Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Сузбиени се две криминални групи кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии, поднесена кривична пријава против 49 лица, лишени од слобода 23, по едно лице се трага, информираше денеска МВР. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на МВР: „На 23.04.2025 Министерството за внатрешни работи во координација со надлежен јавен обвинител при ОЈО за ГОКК спроведе полициска акција, ...
Речиси една година во Гостивар функционира шелтер центарот за жртви на семејно насилство, кадешто малтретирани и напаѓани жени ја добиваат потребната помош и поддршка. Засолништето, кое го води Центарот за женски права ЕТИКА-Гостивар е прво и единствено од таков тип во полошкиот регион, а има капацитет за згрижување на осум лица. „Моментално во шелтерот се сместени три лица, но кај нас бројот секогаш се менува и има нови лица кои се обраќаат за ...
СВР Тетово информира дека вчера (23.04.2025) во 15.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода малолетник од Република Турција и од него, во присуство на неговиот татко К.М.А.(39) од Република Турција, со престој во Гостивар, е одземен велосипедот кој претходно го украл. „Велосипедот е вратен на сопственикот Б.В.(33) од Гостивар, а малолетникот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен ...
Времето денеска (четврток) ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео предупредување во кое се нагласува дека наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 19 степени. Според најавите од УХМР и утре ...
Цревата имаат важна улога за здравјето на целиот организам бидејќи влијаат на имунитетот, варењето, расположението и новата енергија во телото. Па, така, одредена храна може да го подобри здравјето на цревата. Имено, сѐ поголем број нутриционисти и лекари ја нагласуваат важноста на урамнотежена цревна флора и начините на коишто таа може да се поддржи преку исхраната. Одредени намирници, во таа смисла, се издвојуваат бидејќи помагаат во ...
Граѓаните на Гостивар сакаат повеќе зеленило на булеварите и околу новите станбени објекти. Ова го покажа анкета, која е дел од Студијата за раззеленување и пошумување на градското подрачје, документ што беше презентиран денес на јавна дебата. Студијата ги содржи еко проектите и активностите кои се веќе реализирани или се планираат, барањата и потребите на граѓаните, како и препораки на експерти. „Гостивар е една од ретките општини која има ...
По скоро три недели пауза во домашното кошаркарско првенство, утре (23 април) стартува завршницата во Првата македонска кошаркарска лига за сезоната 2024/2025. Кошаркарскиот клуб Гостивар ќе ја започне својата борба за опстанок со натпреварот против Шкупи. Натпреварот е закажан за среда (23 април) во салата „Младост“ во Гостивар, со почеток во 17:00 часот. Овој дуел претставува прв од серијата шест натпревари кои ќе го одлучат идниот прволигашки ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска повика на првомајски протест на кој ќе побара зголемување на минималната и на останатите плати и подобри услови за работа. Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом и на учество ги повикаа синдикатите здружени во ССМ и нивните членови, другите синдикати, работниците, граѓаните, борците и активистите за човекови права. – Сите кои му мислат добро на работникот да ни се придружат на овој ...
Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), спроведува акција на повеќе локации низ државата, поради основано сомнение за извршени кривични дела со кои е предизвикана значителна штета на Фондот за здравствено осигурување. Од МВР информираат дека, со оглед на обемот на акцијата, повеќе детали ќе бидат соопштени по нејзиното завршување. Според ...
Градската библиотека во Гостивар, која функционира во склоп на Центарот за култура АСНОМ, станува сѐ поголемо читателското семејство. Бројот на членови изминатиот период значително расте, а полиците континуирано се збогатуваат со нови наслови. „На наше големо задоволство, бележиме доста голем интерес кај граѓаните да се зачленат во библиотеката и да ги читаат книгите кои ги имаме во книжниот фонд. Бројот на членови изминатиот период постојано ...
Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, по 12 години на чело на Римокатоличката црква, оставајќи зад себе еден од највлијателните понтификати во современата историја. Со неговата смрт се активира традиционалниот процес за избор на нов поглавар на Католичката црква, кој опфаќа над 1,4 милијарди верници ширум светот. Папата е духовен и институционален лидер на Католичката црква, која го признава како наследник на апостолот Петар, со целосна ...
Различностите да се почитуваат и да се гради сплотеност, заедништво и соживот. Вакви беа пораките испратени од денешното дружење со децата со попреченост во Гостивар по повод христијанскиот празник Велигден. Настанот, кој се одржа во слаткарницата „Ла Шишко 3“, го организираа здруженијата „When in Trouble“, „Д-р Трајче Нешковски“ и Ресурсниот центар на родители за деца со посебни потреби. „Се трудиме со децата со попреченост да си ги прославиме ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 проценти. ДЗС појаснува дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен ...
Одењето со побрзо темпо може значително да ја намали опасноста од развој на абнормалности на срцевиот ритам, покажува истражувањето објавено во реномираното научно списание „БМЈ Харт“ (BMJ Heart). Истражувањето ги опфатило податоците од 420.925 испитаници во рамки на „Биобанката на Обединетото Кралство“ (UK Biobank), кои доброволно пријавиле информации за нивното секојдневно темпо на одење. Од нив, 6,5 отсто изјавиле дека се движат бавно, 53 ...
Познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир, во деновите пред и за време на празникот на Христовото воскресение-Велигден, традиционално беше преполн со верници, но овој пат нив ги имаше многу повеќе. Знаејќи дека Велигден во Бигорски се прославува најторжествено, како никогаш до сега на воскресенската Велигденска литургија присуствуваа над 5 илјади верници, од нашата и од соседните земји, што е двојно повеќе споредено со изминатите ...
Секој Велигден, по трпезата или дури уште од самото утро, луѓето си даруваат јајца едни на други и со насмевка велат: „Христос воскресе!“ – „Навистина воскресе!“, а потоа се кршат јајце со јајце. Победник е оној чие јајце ќе остане неоштетено. Но од каде потекнува оваа традиција и што значи? Потекло на традицијата Удирањето на велигденските јајца е обичај со длабоки корени во православната христијанска традиција, но се практикува и во други ...
Улицата „Мара Угринова“ во близина на железничката станица во Гостивар доби нов лик. Улицата во должина од околу 350 метри е реконструирана и уредена, а попладнево гостиварската локална власт официјално ја промовираше. „Се надевам дека оваа улица многу ќе помогне на овој дел од градот и жителите од станбените згради за подобра комуникација и полесно движење. Ги слушнав и другите барања кои ги имаат нашите сограѓани кои живеат овде, како на ...
Далеку од урбаната џунгла, вредните другарки на Весна си живеат во своето кралство. Тие неуморно си ја работеа својата работа, а ние преку видео сторијата ќе се обидеме да прикажеме барем мал дел од тоа. Весна се занимава со пчеларство две децении, како дел од продолжување на традицијата на семејството на нејзиниот сопруг Зоран. Освен во Железна Река, пчеларник има и во Маврово. Медот што го произведува е 100% природен, со висок квалитет и има ...
Натпреварите во сите кошаркарски лиги во Македонија се суспендирани на неодредено време, откако Судиската Комисија при Кошаркарската Федерација на Македонија (КФСМ) донесе одлука за бојкот. Причината, како што соопшти КФСМ, се неисплатени финансиски средства кон судиите. Во денешното официјалното соопштение до јавноста, КФСМ детално ги објаснува случувањата кои довеле до оваа ситуација. Од Федерацијата наведуваат дека минатата недела одржале два ...
Вицепремиерот и претседател на Демократското движење Изет Меџити уверува дека и покрај превирањата во Влен, Коалицијата не се распаѓа туку е уште посилна и појака, бидејќи 107.000 гласови освоени на последните парламентарни избори, вели, беа гласови за промена и надеж и ние остануваме на тој пат. -Ние сите се сплотивме околу идејата да донесеме промена, плурализам, демократија во албанскиот кампус, борба против корупција. Сите се уште стоиме на ...
Во текот на вчерашниот ден (21-април) на подрачјето на СВР Тетово била спроведена засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 102 возачи (ТЕ-91 и ГВ-11) за пречекорување на максимално дозволена брзина. Исто така биле санкционирани и 18 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-5). Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и ...
Центарот за управување со кризи утрово изнформира дека 0д денеска па до петок (од 22.04.2025 до 25.04.2025), стручниот тим на “Мактек Дооел “ , ќе изврши минирање за градежни работи за потребите на компанијата “Мактек Тропикана” Доо Скопје -“Бехтел и Енка‘‘ на локалитетот: село Бањица (км 7+200 до 9+721 км ) Автопат Коридор 8 и 10 , Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа Струга – Ќафасан. Минирањето ќе се врши од 12:00 часот до 17:00 часот. ...
Синдикатот на културата денеска ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и како што соопшти, обидите за непочитување на колективните договори. – Повод за овој протестен Совет во проширен состав пред Министерството за култура и туризам е ударот врз достоинството на културните работници, ненавремените и јасни насоки за пресметка на плата од Министерството за култура, постојаните обиди за непочитување на ...
На граничните премини Табановце и Богородица од доцна попладнево времето на чекање за влез во државата изнесува околу еден час. Голем број граѓани продолжениот викенд го искористија да отпатуваат до соседните земји. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на ...
Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спровела 617 вонредни контроли при што уништени се 1 740 килограми небезбедна храна. При контролите утврдено е дека 16 оператори не ги задоволуваат хигиенските барања за безбедност на храната и техничките услови во објектите, а четири оператори не ги спровеле задолжителните здравствени прегледи на вработените или тие имале санитарни книшки со истечен рок на важност. Пет од операторите не биле ...
Почина папата Франциск, јави италијанската новинска агенција АНСА. Роден е како Хорхе Марио Бергољо на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина. Папата Франциск Избран за папа во 2013 година, по оставката на папата Бенедикт Шеснаесетти. Беше првиот језуит и првиот латиноамериканец, како и првиот член на црковниот ред од Григориј XVI (1831–1846) и првиот неевропеец по Григориј III (731–741) кој ја зазеде оваа позиција. ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на нестабилно време со дожд и грмежи. Претпладне во текот на денешниот ден (понеделник), времето се очекува да биде сончево со умерена облачност, а веќе од попладне, во западните и крајните источни делови, ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе ...
Оваа година и православните и католичките верници го слават Велигден на ист ден – 20 април. Ваквото поклопување не се случува често, бидејќи источната и западната црква користат различни календари (јулијански и грегоријански), но годинава датумите се совпаѓаат. Двата најважни празници во христијанството се Божиќ и Велигден, денот на раѓањето и денот на воскресението на Исус Христос. Датумот на Божиќ е утврден – тоа е 25 декември, и во ...
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Оваа година, Велигден, покрај православните, на ист ден го слават и католичките верници. Ваквото поклопување не се ...
Христовото воскресение, празникот центар на православната вера, во Гостивар вечерва беше дочекан масовно, со заедничка споделена радост за веста што ја содржи сржта на постоењето-Победа на животот над смртта. Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во центарот на градот, целиот градски плоштад и околниот простор беше преплавен со народ, дојден со трепет во срцата да ја дочека веста за воскресението на Спасителот. Според обичаите и ...