Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Добивај вести на Viber Црна Гора е убедливо најдобра во регионот во однос на квалитетот на услугите. Тајните купувачи ѝ доделија рекордни 86,7 проценти. Црна Гора постигна најдобар резултат во регионот во овогодинешното истражување за квалитетот на услугата „Регионална услуга - GUEST“, кое го спроведе хрватската агенција Хераклеа во соработка со партнерски агенции за тајно купување. Со резултат од 86,7 проценти, Црна Гора го освои првото ...
Добивај вести на Viber Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски вели дека Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе како што додава имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. „Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку ...
Добивај вести на Viber Во соседна Албанија има скоро 40.000 регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Ова се податоци од полицијата. До 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните на Косово со 7.302 дозволи, што претставува околу 19 отсто од вкупните активни ...
Добивај вести на Viber Српскиот претседател Александар Вучиќ беше во посета на Нова Варош, каде жена од публиката јавно побара одговор зошто не добила работа за која, како што тврди, ѝ било ветено дека ќе ја добие доколку собере одреден број гласови на изборите во 2020 година. Таа му се обрати на Вучиќ, но и на вршителот на должноста директор на „Србијашуми“, Крсто Јањушевиќ, и на претседателот на општина Нова Варош, Бранко Бјелиќ. Жената ...
Добивај вести на Viber Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вели дека депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна. Затоа, сакам најпрво да ги кажеме фактите. Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“. Истата постои веќе 30 години. Без разлика на тоа, секоја депонија која претставува еколошки проблем ...
Добивај вести на Viber Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе чекаат до 1 септември кога во Брисел е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија од чиј исход ќе зависи дали ќе преминат кон протести. Тие денеска во Скопје одржаа состанок по којшто изјавија дека не сакаат да протестираат, но дека ако бидат приморени ќе го преземат овој чекор со тоа што протестите нема да прекинат како минатиот пат, туку ќе ...
Добивај вести на Viber Светската здравствена организација (СЗО) во вторник го бранеше процесот базиран на наука за одредување на распоредите за вакцинација против деца. Тоа е одговор на извршната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на бројот на препорачани вакцини во Соединетите Американски Држави. Наредбата на Трамп бара распоред од 11 дози, а СЗО нагласува дека распоредите за вакцинација се базираат на ...
Добивај вести на Viber Филип Пасху, кој само 10 дена беше директор на „Градски паркинг - Скопје“ пред да биде разрешен од тогашната градоначалничка Данела Арсовска, е избран за македонски амбасадор во Атина, според информациите на Слободен печат. Пасху на 31 декември 2021 година беше назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ каде што претходно веќе работел како заменик-директор и претседател на Управниот одбор. Тогаш од Град Скопје ...
Добивај вести на Viber Осум пожари на отворен простор низ државата се евидентирани денеска до 13 часот. Од овие осум - еден е активен, друг е под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот пожар е на територија на општина Македонски Брод во место викано „Видуш“, близу село Драгов Дол. Горат ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот на градската ...
Добивај вести на Viber Во Македонија во јуни годинава престојувале 113.436 туристи, кои оствариле вкупно 221.608 ноќевања, покажуваат најновите податоци за туристичкиот сектор. Странските гости имале убедливо најголем удел во вкупниот број туристи. Од сите регистрирани туристи во јуни, 77,2 отсто биле странски, додека 22,8 отсто биле домашни. Слична е состојбата и кај ноќевањата. Странските туристи учествувале со 70,8 отсто од вкупниот број ...
Добивај вести на Viber Од оваа институција објавуваат дека непријавените предмети се пронајдени во товарно возило и дека освен иглите за тетовирање отркирени се и мастило за тетовирање, маст и помошни алатки. - Царински службеници на влез на граничниот премин Блато запленија над три илјади парчиња игли и друга опрема за тетовирање, којашто возач на товарно моторно возило се обидел нелегално да ја внесе во државава. Но, овој пат не ...
Добивај вести на Viber Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени-прва класа за 40 денари, прва/втора и за индустриски капацитети 30 денари и шкарт како класа 15 денари. Ова во изјава за медиумите го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица и откако производителите на пиперка ...
Добивај вести на Viber Кривичен суд во Дамаск денеска, во отсуство, го осуди поранешниот сириски претседател Башар ал Асад на смрт, откако го прогласи за виновен за убиство со умисла на повеќе лица, меѓу кои и деца, тортура, произволно лишување од слобода и злосторства против човештвото. Судијата Ал Аријан од Четвртиот кривичен суд во Дамаск изјави дека врз основа на сослушаните сведочења е утврдено оти Асад ги користел сите државни ...
Добивај вести на Viber Сметаме дека ваквите ситуации се недозволиви и не смеат да се повторуваат во ФЗОМ, особено кога станува збор за здравственото осигурување полициските службеници. Во текот на денот НСП ќе подготви и достави допис до Министерот за внатрешни работи, од кого ќе побараме итна интервенција во ФЗОМ, со цел проблемот во најкраток можен рок да биде надминат и да се обезбеди трајно решение за да не се повторува во иднина. ...
Добивај вести на Viber МВР извести дека Велешанец е уапсен поради сомение за силување на млада девојка од Охрид во ноќен клуб во Охрид. Од полицијата информираат дека К.С. бил приведен вчера во 18:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Охрид. „Претходно истиот ден, во 14:35 часот, 21-годишна девојка од Шведска пријавила во СВР Битола дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, осомничениот извршил обљуба врз неа“, ...
Добивај вести на Viber ов напад со дронови врз Москва во текот на ноќта меѓу 10 и 11 август доведе до привремени ограничувања во воздушниот сообраќај во руската престолнина, откако противвоздушната одбрана соборила најмалку 13 беспилотни летала кои се движеле кон главниот град, соопштија руските власти. Информацијата ја потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и Федералната агенција за воздушен сообраќај (Росавијација). Собјанин ...
Добивај вести на Viber Секоја голема промена започнува со еден чекор. Одлуката да започнеш да трчаш, да поставиш нова цел или едноставно да направиш нешто добро за себе може да биде почеток на патување кое ќе те промени. Токму таква можност носи Виз Ер Скопски маратон 2026, кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година, а пријавувањето е во полн ек. Сега е вистинскиот момент да се пријавите и да започнете со подготовките, бидејќи до трката ...
Добивај вести на Viber Trump Media & Technology, компанијата зад платформата Truth Social, објави загуба од 238 милиони долари во вториот квартал, најавувајќи дека ќе се откаже од некои нови деловни потфати и ќе се префокусира на социјалните медиуми. Компанијата изгуби 238 милиони долари во трите месеци до јуни, откако се прошири во немедиумски бизниси, вклучувајќи криптовалути, објави АП. Загубата беше повеќе од 10 пати поголема од ...
Добивај вести на Viber По три дена протести на земјоделците во Струмица за слабоплатениот откуп на црвената пиперка од 25 денари, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција на критиките од страна на СДСМ со тоа дека семејниот бизнис на поранешниот премиер Зоран Заев ја диктира цената. „Лицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки. Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу ...
Добивај вести на Viber Цената на златото повторно силно порасна на светските пазари и во текот на денешното тргување достигна 4.434,84 долари за унца, што е највисоко ниво од 5 јуни годинава. Според Ројтерс, по силниот утрински раст цената подоцна се повлекла на околу 4.365 долари за унца, додека американските фјучерси на златото се движеле околу 4.425 долари. Со денешниот скок златото ја надмина и зоната околу 4.380 долари, која во ...
Добивај вести на Viber Ако не добие обвинение, Артан Груби за десетина дена ќе излезе од домашен притвор во случајот „Лотарија“, а претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека побарал од поранешниот прв вицепремиер да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност за каква било злоупотреба на довербата. Ахмети нагласи дека бара вистинска и неселективна правда, надевајќи се дека Груби ќе биде ослободен од домашен притвор и дека ...
Добивај вести на Viber Народната банка на Република Северна Македонија ќе добие пристап до новата зголемена репо-линија ЕУРЕП на Евросистемот, преку која во случај на финансиски потреси ќе може да обезбеди ликвидност во евра до 50 милијарди евра. Пристапот ќе биде овозможен по завршувањето на техничкото приклучување кон системот. ЕЦБ претходно соопшти дека централните банки вклучени во ЕУРЕП ќе можат да повлекуваат средства од четвртиот ...
Добивај вести на Viber Сушата оваа година сериозно влијаеше на земјоделството низ цела Европа. Приносите се пониски во многу земји, а државите сè повеќе прибегнуваат кон итна помош за да ги обесштетат земјоделците. Проблемот е што ваквите суши стануваат сè почести, па затоа помошта што требаше да се користи за итни случаи се користи речиси секоја година. Поголемиот дел од парите одат за покривање на настанатите загуби, а многу помалку за ...
Добивај вести на Viber Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 20 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод - во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во кумановската населба Средорек каде што е запалено ѓубре. Пожар под контрола ...
Добивај вести на Viber Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава ...
Добивај вести на Viber Дете од 14 години управува четирицикл во Гостивар, 16-годишници се фатени со „мерцедеси“, „голфови“ и мопеди, а 17-годишник во Битола седнал зад волан без право да вози и удрил пешак кој бил тешко повреден. Ваквите случаи со месеци се појавуваат во полициските билтени, а собрани на едно место покажуваат загрижувачки тренд. Од 6 февруари до 9 август годинава, во официјалните соопштенија и дневни билтени на ...
Добивај вести на Viber Почна исплатата на регресот за годишен одмор – К-15, а работниците во приватниот сектор годинава можат да очекуваат повисок минимален износ. Според пресметките врз основа на просечните нето-плати, минималниот К-15 годинава благо надминува 19 илјади денари или поточно 19.116 денари. Зголемувањето на регресот е резултат на растот на просечната плата во земјава. Согласно со Колективниот договор за приватниот сектор, ...
Добивај вести на Viber Арлинда Хасани Синани, банкарски професионалец со над 20 години искуство во секторот е идната вицегувернерка во Народната Банка на Република Северна Македонија. Предлогот Хасани Синани да биде избрана за вицегувернерка е доставен до Собранието на Република Македонија и на него е потпишан актуелниот гувернер Трајко Славески. Согласно досегашните податоци, Хасани Синани доаѓа на местото на Фадил Бајрами, кој на ...
Добивај вести на Viber Летните горештини ја намалуваат продуктивноста на работниците. Ова е наведено во извештај на Меѓународната организација на трудот. Oбјаснуваат дека температурите над 24–26 степени се поврзани со намалена продуктивност. На 33–34 степени, работникот губи 50 проценти од својот работен капацитет. Изложеноста на прекумерни нивоа на топлина може да доведе до топлотен удар, понекогаш дури и со фатален исход. Работниците во ...
Добивај вести на Viber - Сторителите ќе бидат откриени затоа што е толку тешка кражбата така што не може повеќе од 20-30 луѓе во државата да ја направат – да се исече високонапонска струја, да се кренат 27-тонски транформатори, за тоа треба механизација. Така што горе-долу знаеме кои се луѓето што ова може да го направат, сега МВР истражува за точно да се открие кој го направил тоа. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт ...