Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден промет од речиси една милијарда евра за изминатата сезона. Информацијата беше објавено за време на Генералното собрание на баварскиот гигант на кое на Херберт Хајнер му беше доделен нов мандат како претседател на клубот. Извршниот директор Јан-Кристијан Дрисен изјави дека Баерн остварил промет од 978,3 милијарди евра за сезоната 2024/2025, што е зголемување од 2,8 проценти во однос на ...
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација во завршното трето квалификациско коло го совлада денеска домаќинот Луксембург со 25-17 (13-9) и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство 2026. За да го освои првото место во квалификациската група која се играше во Луксембург на македонските кадети попладнево им беше неопходна победа над домаќинот, откако претходно денеска Финска ја совлада Грција со 29-25. Избраниците на селекторот ...
До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 208.571 лице или 93,59 проценти на избирачки места од кои што се пристигнати податоци, додека за Скопје гласале 104.182 лица, а податоци се пристигнати од 656 избирачки места или 95,77 отсто. -Статистиката по ...
Јаник Синер запиша триумф од двојно значење на турнирот Ролекс Париз Мастерс, освојувајќи ја својата петта титула од серијата АТП Мастерс 1000 и враќајќи се на врвот на АТП ранг-листата. Покажувајќи ја својата препознатлива смиреност и прецизност, 24-годишниот Италијанец во финалето го совлада енергичниот Феликс Оже-Алијасиме со 6–4, 7–6 и ја освои првата титула на францускиот Мастерс турнир. Со овој беспрекорен настап во Париз, Синер стана ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на почетокот на неделниот состанок на израелската Влада изјави дека ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа, едното во Рафа и другото во Кан Јунис. „Тие ќе бидат елиминирани“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека обидите на Хамас да ги измами Израел, САД и светот не биле успешни, објави „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху, исто така, нагласи дека заштитата на израелските сили во Газа е ...
Актерката Џенифер Лоренс се праша дали нејзините јавни ставови за Доналд Трамп и американската политика воопшто имаат каква било смисла. Гостувајќи во подкастот „The Interview“ на The New York Times, ѕвездата на The Hunger Games рече дека по првиот мандат на Трамп чувствувала паника и потреба да реагира, но дека денес не е сигурна дали тоа има ефект, пренесува Индипендент. „Не знам дали треба. Првата администрација на Трамп беше толку хаотична ...
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на гала свеченост во Скопје ги прогласи најдобрите за минатата натпреварувачка сезона, доделувајќи ги признанијата за најдобра ракометарка на Катерина Дамјаноска од ЖРК Ѓорче Петров и за најдобар ракометар на Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер. Во гласањето на навивачите на официјалната Фејсбук страница на РФМ, признанијата во двете категории ги понесоа Теодора Гулицоска и Никола Митревски. За ...
Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување. Едниот приговор беше поднесен од лицето Трајче ...
Dictionary.com го прогласи најнеобичниот „збор на годината“ досега – фразата „6-7“, интернет-феномен што ги збунува возрасните и ги забавува младите. Терминот, кој повеќе личи на шега отколку на вистински збор, експлодираше на социјалните мрежи во текот на летото. Сè започнало со песната “Doot Doot (6-7)” од раперот Skrilla, а потоа ја презедоа TikTok корисниците и спортските ѕвезди како LaMelo Ball, висок точно 6 фути и 7 инчи. Еден клип со ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во саботата дека му наредил на Министерството за одбрана да се подготви за можна воена акција во Нигерија, додека продолжува да ја обвинува нацијата дека не прави доволно за да го спречи насилството врз христијаните – обвинение што Нигерија постојано го негира, пренесува Си-ен-ен. Во објава на социјалните мрежи во која го критикува она што го нарече „масовно колење“ на христијаните во земјата, Трамп ...
Анимираната научно-фантастична комедија „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски денеска има белгиска премиера на Razor Reel Flanders Film Festival во Бриж. Фестивалот е дел од Мелиес организацијата – европска мрежа на филмски фестивали посветени на фантастичниот филм, именувана по пионерот на кинематографијата Жорж Мелиес, француски режисер кој уште на почетокот на 20 век ги постави темелите на филмската фантазија и специјалните ...
Катедралата Нотр-Дам ја одржа првата свадба од 1995 година, давајќи еднократен исклучок за занаетчија кој учествуваше во обновата на оваа легендарна градба. Мартин Лоренц (29), дрводелец кој три години ја реконструираше средновековната дрвена носечка конструкција користејќи методи од 13 век, се венча со својата свршеница Џејд под новообновените готски сводови. Церемонијата, за која известија „National Catholic Register“ и „France 24“, беше ...
Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах го постигна својот 250. гол во дресот на Ливерпул, со што актуелниот англиски фудбалски шампион ја прекина серијата без победа во Премиер лигата со победа од 2-0 над Астон Вила во саботата вечер во рамки на 10. коло. Ливерпул, кој беше во серија од четири последователни пораз во англиското првенство и шест на последните седум натпревари во сите натпреварувања, сега е третопласиран на табелата, ...
До 13 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 19,96 проценти, а за Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 134 124 лица според податоците од 1 279 избиралки места или 93,15 отсто, додека за Скопје гласале 71 849 лица, а податоци се пристигнати од 678 избирачки места или 98,98 отсто. Досега не се пристигнати пријави ...
Папата Лав Четиринаесетти повика на итен прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори во Судан, велејќи дека со „длабока тага“ ги следи извештаите за тешки манифестации на насилство во градот Фашир, во суданскиот регион Дарфур. „Неселективното насилство врз жените и децата, нападите врз беспомошните цивили и пречките за хуманитарните мисии предизвикуваат неприфатливо страдање“, рече папата во својата неделна молитва во Ватикан. Тој ја повика ...
Лос Анџелес Доџерс го совладаа синоќа Торонто Блу Џејс со 5-4 по продолжение во решавачкиот седми натпревар од големото финале во американската професионална бејзбол лига (МЛБ), станувајќи првиот шампион во Светската серија што ја одбрани титулата по пауза од 25 години. За клубот од Лос Анџелес, ова е деветта титула вкупно, а трета во последните шест години, која ја освоија во драматичен натпревар. Торонто Блу Џејс, кој е единствениот канадски ...
По годините скандали и падот на јавниот рејтинг, Крал Чарлс го изолира братот од официјалните резиденции: долгорочниот закуп на Royal Lodge се прекинува, а преселбата на Сандрингам се очекува по празниците. Крал Чарлс III го направи најрешителен потег во своето владеење за да ја изолира монархијата од контроверзиите поврзани со Ендру: братот на кралот ќе го напушти Royal Lodge кај Виндзор, каде живееше повеќе од две децении, и ќе се пресели во ...
Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 9, 21 проценти согласно податоците добиени од 1276 избирачки места или 92, 94 проценти. Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти, а податоци се добиени од 611 избирачки места или 89,20 проценти. Денеска се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а се ...
Астролошки хроники со Анаис Во секој хороскопски знак се крие лик достоен за филм. Некој што би можел да се појави во сцена на спасување, да скокне во космос или да ги исправи рамениците пред светот, токму како неговиот холивудски двојник. Астрологијата и филмот имаат повеќе заедничко отколку што изгледа: двете раскажуваат приказни за карактер, судбина и трансформација. Анаис открива кој филмски херој го носи твојот знак во себе — и што тоа ...
За време на предизборниот молк заклучно до 7:00 часот утрово, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани, информира портпаролот на МВР Гоце Андреевски. -Покрај ова, регистрирани се 19 објави на ...
Најголемиот градски парк во Турција официјално е отворен денеска во Истанбул на официјална церемонија на која присуствуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавија турските медиуми. Новиот парк, кој се наоѓа на територијата на поранешниот аеродром „Ататурк“ во европскиот дел на Истанбул, има 1,2 милиони квадратни метри зелена површина, каде се засадени над 20.000 дрвја. Заедно со големи зелени површини, на територијата на комплексот има ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска предупреди дека Израел може да ги интензивира нападите врз либанското шиитско движење Хезболах во јужен Либан. Либанското Министерство за здравство изутринава соопшти дека четири лица загинале вчера во израелски напад. „Обврската на либанската Влада да го разоружа Хезболах и да го протера шиитското движење од јужен Либан „мора целосно да се спроведе“. Строгото спроведување на мерките ќе продолжи ...
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет синоќа изјави дека Вашингтон и Пекинг ќе воспостават директни канали за воена комуникација, додавајќи дека билатералните врски меѓу двете земји „никогаш не биле подобри“. Хегсет рече дека разговарал со својот кинески колега, адмирал Донг Џун, доцна синоќа на маргините на регионалниот безбедносен состанок и дека се согласиле дека „мирот, стабилноста и добрите односи се најдобриот пат за две големи и ...
На 1 ноември 2025 година, Египет официјално го отвори Grand Egyptian Museum (GEM) — музеј кој беше повеќе од две децении во подготовка. Лоциран на Гиза платото во непосредна близина на пирамидите, музејот има амбиција да ги обедини историјата, културата и туризмот во една нова фаза за земјата. Со отворањето, Египет ги испраќа јасните сигнали: не само дека ја почитува својата античка уште, туку и дека ги гледа старите богатства како дел од ...
Македонскиот пејач Мики Секуловски, поранешен натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, каде ментор му беше Цеца Ражнатовиќ, вечерва се огласи по инцидентот со бугарското знаме на вчерашниот нејзин концерт во Велес. Мики кој беше на сцената заедно со Цеца, преку видео на социјалните мрежи ја објасни ситуацијата од своја перспектива. Секуловски вели дека во прв момент не забележал дека се работи за знаме, туку мислел дека Цеца држи некаков ...
Една 38-годишна жена е приведена и денеска е обвинета за „учество“, а друг маж е ослободен без обвинение во истрагата за грабежот во музејот Лувр во Париз, што го привлече светското внимание. Жената била уапсена во средата во парискиот регион заедно со уште четворица осомничени, а обвинета за учество во организирана кражба и заговор за извршување кривично дело и е ставена во притвор, што го побара канцеларијата на парискиот обвинител. Вториот ...
Дваесет и три лица го загубија животот синоќа во пожар во северозападниот дел на Мексико, објави ДПА, повикувајќи се на гувернерот на државата Сонора, Алфонсо Дуразо. Меѓу загинатите има и деца. Пожарот избувнал во објект каде се продаваат производи „за еден долар“ од синџирот „Валдо“ во градот Хермосиљо, во државата Сонора, соопштија светските агенции. Единаесет лица се хоспитализирани со изгореници. Во видео порака, Дуразо објави дека наредил ...
Десет лица се хоспитализирани, од кои девет со повреди опасни по живот, по напад со нож во воз, што синоќа патувал низ англискиот округ Кембриџ, јави Би-Би-Си. Британската полиција го примила првиот повик за нападот во возот што сообраќал од Донкастер до Кингс Крос во 19:39 часот по локално време, по што пристигнала на местото на злосторството и уапсила двајца мажи, јавуваат британските медиуми. Подоцна полицијата соопшти дека десет лица се во ...
Во 32 општини и во Градот Скопје денеска се гласа за градоначалници, а на три избирачки места во Шуто Оризари се повторува гласањето и за советници. Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови. Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 ...
Американскиот претседателот Доналд Трамп синоќа објави дека му наложил на Министерството за одбрана да се подготви за можна воена операција во Нигерија доколку нејзината влада продолжи да дозволува убивање на христијани. Во објава на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social), Трамп наведе дека американската влада исто така веднаш ќе ја прекине целата помош за Нигерија доколку таа сега посрамотена земја не преземе нешто за да го спречи ...