Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Анџелина Џоли изгледаше одлично за време на излегување во Њујорк со три од своите шест деца. 48-годишната Оскаровка носеше црна комбинација и кремов мантил додека се шеташе и вечераше во суши ресторан со 19-годишниот Пакс, 18-годишната Захара и 17-годишната Шајло. Џоли покажа дека направила промена во фризурата, односно дека си ја осветлила косата. Славната актерка со моментов води правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит за старателство врз ...
Никол Шерцингер не остана рамнодушна на предлогот за брак на Том Еванс. 44-годишната пејачка му кажа „Да“ на 38-годишниот рагбист и сподели фотографии од среќниот момент. „Реков да“ – напиша таа. Том клекна на колено за да ја запроси својата сакана за време на патување во нејзиниот роден крај на Хаваи. Никол изгледаше шармантно во бело-син фустан и шешир. Претходно, атрактивната музичарка сподели фотографии на кои позира во бикини на плажа. Том ...
Иако повеќе не се заедно, Ирина Шајк и Бредли Купер честопати се среќаваат за да поминат време со малата ќерка Леа. 37-годишната манекенка и 48-годишниот актер беа фотографирани додека силно се прегрнуваа во Њујорк. Покрај нив беше нивната 6-годишна ќерка која туркаше дрвена количка. Ирина и Бредли за првпат поттикнаа гласини дека се заедно во 2015 година, но врската ја официјализираа на балот МЕТ во 2016 година. Истата година, Ирина потврди ...
Зухаир Мурад го прошири своето стилско портфолио со нова колекција во која дамите со сигурност ќе си пронајдат барем по неколку фаворити. За креирањето на колекцијата ресорт 2024, либанскиот дизајнер се инспирирал од Џоан Крафорд, која е олицетворение на холивудскиот раскош на бурните 20-ти години на минатиот век и Ракел Велч, која е синоним за филмскиот гламур од 70-тите години. Колекцијата е наречена „Golden Whispers“ (Златни шепотења). Види ...
Тејлор Свифт уште еднаш покажа дека не ги заборава своите фанови, кои себеси се нарекуваат Свифти. 33-годишната пејачка ѝ подари четири билети на девојка која поради несреќа го пропушти нејзиниот концерт пред пет години. Изабела МекКун имала само 8 години кога се одржувала светската турнеја „Reputation“ на Тејлор во 2018 година. За жал, поради тешка несреќа во која се здобила со изгореници на 65% од телото, таа морала да остане 9 месеци во ...
Моника Белучи ѝ нуди голема поддршка на ќерка си Дева и речиси секогаш ги следи нејзините ревии и модни настани. На ревијата на Jacquemus во Париз, 58-годишната актерка од кајче ја гледаше 18-годишната ќерка додека таа чекореше на модната писта во градините на Версајскиот дворец. Белучи изгледаше елегантно во кафеав костум и држеше бел чадор за да се заштити од сончевите зраци. Дева презентираше бела модна комбинација од популарниот бренд. View ...
Белиот маникир таи безвременска привлечност и непрекинато си пронаоѓа фанови низ годините, а и за ова лето се оцртува како неспорен хит. Фантастично го истакнува потемнетиот тен и одговара на секоја модна комбинација, па не е тешко да се увиди зошто со леснотија си ја одржува популарноста. Независно дали ќе изберете млечно бел маникир или дезен со извртени линии, или пак, ќе го искомбинирате белиот лак со друга боја за ефектен изглед, едноставно ...
Викторија и Дејвид Бекам имаа можност да ја проследат ревијата на Jacquemus која се одржа во рамките на Париската модна недела. 49-годишната дизајнерка и 48-годишниот поранешен фудбалер со кајче пристигнаа на модниот спектакл во Версај. Парот си размени интимни допири, а моментот беше „уловен“ од присутните фоторепортери. На ревијата на францускиот моден бренд дефилираа најпопуларните модели, како Џиџи Хадид и Кендал Џенер. Види повеќе » ...
Синоќа, како дел од Скопско лето, во Чифте Амам беше отворена изложбата „Визуелна артикулација“ на уметникот Михаил Корубин. Каролина Гочева горда на својот сопруг присуствуваше на вчерашниот настан. Македонската музичка ѕвезда позираше насмеана со гостите и изгледаше модерно во шик стајлинг. 43-годишната пејачка објави фотографија со мајка си Светлана. Тамара Тодевска, која ѝ е блиска пријателка на Каролина, ја посети изложбата заедно со своите ...
Ријана ја делат денови до раѓањето на второто дете. 35-годишната пејачка и нејзиниот партнер Ејсап Роки во моментов престојуваат на Барбадос. Парот беше фотографиран додека се упатуваше на вечера, а познатиот рапер не ја пропушти приликата да ѝ подари нежен бакнеж на својата сакана. Ријана го истакна големото трудничко стомаче во тесен зелен фустан од Isa Boulder. Ријана и Ејсап Роки започнаа да се состануваат во декември 2020 година, а нивното ...
Покрај тоа што одушевува со својот вокал, каде и да се појави, талентираната Јелена Розга привлекува внимание и со својот изглед. 45-годишната хрватска пејачка блесна на музичкиот ревијален фестивал „Melodije Jadrana“ во Сплит. Таа запеа на сцената облечена во розов фустан, кој ја истакна нејзината витка линија. Розга за првпат ја изведе новата песна „Иди ти“. View this post on Instagram A post shared by(@rozga_my_life_) Јелена и за претходна ...
Иако се заедно речиси 10 години, Мик Џегер и Мелани Хамрик ретко се појавуваат заедно на црвениот тепих. Парот привлече големо внимание кога пристигна во Оперската куќа „Метрополитен“ во Њујорк. 79-годишниот музичар позираше покрај 36-годишната поранешна балерина која носеше црвен фустан со тул од Долче и Габана вреден речиси 3.300 долари. Мик и Мелани се во врска од 2014 година и заедно имаат еден син. Тоа е неговото осмо дете. Види повеќе » ...
Славица Ангелова е големиот победник во најновата сезона „Ѕвездите на Гранд“. Девојката од Струмица беше единствената Македонка која се пласира во финалето и успеа да се издвои меѓу бројните учесници. Талентираната девојка се натпреваруваше под менторство на Ѓорѓе Давид. Таа со огромна поддршка од публиката стигна до првото место во големото музичко шоу. „Ова дете е бисер“ – изјави Ѓорѓе. Погледнете ја реакцијата на Славица кога беше прогласена ...
Хајди Клум и Том Каулиц им се одушевуваа на убавините на Венеција. 50-годишниот поранешен ангел на Victoria’s Secret и 33-годишниот музичар беа „уловени“ од папараците додека го разгледуваа убавиот италијански град. Парот си разменуваше нежности и изгледаше заљубено и среќно. Хајди носеше црна модна комбинација и чадор за да се заштити од сонцето. На дел од фотографиите, Том ѝ го гали стомачето на Хајди, па започнаа да се шират шпекулации дека ...
Жена одлучи да престане да ги извршува домашните обврски откако нејзиниот сопруг ја критикуваше дека не работи ништо низ дома. Линдзи Донели сними TikTok видео за да покаже како изгледа нивниот дом два дена по нејзината одлука навистина да не прави ништо. Таа брзо стана вирален хит со повеќе од 18 милиони прегледи. Линдзи и Брајан имаат две мали деца на возраст од 4 и 7 години, па разбирливо е зошто нивниот дом никогаш не изгледа беспрекорно. ...
Се ожени помалиот брат на Жерар Пике. 36-годишниот поранешен фудбалер присуствуваше на свадбената прослава заедно со својата девојка Клара Чиа Марти. Славниот спортист и неговата сакана беа фотографирани додека фатени за раце излегуваа од црква во Шпанија. На фотографиите се уловени и родителите на Пике. View this post on Instagram A post shared by Barcelona family (@barcelona._family) Жерар и Клара Чиа за првпат беа видени заедно на концерт во ...
Кристијан Коцев-Кико молскавично ни ги освои срцата и сите обединето се молевме за неговото опоравување. Но, за жал, младиот херој не го дочека планираното лекување во Турција. 20-годишното момче од село Долни Балван страдаше од ретка болест Атаксија-телеангиектазија, а во изминативе денови неговата здравствена состојба драстично се влоши. Македонската јавност во најкус можен рок ги собра средствата кои беа потребни за негово лекување. ...
Ријана и Ејсап Роки беа специјални гости во ресторанот „Nespo“ во Ница. 35-годишната пејачка и 34-годишниот рапер, кои го очекуваат нивното второ дете, позираа заедно за фотографии. На нив, Ејсап Роки ѝ го гали пораснатото трудничко стомаче на Ријана и ја бакнува. Славната музичка ѕвезда носи проѕирен комбинезон од Жан-Пол Готје и светкава долна облека. Ријана и Ејсап се родители и на едногодишниот син Риза. View this post on Instagram A post ...
Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо си резервираа време за релаксација. Славниот пар со четирите деца уживаше на јахта. 38-годишниот фудбалер и 29-годишниот модел споделија фотографии од прекрасниот ден со најмилите. На една од фотографиите, Џорџина и Кристијано ги покажуваат нивните фит тела, додека на останатите се забавуваат со 13-годишниот Кристијано Џуниор, 6-годишните близнаци Ева и Матео и 5-годишната Алана Мартина. На фотографиите ...
Запознајте го Тор Педерсен – првиот човек кој го прошета цел свет без да се качи во авион. 44-годишниот Данец го започна своето патување пред 10 години и неодамна ја посети последната земја на неговата листа. Неговиот амбициозен проект тој го нарече „Once Upon a Saga“. Со посетата на Малдиви, заврши неговата авантура која траела 3.512 дена. Тор минувал најмалку по 24 часа во една држава, а патувал со автомобил, автобус, воз и брод – вклучувајќи ...
Ева Лонгорија со стил го промовира првиот филм за кој влезе во улога на режисерка. 48-годишната холивудска ѕвезда присуствуваше на настанот „Representing Stories of Worth“, кој се одржа во рамките на Меѓународниот фестивал на креативноста „Cannes Lions“, и зборуваше за режирањето и снимањето на „Flamin’ Hot“. Славната актерка ја истакна својата фит фигура во колоритен стајлинг, кој вклучуваше здолниште со шлиц и боди со разголен грб од Silvia ...
Кујната не е само место каде се подготвуваат оброците туку и место за дружење и уживање во процесот на подготовка на храната. Особено во последните две години, кујните добија дополнителни намении може да се користат и како простор за учење, пиење кафе и слично. Затоа, многу луѓе копнеат за реновирање на кујната за нов почеток. Дизајнот и технологијата на апаратите драматично еволуираа. Новите Gorenje шпорети кои го претставуваат централниот дел ...
Љубовната приказна на Ко Нан и Вин Кац привлекува внимание и злобни коментари. Зошто? Поради разликата во нивната возраст. 29-годишната девојка и 75-годишниот милионер се верија во 2021 година, но оттогаш за неа постојано се редат коментари како „Ти си спонзоруша“, „Заинтересирана си само за неговите пари“ и „Само чекаш да го наследиш неговиот имот“. На овие зајадливи зборови, атрактивниот модел возврати: „Навистина го сакам. Тој е љубовта на ...
Ели Сааб е непогрешлив кога станува збор за креирање на женствени и елегантни креации кои заведуваат за секунда. Либанскиот дизајнер ја прикажа најновата колекција и уште еднаш го зацврсти статусот на моден миленик кај дамите. Колекцијата ресорт 2024 е инспирирана од Марела Анели, италијанска стилска икона наречена и „Последниот лебед“ од страна на Труман Капоти. „За жал, не ја познавав, но го знам нејзиниот внук и многу нејзини блиски луѓе. Таа ...
Меган Кол е блогерка која ја прикажува реалноста по породувањето и не наметнува нереални слики за тоа како треба да изгледа женското тело по раѓањето на бебе. Таа споделува фотографии и видеа во кои го разголува стомачето недели по доаѓањето на нејзиното трето дете на овој свет. „Животот е премногу краток за да се срамите од вашето тело, особено откако тоа направи нешто толку чудесно како растењето на бебе. Сакајте ги брчките, сакајте си ги ...
Нина Сандбек смело експериментира со својот изглед. Модната блогерка од Норвешка си поигрува со бои и различни стилови, умешно креирајќи стајлинзи кои инстантно заробуваат погледи. Шармантната вљубеничка во модата денес на Instagram ја следат 460 илјади лица, а нивното внимание таа го задржува со секојдневно споделување на нејзиното богато модно искуство. „Мојот стил е колоритен и забавен, со специфична љубов кон обувките. Сметам дека живеењето ...
Многу славни лица го поддржаа Фарел Вилијамс на ревијата на која ја презентираше својата прва машка колекција за Луј Витон. На модното шоу во Париз присуствуваше и Ријана со саканиот Ејсап Роки. 35-годишната пејачка, која е во последниот триместар од втората бременост, носеше тексас модна комбинација складна со стајлингот на таткото на нејзините деца. Аутфитот на Ријана е дел од новата машка колекција на Луј Витон, за која таа беше избрана да ...
Оваа година Битолско културно лето започнува на 23 јуни во 21.00 часот во античкиот локалитет Хераклеја со спектакуларен настан наречен „Вива Верди“. Настанот е во организација на општина Битола и Камерен оркестар на Битола ⋮IWConnect и на истиот ќе се изведуваат дел од најпопуларните опери на Џузепе Верди како Травијата, Аида, Моќ на судбината, Набуко, Риголето и др. Како солисти на концертот ќе се претстават: Горан Начевски, Наде Талевска, ...
Принцезата Кетрин неретко е споредувана со покојната принцеза Дијана, а особено откако од неа ја наследи титулата принцеза на Велс. Сопругата на принцот Вилијам се појави во стајлинг со точкест принт и инстантно беше ставена под модна лупа. 41-годишната припадничка на британското кралско семејство носеше креација од Александра Рич, кој потсетува на фустан на принцезата Дијана од 1988 година. Сличноста е очигледна и во изборот на обувките. Кетрин ...
Жена го победи ракот неколку месеци откако сними моќна фотосесија во боречки ринг. Тифани дознала дека има рак на дојка еден месец пред нејзината свадба и морала да помине низ повеќе рунди хемотерапии. Кога косата започнала да ѝ опаѓа, болната девојка ѝ се јавила на својата фотографка и ѝ рекла дека сака да го овековечи моментот кога ќе си ја избричи главата. Фотографиите на кои Тифани смело позира во боречки ринг минатиот ноември станаа вирален ...