Врамена слика стои на ѕидот валкан во собата каде одамна не влегол никој на сликата едно минато се прикажува прашината ѕирка, по споменот се тагува. Во другата соба стои маса расклатена од човечка рака одамна недопрена со пајажина и прав место чаршав распослана од четири столици останати се само две едната без една ногалка другата без потпирач бледи сенки на некогашно постоење. Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ ...
Еднаш некому ќе бидам потребна, така лесно, едноставно како пердув, без ограничувања, пречки и стереотипи, еднаш некому ќе бидам потребна. Еднаш некому ќе бидам потребна, со сигурност, цврсто и непречливо, без отстапувања, предомислувања и сомнежи еднаш некому ќе бидам потребна. Еднаш некому ќе бидам потребна, како извор, како планина, како почва што се раѓа одново и одново, како вода, како роса, како рамо на кое ќе може секогаш да се потпре, ...
Пладне е, а сé е сосем мрачно и одвреме навреме наврапито црвено на аголот од улицата која не постои веќе смртта се војва како во своја куќа Не е важно, јас го чекам божилакот а божилакот е мојот љубовник Љубовта се крие каде и да било љубовта се наоѓа каде и да е зошто љубовта е помлада од смртта дури и да се родени во ист миг На аголот од улицата која не постои смртта си отиде пред малку дотерана и подмладена сета Не е важно, јас го чекам ...
Чедо Јакимовски е истакнат македонски поет роден во Кратово на 22 февруари 1940. Починал во Скопје на 12 јануари 1993 година. Во неговиот краток и боемски живот оставил малку по број дела, но со извонреден квалитет. Тој во светски рамки се смета за еден од творците на стихови блиски до совршенство. Секоја песна излезена од под неговото перо, минувала низ строга проверка на метроном. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1966 година. ...
Објавена е нова стихозбирка „Откровение“, од поетот Блаже Петревски – Ендемион, во издание на „Академска Мисла“ – Скопје. Професорот и декан на Филолошкиот факултет, Владимир Мартиновски забележува дека поезијата на Блаже Петревски претставува нов силен поетски глас на македонската поетска сцена. Во поетските визии на Петревски светот како одново да се создава. Митската магма на оваа поезија ѝ дава посебна сила: сликајќи ги и доловувајќи ги ...
Станувам со празна чаша во грлото и си ги повторувам истите зборови дека времето ништо не ни подарува, сами си подаруваме спомени од љубов, од тага, од болка, од судбини непреболени. Станувам со синило во мојата коса и си ги налевам истите нежности цвеќиња растам во душава полеани со небесни мирни небрежности ги задржувам моите сеќавања таму врежани од моите болести љубовни прележани. Станувам со самотност како жар врела, самотник сум со ...
Ристо Ѓ. Јачев (15 мај 1942 – 27 февруари 2019, Долно Родиво, Воденско, Егејска Македонија) е македонски поет, романописец, театарски критичар, артист, новинар, уредник, критичар и преведувач. Ристо Ѓ. Јачев е роден во егејскиот дел на Македонија. Со илјадници македонски деца бегалци и прогонети од родните огништа проживува драматично детство и младост во емиграција. На Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ...
Салвадор Есприу ( 10 јули 1913 – 22 февруари 1985 година) е каталонски поет од Шпанија. Интелектуалец посветен на својата нација и јазик, бил еден од најголемите писатели на своето време. Oстави големо книжевно наследство, кое се карактеризира со неговите длабоки размислувања за смртта, болката и личниот идентитет. Неговите песни се засновани врз кабализмот и еврејските традиции, што е она што го прави неговото дело толку универзално и што ...
Дали си можеби будна Или ништо Спиј Сакав да ти кажам За тебе ноќва Во сликари прејдов Во цртачи Твојата глава И јас ја гледам И повлекувам линии Во гради и стомак И сè појако Чувствувам: не ни е лошо Во овој Духовен Брак Дали си можеби будна Или ништо Спиј Со каква мисла тонеш И каква мисла Те буди Би сакал да знаеш Дека некој те љуби И дека те почитуваат Многу други Дали си можеби будна Или веќе сонот те води А и не е важно Немам дарба за ...

