Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Северна Македонија и Обединетото Кралство постигнале согласност за стратешко партнерство, кое ќе овозможи најсилна економска соработка досега меѓу двете држави. Договорот, кој ќе биде формално потпишан следната недела во Лондон, е вреден околу 6 милијарди евра и ќе опфати инвестиции во низа стратешки сектори. „Овој договор претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по ...

Глуварчето го гледаме насекаде, но не знаеме колку е лековито. Тоа се користи во народната медицина со векови поради неговите детоксикациски и антиинфламаторни својства. Глуварчето е богат извор на растителни влакна и многу витамини и минерали, поради што е добар сојузник за здравјето на срцето, црниот дроб, желудникот и панкреасот. Исто така глуварчето, кое многумина го сметаат за див плевел, се користи во традиционалната медицина со векови ...

Откако македонската ракометна репрезентација во неделата се квалификуваше за Европското првенство следната година, денеска дозна дека ќе биде сместена во третиот „шешир“ пред ждрепката за завршниот турнир. Македонија е во ист ранг со Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска и со овие репрезентации нема да биде во иста група на почетокот на Европското првенство. Шешир 1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија Шешир 2: ...

Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата, оцени денеска Општиот суд на ЕУ. Според оценката на Судот со седиште во Луксембург, Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ ...

За еден месец 37-те центри за социјални работи и канцеларии во државава ќе добијат 60 лица обезбедување за нивната сигурност. Заврши јавната набавка на Министерството за социјална политика. Оваа постапка се забрза откако пред месец и половина во просториите на прилепскиот Центар за социјални работи еден корисник влезе вооружан и со пиштол рани социјална работничка и им се закани на вработените. -Очекуваме дека ќе биде избран оператор кој ќе ги ...

За полагање на двата екстерни испита од годинашната државна матура, што ќе се спроведе на 31 мај и 11 јуни, пријавени се 15 004 кандидати. Од нив, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. -Подготовките за организирање на државната матурата течат согласно предвидената динамика. Се прават последните подготовки за реализација на испитите, изјави за МИА Даниела ...

Децата честопати имаат тешкотии да ги изразат своите емоции, проблеми или потреби со зборови. Иако можеби не се во можност да вербализираат што ги мачи, нивното однесување, невербалните сигнали и реакции можат да бидат јасни индикатори дека бараат помош. Препознавањето на овие сигнали е клучно за родителите, едукаторите и другите возрасни лица за да можат соодветно да реагираат и да им обезбедат поддршка на децата кои се соочуваат со предизвици. ...

Во рамките на наставната програма по предметот Светско културно наследство во рацете на младите, учениците од средното економско училиште во Гостивар реализираа едукативна посета на Ѓоновичко кале. Активноста се одвиваше во соработка со гостиварскиот Конзерваторски центар, кој овозможи стручна поддршка и водство за време на посетата. Учениците имаа можност одблиску да се запознаат со културно-историското значење на локалитетот, како и со ...

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот. – Само што ја завршивме средбата со премиерот на ...

Кога помислуваме на зависности, прво што ни паѓа на ум се најштетните, како што се алкохолот, дрогата, коцкањето и слично. Не ни паѓа на памет како можеме да станеме зависни од гледање телевизија и ментално и емоционално поради хемикалиите што се лачат и испраќаат сигнали до нашиот мозок што влијаат на нашето расположение. Всушност, можеме да станеме зависни од речиси сè, но некои работи можат да станат зависност полесно и побрзо од други поради ...

Сè поголем е бројот на ментални заболувања кај младата популација, посетата на психолог и психијатар е сè уште табу тема во државава, вели доктор Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекари по општа – семејна медицина (ЗЛОМ-СМ). – Гледам дека овие трендови ги следи и Фондот за здравствено осигурување, па новите цели во превентивните прегледи се токму прашалниците за ментално здравје што ќе ги пополнуваат лица од 25 до 40 години врз ...

Година ипол затвор добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово за пожарот во Модуларната болница, а Клиничката болница како правно лице е одговорна за кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. – Флорин Бесими и Артан Етеми виновни се за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Правно лице ЈЗУ ...

Времето денеска (петок) ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 30 литри на метар квадратен. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер со над 60 километри на час, особено вдолж Повардарието. Мксималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе достигне 12 степени. Утре (сабота) ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. ...

Понекогаш сите забораваме каде сме ги оставиле клучевите или зошто сме влегле во некоја просторија. Но, кога заборавноста станува честа и почнува да влијае врз секојдневното функционирање, вреди да се запрашаме: дали е тоа само моментна расеаност или знак за нешто посериозно? Губењето на меморијата може да биде предизвикано од различни фактори. Хроничниот стрес, на пример, има силно влијание врз способноста на мозокот да обработува и задржи ...

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 66,5 денари за литар, ...

СВР Тетово информира дека вчера (14.05.2025) во 19.30 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Д.А.(64) од гостиварско. „При вршење увид на сообраќајна незгода со материјална штета на регионален пат Гостивар – с.Градец и по преземени мерки било констатирано дека лицето го управувало возилото „опел“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта, а ...

Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, покажува ревизорскиот извештајот на тема „Безбедноста во сообраќајот на патиштата во Република Северна Македонија“ на Државниот завод за ревизија. – Јавно достапните податоци од веб страната на МВР упатуваат на загрижувачки ...

СВР Тетово информира дека вчера (14.05.2025) во 14.45 и 15.20 часот на улица „Гоце Делчев“ и улица ,,Питарница“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Џ.А.(42) и Ј.Ш.(37), двајцата од Форино, гостиварско, поради сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“, односно дека на 06.05.2025 во угостителски објект во Гостивар од 46 годишниот гостиварец Р.С. одзеле личен предмет. „Кај нив бил пронајден предмет за кој ...

Почнуваат матурските прослави кои се радосни и возбудливи за младите, но носат и свои ризици. Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот. МВР упати неколку пораки и апели до матурантите за безбедно ...

Православните верници на денешен ден го празнуваат преносот на моштите на Свети Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив. Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на ...

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари преку соопштение информира дека ги следи изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател, оценувајќи ги како изнесени без политички аргументи. „Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО-ДПМНЕ за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид. Смирено сме ...

Здравјето и науката не мора секогаш да бидат сериозни теми. Во морето од совети за исхрана, вежбање и стрес, постојат и оние забавни аспекти на здравјето кои нè потсетуваат колку е неверојатно и малку чудно човечкото тело. Во продолжение, 9 фасцинантни факти за здравјето што можеби не сте ги знаеле. Идеално за оние моменти кога сакате малку подобро да разберете како всушност функционира вашето тело. Смеата е лек – и за телото и за мозокот Само ...

На Црвениот плоштад во Москва денеска беше одржана голема воена парада по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. На свеченоста присуствуваа повеќе од 20 светски лидери, голем број делегации од различни држави и илјадници граѓани, кои со почит ги ислушаа говорите и сведочеа на историскиот спектакл. Во централниот говор, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, истакна дека Денот на победата е ...

Кој што треба да прави и кои мерки се преземаат за безбедна евакуација во училиште при пожар. Ова денеска практично беше покажано преку симулациска вежба која се спроведе во средното техничко училиште во Гостивар. Во активноста учествуваа претставници од Општина Гостивар, Црвениот крст, Брзата помош, Територијалната противпожарна единица, како и регионалните канцеларии на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. ...

Уживањето во алкохолни пијалоци е тешко да се избегне, но умереноста и правилниот избор се важни. Тоа е дел од општествениот живот на многу луѓе, но честопати не сме свесни колку калории внесуваме преку неколку едноставни пијалоци. Многу коктели и други алкохолни пијалоци се полни со додаден шеќер, што значи дека имаат висока содржина на „празни“ калории – оние што нудат мала или никаква хранлива вредност. Редовното консумирање на ...

Времето денеска (среда) ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 5 до 2о степени. Според прогнозата утре (четврток) ќе има зголемување на облачноста и пораст на температурата од неколку степени. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. ...

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение го прозва лидерот на АА, Арбен Таравари по одлуката за излегување од Владата. „Таравари да одговори со што е уценет. Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДС го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ. Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување ...

Лидерите на верските заедници од земјава, денеска, по иницијатива на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОЗРГ), потпишаа Декларација на верските лидери во Република Северна Македонија против насилен екстремезам. На потпишувањето беше посочено дека верските заедници се меѓу клучните чинители за превенција и спречување на насилниот екстремизам, бидејќи нивното ...

Учениците од подрачното училиште „Мустафа К. Ататурк“ во гостиварска Долна Бањица добија место за рекреација и спортување. Школското игралиште е уредено со донација на Хуманитарното здружение “Др. Трајче Нешковски” од Гостивар, кое обезбеди спортски реквизити за играње фудбал и кошарка. „Донацијата е со цел децата кои учат во ова училиште и во оваа населба да им овозможиме место кадешто ќе може да спортуваат, да ги следат часовите по физичко ...

Родителите кои имаат мали деца, веројатно, имаат и полни соби со играчки – кадифени, пластични, полнети со памук, со магнетни плочки, кукли, автомобилчиња, блокови за цртање… Сепак, според стручњаците, на децата им требаат помалку играчки отколку што мислиме. Имено, ново истражување покажува дека на едно дете му требаат само четири забавни предмети. Терапевтката д-р Алексија Мец го водела истражувачкиот труд на својот Универзитет на Толедо, ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
85%
1023
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.54
76%
1023
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.09
69%
1022
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.16
81%
1024
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
74%
1021
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1022
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1022
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
95%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
66%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.9349

Currency

70.4249

Currency

35.1475

Currency

38.1696

Currency

65.6794

Currency

7.48627

Currency

0.68452

Currency

0.33755

Currency

0.52402

Currency

1.24143

Currency

0.58871

Бакар

10.74

Алуминиум

2.89

Злато

135307.19

Иридиум

145787.60

Никел

472696.35

Родиум

256402.20

Паладиум

47808.16

Рутениум

29192.88

Сребро

1947.42

Цинк

3.26

Калај

40.61

Платина

54545.58