Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Пишува: Владимир Д. Јанковиќ Најтешко беше тоа пакување на црната ролка. Прво ја рашири на креветот, па ја сврте, па повторно ја рашири, па ги диплеше ракавите. Па повторно, божем, ја протресе, ја рашири. Убава црна ролка. Потоа повторно онака ја сврте, па ги свитка ракавите, па целата ја превитка, внимавајќи да биде што подобро спакувана. А никогаш не умееше облеката добро да ја здипли; со кратки ракави некако и успеваше, со долги – тешко. Дури ...
Уште еден ден во низата. Навидум сличен на претходните денови, но нималку ист на ниту еден претходно. Денот беше протечен малку повеќе од половина кога одлучив да појдам до продавница на пазарување некои важни работи што требаше да ги купам. Се движев и размислував колку многу работи сè уште не сум доживеала. „Сè во свое време“, си реков во себе и продолжив да чекорам со лесен чекор. Надвор беше полутемно, автомобилите минуваа по улиците, луѓето ...
Неочекуваните пресврти во животот доведуваат до убави и незаборавни моменти понекогаш. Тоа го знаеја тие двајца, преземаа ризици за кои не беа целосно сигурни како ќе завршат. Неслучајната средба, заедничкото поминато време беа само почеток на нешто за кое ни двајцата не се сигурни кон каде ќе се одвива. Но погледите не лажеа, првиот спој на усните и она позитивно внатрешно чувство дека си го пронашол парот усни што сакаш долго да ги бакнуваш не ...
Сакаше мир во светот, а светот војуваше како да имаме сто животи. Од каде извира таа злоба во луѓето да посегнат по оружје? Одговорот е многу покомплексен бидејќи се вмешани политики и контрола на луѓе, но во секој случај е негативен. Наместо да има соживот, да царуваат слога, насмевки, заедништво, тие проблеми решаваат со пукање. Зошто не ви е жал за животите на најневините, за децата кои страдаат ни криви ни должни во вашите пресметки? Еден ...
Георги Господинов (роден на 7 јануари 1968 во Јамбол, Бугарија) е бугарски писател. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени книгите „Природен роман“, „И други приказни“ (и обете на Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), сите во превод на Никола Маџиров. Во последниве години авторот постигна успех и во САД, а позитивни рецензии ...
Ана Атанасковиќ „Расказите за тато“ ги посвети на својот покоен татко. Од четириесет и седум кратки нумерирани текстови, емотивни, полни со благодарност, со почит и со љубов, ние за вас одбравме дванаесет. 1. Гледаш, не е потребна никаква посебна магија за да ги оживееш оние кои ги сакаш, а кои умреле. Доволно е да одиш по нивните стапки, да го цениш тоа што ти го давале, срцето да ти се рашири кога ќе помислиш на нив, да помислуваш често, ...
Звонимир Балог (Св. Петар Чврстец кај Крижевци, 30 мај 1932 — Загреб, 2 ноември 2014 год.) е зачетник на современата хрватска детска поезија и најнаградуваниот хрватски писател за деца. Поет Поетот работи со поглед понекогаш го продолжува со двоглед, па го фрла како јадица. Сега фати една птица, а сега цела улица. Кога оди, чекори смета Честопати му се и дланките влажни и мислата му лета. Сличен е на планински цвет. Поетот има најголемо срце на ...
Рабиндранат Тагоре (7 мај 1861- 7 август 1941), наречен Гурудев, е Бенгалски поет, новелист, музичар, сликар и драмски писател кој имал големо влијание врз Бенгалската литература и музика. Во 1913 година ја добил Нобеловата награда за книжевност за делото ‘Гитанџали’. Тој бил духовен поет кој рано се прославил на Западот но неговата ‘едноставна но магична поезија’ која сѐ уште останува неразбрана надвор од границите на Бенгал. На каналот Слушај ...
Многупати пишувавме за депресијата. Овде пишувавме како да се прави разлика помеѓу страв, анксиозност и фобија кај деца. Депресијата е склоп на симптоми кои се одразуваат на емоционален, когнитивен, бихевиорален и физиолошки план. Истите се присутни во континуитет повеќе недели или месеци. Сè почесто слушаме дека голема е бројката на млади лица што се соочуваат со оваа состојба. Во извештаите од СЗО, депресијата се наведува како еден од главните ...
Успешно одржан час, напредок на учениците на кои им оди потешко, нивната насмевка откако ќе сфатат дека го совладале градивото. Потоа гордоста што ја чувствуваат кога ќе постигнат добар резултат на наградите. Одушевувањето на родителите после училишната приредба се само дел од спомените што ги поврзуваме со училишните денови. За да биде поуспешна работата на учителите и наставниците важна и неопходна е соработка со родителите (или старателите). ...
„Поезија за бројките“ од Александар С. Трајковски е најновото видео наменето за најмалите слушатели. Видеото е полно со едукативна содржина, возраста за која е наменето е од 4 до 6 години, но може да го гледаат помали и постари дечиња. Ги учат бројките визуелно и редоследно, плус како се пишуваат со букви. Покрај тоа постарите дечиња ќе го вежбаат и читањето бидејќи на видеото има букви од текстот. Се надеваме дека ќе им биде забавно да го ...
Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Полжав-олжав“ од поетот за деца, Ненад Џамбазов. Песната е кратка, лесна и интересна, а кој е тој полжав-олжав и што сè тој има, прочитајте подолу. Полжав-олжав, куќа има и во лето и во зима. Струја, парно, телефон, на вратата домофон. Кога дождец ситен роси, тревичката тој ја коси. Каде сака, таму шета и не прави нигде штета. Полжав-олжав, дечко здрав, не се плаши ни од лав. Вечен вљубеник во ...
Уште еден понеделник во низата понеделници оваа година. Се сеќавате како лани секој понеделник наликуваше на секој нареден ден? Помните ли како неизвесноста па и стравот владеаа со сите нас додека ги броевме деновите во карантин? Не е многу далеку тој период, а мене ми изгледа како којзнае кога да беше. Дали вам ви изгледа така? Сега кога впечатоците се сумирани, навидум ја испраќаме пандемијава, треба да бидеме подготвени на сѐ. Сигурно веќе ...
Сѐ што е потребно за промена на вашиот живот е одлуката дека дошло време да станете и да го направите токму тоа. Можеби овие совети нема да ви го променат животот од корен, но ништо не губите ако ги прочитате. Три минути од своето време секој би требало да може да одвои за да прочита нешто плус во текот на денот. Тони Робинс ги предлага следниве 7 чекори за промена на животот. 1. Одлучете што сакате и зошто Невозможно е да се создаде сопствен ...
Сетете се колку уживавте во цртаните филмови со Астерикс и Обеликс. Двајцата бунтовни Гали беа најдобри пријатели. Магичната напивка го правеше Астерикс посилен од било кој. Сигурно и вие барем еднаш сте посакале да ја пробате оваа напивка. Но кои се всушност Астерикс и Обеликс? За стрипот Стрипот за Астерикс и Обеликс e создаден во 1959 година од сценаристот Рене Гошини и карикатуристот Алберт Удерзо. Истиот стана еден од најпопуларните ...
Во новата рубрика „Палавковците“ во денешната прва епизода ви го претставуваме стрипот од Владо Јаневски. Владо Јаневски е македонско-австралиски писател, сликар, илустратор, стрип уметник, светски патник и до неодамна активен на полето за истражување и развој во водечка светска компанија. Објавени дела: роман „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Либрис“, Скопје, 2020), роман „Чудо зад аголот“ („Магор“/„Пагома прес“, Скопје, 2020), роман „Под друга ...
Витни Елизабет Хјустон била родена на 9-ти август во 1963 година, а починала на 11-ти февруари во 2012 година. Таа беше американски изведувач, глумица, продуцент и модел. Во 2009 година, Гинисовата книга на рекорди и оддаде признание за најнаградуван женски изведувач на сите времиња. Хјустон беше една од светски најдобро продаваните музички артисти, со продадени над 200 милиони албуми, песни и видеа ширум светот. Таа има издадено шест студиски ...
Драган Илиевски е ИТ професионалец во етичка сајбер безбедност со 10 годишно искуство во повеќе ИТ области. Како блогер за иновативни технологии на социјалните мрежи, Medium и IT.mk, автор на повеќе иновативни софтверски решенија и алатки. Тој има развиено интерактивна академија. Драган во слободното време се занимава со Ghost music production во областа на Trance и House музиката. Прочитајте го во продолжение разговорот со него. Кој е Драган, ...
Оваа година се одбележуваат 25 години од лудилото наречено Покемон. Цртаната серија има релативно скромно потекло, од црно бела рачна игра. Пред 25 години Еж тргна во лов на покемони, така од обична игра, Покемон, прерасна во култна ТВ серија за деца. Покемон живее и денес И покрај изминатите години, заинтересираноста за Покемон не престанува. Нинтендо повторно ги објави оригиналните покемони, црвени и сини. Детската серија с è уште се емитува ...
Третата епизода од „Кулитерација“ во која ни гостуваше авторката Емилија Златкова Анастасова е тука. Разговараваме за повеќе теми, за најраните почетоци, за сите нејзини дела, како и нејзините ставови за одредени нешта. Навистина си направивме квалитетен муабет, кој се надеваме дека ќе биде инспиративен. Исто така, имате можност да ја запознаете Емилија од поинаков агол. Јас уживав додека разговаравме, а вие за да се уверите во ова што ви го ...
Во шестата епизода од емисијата Кулитерација разговаравме со Ирена Блажеска или попозната како „Девојката со челично срце“. Пријатниот разговор ни протече многу брзо, муабетевме на различни и интересни теми. Ние заедно со слушателите на радио МОФ имавме можност да ја запознаеме авторката од поинаков агол. За што разговаравме, што препорачавме и ви посакавме, слушнете во оваа епизода. Со кликнување подолу на копчето плеј, имате можност да го ...
Марлен Дитрих е родена на 27- ми декември, 1901 година и е можеби една од најпознатите американски актерки со германско потекло. Марлен во почетокот, на самиот пик, дури и на крајот на кариерата плени со својата интелигенција, грациозност, акцент и убавина. Но покрај сите овие атрибути, (кои секако се вредни за споменување) Марлен години подоцна го фаќа окото на младите генерации и со својата невидена храброст доведувајќи до тоа да биде ...
Патувањето е интересно доживување со кое правиме спомени кои се помнат долго. Прочитајте ги во продолжение интересните факти и занимливости поврзани со него. 1. Патувањето може да ги подобри вештините за решавање проблеми и поттикнува креативност. Нови звуци, мириси, вкусови, јазици и видици создаваат нови синапси во мозокот и ја активираат невропластичноста. 2. Просечна индивидуа во Велика Британија има посетено 10 земји. Германците во просек ...
Верица Мукоска ја доби наградата „Бели мугри“ за книга од млад автор до 35-годишна возраст, која ѝ ја додели Домот на култура „Кочо Рацин“- Скопје. Стихозбирката „Ѕвонливи тишини“ ќе биде промовирана на 22 декември (петок) во 18:00 ч. во рамки на традиционалната манифестација „Денови“, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Одлуката за избор ја донесе жири во состав на: Васил Тоциновски, ...
Министерството за култура, во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, распиша „Конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст“. Целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори. Право на учество на конкурсот имаат сите автори, државјани на Република Северна Македонија, кои може да конкурираат со најмногу два ...
Денес, на неговиот роденден, читаме поезија од македонскиот поетски великан Гане Тодоровски (Скопје, 11 мај 1929 — Скопје, 22 мај 2010). Една од неговите најпознати песни во која толку добро го опишува нашето секојдневие. Нашинска Да ние е да сме доста колку да се разбистри небото над Бистрине, Корабине – Да ни е да сме доволно колку за да се довардиме покрај Вардарине и Струмине – Да ни е да сме мерата колку да се прелееме од колено во колено ...
На „Слушај поезија и други приказни“ најновото видео со прочитани стихови од Владимир Д. Јанковиќ е веќе објавено. Песната е насловена „Девојчето кое се појавува од никаде, и наеднаш сè, сè застанува“, препев од Татјана Маженковска од српски на македонски јазик. Владимир Д. Јанковиќ е српски поет, есеист, раскажувач и книжевен преведувач, роден на 16 октомври 1968 година во Белград. Автор е на над 800 песни, есеи и кратки раскази објавени во ...
Томас Харди (2 јуни 1840 – 11 јануари 1928), англиски писател. Поради специфичниот реализам и вонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството во неговите романи, него го сметале за најдобар англиски автор од тоа време – „последен викторијанец“. Неговите дела целосно го застапуваат трагично – фаталистичкиот поглед на светот. Се надеваме дека ќе уживате во неговите цитати кои ќе останат да бидат безвременски и ќе ве инспирираат. ...
На почетокот од своето творештво, Милан Кундера бил познат како поет при што објавил неколку збирки поезија, но подоцна изјавил дека „своите стихови ги сметам за младешки скитања“. Во 1960 година ја објавил студијата „Уметноста на романот“, посветена на чешкиот писател Владислав Ванчура за која подоцна напишал дека „не беше толку лоша книга, но навистина не знам зошто денес некој би ја читал“. Објавил и неколку драми, како: „Сопствениците на ...
Син на Менетиј, братучед на Ахил и нераздвоен пријател. Името на мајката на Патрокле не е споменато во постарата традиција; подоцна беше раскажано дека тој е роден од ќерката на Акаст, Стенела, ќерката на Ферет, Периопида или ќерката на Пеле, Полимела. Патрокле го помина своето рано детство во Опунт; во игра го убил својот пријател, синот на Амфидамант, Клејтон или Клисон, и затоа бил прогонет. Менетиј го однел својот син кај Фтија, кралот ...