Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Митрополитот Тетовско – гостиварски , г. Јосиф до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод празникот над празниците Воскресение Христово – Велигден. „Денес се весели сета вселена и го прославува празникот со радосни воскрици. Целиот свет, видливиот и невидливиот, ја објавува најрадосната вест за Христовото Воскресение. Сè е исполнето со објавата на обновениот и вечен живот. Со таква радост, почитувани верници, ...
Три лица, едно од Битола и две од Гостивар, го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај местото викано „Сеферов бунар“. Според соопштението од СВР – Охрид, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и тоа „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки управувано од З.Д.(64) од Битола, „форд“ со кичевски регистарски ознаки управуван од А.Р.(63) од село Горно ...
† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! Јас сум воскресението и животот. Оној што верува во Мене, и да умре, ќе живее[1]. Возљубени празникољупци, Собрани ...
Рускиот претседател Владимир Путин објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции, соопшти Кремљ. – Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот [по московско време] до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период, објавил Путин на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов. Путин истакнал дека ...
Во величествена и молитвена атмосфера, денес, 19 април 2025 година, на Велика Сабота, повторно се случи едно од најголемите чуда на православниот свет — слегувањето на Благодатниот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим. Точно во 13:30 часот по македонско време, откако беше извршена традиционалната подготовка и молитва, Ерусалимскиот патријарх Теофил III излезе од Кувуклијата држејќи во рацете две свеќници со по 33 пламена, симболизирајќи ...
Денот кога Исус Христот бил распнат на крстот, Велики петок (Велипеток) се смета за најтажниот ден во христијанството и најтежок празник. Верата налага строг пост, само на вода, а верниците треба да се воздржуваат од веселби и прослави. Во црквите се читаат извадоци од евангелијата кои ја опишуваат Страдалната недела на Исус. Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги ...
Централното градско јадро на Гостивар деновиве е разубавено со декоративни елементи во духот на велигденските празнувања. Гостиварската локална самоуправа по повод Велигден го украси околниот простор кај црквата „Успение на Пресвета Богородица“. На плоштадот поставена е декорација со зајак, кој е прифатен како симбол на празникот на Христовото воскресение, а долж ул. „Илинденска“ има светилки. Општина Гостивар го украси централното подрачје и ...
Синдикатот на културата на Република Македонија денеска преку соопштение изрази незадоволство во врска со неисплатените мартовски плати за вработените во културата поради, како што наведуваат, ненавременото усогласување со минималната плата согласно одредбите од Колективниот договор за култура и со Општиот колективен договор и најави активности на почетокот од наредната недела. -Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно ...
На Велика Сабота, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Александар Јанкоски и ѓакон Славче Ѓорѓески, отслужи Вечерна со Света Василиева Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар. Во својата беседа митроплитот г. Јосиф меѓу другото нагласи: „Добро знаете дека во Ерусалим, на Велика Сабота, во гробот Господов секоја година се случува чудо: Бог го дава ...
Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале ...
Три лица го загубија животот, а осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи ноќеска на патот Кичево-Гостивар. Обвинителството утрово информираше дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР извршиле увид на лице место каде се случила несреќата меѓу три возила. „Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. ...
Кога бумер или генерацијата родена помеѓу 1946 и 1964 година ќе каже „во мое време…“, големи се шансите дека некој Gen Z генерацијата ќе преврти очи. И не без причина – светот на нивната младост изгледа како друг универзум. Но, токму тие „старомодни“ навики кријат вредности кои денешните генерации не секогаш ги разбираат – блискост, трпение, и посветеност. Разликите не се тука за да не разделат, туку да нè научат како се менуваат времињата. А ...
Согласно новата регулатива што стапува на сила од денеска, сите трговци – мали, средни и големи – се обврзани јавно да ги објавуваат продажните цени на производите на своите официјални веб-страници. Целта на оваа мерка е да се зголеми транспарентноста кон потрошувачите и да се обезбеди редовен увид во цените. Цените мора да бидат објавени во посебен и лесно достапен дел од веб-страницата (Ценовник), без потреба од регистрација или логирање. ...
Во текот на месец март, пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и еден случај на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 39 години, објави во месечниот извештај Институтот за јавно здравје. Регистриран е еден смртен случај од СИДА. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.03.2025), вкупниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 698, и тоа: ...
Утрово, на Велики Петок, денот кога во христијанството се одбележува распнувањето на Исус на крстот, во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар беше отслужена литургија и се читаа светите Евангелија. Потоа, како што налагаат традициите и црковните правила за денес, во храмот беше изнесена Светата Плаштеница. Плаштеницата го симболизира христовиот гроб (претставен како маса покриена со платно на кое е насликано христовото тело ...
Во текот на вчерашниот ден, (16 април) на подрачјето на Гостивар, СВР Тетово спроведе засилена контрола насочена кон почитување на сообраќајните прописи. При контролата, откриени и санкционирани биле вкупно 27 возачи за погрешно и непрописно паркирање, од кои 12 возила биле подигнати со специјално возило „пајак“. Дополнително, санкционирани се и 34 други видови сообраќајни прекршоци, што го доведува вкупниот број на прекршители во Гостивар на 61 ...
Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во гостиварскиот регион се очекуваат услови за врнежи во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне 20 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, ...
Пожарот во Кочани денеска ја зеде 62-та жртва. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови, веднаш е упатен на лекување во Воено – медицинската академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец, информираа надлежните на прес-конференцијата што се одржа попладнево во Министерството за здравство. Професор Андријан Карталов, раководител на КАРИЛ, појасни ...
На Велики Четврток се одбележуваат настаните што се случиле пред да тргне Спасителот на доброволните страданија. Во овој ден си спомнуваме за: Тајната вечера и сè што се случувало тогаш: подготовката, миењето нозе на апостолите, поуката за смирението и братољубието, посочување на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата, востановување на Светата евхаристија, најава за Петровото одрекување, Прошталната беседа на Христа со 11 апостоли, ...
Културното наследство е богатство кое сведочи за животот, вредностите и традициите на минатите генерации, поради што треба да се познава, почитува и чува. Во таа насока, денес кај Саат кулата, симболот на Гостивар, поставена е изложба на фотографии со објекти од културно наследство и археолошки локалитети. Настанот го организира гостиварскиот Конзерваторски центар, по повод Меѓународниот ден на културното наследство, 18 април. „Изложени се околу ...
Понекогаш е тешко да ги препознаеме сопствените лоши навики, особено кога тие се поврзани со нашите мисли и несвесни реакции. Сепак, постојат неколку примери каде што е клучно да се види дека одреден начин на размислување ни носи многу повеќе штета отколку добро, како на пример следните. Повеќето денови сте фокусирани на вашите мисли, а не на реалноста Природно е луѓето да размислуваат за минатото или иднината, да ја разгледаат расправијата со ...
Отсекот за превенција при СВР-Тетово во соодејство со полициски службеници од ПС-Гостивар по повод претстојниот православен празник Велигден, остварија средба со протоереј Трпе Богојески од гостиварското архијерејско намесништво, со цел информирање околу текот на организираните црковни одбележувања кои се посетени од голем број граѓани. „Полицијата е информирана дека во црковниот храм Св.Богородица во Гостивар, верските ритуали во Петок (велики ...
Здружението на приватни аптеки бара изземање на аптеките од новиот Правилник за објавување цени на стоки од 3 април годинава, нагласи за време на денешната изјава за медиуми, Билјана Божиновска, член на Извршниот одбор на здружението. Божиновска рече дека аптеките не треба да се третираат како обични трговци. – Сакаме да потенцираме дека аптеките не се класични малопродажни објекти, туку здравствени установи на ниво на примарна здравствена ...
Гостиварски театар започна со реализација на програмата предвидена за 2025-та година со подготовка на две нови претстави. Станува збор за претставите „Манијак“ на македонски јазик и „Цилиндар“ на албански јазик. Комедијата „Манијак“ е по текст на Ратко Бијелчиќ, во режија на Елеонора Теова, а улогите ги играат: Марко Дојоски, Ирена Илиевска и Елизабета Младеновска. Темата е околу состојбите кои настануваат од лажните вести во медиумите. ...
Коалицијата Вреди смета дека одлуката за настап со одделни советнички листи за советници на Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари е донесена во интерес на ДУИ чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере, изјави денеска претседателот на Демократското движење и вицепремиер во Владата Изет Меџити, по состанокот на лидерите и високи функционери на оваа коалиција. Вреди не го исклучила од коалицијата Таравари, туку тој, според Меџити, ...
На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници. Последното претсмртно помазание на Господа Христос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8). Според евангелските сведоштва, Господ Исус Христос и апостолите ноќта ја поминале „во Витанија, во куќата на Симона ...
Гушкањето пред спиење има големо благотворно влијание врз менталното здравје на децата. Имено, оваа здрава навика, како што велат психолозите, е важен фактор за емотивниот развој. Психологот Лора Рид од Велика Британија објаснува дека гушкањето придонесува за создавање поцврсти емоционални врски меѓу родителот и детето, што е од клучно значење за емоционалната стабилност. Таа физичката поврзаност пред спиење, му помага на детето да се опушти и ...
Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на основните прехранбени производи и дел од средствата за хигиена и одлуката за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи завршуваат на крајот на овој месец. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека ќе се следи ситуацијата и доколку има потреба, ќе бидат донесени други мерки. – Ние ќе ја следиме ситуацијата, ако случајно се зголемува инфлацијата, ќе ...
Во гостиварско Здуње започнаа градежни работи за асфалтирање на пат во должина од 1,5 километри. Таму на терен денеска беше градоначалникот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани, кој оцени дека работите треба да завршат во текот на следниот месец. „Пред поставувањето на новиот асфалт, беше отстранет стариот слој, извршено е нивелирање и поставување на тампон. Се очекува патот да биде готов од средината на наредниот месец. Овој пат беше еден од ...
На 15.04.2025 во 19.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Гостивар-Тетово, после клучка Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од К.А.(30) од Велес, патничко возило „бмв“ со гостиварски таблички, управувано од И.П.(42) од Гостивар и патничко возило ,,хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од Камењане. „Во несреќата со ...