Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со општина Охрид утре – среда со омаж посветен на роднокрајниот автор Зоран Ковачевски ќе ја одбележат дваесет годишнината од неговата смрт. Зоран Ковечевски е македонски раскажувач и романсиер, припадник на генерацијата писатели кои творат во духот на критичкиот реализам. Роден е во Светозарево – Србија, на 15 април 1943 а починал на 21 јануари 2006 во Охрид. Ковачевски ги завршил студиите по право на ...
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома. COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно ...
Царински службеници и мобилни царински тимови во различни случаи открија неколку обиди за шверц на разна стока и тоа девизи, злато, цигари и бижутерија, ветеринарни препарати, музички инструменти и домашна ракија. 13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама се откриени од страна на мобилен царински тим кај двајца грчки државјани кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце автопат. При личен ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија е посветена на безбедноста на арктичкиот регион, дека е целосно посветена на тоа и дека ги споделува целите на Соединетите Американски Држави во овој поглед. Во специјално обраќање на Светскиот економски форум во Давос, таа како пример го наведе фактот дека Финска, која е членка и на ЕУ и на НАТО, им ги продава своите први бродови за кршење мраз ...
Новиот македонски долгометражен игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски е селектиран во програмата „Перспективи“ на овогодинешниот 76-ти Берлински Филмски Фестивал. Ова беше денес соопштено во Берлин, со што филмот на режисерката Митиќ ќе се натпреварува во селекцијата „Перспективи“, во која се селектираат и натпреваруваат најдобрите дебитантски филмови, на светско ниво. Во Берлинале Перспективи, македонскиот ...
На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје. Тој доби поддршка од седум членови на Советот, додека досегашниот раководител Гаврил Бубевски, кој конкурираше за нов мандат, освои пет гласа. За функцијата беа пријавени пет кандидати. Освен Фидоски и Бубевски, кандидати беа и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. На денешната седница на Советот на ...
Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, со најава дека во среда на 21.01.2026 во 18 часот, повторно излегуваат на улица затоа што, како што велат, воздухот што го дишеме е секој ден се поопасен за животот. Според најавата датумот на протестот е во „Листата на барања кои ги прочитавме на првата граѓанска блокада на 26.12.2025, ги доставивме до сите надлежни институции. Но, бидејќи Никој од нив не одговори Ништо, ниту пак не повикаа на ...
Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на 21 и 22 јануари 2026 година ќе учествува на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите. На состанокот, со кој ќе претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, ќе учествуваат началниците на Генералштабовите на 32-те земји ...
Денеска во просториите на Општина Центар се одржа срдечна средба со нашиот сограѓанин Дарко Митровиќ, кој вчера, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, имаше чест и среќа да го извади светиот крст од водите на реката Вардар, информира градоначалникот на општината Горан Герасимовски. „Дарко дојде во посета на општината носејќи го со себе светиот крст, со што симболично го пренесе благословот до сите служби и граѓани. Оваа ...
Вчера во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица. Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност, информира СВР-Охрид. Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на ...
Дванаесетгодишното момче кое беше нападнато од ајкула откако скокна од карпа во пристаништето во Сиднеј во неделата е идентификувано како младиот фудбалер Нико Антиќ. Момчето е во кома и се бори за живот откако двете нозе му беа сериозно повредени во нападот. Неговиот случај е првиот од четирите напади од ајкула што се случија во Нов Јужен Велс во последните 48 часа, објавија австралиските медиуми. Инцидентот се случил во 16:20 часот во ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека несогласувањето околу Гренланд го загрозува „постоењето на НАТО како обединет блок“, објавува CNN. Лавров денес на годишната конференција изјави дека дипломатскиот конфликт меѓу САД и Европа околу суверенитетот на Гренланд открил „кризни трендови“ во западното општество. Зборувајќи на прес-конференција во Москва, тој рече дека поделбите го загрозуваат постојното постоење на НАТО ...
Британската влада издаде официјален одговор на критиките од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со договорот за островите Чагос. Трамп, како потсетување, на Truth Social изјави дека одлуката на Велика Британија да ги предаде островите Чагос на Маврициус е чин на „голема глупост“ и дека тоа е „уште една во долгата низа причини“ зошто САД мора да го преземат Гренланд. „Велика Британија никогаш нема да ја компромитира нашата ...
Европската унија и Русија нема да можат да ги обноват нормалните односи сè додека, како што оцени политикологот Анибал Гонзалез, европските лидери кои инсистираат на конфронтација и се обидуваат да конфискуваат замрзнати руски средства не ја напуштат политичката сцена. Гонзалез зборуваше за ова во изјава пренесена од Телеграм каналот „Пул бр. 3“. Според него, сегашното политичко раководство во Брисел не го разбира обемот на можните последици ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го покани хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во „Мировниот одбор“, објави Индекс.хр. Според она што е познато досега, поканата ја примиле европски лидери како што се Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. Покана од регионот, како што потврди вчера словенечката влада, стигна и до словенечкиот премиер Роберт Голоб. Хрватската влада сè уште не одговорила на ...
На покана од претседателот на Групата за пријателство Израел-Северна Македонија, Хамад Амар, Делегација на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот/Кнесетот на Државата Израел е во возвратна посета на Израел во периодот од 18 до 22 јануари 2026 година. Делегацијата ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на Групата за соработка, а во нејзиниот состав се и пратениците: Весна Бендевска, потпретседателка на ...
Жан-Филип Матета постигна договор со Јувентус и го чека исходот од преговорите меѓу Кристал Палас и „старата дама“. Италијанските медиуми открија дека Матета ја прифатил понудата на Јувентус, според која ќе заработува 4.000.000 годишно, но сега следува потешкиот дел од преговорите. Наводно, Палас сака да собере 35.000.000 евра и бонуси, додека Јувентус нуди опција за позајмица до крајот на летото со задолжителен откуп за 28-30.000.000 евра. ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави по владината седница дека купил глобус за подобро да се запознае со географската положба на Гренланд, остров кој е во центарот на зголемените геополитички тензии во последните недели. Како што изјави, токму поради положбата на Гренланд, сега ги разбира безбедносните аргументи што ги презентираше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Бабиш рече дека во случај на напад врз САД, ...
Кина соопшти дека САД ја поканиле да се приклучи на „Мировниот одбор“, иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп насочена кон решавање на конфликти низ целиот свет, но не кажа дали ќе ја прифати поканата. „Кинеската страна ја прими поканата од американската страна“, изјави Гуо Џиакун, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, на редовната прес-конференција. Сепак, тој не кажа дали Пекинг ќе ја прифати поканата. ...
Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој потенцираше дека „во средината на политичко-финансиската мрежа на оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, преку нивните партии, банки, бизнис интереси и лажни договори за реклами има и клучен пропаганден столб: Алфа телевизија“. „Денеска ќе ја разоткриеме позадината на оваа пропаганда, на политичките врски и ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го во прашање моменталниот статус на островот како дел од Данска. „Гренланд не е природен дел од скандинавското кралство“, изјави тој за новинарите на годишната прес-конференција во Москва. Тој додаде дека проблемот со поранешните колонијални територии сега станува сè поизразен. Лавров нагласи дека Москва ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од денеска ќе учествува на 56. годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. „Придружуван од висока владина делегација ќе учествуваме на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и ...
Финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал сè уште е најжешката тема на фудбалската јавност. Натпреварот во Рабат тешко дека ќе се памети по фудбалскиот спектакл, но настаните ќе се раскажуваат долго време поради кои африканскиот фудбал секогаш ќе служи за потсмев. Медиумите сега се фокусираат на драмата што се одвиваше зад голот на сенегалскиот голман Едуар Менди. Имено, во второто полувреме, капитенот на Мароко, Ашраф ...
Францускиот институт во Скопје со најава за изложба на фотографии и проекција на документарен филм кои беа реализирани во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, во соработка со Гете Институтот во Скопје и поддршка на Универзаланата сала. Проектот имаше за цел да ја стимулира креативноста кај младите, да го промовира историското наследство на Скопската чаршија и да понуди креативни решенија за ...
Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, јавно проговори за расколот што се случува во семејството. Тој истакна дека неговите познати родители се обиделе да му ја саботираат врската со Никола Пелц, вклучително и неговата свадба со моделот што се одржа во 2022 година. Прво венчаницата Како што истакнува Бруклин, неговата мајка, познатата дизајнерка Викторија Бекам, не сакала да учествува во креирањето на венчаницата за ...
„Политичката партија Македонски Концепт, како легитимен политички субјект во Република Македонија со јасна про-западна, демократска и реформска ориентација, упатува Дипломатски манифест до САД, со цел да придонесе кон јасно, отворено и одговорно преиспитување на состојбата на билатералните односи. Ние веруваме дека демократијата има право и обврска да се брани“, соопштуваат од Македонски Концепт. „Манифестот беше усвоен од страна на ...
Големиот Христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата Зегин. Покрај минусните температури повеќе од 160 учесници беа пријавени на главната Скопска манифестација а истата се одржа и во останатите Скопски општини како и во градовите ширум цела држава. Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година како и сите оние кои со голема храброст влегоа во ...
Денес, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“ во населбата Бирарија. Проектот има за цел трајно решавање на проблемот со собирање и задржување на отпадните атмосферски води, кои поради специфичната теренска конфигурација често предизвикуваат потешкотии, особено при пообилни врнежи од дожд. Станува ...
Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва во Хернинг, го игра клучниот натпревар, во првата фаза на 17-то Европско првенство. Од 18 часот, Макеоднија ќе се соочи со репрезентацијата на Романија. Македонија, по нерешениот резултат со Португалија (29:29), ги задржа шансите за пласман во главната фаза. Вечерва ќе биде познато дали избраниците на Кирил Лазаров ќе продолжат во главната фаза, во група со Франција, Норвешка, Германија, ...
Европската унија треба да ги разгледа сите достапни опции како одговор на обновената закана за царини од американскиот претседател Доналд Трамп кон европските сојузници, изјави данската министерка за економија Стефани Лосе. Лосе разговараше со новинарите пред состанокот на министрите за финансии и економија на ЕУ, пренесува Ројтерс. Таа ја нагласи потребата блокот да ги разгледа реакциите на потенцијалните американски мерки што би можеле да ...