Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Лестер Сити испадна од Чемпионшип во Лига Еден (трет ранг на англискиот фудбал) по нерешениот резултат 2:2 со кандидатот за плејофот Хал Сити. „Лисиците“ мораа да го добијат натпреварот на стадионот „Кинг Пауер“ за да ги задржат шансите за опстанок, но не успеаја во тоа. Иако во еден момент водеа со 2:1, гостите успеаја да израмнат и да стават крај на надежите на домашниот тим. Ова е второ последователно испаѓање на Лестер, како и трето во ...
Филмот „Странецот“ од францускиот режисер Франсоа Озон, адаптација на познатиот роман од Албер Ками, ќе се прикажува во кината од 23 април, објави дистрибутерот МЦФ МКД. Озон призна дека било огромен предизвик да се адаптира познатото дело на Ками од 1942 година и брзо сфатил дека тоа е начин да се поврзе со заборавен дел од личната историја. „Мојот дедо по мајчина линија беше истражен судија во Алжир и преживеа атентат во 1956 година, што ...
Познатата германска манекенка Хајди Клум е редовна гостинка на секој црвен тепих. Неодамна ги шармираше сите кога се појави со својот син, а за премиерата на познатиот филм „Ѓаволот носи Прада 2“, Хајди дојде сама. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Можеби сакаше да биде главна ѕвезда на црвениот тепих, поради што не донесе никого со себе, или можеби не очекуваше дека нејзиниот фустан речиси ќе открие ...
Иран погуби маж осуден за шпионажа за израелската разузнавачка служба и протекување чувствителни информации, објави во среда иранската судска новинска агенција Мизан, а пренесува Ројтерс. Новинската агенција Мизан го идентификуваше мажот како Мехди Фарид. Таа рече дека работел во единица за цивилна одбрана во рамките на чувствителна организација и го користел својот пристап за собирање и пренесување информации до израелскиот Мосад. Смртната ...
НАТО вчера пресретна руски стратешки бомбардери и борбени авиони кои летаа над Балтичкото Море. Тоа беше демонстрација на воздушна моќ на источниот крило на Алијансата, додека фокусот на светската јавност останува на Блискиот Исток, пишува „Вашингтон пост“. Француските ловци „Рафал“ полетаа од литванската воздухопловна база каде што се стационирани како дел од долгогодишната мисија на НАТО за воздушна полиција. Ловците, вооружени со ракети ...
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, извести Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите кај корпоративниот сектор, соопшти Народната банка. Најновото соопштение за монетарните ...
„Аплаузите, восхитот и еуфоријата на СДС кон нивниот врховен лидер Заев, го засени роденденот на партијата и неговиот чирак Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Односот на лојалистите кон аболицираниот криминалец Заев, покажува дека немаат намера да се реформираат, немаат намера да расчистат со криминалот и корупцијата, туку напротив – да го штитат и оправдуваат. Додека искреното членство на СДС кое не сака функции, бара реформи и стабилизација ...
Кошаркарите на Портланд го победија Сан Антонио со 106:103 и го израмнија резултатот во плејоф серијата, во Западната конференција на 1-1. Натпреварот го обележа сериозната повреда на првата ѕвезда на Спарс, Виктор Вембањама, кандидатот за МВП, кој ден претходно беше едногласно избран за најдобар дефанзивец во лигата. Херој на победата беше Скут Хендерсон со 31 поен, водејќи ги Треилблејзерс до голем пресврт откако францускиот центар на ...
Тенисерката Арина Сабаленка блесна на церемонијата на доделување на наградите „Лауреус“ во Мадрид, која ја освои, но покрај успехот, ги воодушеви сите и со своето модно издание. Сабаленка неодамна се сврши, што привлече големо внимание на социјалните мрежи, а познато е дека таа веќе има армија обожаватели насекаде поради нејзината харизма и духовитост. За овој настан, Сабаленка избра долг фустан со светки, на едно рамо, а косата ја ...
Еминем прослави 18 години трезвеност. 53-годишниот музичар, чие вистинско име е Маршал Брус Матерс III, објави фотографија на Инстаграм на која држи медалјон во чест на оваа голема годишнина. На работ на медалјонот пишува „биди верен на себе“, а внатре во триаголникот, до римскиот број XVIII, се зборовите „единство, служба, закрепнување“. Во описот на објавата, тој едноставно напиша „XVIII🏅“. View this post on Instagram A post shared by ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека ги смета посетите на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер на Москва, без да дојдат во Киев, за „непочитување“. Виткоф и Кушнер ја посетија руската престолнина кон крајот на минатата година, кога преговорите за прекин на огнот со цел завршување на војната во Украина добиваа на интензитет, и повторно во јануари. Виткоф, кој осум пати бил во Москва, се сретна со рускиот ...
Напаѓачки брод на Иранската исламска револуционерна гарда отвори оган врз контејнерски брод покрај брегот на Оман. Нападот предизвика „значителна штета“, но екипажот е безбеден, според агенцијата за поморски трговски операции (UKMTO) на Обединетото Кралство. Иранската војска потврди дека интервенирала против контејнерскиот брод, но нивниот извештај за инцидентот се разликува од британскиот. Полуофицијалната новинска агенција Тасним соопшти ...
„Војната на Блискиот исток и нарушениот проток низ Хормускиот теснец ја открија длабоката ранливост на глобалниот прехранбен систем. Цените на ѓубривата веќе скокнаа за 26,2 %, цените на енергијата за 41,6 %, а Светската банка и ФАО предупредуваат дека ако кризата продолжи, во првата половина на 2026 година цените на ѓубривата можат да пораснат за дополнителни 15–20 %“, велат од СДСМ. „Ова директно води кон пад на приносите и кон реален ...
Тројца јапонски војници загинаа, а еден беше повреден кога за време на вчерашните вежби граната експлодираше во тенк на воен полигон во јужна Јапонија, соопштија официјални лица. Смртоносната експлозија се случила додека тројцата војници биле во куполата на тенк Тип 10 за време на вежба со боево гаѓање во која учествувале уште два тенка на полигонот Хиџудаи во префектурата Оита. Четвртиот член на екипажот, возач, преживеал, но бил повреден, ...
„Жално е да се гледа како ДУИ се препелка во сопствената кал. Имаа мандат во владите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вкупно цели 20 години, а освен гол популизам, нивните наводни остварувања за Албанците немаат никаква реална политичка тежина“, велат од Влен. „Сега излегуваат на виделина сите нивни манипулации. Наместо системски и долгорочно да ги решаваат прашањата за правата на Албанците тие ни оставија во наследство фалични алатки кои биле само ...
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи ја појасни суштината на предложените измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување која во Собранието ја поднесе пратеничката група на Левица, а денес е на дневен ред на собраниска седница. Апасиев посочува дека во важечкиот закон постои како што вели „нешто идиотско, што се вика максимална основица за плаќање придонеси“, а таа е ограничена на 16 ...
Моделот Ирина Шајк е сосема подготвена за новата летна сезона, како што покажа со нови фотографии на својот Инстаграм профил, меѓу кои се издвојуваат оние во бикини. Во последно време, таа објавува фотографии од егзотични одмори, а откако го покажа своето извајано тело во впечатливо црвено бикини, се одлучи за едно во понеутрална боја, но далеку посмело. View this post on Instagram A post shared by irina shayk (@irinashayk) Додека горниот ...
Висок ирански воен командант ги предупреди јужните соседи на Иран дека ако нивното земјиште или објекти се користат за напад врз Иран, тие „ќе мора да се збогуваат со производството на нафта во регионот на Блискиот Исток“, објавија иранските државни медиуми, пренесе Си-Ен-Ен. Позадина на предупредувањето Новинската агенција Фарс, која е блиска до владата, го цитираше командантот на Воздухопловните сили на Корпусот на Исламската ...
Постојат компании кои работат и компании кои водат. Разликата не е секогаш видлива на прв поглед. Затоа веќе 14 години Бонитетната агенција Таргет Груп во Македонија го прави она што малку кој може: со независна методологија базирана на над 25 финансиски индикатори, ги издвојува компаниите кои навистина водат. Деветта година по ред. Топ 2% по бонитетна успешност. Топ 100 и Топ 500 по приходи, добивка и број на вработени. Топ 20 во дејноста. ...
Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка, извести Електродистрибуција. „Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар и директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2)“, велат од Електродистрибуција и додаваат дека се ...
Меѓу бројната конкуренција, тимот на ООУ „Јан Амос Коменски“ постигна огромен успех освојувајќи ја првата награда во категоријата за Најиновативно еко решение, во рамки на еднодневниот настан „Зеленикс – од предизвик до иновација“, кој го организираше Агенцијата за иновации научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Станува збор за креативен и едукативен ден кој е наменет за учениците од основните училишта во Скопје, а настанот се ...
По успешната соработка на есенската кампања, Каја Гербер повторно е лице на новата, пролетна кампања на познатиот спортски бренд. Младата и талентирана Каја Гербер, наследничка на познатата Синди Крафорд, веќе ги следи стапките на својата мајка и е едно од најбараните имиња во светот на манекенството. Атрактивната Каја стана и ѕвезда на новата кампања за брендот за спортска облека Vuori, со кого веќе соработуваше на есенската колекција ...
Пејачката Дуа Липа е многу активна на социјалните мрежи, каде што ја следат голем број луѓе, а речиси секојдневно се обидува да ги информира своите обожаватели за тоа како ги поминува слободните денови. Фотографиите во бикини секогаш задоволуваат, без разлика од чиј профил доаѓаат, а Дуа е позната и по тоа, меѓутоа, овој пат покажа како го поминува времето со својата сестра Рина, но успеа да оди и во теретана. View this post on Instagram A ...
По динамичната, огнена и донекаде исцрпувачка сезона на Овен, на 20 април 2026 година, започна сезоната на Бик – период кој носи многу потребна пауза, повеќе мир, уживање и стабилност. Ако во последните недели чувствувавме дека постојано брзаме некаде, донесуваме ненадејни одлуки и се обидуваме да решиме сè одеднаш, сега енергијата значително се менува. Сезоната на Бик нè поканува да забавиме, да дишеме и да се вратиме кон себе. Ова е време ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече прашањето за евентуално суспендирање на Договорот за придружување меѓу Европската Унија и Израел легитимно. Ова би можело да се случи ако Израел продолжи со политика која, како што рече, „е спротивна на неговата историја“, особено во Либан. Макрон ја даде изјавата на заедничка прес-конференција со либанскиот премиер Наваф Салам во Елисејската палата. Чекајќи го вистинскиот момент Сепак, ...
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ објави дека ќе откаже 20.000 кратки летови ова лето за да ги намали трошоците поради наглиот пораст на цените на горивото за авиони. Значителен дел од откажувањата се резултат на затворањето на нејзината непрофитабилна флота „СитиЛајн“ и повлекувањето на 27 од нејзините авиони, а компанијата ги наведе работните спорови со вработените како причини. Повеќето авиокомпании се соочуваат со зголемени трошоци ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија драматични пораки на својата платформа Truth Social, тврдејќи дека Иран се соочува со финансиски колапс поради американската поморска блокада. Според Трамп, Техеран очајно сака да го отвори Ормускиот теснец бидејќи губи 500 милиони долари дневно поради блокадата. „Иран се урива финансиски! Тие сакаат Ормускиот теснец веднаш да се отвори – гладуваат за пари! Губат 500 милиони долари дневно. ...
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата одлука за продолжување на прекинот на огнот, изразувајќи надеж дека преговорите ќе доведат до трајно решение на конфликтот. „Во мое лично име и во име на фелдмаршалот Саид Асим Мунир, искрено му се заблагодарувам на претседателот Трамп што го прифати нашето барање за продолжување на прекинот на огнот за да се овозможи продолжување на ...
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, ја потврди претходната изјава на Доналд Трамп дека блокадата на иранските пристаништа од страна на САД останува на сила. Бесент во објава на социјалните мрежи тврдеше дека е само „прашање на денови“ пред да се наполнат складиштата на островот Харг, преку кои се транспортира повеќе од 90 проценти од извозот на нафта од Иран, по што ќе следи „затворање“ на кревките ирански нафтени бунари. Бесент, ...
Продолжувањето на примирјето од страна на Трамп е тактика за купување време за ненадеен удар, изјави синоќа советник на главниот преговарач на Иран. Продолжувањето на примирјето од страна на американскиот претседател Доналд Трамп е „тактика за купување време“ за ненадеен удар, изјави Махди Мохамади, советник на претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамад Багер Галибаф. Мохамади во објава на Икс изјави дека ...