Има приватни универзитети кои постојат како трговски претпријатија, „штанцале“ дипломи години наназад и Владата им се спротивстави, но има и приватни универзитети кои навистина добро работат. Не сум против отворање приватни школи, универзитети и слично, но секој мора да го почитува законот и уште поважно, тие да не се отвораат исклучиво за бизнис цели, туку со мисија навистина да помогнат во подобрување на квалитетот на образованието во државата ...

Васил Јованов доби 12 години затворска казна за прегазувањето на Фросина Кулакова на 29 јануари годинава, на пешачки премин во Скопје. Пресудата за судењето што почна на 9 овој месец беше изречена денеска во Основниот кривичен суд Скопје. Јованов доби и забрана за управување со моторно возило во траење од 5 години. Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи забележал зачестена појава на таканаречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив. Овие пораки, како што наведува МВР, лажно тврдат дека сте сториле повреда на авторски права и содржат фишинг-линкови до наводна документација или ...

По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вчеравечер на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалицијата и дека одат во опозиција. Според него, едногласна била одлуката во партијата на оваа средба на која беа партиските функционери и претседателите на ограноците. Тој вели дека се горди на промената во албанскиот политички блок која ја направиле после две децении, но дека промените не биле доволни. ...

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест во Скопје на кој беше побарано да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку колку минималната плата. Се бара и воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови. – Денеска сме тука пред судовите да им укажеме дека многу им е и таа два отсто доверба што ја ...

Прашањето за бројот на забите често интригира многумина, особено родителите кои го следат развојот на своите деца. Разбирањето колку заби има една личност во различни фази од животот е од клучно значење за следење на оралното здравје и правилен развој на вилицата. Развој на човечки заби Човечките заби минуваат низ фасцинантен процес на развој кој започнува пред раѓањето. Првите заби, познати како млечни заби, го започнуваат својот развој во ...

Ракометната репрезентација на Македонија избори пласман на Европското првенство 2026 откако вечерва славеше над Литванија со убедливи 26:17 (13:11) во арената „Јане Сандански“. Пред полни трибини и со силна поддршка од публиката, македонските ракометари одиграа извонредно второ полувреме, го потврдија фаворитскиот статус и обезбедија второ место во групата. Најефикасни во составот беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов со по пет гола, додека ...

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто во однос на претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 64,5 денари за литар, ...

СВР Тетово информира дека вчера (11.05.2025) во 14.55 часот на магистрален пат Тетово –Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар при радарска контрола констатирале дека К.Р.(32) од Косово управувал патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 км/час. Во 15.00 ...

Како фриленсер, добивањето на заем може да биде предизвик, особено кога не постои редовен месечен приход. Но, добивањето на заем како фриленсер не е невозможно! Како за невработени лица, така и за фриленсери, постојат кредити кои се направени следејќи ги можностите и потребите на специфичната категорија на кредитобаратели. Па, што е потребно за да добиете заем како фриленсер? Во продолжение, ќе ги разгледаме основните услови и чекорите што треба ...

Управата за јавни приходи (УПЈ) ги потсетува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовински плаќања дека се должни за секое работно место каде што се врши прометот да воведат и користат фискален систем на опрема, задолжително да издаваат фискална сметка за секој извршен промет и редовно да ги одржуваат и сервисираат фискалните апарати во овластен сервисен центар. „Адресните податоци внесени во фискалниот систем треба да ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 8 до 19 степени. Според метеоролошката прогноза, утре (вторник) ќе владее променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд. Максималната дневна температура ќе ...

СВР Тетово информира дека вчера (10.05.2025) во 11.55 часот во ПС Гостивар А.Ѓ. од Гостивар пријавил дека во стан во Гостивар имало заклучено малолетено дете, кое плачело. „Веднаш било постапено по пријавата и со интервенција од Територијалната противпожарна единица Гостивар бил отворен станот, каде било пронајдено 9- годишно дете и по укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош, било предадено на службеници од Центарот за ...

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја соопшти одлуката за дисциплински мерки против клубовите ГФК Гостивар АД и ФК Воска Спорт АД, поради неодиграните натпревари од последните две кола во Првата МФЛ. – ГФК Гостивар АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 30. коло, идентична е казната и за неодигрување на натпреварот од 31. коло во Прва МФЛ; – ФК Воска ...

Ако бараш брз и вкусен десерт што ќе го освои целото семејство, тогаш овој колач со моркови и чоколадо е вистинскиот избор. Комбинацијата на сочни моркови, цимет и растопено чоколадо создава неодолива арома и вкус. А најдобриот дел е дека за овој вкусен десерт се потребни само 30 минути! Потребни состојки: Подготовка: Излупете го и изрендајте ги морковите. Ставете ги ренданите моркови, маслото, млекото и шеќерот во блендер и блендирајте додека ...

Браната Три Кланци на реката Јангце во Кина, најголемата хидроелектрана во светот, предизвикала мерливи промени во ротацијата на Земјата, соопшти НАСА. Огромната количина вода во акумулациското езеро, со капацитет од 39 кубни километри, ја променила распределбата на масата на планетата, успорувајќи го денот за 0,06 микросекунди и предизвикувајќи поместување на Земјината оска за околу 2 сантиметри, пренесе ДПА. Според д-р Бенџамин Фонг Чао од ...

Претставници од СВР Тетово и ОВР Гостивар им оддадоа почит на загинатите полициски службеници од Гостивар, кои во 2015 година во Диво насеље во Куманово го дадоа животот бранејќи ја татковината. Положија цвеќе и се поклонија на нивните вечни почивалишта. Вчера (9 мај) се навршија десет години од настаните во Диво насеље, кадешто загинаа Горан Илијевски Мече од Гостивар и Ненад Серафимовски од Зубовце. Тие учествуваа во полициската акција, првиот ...

Со само 14 калории во една мала чинија, спанаќот обезбедува хранливи материи и волумен на оброкот без голем внес на калории. Затоа консумирањето повеќе спанаќ помага во губењето на тежината и одржувањето на здрава телесна тежина. Извор на бројни хранливи материи што им недостасуваат на многу луѓе Содржи хранливи материи што повеќето луѓе не ги консумираат во доволни количини, како што се железо, магнезиум и растителни влакна. Железото е клучно ...

СВР Тетово информира дека ноќеска 1 часот и 10 минути полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода И.Ф. (50) од Долна Бањица, гостиварско. „При сообраќајна контрола на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар, било сопрено патничко моторно возило „шкода”со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал И.Ф., и по преземени мерки било констатирано дека И.Ф. е под дејство на алкохол, ...

Гостивар и годинава се вклучи во националната еколошката активност „Генералка викенд“, што се спроведува низ општините во земјава. Утрово беа организирани акции за чистење на отпад во централното градско подрачје и во населбата Малеарди, од каде беа испратени пораки за поголема грижа на секој поединец и придонес во зачувување на животната средина. Во акцијата учествуваше и градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани. „Генералка викенд трет пат ...

Само две минути пешачење после оброк може да помогне во регулирањето и намалувањето на нивото на шеќер во крвта, а следствено – и за помала можност за развој на дијабетес тип 2. Според лекарите, најдобро време за прошетка е рокот од 60 до 90 минути по јадењето, бидејќи тогаш нивото на шеќер во крвта го достигнува својот врв. Лесните прошетки се полезни и за луѓето кои веќе имаат дијабетес или висок крвен притисок. Одењето, но и стоењето може ...

„Комодор 64“ (Commodore 64), стар компјутер – популарен во 1980-тите, успеа да искомуницира со вештачкоинтелигентен бот „Чет-ГПТ“ за време на фестивалот на видеоигри „Лудикастело“ (LudiKastello) во Италија. – Тоа беше демонстрација на интернет-врска преку стар „К-64“ поврзан со кабел на мрежата… Значи има можност за интеракција со „Чет-ГПТ“, со пишување одредени прашања или барања со тастатурата, на коишто вештачката интелигенција одговараше со ...

Познати се четирите учесници на завршниот турнир за сезоната 2024/25 ќе се одржи од 23 до 25 мај во „Етихад Арена“ во Абу Даби. По 21 година континуитет, ниту еден шпански тим нема да игра на фајнал-фор на Евролигата. За шампионската титула ќе се борат четири екипи: Фенербахче (Турција), Олимпијакос и Панатинаикос (Грција) и Монако (Франција). Во полуфиналните натпревари на 23 мај се среќаваат Олимпијакос – Монако и Панатинаикос – Фенербахче, ...

Млад кочанчанец залепен со селотејп на бандера на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како што самиот нагласи дека е симболично врзан, денеска побара од институциите да им помогнат на повредените од дискотеката „Пулс“ во Кочани. -Пред некој ден дома си дојдоа деца од болница без прсти на рацете. Дајте барем на тие деца да им се помогне, порача Мартин Кироски на кого во дискотеката му загинале петмина другари. Побара од државата да му се помогне на ...

Со собир и положување на цвеќе во Гостивар беше одбележан 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. На одбележувањето во организирација на Општинскиот одбор на Сојузот на борци присуствуваа негови членови, претставници на политички партии, наставнции и ученици од гостиварските основни училишта. Во поздравното обраќање, претседателот на боречката организација Радислав Ѓиноски, меѓудругото рече: „Денес со право се поставува прашањето – Каков е мирот ...

Денеска се навршува деценија од оружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во пресрелката ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде ќе наврнат од 20 до 30 литри на квадратен метар, а во останатите делови од 10 до 15 литри на квадратен метар. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне до 20 степени. ...

Родителите на трагично починатите деца во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, испратија писмена изјава до јавноста во која изразуваат длабока болка, но и заедничко и недвосмислено барање за целосна правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции. Родителите потенцираат дека се подготвени да соработуваат со еминентни домашни и странски адвокати кои ќе обезбедат правна поддршка во сите фази на ...

Крвниот притисок е еден од најважните показатели за здравјето на срцето и крвните садови – но често е занемарен, бидејќи проблемите со него може да се развиваат тивко и без очигледни симптоми. Додека нормалниот крвен притисок (под 120/80 mm Hg) не предизвикува грижи, покачените вредности може да укажуваат на хипертензија – состојба што значително го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, оштетувања на бубрезите, па дури и деменција. ...

На денешен ден пред осум децении, со капитулацијата на нацистичка Германија, беше означен крајот на Втората светска војна во Европа. Денес, 8 мај, во повеќе европски држави се одбележува Денот на победата во Европа (VE Day), додека Русија утре, на 9 мај, ќе ја одбележи 80-годишнината од победата над фашизмот со традиционална воена парада во Москва. Овој ден се смета за еден од најзначајните државни празници во Русија, со длабока историска и ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
85%
1023
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.54
76%
1023
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.09
69%
1022
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.16
81%
1024
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
74%
1021
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1022
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1022
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
95%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
66%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.9349

Currency

70.4249

Currency

35.1475

Currency

38.1696

Currency

65.6794

Currency

7.48627

Currency

0.68452

Currency

0.33755

Currency

0.52402

Currency

1.24143

Currency

0.58871

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89

Злато

135307.19

Сребро

1947.42

Платина

54545.58

Родиум

256402.20

Бакар

10.74

Паладиум

47808.16

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Цинк

3.26

Калај

40.61