за унапредување на пристапот на граѓаните до поефикасни и до подостапни услуги. Како дел од заложбите за зголемување на ефикасноста ...
Финансиски експерти од Центарот за советување за финансискиот сектор (ФИНСАК) при Светската банка остварија средба со гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и со надлежните тимови на Народната банка. На средбата се разговараше за досегашните и за идните активности во рамките на техничката поддршка којашто Центарот за советување за финансискиот сектор веќе подолг временски период ѝ ја дава на Народната банка. Во фокусот на оваа ...
Во Скопје денеска ќе бидат потпишани договори за проекти финансирани преку инвестициските програми на Министерството за животна средина и просторно планирање за канализациска мрежа, водовод и програма за води со општините. Овој настан, како што наведува Министерството, е значаен чекор кон подобрување на комуналната инфраструктура во државата. На потпишувањето е предвидено да има и изјава од министерот за животна средина и просторно планирање, ...
Договорот би го отсликал веќе постигнатото решение со Јапонија и би ја спречил заканата на Трамп да ги зголеми царините за 30 проценти. ЕУ и САД се приближуваат кон трговски договор што би вовел царини од 15 проценти за европскиот увоз, сличен на договорот што Доналд Трамп го склучи со Јапонија неделава. Брисел би можел да се согласи на таканаречените реципрочни давачки за да ја избегне заканата на американскиот претседател да ги зголеми на 30 ...
Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и ...
Овен Понеделникот ве исполнува со неверојатна енергија и решителност да ги надминете сите предизвици. Ве очекува важен состанок кој би можел да го промени правецот на вашиот професионален пат. Не двоумете се да ги изразите вашите смели идеи – денес тие ќе бидат примени со ентузијазам. Бик Почетокот на неделата ви носи финансиски можности што не треба да ги пропуштите. Вашата интуиција е засилена и токму сега е време да ја донесете таа важна ...
Меѓу нас има луѓе кои се чини дека имаат вроден талент за привлекување пари. Понекогаш овие луѓе се придружени од деловна среќа, понекогаш имаат талент за препознавање на вистинските можности, а некои од нив едноставно знаат како да штедат и инвестираат. Според астрологијата, некои хороскопски знаци имаат поголема веројатност да имаат среќа со парите од другите. Tрите хороскопски знаци кои имаат најсилна енергија за привлекување изобилство и ...
Втората половина од јули носи длабоки промени за петте хороскопски знаци Рак, Јарец, Стрелец, Риби и Девица. Наместо уште една серија топли денови, овој период станува пресвртница за нив, момент во кој илузиите исчезнуваат, а вистината конечно го зазема своето место. Промените нема да дојдат тивко. Тоа ќе биде период кога маските спонтано ќе паднат, а она што долго време го туркавме под тепих излегува на виделина. Петте знаци ќе се соочат со ...
ОВЕН Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и приоѓате на личност што ви се допаѓа долго време. Обидете се да го задоволите вашиот партнер, ако сте во врска. Не ви е лесно да направите сè сами. Потребна ви е помош од други луѓе на работа. Преосетливи сте и сте малку напнати. БИК Потребно е повеќе да се опуштите оваа недела. Вие сте комуникативни и склони кон флерт. Можете да направите многу работи и лесно да остварите нови познанства. ...
Астрологијата открива што сезоната на Лав им носи на сите хороскопски знаци до 22 август 2025 година. Подгответе се, бидејќи доаѓа период полн со драма и страст! Од 22 јули до 22 август, Сонцето престојува во знакот на Лав. Овој пријателски Лав ќе донесе експресивност, театралност и потреба да блесне. Хороскопот вели дека не е ништо лошо. Понекогаш нè води срцето, ја наоѓаме нашата вистинска сила. Лавот е огнен знак кој сака да биде во центарот ...
Ако припаѓате на еден од овие знаци, пред вас е важен момент и време е да погледнете наназад за да можете појасно да зачекорите напред. Ретроградниот Сатурн ве повикува да застанете, да го слушнете шепотот на душата и да донесете исправни одлуки Овој период носи размислување, преиспитување на одлуките, односите и правецот во кој се движиме. Целта не е да се создаде нестабилност, туку да се осветли она што досега било скриено или потиснато. За ...
Технолошката компанија Мајкрософт издаде итна исправка за својот софтвер за уредување документи ШерПоинт (SharePoint) со цел да отстрани слабост што ја користеле хакери за напади врз претпријатија и американски федерални агенции. Мајкрософт вчера ги ажурираше упатствата за користење на SharePoint серверите од 2019 година, а инженерите моментално ги отстрануваат слабостите на постарата верзија на софтверот од 2016 година. Компанијата во саботата ...
Ротацијата на Земјата се забрзува, што предизвикува некои денови во јули и август да бидат пократки, според научниците. Станува збор за 1,3 до 1,6 милисекунди – промена којашто луѓето не ја чувствуваат. Имено, деновите 10 јули, 22 јули и 5 август оваа 2025 година, Земјата ротира малку побрзо. Истражувачите од Меѓународната служба за ротација на Земјата и референтни системи (ИЕРС) со седиште во Франкфурт, Германија, како и американскиот Институт ...
Министерството за финансии изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената прва Грѓанска обврзница. На сметките на 1448 граѓани, кои на аукцијата објавена во 2023 година запишаа граѓански обврзници се исплатени 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра). Првата граѓанска обврзница беше издадена на 13 ...
Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, институциите и стопанството, и се во согласност со макроекономските движења и реализацијата во првата половина на годината. Овие измени не го менуваат суштински нашиот пристап, туку го подобруваат, оптимизираат и прилагодуваат Буџетот кон приоритетите – сервисирање на клучните обврски, подобра распределба на расходите и поефикасно ...
Девизните резерви се во сигурни раце. Моментно изнесуваат 4,6 – 4,7 милијарди евра што е сосема комотна позиција за земјата, а покриваат околу 4,5-месечни вредности на увозот додека светскиот стандард што се препорачува е 3- 3,5, рече денеска гуврнереот на Народната банка (НБ) Трајко Славески. Како што истакна Славески на денешната отворена работна средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и со претставници на раководството на ...
Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација, кон нивото што се постигнува во еврозоната. Имавме средба со премиерот, му кажавме дека може да се најдеме во ситуација нашите цели да се конфликтни зашто секоја влада сака да го забрза растот, но во последните 4 – 5 години голем број политичари во светот ги загубија изборите токму поради незадоволството на граѓаните од високата инфлација, како што беше ...
Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година е на дневен ред како прва точка на утрешната пленарна 62. седница на Собранието, информира на денешниот брифинг со новинарите претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Расправата по дополнетиот ребаланс може да трае пет дена. Седницата, како што се наведува на собраниската веб страница, треба да почне во 11 часот. На дневен ред на оваа седница се и Предлогот на ...