Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Google Wallet сега ја користи функцијата Live Updates од Android 16, која прикажува ажурирани информации за летови, возови и настани во реално време. Android 16 ја воведе функцијата Live Updates, нов тип известувања во реално време кои им нудат на корисниците најнови информации за спортски резултати, патувања и испораки — слично на Live Activities на iOS. Сега, Google Wallet станува една од првите апликации што ја користи оваа можност. ...
Неколку десетици пациенти кои го изгубиле видот поради прогресивна форма на слепило наречена дегенерација на макулата поврзана со стареењето (AMD), успеале да повратат дел од централниот вид благодарение на очен имплант поврзан со паметни очила. Податоците од истражувањето се објавени во списанието The New England Journal of Medicine, а истражувачите тврдат дека пациентите со помош на оваа технологија можеле доволно јасно да гледаат за да ...
Иако Apple очекуваше дека тенкиот дизајн и новиот изглед на iPhone Air ќе привлечат купувачи, тоа сепак не се случи – па компанијата веќе го намалува неговото производство. И покрај силната продажба на серијата iPhone 17, Apple наводно планира значително да го намали производството на својот најтенок модел – iPhone Air. Според информациите на Nikkei Asia, компанијата ја задржува вкупната производствена квота меѓу 85 и 90 милиони примероци за ...
Lenovo, HP, Dell, Apple и Asus го предводат глобалниот раст на пазарот на персонални компјутери од 8,1% во третиот квартал од 2025 година, поттикнат од престанокот на поддршката за Windows 10. Прекинот на поддршката за Windows 10 од страна на Microsoft во октомври предизвика глобален бран на замена на компјутери. Според податоците на агенцијата Counterpoint Research, во третиот квартал од 2025 година е забележан раст на светските испораки на ...
Лоши вести за оние кои го користат ChatGPT на WhatsApp. Компанијата OpenAI соопшти дека нивниот сеопфатен chatbot ќе престане да функционира во апликацијата за разговор на Meta на 15 јануари 2026 година. Според OpenAI, ова е последица на промена во политиките и условите на WhatsApp. OpenAI ја објави промената преку соопштение на својот блог. „Иако многу повеќе би сакале да продолжиме да ви ги нудиме нашите услуги на WhatsApp, фокусирани сме ...
Второ издание на најпрестижниот бизнис настан во Македонија Скопје, 23 октомври 2025 – Со гламурозна церемонија, вчеравечер во хотел „Александар Палас“ се одржа второто издание на престижните награди „Бизнис Лидер“. Настанот, организиран од Евентика и Бизнис Мрежа, со ексклузивно партнерство на Халкбанк АД Скопје, го потврди својот статус како најзначајна платформа за препознавање на економскиот успех во државата. На церемонијата беа собрани ...
Apple планира да лансира нов тип Phone секоја година во блиска иднина, според извор од Азија. Деталните информации ги сподели профилот „yeux1122“ во објава на корејската платформа Naver, повикувајќи се на домашни компании за трендови и истражување на компоненти. Потврдувајќи други извештаи, Apple наводно ќе го лансира својот прв преклопен iPhone во 2026 година, со дизајн во стил на книга, сличен на Galaxy Z Fold на Samsung. Уредот ќе користи ...
YouTube додава тајмер во популарниот формат Shorts со цел да помогне во спречување на долготрајното скролање. Оваа функција станува достапна за сите корисници откако беше забележана во Android APK-датотека претходно годинава, за што првично извести Android Authority. Функционира така што корисниците поставуваат дневно временско ограничување за гледање Shorts видеа преку поставките на апликацијата. Кога ќе се достигне тоа ограничување, ќе се ...
Samsung склучи партнерство со Perplexity AI за да го донесе својот паметен пребарувач на новите 2025 модели телевизори, со бесплатна едногодишна Pro претплата за корисниците. Samsung објави ново партнерство со стартапот Perplexity, чиј AI пребарувач отсега ќе биде достапен на неговите паметни телевизори. Сопствениците на Samsung телевизори од 2025 година ќе можат веднаш да ја користат апликацијата, додека постарите модели од 2024 и 2023 ...
Xiaomi, MediaTek и China Telecom развија RTK систем кој овозможува ултра-прецизно GPS позиционирање со милиметарска точност и одзив во реално време. Компаниите Xiaomi, MediaTek и China Telecom заеднички развијаа револуционерен RTK (Real-Time Kinematic)систем за прецизно позиционирање, кој достигнува точност до ниво на милиметар и реакција во рок од една секунда. Оваа иновација, официјално претставена на 20 октомври преку објава на MediaTek на ...
Lenovo Lecoo Air 16 е првиот 16-инчен лаптоп во светот со тежина под 1 килограм, 2.5K екран и Intel Meteor Lake процесор, по цена од околу 700 долари. Lenovo го лансираше Lecoo Air 16 – лаптоп тежок само 1 килограм и дебел само 1 сантиметар. Неговата цена изнесува околу 700 долари, а премиерата е закажана за 30 октомври. Иако на пазарот веќе постојат ултралесни модели како ASUS Zenbook S13 и A14, кои исто така тежат 1 кг, Lenovo Lecoo Air 16 ...
Научниците открија необичен извор на гама-зраци во центарот на нашата галаксија и се сомневаат дека тоа би можело да биде првиот доказ за постоењето на темна материја. Веќе со децении, астрономите се обидуваат да го објаснат необичниот сјај на гама-зраци што доаѓа од срцето на Млечниот Пат. Постојат две главни теории: првата тврди дека светлината потекнува од судири на честички на темната материја, додека втората укажува на пулсари — ...
Трновитиот развоен пат и неприфаќањето од страна на корисниците, како и од маркетинг и издавачкиот сектор, го означија крајот на „револуционерниот“ план на Google за замена на интернет-колачињата. Иницијативата Privacy Sandbox, што Google ја започна во 2019 година со цел да развие технологии за заштита на приватноста кои би ги замениле колачињата од трети страни (third-party cookies) на интернетот, официјално е укината во нејзината првична ...
Кина започна со тестирања на возот CR450, кој се смета за најбрзиот воз во светот, пред неговото официјално пуштање во употреба. Возот достигна брзина од 450 километри на час за време на тестирање на брзата железничка линија Шангај–Чонгќинг–Ченгду. Прототипот CR450 беше претставен во ноември минатата година како брз воз способен да достигне 400 km/h, и оттогаш е подложен на континуирани тестирања според сите технички параметри. Во завршната ...
Преклопниот iPad би можел да биде одложен поради проблеми во развојот, пренесува Bloomberg. Компанијата првично планирала да го лансира уредот во 2028 година, но потешкотии со тежината и технологијата на екранот може да ја поместат премиерата до 2029 година. Повеќе извори тврдат дека Apple работи на уред со голем фолдабл екран, но информациите се разликуваат во однос на тоа дали ќе биде позициониран како iPad или како Mac. Се очекува уредот ...
Компанијата OpenAI најави лансирање на свој пребарувач заснован на вештачка интелигенција под името ChatGPT Atlas. Ова претставува голем чекор на компанијата во обидот да го симне Google од тронот како доминантен пребарувач на пазарот преку кој луѓето најчесто доаѓаат до информации на интернет. Компанијата изјави дека Atlas првично ќе биде достапен на MacOS, а наскоро ќе следи поддршка и за Windows, iOS и Android. OpenAI најави дека ...
Samsung денеска го објави лансирањето на Galaxy XR, нов хедсет за мешана реалност кој ќе конкурира на Apple Vision Pro. Со цена од 1.800 долари, Galaxy XR е 1.700 долари поевтин од новиот M5 Vision Pro, но значително поскап од VR-уредите на Meta. Според Samsung, уредот е создаден со „дизајн фокусиран на човекот“, кој обезбедува долготрајна удобност. Рамката е дизајнирана да ја распределува тежината меѓу челото и задниот дел на главата, за да ...
Претседателката на Xbox, Сара Бонд потврди дека новата генерација на конзоли на Microsoft е во развој. Пред оваа потврда, немаше недостиг од шпекулации и гласини за идните планови на компанијата во областа на конзолите, особено по неодамнешните контроверзии околу цените и излегувањето на нивната рачна конзола, произведена од ASUS. Иако многу детали за следната Xbox генерација сè уште се непознати, фановите сега барем знаат дека Microsoft ...
Организаторите најавија дека Game Dev Rev 2026 ќе се одржи повторно, на 15 октоври 2026, со амбиција настанот да прерасне во традиционален регионален форум за развој на видеоигри и креативни технологии На 16 октомври во Македонскиот народен театар се одржа првото издание на Game Dev Rev, првата интернационална конференција целосно посветена на индустријата за развивање видео игри во Македонија. Настанот го организираше Асоцијацијата на ...
Голем дефект на платформата Amazon Web Services (AWS) во регионот US-EAST-1 предизвика прекин во работата на бројни сервиси, меѓу кои Amazon, Alexa, Fortnite, ChatGPT и Snapchat. Проблемот траеше неколку часа и беше предизвикан од грешка во DNS системот. Во понеделникот наутро, голем пад на инфраструктурата на AWS предизвика повеќечасовен прекин на многу популарни интернет сервиси и апликации, меѓу кои Amazon, Alexa, Snapchat, Fortnite, ...
Google воведува најавување преку број на мобилен телефон и контакти за обновување на налогот, со предупредување за нови хакерски методи и кражба на телефони. Google ги предупреди корисниците на Gmail што поскоро да ги заштитат своите налози со додавање passkey заштита и промена на слабите лозинки, бидејќи хакерите сè почесто добиваат пристап со користење украдени акредитиви. Ситуацијата дополнително се влошува со сè почестите случаи на ...
Платформата X тестира промена во начинот на кој се прикажуваат линковите на iOS, со цел да го задржи вниманието на корисниците во самата апликација. Досега, при кликнување на линк, страницата се отвораше во цел екран и целосно го покриваше оригиналниот пост, што често доведуваше до помала интеракција — помал број на лајкови, коментари и споделувања. Со новиот пристап, оригиналниот пост ќе остане видлив на дното на екранот, што ќе овозможи ...
Настанот ќе вклучи свечено отворање и пет тематски панели, на кои повеќе од 30 истакнати говорници ќе ги претстават најновите индустриски решенија, креативни иновации и механизми за финансирање што ја придвижуваат циркуларната економија Македонија се наоѓа на праг на нова индустриска трансформација. Бизнис Акцелератор УКИМ, во име на ЕИТ заедницата во Македонија, започна иницијатива за 2025 година со цел да ја зајакне циркуларната економија ...
Пристигнува Realme GT 8 Pro флегшип со Ricoh GR камера, 200 MP перископ и поддршка за 4K 120 fps Dolby Vision Realme се подготвува за претставување на својата нова премиум серија телефони – моделите Realme GT 8, а компанијата сега официјално ги потврди речиси сите детали за камерата на GT 8 Pro. Телефонот ќе има троен систем на камери, предводен од главен 50 MP Ricoh GR сензор. Главниот објектив користи 7P асферично леќe со високи ...
За нешто помалку од три години, писмената содржина на интернетот драматично се промени. Имено, според анализата на Graphite.io, која опфатила 65.000 URL-адреси помеѓу 2020 и мај 2025 година, содржината генерирана од вештачка интелигенција сега сочинува повеќе од половина од сите онлајн статии. Пресвртницата се случила кратко по лансирањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година, означувајќи почеток на експоненцијалниот раст на текстови напишани ...
Samsung Electronics, глобален лидер во иновативната дисплеј технологија, продолжува да го поставува стандардот за гејминг телевизори со својата линија OLED, QLED и Neo QLED модели. Дизајнирани за да ги задоволат постојано растечките потреби на гејмерите, овие телевизори нудат извонредна имерзија, перформанси и разновидност, правејќи ги најдобар избор за сите љубители на гејмингот. Гејминг телевизорите на Samsung се создадени за да обезбедат ...
Со четвртата бета верзија на iOS 26.1, iPadOS 26.1 и macOS 26.1, Apple воведе ново подесување кое им овозможува на корисниците да го прилагодат изгледот на Liquid Glass. Преку новиот прекинувач, корисниците можат да изберат помеѓу „јасен“ изглед на Liquid Glass или „затемен“. Јасниот изглед е тековниот дизајн на Liquid Glass — повеќе проѕирен и го прикажува заднината под копчињата, лентите и менито. Затемениот изглед, пак, ја зголемува ...
Сите модели од Galaxy S26 серијата на европскиот пазар би можеле да пристигнат со Samsung Exynos 2600, наместо со неодамна претставениот Snapdragon, според информациите од Counterpoint Research и познати дојавувачи како Ice Universe. Како што се наведува, Samsung планира 50/50 поделба меѓу Exynos 2600 и Snapdragon 8 Elite Gen 5. Моделите за САД, Кина и Јапонија ќе го користат Qualcomm чипсетот, додека Европа, Јужна Кореја и други пазари ќе ...
Целата iPhone 17 серија бележи голем раст на продажбата во споредба со минатогодишниот iPhone 16, а најголем раст има токму обичниот iPhone 17, кој сега нуди 120-херцен екран и 256 GB внатрешна меморија во почетната варијанта. Помина нешто повеќе од еден месец откако Apple ги пушти во продажба новите модели iPhone 17, а според најновиот извештај на Counterpoint Research, побарувачката за новите модели ги надминува резултатите од минатата ...
Новите прописи на ЕУ бараат сите полначи до 240 W да имаат USB-C приклучок, посебен USB-C кабел и ознака за моќност, а стандардот ќе стапи во сила најдоцна до 2028 година. Европската унија продолжува со процесот на усогласување на стандардите за полнење на електронските уреди. Откако веќе ги обврза производителите на телефони и таблети да користат USB-C приклучоци од 2024 година, а лаптоп компјутерите од 2026 година, ЕУ сега ја проширува ...