Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Во текот на вчерашниот ден (27 април) на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 82 возачи (ТЕ-48 и ГВ-34) за пречекорување на максимално дозволена брзина. Исто така биле санкционирани и 8 (ТЕ) возачи кои управувале возило без да положат возачки испит, како и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-5). Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до ...
Одборот на бранителите денескa одбележа 24 години од масакрот врз осумте припадници на безбедносните сили што се случи на 28 април 2001 година помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Бреза. По интонирање на македонската химна беше оддадена почит со минута молк, како и положување цвеќе пред плочата со имињата на загинатите полицајци и војници од претставници на Одборот, Министерството за одбрана, Армијата, СВР Тетово, политички ...
Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се закануваат и на поединци кои ќе продаваат, бесплатно ќе нудат или онлајн ќе купуваат забранети производи, пренесува 24ur.com. Според минатогодишните измени на Законот за ограничување на употребата на тутунски и сродни производи, во ...
Фудбалерите на Ливерпул ја освоија својата 20. титула во англискиот шампионат откако вчера го победија Тотенхем со 5-1 на домашен терен во рамки на 34. коло од Премиер лигата. Гостите од Лондон поведоа во 12. минута преку Доминик Соланке, а четири минути подоцна Луис Дијаз израмни за тимот од „Енфилд“. Ливерпул поведе во 24. минута со голот на Алексис Мекалистер, а потоа следеа головите на Коди Гакпо (34) и Мохамед Салах (63). Конечниот резултат ...
Комбинацијата од млад спанаќ, јаболко и ореви дава освежување и енергија и е одличен избор за оброк или додаток во пролет. Уште кога ќе додадете и малку фета сирење, оваа пролетна салата станува совршена. Состојки: 1 рака млад спанаќ 1 јаболко, исечено на тенки парчиња 1 лажица исецкани ореви 30 гр. фета сирење маслиново масло сок од лимон, сол, бибер Подготовка: Најпрво, измијте го спанаќот и исечете го јаболкото на тенки парчиња. Додадете ги ...
СВР Тетово информира дека вчера (27.04.2025) околу 18.35 часот Б.Д. од Тумчевиште, гостиварско, пријавил дека во водите на река Вардар, во атарот на Чегране, во близина на мостот, забележал човечко тело. Телото било извадено од водата од страна на Територијалната противпожарна единица Гостивар и по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција, соопшти полицијата. За сега нема официјални информации за идентитетот на лицето и околностите на ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од ноќеска на полноќ се зголемуваат малопродажните цени на горивата. Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар, а цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 денари за килограм и ќе изнесува 37,155 денари за ...
Согласно Законот за празници, 1 Мај (четврток) кога се одбележува Меѓународниот ден на трудот е неработен ден за сите граѓани во Македонија. Меѓународниот празник на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време. Тој ден во Чикаго околу 40.000 американски работници стапиле ...
Северна Кореја за првпат официјално потврди дека испратила свои војници во Русија за поддршка на Москва во војната против Украина, во рамки на нивниот договор за взаемна одбрана, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Според државната севернокорејска новинска агенција КЦТА, испраќањето на војниците било наредено од лидерот Ким Џонг-ун. Ова е прва официјална потврда на присуството на севернокорејски војници во Русија, неколку месеци откако ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови од земјава ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 9 до 20 степени. Според прогнозата на УХМР, времето од утре до петок ќе биде сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. -Во вторник ...
Во возбудлив и изедначен натпревар од првото коло на плејаут фазата во Првата кошаркарска лига на Македонија, КК Гостивар славеше со резултат 81:78, против директниот конкурент за опстанок екипата на Шкупи од Скопје. Натпреварот се одигра попладнево во Спортската сала „Младост“ во Гостивар, пред малкубројна публика која беше сведок на драматичен финиш и силна тимска игра на домашниот состав. Гостивар ја покажа својата борбеност во последната ...
На националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk од денеска се достапни две нови услуги од основните судови – Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица. Со новата услуга за дигитална потврда за неосудуваност се заокружува пакетот најважни дигитализирани услуги за граѓаните, покрај веќе достапните – изводи од матичните книги, уверение за државјанство, имотен лист и за сопственост ...
Хормоналната рамнотежа има клучна улога во здравјето на секоја жена. Хормоните не се само „тивки регулатори“ на телото, туку влијаат и на речиси секој дел од нејзиниот живот и секојдневие. А пак, кога се јавува хормонална нерамнотежа, телото испраќа сигнали што може да укажуваат на некаков здравствен проблем, пишува порталот „Кликс“. Следат неколку симптоми на хормонален дисбаланс: – Ненадејните промени во расположението, како што се чувствата ...
Со доаѓањето на пролетта, природата се буди во својата полна убавина, а еден од највпечатливите знаци на оваа сезона е звуците што ја исполнуваат зората. Во раните утрински часови, пред самото изгрејсонце, пејачките птици започнуваат своја уникатна симфонија позната како „утрински рефрен“. Овој феномен претставува посебен момент од денот кога многу птици пеат посилно, почесто и со поголема енергија од вообичаеното. Според научниците, утринскиот ...
Здружението на акцијаши од Гостивар деновиве почна со активности за уредување на патеката од Беловишки Мост до Асан Чешма. Со акцијата е предвидено расчистување на патеката, поткастрување на околната вегетација која попречува движење, собирање на отпадот како и маркација. „Ова е наша прва акција оваа година. Сакавме да спроведеме чистење и маркација на патеката за попријатно и полесно движење на рекреативците кои ја користат“, велат од ...
Во текот на вчерашниот ден (25 април) на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 54 возачи (ТЕ-40 и ГВ-14) за погрешно и непрописно паркирање, од кои 24 (ТЕ-17 и ГВ-7) биле подигнати со специјално возило пајак. Биле санкционирани и 68 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-42 и ГВ-26). Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до учесниците во сообраќајот ...
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата локација во 12:13 часот бил регистриран земјотрес од 3,9 степени. Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, во ...
Смртта на папата Франциск на 21 април му донесе зголемен број заинтересирани гледачи на филмот „Конклава“ (Conclave) од 2024 година. Филмот сега е достапен на разни телевизиски и стрим-платформи, а заплетот се врти околу изборот на нов понтиф. „Конклава“, со Рејф Фајнс, Џон Литгоу и Стенли Тучи во главните улоги, под палката на режисерот Едвард Бергер, беше кандидат за низа филмски награди годинава, меѓу кои и номинацијата за „Оскар“ за најдобар ...
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на 15 милиони евра помош во рамките на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Армијата на Република Северна Македонија и нејзината оперативна подготвеност, јави дописникот на МИА од Брисел. – Денеска се согласивме да и обезбедиме на Северна Македонија дополнителна поддршка од ЕУ во вредност од 15 милиони евра за нејзината Армија, изјави во ...
Министерството за здравство информираше дека првпат во државата е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус. „Операцијата ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ ...
Отркиени се злоупотребени на повеќе од 2000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Прилеп. – Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на преземањето на Министерството, станува збор за околу 2000 хектари кои се ...
По велигденските празници, сите се соочуваме со ист предизвик – што да правиме со сите оние варени јајца? Наместо да ги оставите да стојат во фрижидер или да ги јадете на истите начини одново и одново, ви предлагаме вкусен, лесен и брз начин да ги искористите: домашна паштета од туна и јајца. Овој рецепт не само што ќе ви помогне да избегнете фрлање храна, туку ќе добиете кремаст и заситен намаз кој совршено одговара со кришка лепче или крекери. ...
Дресот што Коби Брајант го носеше во својата дебитантска сезона во Лос Анџелес Лејкерс е продаден за седум милиони долари на аукција во четвртокот во Њујорк , објави денеска аукциската куќа „Сотби“. Дресот е илустриран со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996-97, вклучувајќи го неговото деби во претсезоната на 16 октомври и дебито во регуларната сезона на 3 ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во НБА. ...
Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со услови за нестабилност, повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 9 до 20 степени. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно ...
Родителите да ги вакцинираат децата според редовниот календар за да бидат заштитени од заразни болести и за да се создава колективен имунитет. Ова е апелот од медицинските лица во пресрет на Европската недела на имунизација, која почнува да се одбележува од 28 април (понеделник). Годинава едукативниот дел од активностите е насочен кон новината-воведување на задолжителна ХПВ вакцина и за момчињата. „ХПВ вакцината до сега ја примаа само ...
Православните верници денес го одбележуваат празникот Источен Петок-Балаклија, кој доаѓа во првиот петок по Велигден и е посветен на Мајката божја и нејзините чуда. Источен Петок-Балаклија спаѓа во Светлата недела и со него се оддава признание на Пресвета Богородица, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Во Гостивар традиционално централното чествување на Балаклија се прави во храмот „Света Петка“ кој ...
Општина Гостивар информира дека согласно договорот за реконструкција на булеварот „Браќа Ѓиноски“ градежните работи ќе започнат оваа сабота (26.04.2025). Со почетокот на теренските работи ќе се воведе посебен сообраќаен режим. „Режимот првично важи за десната страна на булеварот од влезот во градот. Сите возила паркирани покрај булеварот мора навреме да се отстранат за да се обезбеди безбеден развој на работите. Соработката на граѓаните во овој ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што известува АМСМ, од утре ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државниот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На ...
Лененото семе е едно од најстарите природни богатства што го користеле бројни цивилизации. Неговите својства се препознаваат со векови, а денес е моќен додаток во исхраната. Добиено со ладно цедење на ленено семе, ова масло е богато со омега-3 масни киселини, влакна, протеини и лигнани – фитохемикалии кои помагаат во одржување на здравјето на телото. Редовното консумирање масло од ленено семе може да донесе бројни придобивки, а ова се некои од ...
Полицијата на подрачје на СВР Тетово и во текот на вчерашниот ден (23 април) продолжи со засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 45 возачи (ТЕ-32 и ГВ-13) за погрешно и непрописно паркирање, од кои 35 (ТЕ-23 и ГВ-12) биле подигнати со специјално возило пајак. Биле санкционирани и 83 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-51 и ГВ-32). И претходните денови на подрачјето беа казнети возачи за ...