Хејли Бибер уште еднаш докажа дека е модна икона, трансформирајќи ги обичните хеланки во софистициран изглед со еден едноставен, но впечатлив избор на обувки. Наместо нејзините препознатливи гломазни патики, оваа недела во Лос Анџелес, Бибер избра елегантни балетанки со еластични ремчиња. Овие балетанки, се модерна верзија на класичните балетски чевли. Направени од мекa црнa кожа и дополнети со еластични ремчиња, тие совршено се вклопија со ...

Доколку се мислевте дали белиот фустан е добар избор за во зима, одговорот го има Селена Гомез. Таа се врати на работа оваа недела откако ја освои публиката со гламурозен фустан во „Пепелашка-сина“ нијанса со потпис на Прада на Златните глобуси. Овојпат, таа избра две елегантни варијанти на мали бели фустани. Во понеделник, актерката беше забележана во Лос Анџелес за гостување во емисијата Jimmy Kimmel Live. При пристигнувањето, Гомез ...

Зимските студени денови честопати нè наведуваат на практичноста и удобноста на панталоните, но дали некогаш сте посакале да внесете малку повеќе живот и боја во вашата зимска гардероба? Во сивиот и монотон период од годината, шарените хулахопки се совршен начин да го подигнете вашиот стил и расположение. Овие впечатливи додатоци не се само практични во поглед на топлина, туку придонесуваат и да го освежите вашиот изглед. Наместо да се ...

Бисерното ѓерданче е еден од најкласичните модни додатоци – едноставно, кратко и едноредно. Овој стил на ѓердан отсекогаш бил симбол на елеганција и софистицираност, омилен избор на жените со генерации. Без разлика дали сте го наследиле од блиска личност или неодамна сте го купиле за себе, бисерното ѓерданче останува моден додаток што секогаш привлекува внимание. Во последните години, начинот на носење на бисерното ѓерданче претрпе интересни ...

Доколку 2024 година имаше своја официјална боја, тоа сигурно ќе беше мешавина од чоколадно кафеава и бордо. Овие топли нијанси направија вистинска магија минатата година, со тоа што дизајнерите и брендовите ги прифатија нивните богати и драматични вибрации. Но, 2025 носи нова енергија – модата веќе не игра на сигурно, а боите ги следат тие смели чекори. За колекциите пролет/лето 2025, пистите беа полни со поинтензивни и впечатливи палети, што ...

Според најавите деновите што следат ќе ни донесат снег, па токму затоа ви подготвивме снежна, викенд галерија. Снегот ќе биде навистина добредојден – чист воздух, зимска идила и можност за убави слоевити комбинации. Покрај капутите и јакните, капите и шаловите, треба да ги подготвиме и ракавиците, но и зимските чевли. Добар пар непропустливи чизми се тоа што најмногу ќе ни треба за да можеме да уживаме во снежна прошетка. Џемперите ќе ви ...

Беж носиме во текот на целата година, но зимата едноставно многу прилега на оваа боја. Затоа денешната галерија ја посветуваме токму на оваа нијанса, за многумина омилена. Ги разгледуваме различните нијанси на беж и начинот на којшто ги спојуваме. Капутите во оваа боја се едни од најзастапените во сезонава, а тука некаде се и капите и шаловите. Беж е одлична нијанса кога станува збор за комбинирање. Можеме да ја носиме со речиси секоја боја, ...

Зимата е посебно магична особено за празниците. Тука се желбите, очекувањата, надежите и убавите пораки. Кога старата година ќе си замине се раѓа уште еден почеток кој за многумина е посебно важен. Зимските идилични места низ светот, покрај меката снежна покривка, се дополнети со светилки, разно разни украси, пријатна атмосфера… Особено волшебни се оние гратчиња, стуткани во топла прегратка под снежните планини и ридови во Австрија, ...

Празничната атмосфера се повеќе се загрева, а вредните домаќини веќе размислуваат што да постават на трпезата. Храната во секој случај ќе биде вкусна, но овојпат можете да бидете малку покреативни, особено доколку чекате гости кај вас. Декорирањето нема да ви одземе многу време, а сите ќе бидат воодушевени од тоа што ќе го видат. Пребарувајќи идеи по интернет собравме навистина интересна колекција на креативно декорирани, вкусни закуски. ...

Емили Ратајковски уште еднаш покажа како обичните парчиња облека можат да станат моден хит, доколку успешно се комбинираат. Додека шеташе низ Њујорк, супермоделот кој е неисцрпна модна инспирација претвори една миди сукња—парче што повеќето од нас го оставаме за потопли денови во вистински зимски тренд. Тајната лежи во комбинацијата со една од најактуелните обувки за сезоната, рамните чизми кои наликуваат на чорапи. Миди-сукњите обично се ...

Парижанките се вистински икони кога е стилот во прашање, а нивниот последен таен трик за сезонско облекување покажува зошто. Оваа година тие ни покажуваат дека балетанките кои се едно од најомилените летни парчиња не мора да бидат ставени во позадина на гардероберот кога температурите паѓаат. Напротив, со едноставен додаток -чорапи, овие вечно елегантни обувки можат да се користат и во студените месец. Привлечноста на овој трик лежи во ...

Последниот месец од 2024 година донесе значајни достигнувања и престижни признанија за ЕЛЕНА ЛУКА. Сопственичката и генерална менаџерка на ELENA LUKA GROUP во декември месец беше избрана за ЖЕНА НА ГОДИНАТА, ја доби наградата за МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, како и наградата Лидерство за различности на првите „ABILITY AWARDS 2024“. Taa исто така беше покровител на хуманитарни модни ...

По повеќе од шест години пауза познатиот американски бренд Calvin Klein повторно се враќа на модната писта. Од брендот веќе најавија дека ревијата е закажана за седми февруари следната година во рамки на модната недела во Њујорк. Новата креативна директорка Вероника Леони ќе ја претстави својата прва колекција којашто ќе вклучи и машки и женски модели. Ова ќе биде нова ера за Calvin Klein и нов почекот за брендот кој успеа да опстои на ...

На денешен ден, 1ви јуни 1973 год. е родена Хајди Клум, германско-американски модел, тв водител и продуцент. Таа ја започна својата кариера како модел откако победи на еден натпревар во 1992-ра година и стана првата Германка која станала дел од Victoria’s Secret ангелите. Клум го предводеше реалното шоу “Проект писта” (Project Runway) од 2004-та до 2017-та за кое доби Еми награда во 2013-та, а беше и судија на “Америка има талент” (America’s ...

Лејди Гага која е добро позната по своите ексцентрично гламурозни изданија на црвениот тепих, ги воодушеви и присутните на Венецискиот филмски фестивал. Ѕвездата се појави во драматичен црн фустан, којшто го надополни со интересна шапка со мрежа во готски стил. Фустанот, креација на Диор, го красеше кадифен корсет, додека долниот дел беше составен од плисирано здолниште со пуфкасти завршетоци налик на лепеза. Таа во една прилика има кажано ...

Ким е можеби најпознатата ријалити ѕвезда, заедно со нејзините сестри од семејство Кардашијан. Патот кон славата и беше трасиран уште од најрана возраст, а особена популарност стекна со шоуто Keeping Up with the Kardashians коешто се емитуваше цели 14 години. Нејзиниот приватен живот и не беше баш приватен, со оглед на тоа што шоуто прикажуваше голем дел од случувањата во тесниот круг на семејството. Ким, која денес полни 44 години, се стекна ...

Џулија Робертс е една од најпрепознатливите актерки во светот. Покрај нејзиниот докажан талент оваа прекрасна дама ја знаеме и по големата, шармантна насмевска и кадравата коса. Робертс е родена на денешен ден пред точно 58 години. И покрај желбата да стане ветеринар, животот за неа имал поинакви карти. Започнува како модел, за подоцна да стане една од најдобрите актерки на денешницата. Светот посведочи на ѕвезденоста на Робертс кога ја ...

Таа е една од холивудските дами која и на 78 годишна возраст плени со својата харизма. Голди Хоун е родена на денешен ден во Вашинготон, САД. Таа има англиско, германско и унгарско потекло, а воспитана е како еврејка. Уште од најрана возраст покажува талент за танцување, а пред да стане актерка била балерина. Покрај мега успешната актерска кариера која се протега низ речиси шест децении, Голди е позната и по долгата врска со актерот Курт ...

Сара Џесика Паркер постојано докажува дека е вистинска модна кралица без да следи трендови. За неа слободно можеме да кажеме дека со својот стилски сенс ги инспирира сите генерации исто како и нејзиниот лик Кери Бредшо во култната серија Sex and the city. Паркер беше главна ѕвезда на црвениот тепих на Red Sea Festival каде се појави во светкав фустан, скроен за претпразничната атмосфера. Актерката која има сопствен бренд за чевли, постојано ...

Божиќната ѕвезда е едно од најбараните цвеќиња за празниците. Неговата силна црвена боја, како и ѕвездестата форма едноставно не мамат да го имаме во нашите домови. Растението потекнува од Мексико и Гватемала, а станало популарно за празниците благодарение на кадифестите црвени листови. Цвета пред Божиќ и додека е во оваа фаза треба да се чува на малку пониска температура од 12 до 14 степени. Добро е да го сместите на светло место (близу ...

Сината боја е основна боја и се смета за една од студените бои во палетата. Првите асоцијации кои ги врзуваме за сината боја се морето и небото кои ни внесуваат спокој. Кога зборуваме за симболиката на боите, сината боја симболизира спокојство, стабилност, инспирација и мудрост. А кога станува збор за ентериерно уредување, сината боја иако е доста “студена” и специфична, може да ни даде чувство на сигурност и удобност, и да го “обои” ...

Хотелот Capella Bangkok којшто се наоѓа во Тајланд е прогласен за најдобар во светот од страна на престижниот избор на World’s 50 Best Hotels. Оваа луксузна градба е сместена во најстариот дел на Банког, а за прв пат почнува со работа во 2020 година. Иако почетокот не беше лесен за хотелот, сепак Capella Bangkok успеа за кратко време да се најде на врвот на хотелиерскиот бизнис. Зданието важи за зен оаза со свои приватни градини, вили покрај ...

Повеќето луѓе ја поврзуваат виолетовата боја со благородништво и луксуз. Тоа е боја на софистицираност и елеганција која симболизира моќ и богатство. Но исто така, виолетовата боја може да ја поврземе со нежност и романтичност, во зависност од нијансата, па веднаш можеме да ја асоцираме со некои од најубавите цвеќиња како ирис, јоргован и лаванда. Внесувајќи ја оваа прекрасна боја во домот, можеме навистина да го промениме нашето внатрешно ...

Кога ќе помислиме на ултра современ дом, првите асоцијации ни се врзуваат за стан во премиум станбено-деловниот објект на реномираната градежна компанија ELENA LUKA HOME – FUTURA 2. За денес ви издвоивме станбена единица од 50м2 со модерен и стилски дизајн кој би одговарал на секоја индивидуа со префинет стил и динамично секојдневие. Просторот во овој стан е персонализиран и целосно облагороден со еден висок стил, поткрепен со функционален ...

Откако го испративме долгото и топло лето, време е и официјално да ја пречекаме есента. Есента е период на промена на рувото на природата, од зелено во златно-жолти нијанси. Есента е период кога ја враќаме топлата облека во секојдневието, но и период кога топлите напитоци и топлите ќебенца настапуваат во домот. За да си го направиме денот поубав, барем оној дел од денот кога сме дома, можеме да си го уредиме и декорираме домот во духот на ...

Во духот на есента, како една од најпрепознатливите бои за оваа доба од годината е портокаловата боја. Таа се добива како резултат на мешање на две основни бои – жолтата и црвената. Постојат многу варијации на портокалова боја, а тонот зависи од пропорциите на жолтата и црвената боја. Потоа, за нијансирање се додава малку бела или црна боја, за да го постигнеме посакуваниот резултат. Портокаловата боја спаѓа во оние т.н. топли бои кои зрачат ...

ЕЛЕНА ЛУКА како успешна бизнис жена, менаџер и сопственик на етаблираните брендови ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ и ЕЛЕНА ЛУКА , беше вип гостинка, воедно и Златен спонзор на „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“, настан кој што има за цел да го поддржи и зајакне женското претприемништво и лидерство и кој за прв пат се одржа во Македонија, на 2-ри и 3-ти октомври во Скопје во хотел „Мериот“. Преку својот импресивен пример ...

Балконите можеби најчесто ги користиме во летниот период, но ова мало катче од домот може да биде еднакво магично и наесен. Се што треба да направиме е да ја употребиме нашата имагинација, а доколку немаме идеја, тука се секогаш онлајн предлозите. Светилките се универзални за секое годишни време, како и меките перничиња. Летните цвеќиња ги заменуваме со есенски, а додаваме и по некој сезонски украс, како на пример тиквите и дуњите. Мала ...

Реномираната градежна компанија ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ викендов ги отвори вратите на новиот современ станбен објект Connect5+ и им посака добредојде на станарите во нивниот нов дом со адреса во скопската населба Аеродром. На свечениот настан, на станарите им беа врачени клучевите со што симболично беше означена успешната реализација на уште еден ултра квалитетен проект на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ. ЕЛЕНА ЛУКА, сопственичката и генерален менаџер на ...

Од мноштвото прекрасни места што вредат да се посетат во зимскиот период, денес го одвојуваме местото Алпска Васица. Ова бајковито алпско село се наоѓа во Словенија, на падините на популарниот ски центар Крањска Гора. Тука ќе најдете вистинска зимска магија за сите возрасти, плоштад со црква, мали улички, голем број на осветлени и украсени дрвја, куќарки со богата празнична понуда… Ќе можете да уживате во домашни јадења, да дегустирате варено ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.8
33%
1021
weather icon

Белград

34ᴼ / 32ᴼ
2.68
53%
1021
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
1.97
41%
1022
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
2.63
36%
1022
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
2.96
30%
1020
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 33ᴼ
0.45
42%
1022
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
8.94
36%
1019
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.97
40%
1021
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.44
37%
1021
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
3.05
47%
1022
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
2.68
42%
1020
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
6.38
38%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.6901

Currency

7.93737

Currency

0.73546

Currency

0.33309

Currency

0.52564

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Калај

53.45

Алуминиум

3.40

Паладиум

39866.93

Сребро

2087.39

Злато

133769.08

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Платина

53498.84

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Бакар

12.73