Дејан Дуковски, еден од највлијателните и најизведувани македонски драмски автори, ќе биде Автор во фокус на претстојното 60. Јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската театарска меморија и култура, воопшто. Фестивалот годинава ќе се одржи од 12 до 19 јуни 2026 година, информираат ...

Извршниот директор и косопственик на Мерцедес, Тото Волф верува дека Кими Антонели има потенцијал да ја освои титулата во Формула 1. Мерцедес неодамна му го продолжи договорот на Антонели. – Кими има долгорочна иднина. Мислам дека е многу тешко да се дебитира во Ф1 со сегашната генерација автомобили ако немате искуство во нивното возење, а потоа да се натпреварувате со оние кои веќе се запознаени со автомобили што ги користат ефектите на ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, го коментираше триумфот од 1:0 синоќа над Реал Мадрид на домашен терен во четвртото коло од Лигата на шампионите. – Беше одличен настап против тим кој загуби само еднаш оваа сезона. Можевме да играме уште подобро. Уште една победа против многу добар тим. Тие се во одлична форма во моментов. Беше одличен натпревар – мислам дека со сигурност можеме да кажеме дека ова е нашиот најдобар натпревар во сезоната. Момците ...

Американската војска изврши уште еден смртоносен напад врз брод за кој се тврди дека е натоварен со дрога во источниот Пацифик, изјави вчера на „X“, министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет. Хегсет рече дека „двајца машки наркотерористи“ се убиени во нападот, кој се случил во „меѓународни води во Источниот Пацифик“. Тој додаде дека нема повредени американски воени лица. „Разузнавањето потврди дека бродот бил вклучен во нелегален шверц на ...

Кина ќе ги суспендира дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз за една година, но ќе ја задржи стапката од 10 проценти, соопшти Царинската комисија на Државниот совет на Народна Република Кина (владата на Кина). Ова доаѓа неколку дена по состанокот минатата недела меѓу кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп. Комисијата, исто така, објави дека Кина, најголемиот светски купувач на земјоделски ...

Следната година ќе биде момент на вистината за сите земји кандидатки за членство, но особено за оние кои презентираа амбициозни планови, бидејќи високите амбиции доаѓаат со високи очекувања за реформи, кои тие треба да ги спроведат за да овозможат трајна трансформација на нивните економии и општества за целосно прилагодување кон демократските стандарди и вредности на ЕУ. Ова го порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната ...

Славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам од денеска официјално ја носи титулата „Сер“, по одликувањето со витештво од Кралот Чарлс III за неговите заслуги во спортот и хуманитарната работа. Церемонијата се одржа во замокот Виндзор, каде Кралот лично му го врачи орденот на Бекам, во присуство на неговата сопруга Викторија Бекам, која гордо го следеше моментот од првиот ред. „Ова е најгордиот момент во мојот живот. Да бидам признат од мојата земја ...

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ. Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека актуелната влада на Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на Европската Унија. Ова го изјави коментирајќи го новиот извештај на Европската комисија за проширувањето на ЕУ и намерата на Брисел да почне преговори со Киев за членство до крајот на 2025 година. – Унгарскиот народ јасно стави до знаење дека не сака Украина да биде членка на Европската Унија. А ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2025 година. Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени, информираат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова. Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против ...

Астролошки хроники со Анаис Месецот на Скорпијата – Време на трансформација Во светот на ѕвездите, ноември секогаш мириса на мистерија. Сонцето е во знакот Скорпија, а тоа значи – длабочина, страст и контрола. Ова е период кога и најгламурозните луѓе под рефлекторите го покажуваат својот внатрешен оган. Скорпиите меѓу ѕвездите Постојат славни личности кои не мора да зборуваат многу за да ја освоите нивната енергија – таа едноставно ве ...

Не е првпат Европската Унија преку годишните извештаи да ѝ потсети на Македонија дека владеењето на правото, борбата против корупцијата и уставните измени се меѓу клучните услови земјата да ги започне преговорите и да стане дел од ЕУ. Но, сите европски барања, според него, на крајот се занемарени или добиле поинаква насока. „Во последните 15 години, ЕУ кон Македонија ја имаше реформата и владеењето на правото како главен услов – исклучувајќи го ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека војната во Судан „излегува од контрола“ откако паравоените сили го зазедоа градот Ал-Фашир. „Стотици илјади цивили се заробени во оваа опсада. Луѓе умираат од глад, болести и насилство. И постојано слушаме извештаи за кршење на меѓународното хуманитарно право и човековите права“, рече Гутереш на самитот на ОН во Катар. Тој додаде дека има и „веродостојни извештаи за ...

Експлозии потресоа руски објект за муниција во окупираната Луганска област, како и петрохемиски погон и нафтени претпријатија низ цела Русија, објавија медиумите во текот на ноќта на 4 ноември, пренесува Кијив Индипендент. Руското Министерство за одбрана објави дека соборило 85 дронови во текот на ноќта низ Воронеж, Нижни Новгород, Белгород, Курск, Липецк, Волгоград и Свердловска област, како и во Република Башкортостан. Експлозиите се случија ...

Ние Европејците треба да направиме многу повеќе за да ја преземеме контролата врз нашиот континент, да ги браниме нашите демократски вредности и да ја заштитиме нашата сопствена безбедност, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос при презентацијата на пакетот извештаи за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европарламентот. – Ова може да се направи успешно само со заедничка работа со нашите ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, од Брисел соопшти дека имал пријателска и продуктивна средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Како што наведе, разговорот бил во духот на заемно пријателство и поддршка за приближувањето на Македонија кон Европската Унија. „Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба. Повторно разговаравме за актуелните теми, ...

Директорите на Центарот за управување со кризи и на Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје, Мухамед Али и Јусуф Сопа, денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува партнерство помеѓу двете институции со цел унапредување на системот за превенција и рано предупредување од цивилни ризици и опасности, како и поефикасно справување и отстранување на последиците од цивилни несреќи и катастрофи. Оваа соработка, како што ...

Новоизбраниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити денеска официјално го презеде својот мандат. Во обраќањето по повод преземањето на функцијата, градоначалникот Меџити истакна дека ова враќање за него претставува чувство на чест и длабока одговорност кон граѓаните на Чаир кои му укажаа доверба со неспорна изборна победа на последните локални избори. -Од денеска се враќам во моето место, меѓу моите луѓе, со чест, со скромност и со длабока ...

Холивуд зад завесата: Џоди Фостер и Ентони Хопкинс во Кога јагнињата ќе стивнат Кога филмската екипа на The Silence of the Lambs се собра во 1990 година, никој не можеше да претпостави дека снимаат ремек-дело кое ќе ја смени историјата на трилер-жанрот. Но зад камерите, меѓу светлата и сенките, се криеше вистинска психолошка драма — онаа што ја видовме или можеби не ја видовме на екраните. Тишината што ја плашеше и Џоди Фостер Ја гледавме како ...

Традиционалната добротворна модна аукција на дизајнерски облеки и накит ќе се реализира вечер со почеток од 19 часот во Скопје, информираат утрово од здружението „Конект“. – И годинава, најпознати дизајнерки и дизајнери, како и нови надежи донираа прекрасни модни дела и парчиња накит што ќе се наддаваат на аукцијата, а истите можете да ги погледнете во каталогот, специјално подготвен за добротворната модна аукција. Донираните средства ќе бидат ...

Централна команда на САД преку својот официјален Фејсбук профил споделено со јавноста видео на кое американски дрон забележа камион со помош ограбен од Хамас во Газа На 31 октомври, Цивилно-воениот координативен центар (CMCC), предводен од САД, забележа осомничени оперативци на Хамас како ограбуваат камион со помош кој патувал како дел од хуманитарен конвој што доставувал потребна помош од меѓународни партнери до жителите на Газа во северниот ...

Северна Македонија продолжи со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што сведочи за нејзиниот стратешки избор, се наведува во конечните заклучоци за земјава во Пакетот-извештаи за проширувањето изработени од Европската комисија. – Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на акцискиот план за ...

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, не е загрижен за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, по неговата лута реакција на заменувањето во поразот од Барселона со 2:1 во шпанското првенство. Дваесет и петгодишниот фудбалер доби повик во репрезентацијата за пријателските натпревари против Сенегал (15 ноември) и Тунис (18 ноември). -Имам добар однос со Винисиус, како и со другите играчи. Разговарав со него, му кажав сè што ...

Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВРЕДИ Дритон Сулејмани. -Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) продолжува да посредува меѓу Русија и Украина околу нуклеарните централи во Украина, изјави денеска генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси. Тој нагласи дека има зголемен интерес за нуклеарна енергија во светот, но дека инвестициите и новите проекти мора да бидат во согласност со правилата и мерките за неширење на нуклеарно оружје. Минатата недела, Гроси изјави дека рускиот напад со ракети и ...

Во понеделник, 3 ноември, руските сили извршија напад со беспилотно летало врз двајца невооружени цивили кои оделе по патот носејќи бело знаме во селото Круљакивка, регионот Харкив. Според Укринформ, 77-та Одделна Наднепријанска бригада за воздушен напад на 7-миот корпус за брз одговор на воздушните напаѓачки сили на Украина објави на Фејсбук видео докази за злосторството на руската армија. Како резултат на целниот напад, Русите убија две ...

Европската комисија бара уставни измени и вистинска политичка волја, предупредувајќи на застој во реформите, корупција и политизација на институциите. Европската комисија денеска ќе го претстави редовниот годишен пакет на извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија за 2025 година. Во делот за Северна Македонија, Брисел констатира дека земјата сè уште не ги усвоила потребните уставни измени за вклучување на ...

Поранешниот потпретседател на САД Дик Чејни почина на 84 години,соопшти неговото семејство, пренесе Би-Би-Си. Чејни долги години беше дел од републиканската администрација и потпретседател на поранешниот претседател Џорџ В. Буш во периодот помеѓу 2001 и 2009 година. Тој беше централна фигура во инвазијата на Ирак во 2003 година од страна на САД и сојузничките сили. Чејни, исто така, беше министер за одбрана под Џорџ Буш постариот, помеѓу 1989 и ...

Со концерт на минјо музика, вечер, во Музејот на македонската борба за независност, Амбасадата на Јапонија го почнува одбележувањето на „Денот на културата“ во земјава. По овој повод е предвидена и Недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола. -Секој 3 ноември на „Денот на културата“ (Бунка но Хи) во Јапонија се прославува слободата и мирот промовирајќи ја културата, уметноста и науката. Голем број настани се одржуваат во Јапонија на ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска соопшти дека Предлог- буџетот за 2026 година ќе се најде на пленарна седница на 9 декември, а овластените предлагачи ќе можат да достават амандани до 10 ноември. Гаши на денешниот неделен брифинг со новинарите информира дека на 11 или 18 ноември се очекува да биде свикана седница за поставување пратенички прашања од опозицијата до претставниците на Владата. Околу измените на Изборниот законик, ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
70%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
80%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
9.5
88%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.02
89%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
82%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
92%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Бакар

10.76

Кобалт

55.67

Паладиум

45879.12

Никел

471972.96

Сребро

1837.41

Платина

53106.37

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.89

Рутениум

29192.88

Калај

40.11

Злато

135322.28

Цинк

3.24