Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата. Целта е до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локалните избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, односо да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја, изјави директроот на Службата за општи и заеднички ...
МВР информира дека вчера (8.09.2025) во 12:00 часот во Добридол, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода С.Ј.(38) од Гостивар. При претрес во објект и помошни простории во Добридол, кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две поголеми и едно помало пакување со марихуана, извести полицијата. Исто така вчера во 18:00 часот, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и други простории кај ...
СВР Тетово информира дека денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила. До сега се пријавени пет повредени лица. Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес ...
Под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележа Денот на независноста – 8 Септември. По повод одбележувањето, собраниска делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, составена од пратениците Сергеј Попов и Славјанка Петровска, положи цвеќе во вечното почивалиште на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров, вечното почивалиште на поранешниот претседател ...
Август 2025 година беше третиот најтопол август досега во светот, со просечна температура од 16,60 степени Целзиусови, според службата за климатски промени на ЕУ, Коперникус. Месецот беше за 0,22 степени поладен од рекордните августи во 2023 и 2024 година, но 1,29 степени над прединдустриските нивоа. 12-месечниот период од септември 2024 до август 2025 година беше за 1,52 степени потопол од просекот од 1850 до 1900 година. -Југозападна Европа ...
Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова, раководителка на Руската Федерална медицинска биолошка агенција (ФМБА). – Кон крајот на летото 2025 година, поднесовме документи до Министерството за здравство за добивање лиценца за клиничка употреба на оваа вакцина. Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа посветени на ...
СВР Тетово информра дека вчера (7.09.2025) во 12.10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.М.(30) од Здуње, гостиварско, кај кого, со судска наредба бил извршен претрес во куќата и помошните простории во селото и при тоа била пронајдена и одземена марихуана. „Исто така, на 07.09.2025 во 12.10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Џ.(31) од Здуње, кај кого, со судска наредба бил извршен ...
Во Македонија денес се одбележуваат 34 години од прогласување на независноста. На 8 септември пред 34 години, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава Република Македонија. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена ...
На собир, со испраќање пораки за заедништво, чување, негување и продолжување на слободарските вредности, мирот и развојот на Македонија, во Гостивар се одбележа државниот празник, Денот на независноста. Настанот се одржа пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк, а традиционално го организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци. „Наша задача, обврска, императив е сложно, заеднички преку нашите предизвици да ја градиме, ...
Рано утрово во 04:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода две малолетни деца од 10 и 15 години од Гостивар, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело одземање на претходно паркирано патничко возило „ауди” со гостиварски регистерски таблици, пријавено од А.Џ.(39) од Гостивар. „Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.“, информира СВР Тетово. ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура во гостиварскиот регион ќе се спушти до 15 степени, одека максималната ќе достигне 29. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Според метеоролошките прогнози до среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, а ветерот ќе го ...
На патиштата низ државата се забележува зголемена фреквенција на возила поради продолжениот викенд, но и поради голем број граѓани кои се одлучуваат на летни одмори во септмеври. На граничниот премин Табановце утринава за влез и излез од земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека од 40 минути до еден час, информира Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини, според ...
По еден ден пауза на Евробаскетот продолжуваат возбудувањата со првите четири осминафинални мечеви. Репрезентациите веќе немаат право на грешка и пораз, бидејќи тоа ќе значи и автоматски елиминација. Осминафиналната програма започна точно напладне ќе биде отворена со дуелот Турција – Шведска, а како втори на теренот ќе се појават селекциите на Германија и Португалија (почеток 14:15 часот по македонско време). Во дерби пресметката на ...
Што всушност е затемнување на Месечината? Затемнување на Месечината се случува кога Земјата се наоѓа помеѓу Сонцето и Месечината и нашата планета го фрла својот засенчок врз месечевиот диск. Кога Месечината целосно навлегува во темната (умбралната) сенка на Земјата, се јавува целосно затемнување. За разлика од соларните затемнувања, кои може да се гледаат само од тесна трака на Земјата, лунарното затемнување е видливо од сите места на ноќната ...
Природата нè дарува со мноштво свежи и лековити дарови. Еден од нив се младите листови од смоква – не само симбол на медитеранскиот дух, туку и вистинско богатство на ароми и здравје. Од нив може да се подготви ароматичен домашен сируп кој освежува, радува и потсетува на старите времиња кога се пиеле природни сокови, направени со љубов и трпение. Овој едноставен, но посебен рецепт е совршен за летните денови, кога телото бара освежување, а ...
Вчера (4.09.2025г.) во 11:45 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 15-годишник од Врапчиште. „Тој се сомничи дека околу 10.30 часот на улица ,,Никола Тесла“ во Гостивар извршил кривично дело „тешка кражба“, односно дека одзел пари од возилото на 43-годишната А.А.И. од Добридол. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.“, ...
Русија ќе ги смета сите странски трупи што ќе се појават на територијата на Украина како легитимна цел за уништување, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин како одговор на претседателот Емануел Макрон кој објави дека 26 земји, без да ги именува се подготвени да испратат воени трупи во Украина како дел од безбедносните гаранции. „Што се однесува до можните воени контингенти во Украина. Токму ова е една од првичните ...
Целерот е растение кое припаѓа на истото семејство како морковите и магдоносот. Има долги, цврсти, бледозелени, влакнести стебла кои растат во снопчиња од околу осум до десет. Стеблата се стеснуваат во лисја на врвот. Иако повеќето луѓе ги фрлаат листовите, тие исто така се јадат и се здрави. Целерот е добар извор и на растворливи и на нерастворливи влакна, кои се неопходни за правилно варење. Целерот може да придонесе за здравјето на срцето ...
По комплетирањето на групната фаза, познати се сите осминафинални пресметки на Европското првенство во кошарка. Кошаркарите на Босна и Херцеговина направија историски успех со пласман во осминафиналето. Тие во Лимасол ја совладаа Грузија со 84:76 во директен дуел и првпат по 32 години обезбедија место во вториот круг. Тимот на селекторот Адис Бешиќ водеше речиси цел натпревар, а најистакнати беа Јусуф Нуркиќ,, Џон Роберсон, Едис Атиќ и ...
Во неговото родно село – Тресонче и во Бигорскиот манастир се одржа шестата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“, значаен културно-научен настан, кој посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски зографи – Дичо Зограф. Се одржа под покровителство и организација на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“, Истражувачкиот центар за ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Септември 2025 ...
Дали би сакале да го доживеете вашиот 98-ми роденден и сепак да се радувате на секој ден? Денес, често се слуша дека, со ова темпо на живот и постојан стрес, „сигурно нема да видиме старост“. Но, статистиката е изненадувачка – таа покажува дека просечниот животен век всушност се зголемува, а многу луѓе, со правилни навики, живеат подолго и подобро од генерациите пред нив. Добрата вест е…? Дури и ако мислите дека „имате помалку време отколку ...
Ова мало црно пиле со полу-лушпа на главата не е само цртан херој – туку е симбол на неправда, невиност и упорност. Неговата приказна започнува во средината на 20 век во Италија, а неговото патување до светска популарност е интересно како и самиот цртан филм. Името „Калимеро“ не е избрано случајно, го носи името на Свети Калимеро, првиот епископ на Милано, по кого е именувана црквата каде што се венчал Нино Пагот. Интересно е што името има и ...
Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски, деновиве во сите државни институции истакна скандалозно соопштение дека на работниците нема да им се исплатуваат додатоци и надоместоци од плата, поради изборниот процес за локалните избори!, стои во соопштението од Левица. „Ова значи дека работниците во јавниот сектор нема да добијат додатоци и надоместоци за плата, кои се однесуваат на работа за празник, ноќна работа, работа во недела, ...
Кое светло на семафорот значи дека може да се помине преку улица, на кое место улицата се преминува безбедно, кои други правила треба да ги почитуваат пешаците…Ова беа дел од прашањата кои денес сообраќајците им ги објаснуваа на првачињата во Гостивар, на активност организирана со цел поголема безбедност на децата во сообраќајот. Дечињата како најранлива група учесници во сообраќајот, од мали нозе треба да ги научат правилата и прописите, да ...
Вчера (4.09.2025г.) во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – Градец, во Добридол, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(30) од Врапчиште, удрило во пешакот З.Ш.(65) од Добридол. По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт, информира МВР. „По наредба на јавен обвинител, а по член 300 од ...
Властите во Турција во 2024 година блокирале повеќе од 311.000 Интернет страници, со што е достигнат највисокиот број забрани откако се води ваква статистика, стои во извештај на Турската асоцијација за слобода на изразување (İFÖD), цитиран од Туркиш Минут („Turkish Minute“). Според извештајот на организацијата, која се занимава со следење на цензурата во онлајн просторот во Турција, над 80 проценти од страниците биле блокирани од Турскиот ...
Времето денес (петок) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 13 до 29 степени. Според метеоролошките прогнози утре (сабота) ќе владее сончево и топло време, со максимална температура до 30 степени. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во недела се очекува наоблачување, но ...
Коалицијата ВРЕДИ вчеравечер во Гостивар го отвори изборниот штаб за Локалните избори 2025 и го промовираше својот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Себаедин Даути. Во своето обраќање пред присутните, Даути нагласи дека во програмата со која ќе ја бара поддршката од граѓаните, предвидени се бројни проекти кои ќе го направат Гостивар подобро место за живеење. „Оние кои сега ја управуваат општината не мислат за граѓаните и за ...
Ливерпул ги реализира трите најскапи трансфери во летниот преоден рок 2025. Според „Transfermarkt“, Александар Исак е на првото место (144 милиони евра), Флоријан Вирц е на второто место (125 милиони), а Југо Екитике е на третото место (95 милиони). Во исто време, Ливерпул стана првиот тим во историјата што платил повеќе од 100 милиони евра за двајца фудбалери во еден преоден рок. „Црвените“ имаат голем удел во рекордните 3,5 милијарди евра ...