Началникот на Воената управа на Луганската област, Олексиј Харченко, ги отфрли руските тврдења дека московските сили целосно ја зазеле оваа источна украинска регија, наведувајќи дека 14 населени места сè уште не се под руска окупација. Началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов, вчера изјави дека неговите сили „целосно ја завршиле“ окупацијата на Луганската област, што руското Министерство за одбрана го тврдеше и на 1 ...

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работа посета на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. По средбите со канцеларот Кристијан Штокер, тој на својот фејсбук профил објави: „Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во ...

Европарламентарци од Левицата, Руди Кенес и Марк Ботенга, ја критикуваа Урсула фон дер Лајен поради изјавите во кои ја стави Турција во ист контекст со Русија и Кина, оценувајќи дека тоа може да доведе до поделба на светот на спротивставени блокови, пренесе Анадолија. Урсула фон дер Лајен, говорејќи на настан по повод 80-годишнината на германскиот весник Ди Цајт во Хамбург, ја повтори својата поддршка за проширувањето на ЕУ и потребата од ...

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека САД не поставуваат услови во тековните трговски преговори, отфрлајќи тврдења дека Канада мора да прави отстапки за да учествува во разговорите. „Не станува збор за тоа дека САД диктираат услови“, рече Карни пред новинарите во Отава, додавајќи дека двете страни работат на решавање на трговските тензии пред новите преговори за договорот CUSMA. Тој нагласи дека разговорите ќе бараат време и дека е ...

Инфлуенсерката која собра милиони следбеници со објави во бикини, со пиво и оружје всушност не постои, туку е лик создаден со вештачка интелигенција, зад кој стои 22-годишен студент од Индија, објави Wired, пренесува „Индекс“. Студентот, познат како „Сам“, дошол на идејата да создаде АИ лик додека собирал пари за студии по медицина. Со помош на АИ алатки, го креирал ликот на „Емили Харт“, наменет за конзервативна публика во САД. Профилот ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека верува во прагматизмот на идниот унгарски премиер Петер Маѓар и изрази големо задоволство од исходот на нивниот вчерашен телефонски разговор за клучни теми за унапредување на односите меѓу двете држави. Вучиќ разговарал со новинарите при отворањето на нов погон на Српската фабрика за стакло во Параќин, пренесе Анадолу. Вучиќ истакна дека победата на Маѓар на изборите била повод за честитка и ...

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 0 до 8 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а ...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека владата ќе ги разгледа мерките на Европска комисија за справување со енергетската криза, нагласувајќи дека Хрватска веќе усвоила десетти пакет мерки вреден 450 милиони евра. Тој посочи дека целта е да се намалат ефектите од растот на цените на енергенсите врз инфлацијата, додавајќи дека „најједноставно е да се троши помалку“, бидејќи помалата потрошувачка значи и помали трошоци. Одговарајќи на ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска во Виена одржа билатерална средба со сојузниот министер за земјоделство и шумарство, заштита на климата и животната средина, региони и управување со води, Норберт Тошниг. Разговорите се фокусираа на три клучни области: управување со води, заштита на природата и зелена транзиција. Министерот Хоџа ги претстави приоритетните инвестиции во секторот води, а беше презентиран ...

Сандра Имери од ВЛЕН оцени дека ставот на ДУИ за техничката влада претставува „чиста хипокризија и обид за извртување на политичката реалност“. Според неа, техничката влада не била демократски стандард што треба да се брани, туку итно решение наметнато од длабока политичка криза, поврзана со, како што наведува, компромитираната коалициска власт и скандалите во кои ДУИ била дел, во партнерство со режимот на Никола Груевски. Имери потсетува ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. „Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се ...

Познати музички имиња, вклучувајќи ги Massive Attack, Kneecap, Brian Ino, Sigur Rós, Nadine Shah и други, потпишаа отворено писмо со кое повикуваат на бојкот на претстојниот натпревар за песна на Евровизија поради учеството на Израел. „Одбиваме да молчиме додека геноцидното насилство на Израел ги следи и ги замолчува палестинските животи. Додека децата во израелските затвори страдаат од тепање затоа што пеат. Додека речиси секоја сцена, ...

Во рамки на работната посета на Виена, Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Бауер. На средбата стана збор за актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата, при што министерот ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање укажа дека спиралата на раст на цените на сите производи веќе е започната и тешко може да се стопира. Филипче посочи дека владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети. „Сметам дека веќе циклусот, спиралата на раст на цените започна и тешко нешто сега може да го стопира. Треба многу радикални мерки да направи владата. Денеска на собраниската седница е на ...

„Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води“. Денес сме токму во таков момент. Живееме во време на преиспитување. Време кога сигурноста не се подразбира, кога енергијата станува политика, заедно со економијата се прашање на опстанок, истакна премиерот Христијан Мицкоски во Виена. Во своето обраќање, тој упати порака дека Владата е насочена кон создавање економија што произведува вредност, а не само троши. „Да ...

Популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, најнаградуваната македонска писателка Оливера Ќорвезироска, регионалната ѕвезда Неле Карајлиќ и бестселер-авторот Зоран Спасов Ѕоф се само дел од значајните авторски имиња кои ќе бидат дел од програмата на „Арс Ламина“ на годинашниот Саем на книгата, што ќе се одржи од 23 до 29 април, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Под слоганот „Од збор до збор“, „Арс Ламина“ ќе го ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека предлог Законот за државјанства не е доволно прецизен и има недоречености особено во делот на неговата примена. Филипче посочи дека СДСМ во однос на ова законско решение ќе интервенира со амандмани. „Класична измама на власта. Се предлага Закон за државјанство на пратеници и се кажува, се предлага, да пратениците не може да имаат двојни државјанства. И тоа е ...

Амбасадорите на земјите од Европската Унија денес одобрија исплата на заем од 90 милијарди евра за Украина и нов пакет санкции против Русија, откако Унгарија го повлече ветото, соопшти кипарското претседателство со Советот на Европската Унија, а конечната потврда од земјите-членки се очекува до четврток, пренесуваат медиумите во регионот. Пречката беше отстранета откако унгарската нафтена компанија „МОЛ“ објави дека добила известување од ...

Здравјето и животната средина не смеат да бидат пред бизнисот на власта, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека мора да се земат предвид сите аспекти од искористувањето на рудните богатства, а особено влијанието врз здравјето на граѓаните и животната средина. Тој укажа дека има силни реакции од граѓаните во однос на измените на Законот за минерални суровини и Законот за јавни приватни ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека не е заинтересиран за поддршка „od други земји и други кабинети“, туку само за поддршката од народот и граѓаните на Србија, велејќи дека е „премногу Србин“ и „премногу ја сака Србија“ за да биде по волја на моќните. Зборувајќи за односите со Европската Унија, внатрешнополитичката ситуација, најавените протести, но и за идните односи меѓу Србија и Унгарија по изборите во соседната земја, ...

Тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес (43), ги намали шпекулациите за интересот на Реал Мадрид за неговите услуги. Хенес ова го изјави пред утрешниот полуфинален натпревар од Купот на Германија против Фрајбург. „Воопшто не ме интересира тоа во моментов“, изјави Хенес на прес-конференција, додавајќи дека е фокусиран на последниот дел од сезоната, бидејќи тимот се стреми да го одбрани минатогодишниот Куп и да обезбеди место во Лигата на ...

Прес-конференцијата на Филипче не претставува ништо повеќе од очаен политички настап на човек кој веќе е свесен дека ја губи поддршката и незапирливо тоне, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче, додаваат од таму, денес не ја напаѓа содржината на предложените законски решенија затоа што знае дека тие се издржани и во интерес на државата, туку се обидува да создаде вештачка политичка драма околу укинувањето на т.н. техничка влада. „Денес, кога ...

Денеска се одржа третата седница на Советот за следење на реформите во правосудството. „Како Министерство за правда, работиме посветено и со засилен интензитет, а резултатите го потврдуваат тоа. Повеќе од половина од планираните активности за 2025 година се веќе реализирани, што претставува значителен напредок. Според податоците, од вкупно 116 планирани активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во тек, што укажува на зголемена динамика ...

Џејмс Таверние, капитенот на шкотскиот гигант Ренџерс, објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната по повеќе од една деценија поминати на стадионот „Ајброкс“. Искусниот десен бек (34), воедно и најефикасниот дефанзивец во историјата на британскиот фудбал, го предводеше тимот од Глазгов осум години. Во тој период ја освои една титулата во националното првенство и две во Купот. Како капитен, Таверние го водеше Ренџерс и во финалето ...

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против О.Л.(49) од Делчево и Н.Л.(38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 2 од КЗ, против Н.П.(27) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 1 и „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 став 1 од КЗ и против О.П.(49) од струмичко село ...

Годишната инфлација во Велика Британија се зголеми во март од три проценти во февруари на 3,3 проценти, под силно влијание на зголемувањето на цените на горивата предизвикано од војната на Блискиот Исток, објави денес Канцеларијата за национална статистика (ONS). Според најновите податоци, зголемувањето на инфлацијата во голема мера е резултат на зголемувањето на цените во транспортниот сектор, каде што цените скокнаа за 4,7 проценти на ...

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, предупреди дека измените на законите за минерални суровини и концесии не смеат да се носат по скратена постапка, бидејќи носат ризик од сериозни последици по здравјето на граѓаните и животната средина. „Природните ресурси се наше заедничко богатство. Тие не се сопственост ниту на една влада. Припаѓаат на сите граѓани и никој нема право да ги става истите во функција на приватни интереси без ...

Претседателот на СДСМ,Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека власта на шверцерски сака да ја укине техничката влада. Филипче посочи дека овој потег на владата на ВМРО е нетранспарентен и спротивен на досегашниот политички консензус и демократските стандарди. „Иако за следниот изборен циклус останува техничката влада, повторно шверцерски се предлага и ќе се сака да се донесе измена во која што техничките министри нема ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на симулациска вежба на кандидатите за полицајци од генерацијата 2025/2026, кои во моментот се на теренско-тактичка обука во рамки на третиот модул од нивната основна обука. Вежбата започна со симулација на борбена тревога, по што кандидатите демонстрираа формации на движење, реакција, прифаќање и напад по контакт. Во завршниот дел беше ...

„Вински Фестивал Битола“ ќе се одржува од 7 до 9 мај на платото пред Офицерски дом. Станува збор за тридневен фестивал кој ги обединува виното, музиката и урбаното дружење, со богата музичка програма и внимателно селектирана понуда на вина од домашни винарии и гастрономски специјалитети. Организаторите велат дека токму музичкиот избор е една од работите што најјасно го дефинираат фестивалот и по која сакаат уште посилно да се препознае ова ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
79%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
82%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Калај

50.03

Цинк

3.35

Кобалт

45.39

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Паладиум

48883.97