15.12.2023 Прво гостување на Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“ во Гевгелија денес, во 19 часот во малата сала во Народен театар – Гевгелија. Во рамки на настанот ќе стане збор за историјата на оваа писателска асоцијација, нејзините книжевни и периодични изданија, како и за манифестациите и настаните во нејзина организација. Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола е здружение во кое на доброволна основа се здружуваат и ...

Вечерва, 11.12.2023 година, во ЈУ Младински културен центар се отвора изложбата со скулптури на младиот уметник Митко Дамјановски со наслов “Зодијак”. Митко Дамјановски, роден во Кавадарци во 1996 година. Завршил во средното Училиште за применета уметност „Лазар Личеноски” во Скопје на отсек вајарство 2014 година и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности смер вајарство 2019 година. Изложбата Зодијак е прва самостојна изложба на Митко ...

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Македонија, CRPM, овие два дена е домаќин на регионалната конференција “Смарт Балканс 2023” насловена „Мир и просперитет во Западен Балкан: Што му се заканува на регионот и како да се искористат можностите?”. По обраќањето на Н.Е. Кристин Мелсом, Амбасадорка на Кралството Норвешка за Србија, Црна Гора и Северна Македонија- Славјанка Петровска, Министерка за одбрана на Република Северна ...

На 14.12.2023 од 21.00 часот во Македонска опера и балет “Фолклорно- класична симбиоза” е музичко- сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ Танец. Повеќе од 130 учесници на сцената ќе прозвучат заедно во симфонизираните антологиски кореографии на Танец, „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“ и „Водарки“, како и во многу други македонски орски и вокални мелодии, обсмислени во ново раскошно руво. Настапува ...

Завршната конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“, која ќе се одржи на 18 декември во Скопје, а ја организира Г.О. Новинари за човекови права во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ- Австрија. На завршната конференција ќе се промовира веб-страницата на Систем за рано предупредување за исчезнати деца, najdime.org.mk, на три јазици, македонски, албански и ромски јазик, која фунционира со ...

Нашиот познат нобеловски кандидат, уметник и хуманитарец Живко Поповски Цветин на 11 декември 2023 година ќе одржи голема изложба на своите цветни цртежи во Кинотека на Македонија. Датумот е избран во чест на 10 декември Денот на човековите права и слободи и 12 декември Денот на УНИЦЕФ. Неговите активности се врзуваат за мировните пораки кои ги упатува до Организацијата на Обединетите нации и УНИЦЕФ. Ќе настапист Борис Трајанов и Серафина ...

Перформансот ВЕСНА и ВЛАСТА, кон достоинството (на стареењето) на уметниците Власта Делимар и Весна Стилиновиќ, како дел од програмата на фестивалот АКТО 18 ќе биде на 16 декември (сабота), на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности, со почеток во 19 часот. Весна Стилиновиќ и Власта Делимар замислија заедничка претстава во која низ елементарен ерос ги поврзуваат нивните сличности, но и разлики. Но, тие преку ова пријателство не ...

Утре (четврток) 14.12.2023 година, со почеток во 12 часот, во Македонската академија на науките и уметностите ќе биде промовирана научната студија „Типологија на писмото“ од д-р Игор Радев, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик. За книгата, која е издание на „Македоника литера“, ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова и авторот. „Типологија на писмото“ е компаративно и научно изведена студија за видовите писма во светот, ...

„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера, во превод од хрватски на македонски јазик на Славчо Ковилоски, кој е и автор на предговорот. Како што пишува авторот во воведот на книгата, Рацин е неговиот научен предизвик за кого, уште како млад научник, се обидел детално да го реконструира престојот во Хрватска и неговите дружења со истакнати антифашисти, писатели, уметници и политички ...

Ненад Георгиевски и Мијалче-Мишко Иванов се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023 година, за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на С. Македонија. Наградата за остварување во публицистиката му е доделена на новинарот и публицист Ненад Георгиевски, а Мијалче Иванов е добитник на наградата за остварување во областа на новинарството. Претседател на Одборот за доделување на ...

“Хероите на Македонија” е наслов на алманах кој неодамна го здогледа светлото на денот и ја разбранува читателската публика, која достоинствено ги слави жртвите од минатото кои се бореле и херојски ги положиле своите животи за оваа земја. Промоцијата на алманахот се одржа на 25 октомври 2023 година, како прв во низата која ќе следува,а кои ќе се издаваат на иницијатива на Здружението Хуманитарно- Културен “Феникс”, со цел зачувување и афирмација ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска го посетија Тетово, градот со долга и богата историја и повеќеслојна културна традиција, во која се сплотуваат различните култури на народите што живеат во овој крај. Министерките го разгледаа новиот административен дел од Музејот на Тетовскиот крај каде што за санација на објектот беа вложени 4,5 милиони денари. Со ...

Промоцијата на „Живот без сведоци“ ќе се одржи на 14 декември (четврток), со почеток од 19 часот, во Филхармонија- бар. Во издание на Издавачкиот центар ТРИ излезе од печат новиот роман на познатата авторка и поетеса Наташа Сарџоска насловен „Живот без сведоци“. Ова е втор роман на Сарџоска по „Трамонтана“, кој се вброја меѓу најдобрите романи за 2021 година и беше во тесна конкуренција за Роман на годината. Промоцијата на „Живот без сведоци“ ќе ...

Мала станица, 7.12.2023, 19.30 часот Второто издание на циклусот „Од поинаков дискурс“ е продолжение на првичната идеја за вклучување на лица, интелектуалци чија дејност не е тесно врзана со ликовната уметност, критика и теорија, кои во соработка со ко-куратор од галеријата ќе работат на тематика која ја задаваат, а е инспирирана од богатата колекција на Националната галерија. Целта е од поинаков дискурс да се пристапи кон толкување, ...

Во големата сала на општина Кисела Вода, во Скопје, неодамна се одржа промоција на книгата ,,Животопис“ од авторката Маја Трајковиќ, чие издание беше поддржано од Одделението за култура при оваа Општина. Промоторка на книгата беше професоркa по македонски јазик Душанка Трпевска, а рецензентка Марина Огненова. Во книгата се објавени тринаесет раскази во кои се опишуваат различни теми, што се случуваат во различни времиња. Опишаните ликови ги ...

Во првата половина на месец декември 2023, Чифте амам ќе стане „МУЗЕЈ НА ДЕТСТВОТО“. Станува збор за самостојна изложба на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили од Приштина, Косово. Изложбата ќе се отвори на 5ти декември 2023, во 19 часот. На отворањето на изложбата ќе се обрати директорката на Националната галерија д-р Дита Старова Ќерими, и професорот Решат Амети, член на Управниот одбор на Националната галерија. Изложбата „Музеј на ...

Скопје, 11.12.2023 Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Мистика“ – посветен на опусот на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. На програмата се Интермецо „Il sogno“ од операта „Гуљелмо Ратклиф“, Интермецо од операта „Пријателот Фриц“ и музиката за филмот „Сатанска рапсодија“ кој во соработка со Кинотеката на Р.С.Македонија паралелно ќе се прикажува во текот на ...

Два дена по ред, на 4 и 5 декември, професорката д-р Ванѓа Радевска од Скопје, одржа предавања со уникатна програма, кои наликуваа налик на уметничко- поетско- научно соаре, во временскиот премин меѓу денот и ноќта- првото во Културниот центар “Ко- Ра”, второто во “Спомен собата на Мајка Тереза”. Почитиваната универзитетска професорката, во нејзината научна анализа за човековите особености, презентираше свои научни видувања за дваесеттина ...

Саемот Slow Wine Fair ќе се одржи во Болоња од 25 до 27 февруари. Меѓународниот саем посветен на добро, чисто и праведно вино е наменет главно за професионалците во овој сектор, но ги отвора вратите за јавноста во недела на 25 февруари од 12 до 19 часот. Љубителите на вино ќе можат да ги искористат предностите на масата за дегустација, чија цена е вклучена во влезниот билет, како и од мастеркласите што може да се купат на нашата веб- страница. ...

Скопје, 7.12.2023 Довербата на граѓаните во институциите се движи од ниска кон умерена, при што нема институција во државата која ужива висока доверба. Изразено на скала од 1 до 10, Владата (2,8), Собранието (2,7), политичките партии (2,5), Јавното обвинителство (2,5) и судовите (2,4) се институции во кои граѓаните имаат најниска доверба. Претседателот на државата (3,5), полицијата (3,8) и локалната власт (3,7) уживаат умерена доверба, а ...

Во вторник, со почеток во 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија концерт ќе одржи ансамблот „Николов- Ивановиќ Ундектет“. Врската помеѓу традицијата и модерното, „старите добри“ времиња и современиот пристап кон музиката, е пресвртница на целата сегашна и идна џез-сцена. Дали постои златна средина, основа на која се среќаваат и коегзистираат овие две, навидум спротивставени тенденции? Единаесетчлениот бенд на композиторот ...

Дали и колку е возможно независниот уметник да се вклопи во веќе поставената и општо прифатена норма за тоа што еден млад човек треба да постигне пред да наполни 30 години? “Младоста последна умира” во продукција на “Пресврт” е документарен проект, архива на разговори со актери која подлабоко ја истражува социо- политичката, економска и културна положба на младите луѓе од Република Северна Македонија, кои се близу да наполнат 30 години. Како ...

На 05 декември 2023 година, во големиот салон на Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ се одржа отворање на заедничка изложба на фотографии на Јана Кузманоска и Тања Кузманоска и промоција на електронската фото- стихозбирка на Тања Кузманоска, „Верси и визури“. Настанот се одржа во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028 година и е поддржан од Град Скопје и Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“- ...

На 12 декември (вторник), со почеток во 20 часот, на малата сцена на Театар Комедија ќе се случи премиерата на пиесата „Демнејќи го Годо“ од словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар. Станува збор за прва копродукциска соработка помеѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше речиси три месеци. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан ...

Во организација на Здружението на просветни работници на град Скопје а во соработка со Град Скопје на 02.12.2023 година се реализираше манифестацијата “Просветен работник на годината на Град Скопје за учебната 2022/2023 година”. Според претходно распишан конкурс со одредени критериуми се доделија Признанија на најдобрите просветни работници на територијата на градот Скопје од сите сфери на образованието. Добитници на Признанието се следните ...

„МОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО“ (балетски триптих) Премиера 20.12.2023, 20.00 часот Реприза 22.12.2023, 20.00 часот Националната опера и балет „Молитви на моето тело“ е балетска претстава (триптих) инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот. 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од балетските првенци, солисти и ансамблот на ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Штип, при работната посета на институциите од областа на културата заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, истакна дека градот под Исарот покажува успешно работење во културата и негувањето на автентичните културни вредности. Министерството за култура ќе продолжи да вложува во културата ...

Со дискусија посветена на „Европската димензија и одржливоста на европските престолнини на културата (ЕПК 2028)“ на 6 декември (среда) во Музејот на македонската борба за самостојност во 10:30 часот, започнува дводневниот Транснационалени вмрежувачки настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“- потпрограма Култура. Претставници од градот Скопје и францускиот град Руан кои се во фаза на назначување за Европски престолнини на ...

Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски” согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе О Д Л У К А за доделување на државната награда „Мето Јовановски” за 2023 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на ...

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ согласно Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ”бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и Сл. весник на РСМ бр. 98/19), и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница, одржана на 21.11.2023 година донесе: О Д Л У К А за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” за 2023 година за највисоко ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
73%
1013
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
5.62
90%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.24
88%
1005
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.83
85%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1015
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
76%
1010
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Рутениум

29192.88

Калај

40.48

Сребро

1878.05

Никел

473339.37

Паладиум

46425.68

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Цинк

3.23

Иридиум

145787.60

Злато

135056.24