Вредноста на исплатените штети за приватно здравствено осигурување за првите пет месеци годинава пораснале за 28,5 % во однос на истиот период лани. Исплатите за каско осигурување се зголемени за 26%, а на приватното здравствено осигурување пораснале 28,5%. Компаниите за неживотно осигурување за пет месеци исплатиле над 58.400 штети Осигурениците наплатија 324,4 милиони денари (5,3 милиони евра) од осигурителните компании за медицински трошоци ...
Продажбата на нови автомобили на пазарот на Европската унија (ЕУ) падна за 3% во мај во споредба со истиот месец минатата година. Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) објави податоци за регистрација на нови автомобили во земјите-членки на ЕУ за маj. Според најновите податоци, продажбата на нови автомобили во земјите на Европската унија минатиот месец паднала за 3% во однос на истиот месец во 2023 година, достигнувајќи ...
Фискалните мерки за социјална заштита имаат „главна улога“ во спротивставувањето на ризиците што ги носи вештачката интелигенција, а особено зголемувањето на нееднаквостите, проценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Без регулатива, генеративната вештачка интелигенција, популаризирана од ChatGPT и други слични алатки, може да предизвика губење на работни места меѓу квалификуваните професии, проценува ММФ. За да се справат со ова, владите ...
Пред десет години започна со реализација една убава идеја со само десет вработени, која денес брои 1000. Ова беше истакнато на прославата по повод десетгодишнината од почнувањето со работа на ОДВ Електрик во Македонија, што се одржа синоќа во индустриската зона Струга – Охрид, на која присуствуваа бројни гости. Меѓу нив беа сопствениците и раководителите на ОДВ Електрик Андреа, Матијас и Александар Мед, генералниот директор на компанијата Мартин ...
Додека многу германски и европски компании разговараат за воведување на четиридневна недела, Грција го зазема токму спротивниот пристап: поради недостигот на квалификувани работници, од 1 јули во земјата ќе се воведе опција за шестдневна работна недела – со дарежливо зголемување на платата. Со оглед на акутниот недостиг на квалификувани работници, грчката влада планира далекусежна реформа на пазарот на трудот од 1 јули. Во иднина, на ...
Масовниот одговор од страна на вработените во „Алкалоид“, на повиците за хуманост во општествени рамки, е најдоследна потврда за хуманата мисија која компанијата ја негува речиси девет децении. Одлучноста и подготвеноста за колективна помош и за брз хуманитарен одговор во заедницата, беше стартна позиција на многу значајни проекти и активности во знакот на солидарноста, реализирани под закрила на „Алкалоид“ и „Црвениот крст“. И годинава ...
Во првите четири месеци годинава од земјава биле извезени македонски вина во вредност од 19,8 милиони евра. Тоа е раст од 6,6% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Во споредба со 2022 година, извозот бележи раст од над 18%. Македонските вина се продавале во 35 земји во светот, но сепак најмногу се извезувале во земјите од регионот. Само на пет пазари бил остварен извоз над 1 милион евра. ...
Холандската групација VDL Groep објави дека се стекнува со делови од банкротираниот белгиски производител на автобуси Van Hool, меѓу кои и производствениот погон на Van Hool во С.Македонија. „Со задоволство можеме да објавиме дека успеавме да купиме делови од Van Hool. Тие ќе додадат вредност на нашите активности за автобуси и автобуски превоз и ќе ни овозможат да ја зајакнеме нашата позиција како производител на автобуси. Стратешкото ...
И во првите пет месеци годинава, како и претходно, најпопуларно осигурување останува да биде приватното здравствено осигурување, а најголемо добролно осигурување е осигурувањето имот. Значаен раст има и кај вложувањата во каско осигурување. Од настанати штети покриени со осигурување во овој период граѓани, компании и институции наплатиле речиси 32 милиони евра Вложувањата во сите неживотни осигурувања за првите пет месеци година (јануари-мај) ...
Народната банка оценува дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, па заради тоа каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. И натаму се очекува дека тековното ниво на ...
Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зеде учество на конференцијата „Чувари на мудроста“, која по втор пат се одржува во организација на „Халк банка“ АД Скопје, под мотото „Инспирација за новата генерација“. Во рамките на вториот конференциски панел, насловен „Успешна бизнис приказна – посветеност, дисциплина, интуиција“, модериран од Сашко Коцев, а во друштво на ко-панелистот Петар Ниновски, основач на ...
Светска банка ја зголеми прогнозата за светскиот економски раст, оценувајќи дека оваа година тој ќе изнесува 2,6%, поддржан од растот во САД. Тоа е повеќе од глобалниот раст од 2,4% за 2024 година што Светската банка го предвиде во претходната прогноза во јануари. Таа предвидува дека економскиот раст во светот годинава ќе биде ист како во 2023 година, односно 2,6 %. Банката предупреди дека растот е сè уште бавен според минатите стандарди и дека ...
Европската комисија ќе ги извести производителите на автомобили во среда дека привремено ќе применува дополнителни давачки до 25 % на увезените кинески електрични возила од следниот месец, објави Фајненшл тајмс, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање. Аналитичарите претходно очекуваа царини од 10% до 25% за кинеските електрични возила, потег кој најверојатно ќе поттикне можна одмазда од Пекинг. Прекумерните субвенции кои ги добиваат кинеските ...
Извозот на храна од Македонија во првите четири месеци изнесувал 172 милиони евра, што е за 17,4% повеќе во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. На 71 пазар низ светот биле извезени 148 илјади тони храна. Анализата на извозот на храна по пазари покажува дека во земјите од регионот најмногу се продава македонското овошје, зеленчук и други прехранбени производи. Дури 71 милион евра од ...
Контејнерските пристаништа во источна и југоисточна Азија го потврдија својот примат на светски размери во 2023 година, покажа извештајот на Светската банка и S&P Global. Азиските пристаништа заземаа дури 13 места меѓу 20-те најдобро пласирани на светската ранг-листа, според четвртиот годишен извештај на Светската банка и S&P Global. “Повеќе од 80% од трговијата со стоки се транспортира по морски пат, така што еластичноста, ефикасноста ...
Стопанската комора на Северна Македонија во рамките на проектот за Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција/ Private Sector Regional Integration Support Activity поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) објавува 2 активни повици наменети за консултантски куќи и консултанти. Целта на повиците е обезбедување на консултантска услуга за техничка поддршка на селектирани компании во насока на зголемување на ...
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје на денешната седница го именуваше Тони Стојановски за нов Претседател на Управниот одбор. Тони Стојановски ќе ја преземе функцијата Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје по добиена согласност од Народната банка на Република Северна Македонија. Во меѓувреме ќе ја преземе функцијата Помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. До добивање согласност од Народната банка за нов Претседател на ...
Македонскиот лешник е квалитетен и постои голем потенцијал да стане извозна култура, беше истакнато на денешната конференција за лешникари што се одржува во Скопје, на која учествуваа над 150 лешникари од земјава. Бошко Нелкоски, еден од организаторите на конференцијата, вели дека од досегашното искуство со извоз на лешник во Швајцарија, може да се забележи дека земјата е класифицирана во А класа добавувачи. Нашиот лешник е доста квалитетен. Во ...
По три последователни месеци на пад, македонскиот извоз на странските пазари во парил бележи раст од 7% во споредба со извозот во април минатата година. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, македонските компании продале производи вредни 709 милиони евра. Увозот, пак, во април надмина 1 милијарда евра во април и е поголем за 18,7% во споредба со истиот месец лани. Во јануари 2024 година статистиката измери пад на извозот од ...
Како што започнува шпицот на сезоната на испораки, намалениот капацитет на контејнерите може да ги зголеми цените на повисоки нивоа отколку што претходно беше забележано со скокот на Црвеното Море. Во последните пет месеци, големите фирми за транспорт алармираат за кризата со контејнерите што не очекува. Нападите на Хутите резултираа со подолги рути со повеќе контејнери на море и недостапни за повторно полнење. Сето ова заедно со лошото време ...
ЕIU (Economist Intelligence Unit) во својот најнов извештај предвидува зголемување на геополитичките ризици и фрагментација на глобалната економија како последица на глобалната промена на моќта. “Глобалното геополитичко опкружување се карактеризира со зголемена конкуренција и конфликти. Kонфронтацијата што се појави меѓу Израел и Иран го нагласува тековниот ризик од регионална војна на Блискиот Исток додека продолжува конфликтот во Газа. ...
Хрватската економија порасна за 3,9% во првиот квартал, раст побрз од просекот на ЕУ. Ова е 13-ти по ред квартал како што расте хрватската економија, но побавен од растот последниот квартал од 2023 година кога растот беше 4,4 %. Според податоците од Државниот завод за статистика, растот во првиот квартал годинава се должи главно на растот на потрошувачката и инвестициите. Македонските компании во првите три месеци годинава извезле производи ...
Европската централна банка (ECB) е подготвена да ги намали каматните стапки од нивните сегашни историски високи нивоа, изјави главнiot економист Филип Лејн за Фајненшл тајмс, намалувајќи ги стравувањата дека намалувањето на каматните стапки пред американската централна банка може да и се удри од глава на еврозоната. Така, ЕЦБ ќе биде една од првите големи централни банки што ќе ги намали стапките веќе следната недела, иако беше критикувана дека ...
Црвениот крст на Град Скопје го одликувааше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ со Оскар на хуманоста во категоријата Премиум партнер, како континуиран поддржувач на хуманата мисија која ја спроведува оваа организација во земјава веќе 8 децении. „Со особено задоволство, во рамките на манифестацијата ’Оскар на хуманоста’, му ја доделуваме наградата ’Премиум партнер’ на г. Живко Мукаетов. Неговата лична ангажираност значи ...
Најавите уследија по државната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг Како дел од неговата неодамнешна посета на Европа, кинескиот претседател Си Џинпинг престојуваше и во Унгарија и во Србија, при што земјите потпишаа голем број нови договори за соработка. Тие вклучуваат нов договор за слободна трговија меѓу Кина и Србија, кој ќе стапи на сила на 1 јули. По посетите, кинеската Генерална Царинска управа објави дека ќе го прошири пристапот ...
Целата светска економија е во опасност да биде презаситена со евтин кинески извоз, изјави во понеделникот францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер за време на состанокот со колегите од земјите од Групата 7 (Г7) во Стреса, Италија. „Имаме проблем со економскиот модел во кој Кина произведува се повеќе и повеќе поевтини индустриски уреди бидејќи тоа може да биде закана не само за ЕУ, не само за САД, туку и за глобалната светска економија“, ...
Индустријата за преработено овошје и зеленчук во Европа брзо се развива поради промената на преференциите на клиентите, техничките подобрувања и зголемениот акцент на одржливоста. Во 2022 година, приходите генерирани од преработеното овошје и зеленчук во ЕУ беа во вредност од 2,51 трилиони евра, што ја покажува динамиката и важноста на секторот за економијата на ЕУ. Потрошувачите се повеќе бараат органска храна без синтетички пестициди и ...
Генералниот конзулат на Кралството Данска со седиште во Скопје, започнa со работа во јули 1994 година, по декрет издаден од данската Кралица Маргарете II, која за Генерален почесен конзул го назначува Трајче Мукаетов. Во 2007 година, функцијата Генерален почесен конзул ја презема Живко Мукаетов. Апликации за визи, работни дозволи, дански пасоши, дански возачки дозволи, бегалската криза во 1999 година, влезот на Данска во Шенген зоната во 2002 ...
Во Конгресот на САД во Вашингтон е потпишан Меморандум за соработка на стопанските комори на Западен Балкан во областа на туризмот. Стопанските комори од земјите на Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија) во Вашингтон, преку свои високи претставници, потпишаа заеднички Меморандум со Соединетите Американски Држави за соработка во областа на туризмот. Проектот, кој е прв заеднички чекор во ...
Експертите ги гледаат мерките на кинеската влада како реакција на последните случувања во трговскиот спор со Западот и воведувањето на високите царина од страна на САД за увозот од Кина. Кинеското Министерство за трговија објави дека ќе им забрани на некои американски компании увозни и извозни активности поврзани со Кина, вклучително и продажба на оружје на Тајван, и ќе им забрани да прават нови инвестиции во Кина. Министерството го стави ...