Трошоците на животот во април 2025 година се зголемени за 2.6% во однос на истиот месец лани, додека индексот на цените на мало е повисок за 2.7%, објави Државниот завод за статистика. Најголемо месечно зголемување е забележано кај транспортот (5.1%), облеката и обувките (1.5%), како и рекреацијата и културата (1.4%), мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Здравје за 0.4 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %. Од друга ...

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, додека делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што им ги зголеми казните затвор на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули од четири на десет години, на одговорниот за ...

Индиските вооружени сили синоќа извршија напади врз девет локации во Пакистан и во спорниот регион Џаму и Кашмир, што го администрира Исламабад, сопшти денеска индиската армија. Индиската армија објави дека нападите во рамките на операцијата „Синдор“ биле „фокусирани, умерени и неескалирачки по природа“ и дека не биле насочени кон пакистанската армија. „Нашата акција беше насочена, одмерена и не предизвикуваше ескалација. Ниту една пакистанска ...

Со промотивен настан во Летниот Амфитеатар крај Вардар во Гостивар, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го започна одбележувањето на јубилејот 30 години присуство и работа во Македонија. „УНДП работи во земјава од 1995 година и имаме инвестирано над 250 милиони американски долари. Добар пример за ова се регионот на Полог, Гостивар каде што некои од активности и проектите што ги спроведовме вклучуваа заштита и спречување на поплави, ...

Витаминот Ц е еден од клучните хранливи материи за одржување на здравјето и правилно функционирање на телото. Покрај сѐ друго, има важна улога во зајакнувањето на имунитетот, одржувањето здрава кожа, крвни садови и ткива и му помага на телото да апсорбира железо. Иако во повеќето случаи може да се внесат доволни количини на витамин Ц преку здравата исхрана, понекогаш може да се појави и негов недостаток. Најчестите причини за ова се лошите ...

Делегации на СВР Тетово, ОВР Гостивар и Синдикатот на Полиција во Македонија, денеска ги посетија вечните почивалишта на Горан Илијевски од Гостивар и Ненад Серафимовски од гостиварско Зубовце, како и спомен плочата за гостиварците Даил Јанкоски и Александар Николиќ во Циглана, кадешто беше положено цвеќе во нивна чест. Оддавање на почит кон овие херои беше организирано по повод Денот на македонската полиција што се одбележува на денешен датум ...

Кошаркарскиот клуб Гостивар се наоѓа во сериозна борба за опстанок во Првата македонска кошаркарска лига во сезоната 2024/2025. На само две кола пред завршувањето на плејаутот, гостиварци сè уште „висат“ без обезбеден опстанок и денешниот натпревар може да биде решавачки. По поразот од Шкупи со 82-78, во минатото коло за тимот на Гостивар денешниот натпревар против Тиквеш претставува императив за победа. Гостите од Кавадарци веќе го обезбедија ...

Во Центарот за обука на МВР во Идризово се одржа централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција. На свеченоста присуствуваа претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев, раководството на министерството, министри и членови на дипломатскиот кор. „Правдата може да биде бавна, но никогаш не треба да биде ...

На 6 мај 2025 година, во 10:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 61-годишниот А.М. од Гостивар. Тој бил приведен по претходна пријава дека, околу 10:00 часот на улицата „Панче Попоски“, по вербално недоразбирање во сообраќајот, му нанел убодни рани со остар предмет на 26-годишниот М.Р. од село Чегране, информираат од полицијата. Напаѓачот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе му ...

Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање стипендии за македонски државјани од Владата на Италија за академската 2025-2026 година. Како што објави МОН, кндидатите може да аплицираат за следните категории на студии во Италија: напредни курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик (три месеци); втор степен на универзитетски студии (две годишни постдипломски); студии за високо образование од областа на ...

На престижниот меѓународен настан што се одржа викендов во Килкис (Кукуш), Грција, македонските претставници покажаа извонредна форма и борбеност, освојувајќи вкупно три златни и два бронзени медали во мешани боречки вештини (ММА), во конкуренција со борци од целиот Балкан. Македонските клубови се истакнаа со одлични резултати: Клубот “Protector Dolcino” од Гостивар, настапи со двајца борци – Дарио Настовски од Тетово, член на Alpha Gym, кој ...

Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 0,1 процент во однос на претходниот месец, а за 4,4 проценти споредено со април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Анализирано по групи, цените во угостителството, во април 2025 година во однос на март 2025 година се зголемени за 0,2 проценти кај Храна, за 0,1 процент кај Алкохолни пијалаци и за 0,1 процент кај Безалкохолни пијалаци. Во групата Ноќевања не е ...

Во слава на Денот на македонскиот јазик кој се одбележува на 5-ти мај, и јубилејот 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, попладневно во Гостивар се одржа свечена манифестација. Настанот го организираше Центарот за култура „АСНОМ“ во соработка со гостиварските средни училишта. „Јазикот е нашиот корен, наш дом, наш пат кон сетот, во него сме скриени, во него се разоткриваме. Нашето невидливо тело и нашата најгласна тишина. Со јазикот ...

Најмалку 19 беспилотни летала биле соборени од руската воздушна одбрана додека се приближувале кон Москва, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин во раните утрински часови. Според руското Министерство за одбрана, вкупно 105 украински беспилотни летала од авионски тип биле соборени над неколку руски региони во текот на ноќта, од кои 19 над московскиот регион. Нападот се случи неколку дена пред одбележувањето на 80-годишнината од победата над ...

Иако интелигенцијата сочинува само 50% од равенката за успехот, образованието и правилната стимулација се клучни за целокупниот развој на детето. Постојат пет важни елементи кои значително влијаат на развојот на интелигенцијата на вашето дете. Образованието како темел за интелектуален раст Дилемата “природа наспроти воспитување” одамна е присутна, но факт е дека развојот на мозокот не зависи исклучиво од генетиката. Иако мозочните клетки ...

Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат и во текот на месецов ќе се знае иднинатата за функционирањето на АА. Премиерот Мицкоски на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции. Мицкоски денеска соопшти дека на средбата сака да слушне ...

Православните христијани во земјава денеска го слават големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, маѓу народот познат како Ѓурѓовден. Денот на светиот великомаченик Георгиј секоја година се празнува на 6 мај според новиот (или на 23 април според стариот) календар. Во народната традиција Ѓурѓовден се смета и за празник на обновувањето на природата, раззеленување на вегетацијата и враќање на животот по ...

Меѓународниот ден на трудот, Први Мај, денес е симбол на борбата за работнички права, но низ историјата е проследен со бројни контроверзии и необични факти. Празникот се одбележува во чест на штрајкот во Чикаго од 1886 година, кога илјадници работници излегоа на улиците со барање за воведување на осумчасовен работен ден. Штрајкот заврши трагично со полициска интервенција, загинати и осудени учесници, меѓу кои неколку беа и погубени. Во знак на ...

На 04.05.2025 во периодот од 14.00 до 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар извршиле акциска контрола за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Притоа, поради безобѕирно управување со моторно возило по наредба од јавен обвинител од слобода биле лишени четири лица. Во 15.00 часот ...

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за 1 денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0, 50 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,042 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена ...

Традиционално, со положување на цвеќе на бистата на великанот Гоце Делчев и културно-уметничка програма, основното училиште во Гостивар што го носи името на овој македонски револуционер го прослави патрониот празник, 4 мај. „Гоце Делчев е револуционер на балкански размери, нему му е туѓ секаков национализам и шовинизам. Тој мечтае за балканска федеративна република, како највисок дострел на збратимувањето на балканските народи. Гоце високо го ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за април 2025 година. Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка, посочуваат од Министерството, ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 23 степени. Утре (вторник) и во среда нѐ очекуваат слични временски услови, додека во четврток според метеоролошките прогнози ...

Четиринаесетгодишната Тамара Грујеска од Гостивар продолжува со успесите на музичко поле. Последниот во низата доаѓа од Интернационалниот музички фестивал TALLINN VOICE во Естонија, каде пејачката се закити со највисока награда-Гран При. Освен тоа, таа освои и први места во категории џез-поп пеење и светски хит. Фестивалот се одржуваше на 2 и 3 мај, а Тамара беше преставник на Македонија. Младата гостиварка претходно на престижниот музички ...

Вчера (3.05.2025 година) во 23.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Дебреше се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Арора“ со гостиварски регистерски таблици управувано од 14 годишен малолетник од село Дебреше и патничко возило „Форд фиеста“ со гостиварски таблици, управивано од А.Ф.(51) од истото село. „Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот којшто го управувал моторциклот како и неговиот 15 ...

Казни во вредност од 8 350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на 14 месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли. Надзорите, како што информира АХВ, биле реализирани на 30 април годинава на целата територија на државата, а како небезбедни се уништени 323 килограми храна. -Со спроведените контроли на месарниците ...

Вештачката интелигенција денес може да одговори на речиси секое прашање, за само неколку секунди. Но цената што ја плаќаме за оваа погодност, според експертите, не е парична – туку ментална. Имено, се повеќе стручњаци предупредуваат дека прекумерната употреба на АИ алатки може сериозно да ја поткопа нашата способност за самостојно размислување, креативност и критичко заклучување. Од табла и креда до ChatGPT во неколку децении Замислете се на ...

Ноќеска во периодот од 00.20 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар при што биле пронајдени и приведени пет странски државјанки кои злоупотреба на туристичиот престој во земјава. -При контролата на угостителскиот објект поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски ...

Денес се навршуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер, визионер и идеолог за независна Македонија – Гоце Делчев, кој на 4 мај 1903 година бил убиен од османлиската војска во селото Баница, на патот кон Сер. Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола, Делчев рано покажал интерес за образованието и слободата на својот народ. Завршил гимназија во Солун, а потоа студирал на Воената академија во ...

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните најдоцна до крајот на месец мај да направат увид во генерираните ДЛД-ГДП кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“. Секој кој е регистриран на системот „е-Даночни услуги“, велат од УЈП, има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2025 година, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1022
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1023
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.09
76%
1022
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.16
82%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1020
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1022
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
84%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
96%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.9349

Currency

70.4249

Currency

35.1475

Currency

38.1696

Currency

65.6794

Currency

7.48627

Currency

0.68452

Currency

0.33755

Currency

0.52402

Currency

1.24143

Currency

0.58871

Сребро

1947.42

Никел

472696.35

Родиум

256402.20

Алуминиум

2.89

Паладиум

47808.16

Иридиум

145787.60

Калај

40.61

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Платина

54545.58

Злато

135307.19

Цинк

3.26