Ибрахима Конате е многу блиску до продолжување на договорот со Ливерпул. Соработката на цврстиот дефанзивец со „црвените“ истекува на крајот од оваа сезона, а Реал се обиде да ја искористи таа ситуација и да го доведе бесплатно во летниот преоден рок. Сепак, атмосферата не се промени за Французинот и според него, двете страни се блиску до договор. „Многу се зборуваше, но долго време преговаравме со клубот и сме блиску до договор. Мислам ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свечената седница по повод јубилиеот од основањето на партијата, порача дека СДСМ 35 години ја носи одговорноста за иднината на државата преку креирање клучни државни политики и одлуки. Во своето обраќање, Филипче потсети на историските почетоци на партијата и државата, како и клучната улога на СДСМ во најтешките периоди и во создавањето на независноста на државата. -Тоа не беше време на лесни ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е под притисок да постигне договор со Иран и ги обвини демократите дека ја поткопуваат американската позиција. Во објава на „Трут соушал“, Трамп ги отфрли медиумските тврдења за притисок и порача дека проблемот со Иран ќе го реши на правилен начин, без брзање кон договор што не е доволно добар. Тој истакна дека времето не му е непријател и дека целта е конечно да се реши долгогодишниот ...

Францускиот претседател, Емануел Макрон ги повика САД и Иран на деескалација по зголемените тензии во Ормускиот теснец, нагласувајќи дека решението мора да биде дипломатско. Тој оцени дека двете страни направиле грешки – САД со блокадата, а Иран со променливиот став за теснецот низ кој минува околу една петтина од светската нафта и гас. Макрон изјави дека Франција не била директна цел на нападите врз бродови и повика на целосно и безусловно ...

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе ги заостри правилата за поседување оружје и ќе ги зголеми казните за сопствениците чии деца ќе дојдат до огнено оружје, по смртоносните пукања во турските училишта минатата недела. Во вториот од двата одвоени вооружени напади минатата недела, беа убиени осум ученици и еден наставник во југоисточната покраина Кахраманмараш, што ја шокира јавноста во земја каде ваквото насилство ...

Во попладневните часови на улицата Васил Ѓоргов, кај ТЦ „Зебра“ во Скопје, црн џип удри во жена на пешачки премин. Веднаш по несреќата на местото пристигнала Брзата помош, која ја пренела повредената во болница. „Успеа самата да стане по ударот“, вели сведок на настанот за „Макфакс“. На местото бил присутен и возачот на џипот, кој разговарал со полицијата додека се вршел увид. Засега нема официјални информации за тежината на повредите, ниту ...

Кениецот Џон Корир во машката трка и неговата сонародничка Шерон Локеди, втора година по ред, се победници на Бостонскиот маратон, најстарата и најпозната маратонска трка во светот. Корир стигна до целта за 2:01,52 часа и го постави најдобриот резултат во 130-годишната историја. Претходниот рекорд го држеше Џефри Мутаџи со 2:03;02. Ова достигнување го надмина големиот Корир за една минута и 10 секунди. Второто место му припадна на ...

Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер (33) е блиску до потпишување на нов договор со Реал Мадрид. Според весникот „АС“, Реал е исклучително задоволен од игрите на искусниот стопер и неговата физичка состојба, па затоа верува дека продолжувањето на договорот за една година би било најлогично решение во овој момент. Тековниот договор на Ридигер истекува на крајот од оваа сезона. Реал со тоа продолжува со практика слична на случаите на ...

Фудбалскиот сојуз на Романија, попладнево објави дека го назначил Ѓеорѓи Хаџи за нов селектор на сениорската репрезентација. Според извештаите, Извршниот комитет на Романската фудбалска федерација го потврдил предлогот на Техничката комисија, а Хаџи се враќа откако ја водеше репрезентацијата во четири натпревари во 2001 година. Хаџи (61) потпиша договор за следните две квалификациски рунди, а на романската клупа ќе го наследи Мирчеа ...

Роберт Левандовски влезе во последните три месеци од договорот со Барселона и се повеќе се зборува за неговото заминување од „Ноу Камп“. Полјакот има 37 години, но сè уште е интересен за голем број врвни клубови. Од Каталонија доаѓаат информации дека Барса му понудила нов договор по принципот „земи или остави“. Во превод, условите се тие понатамошни преговори нема да има. Левандовски на маса ја има можноста да потпише едногодишен договор со ...

Петер Маѓар изјави дека Унгарија повторно ќе се приклучи на Меѓународен кривичен суд (МКС) и ќе биде подготвена да ги спроведува налозите за апсење, вклучително и оној што се однесува на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, минатата година најави повлекување на Унгарија од МКС, откако го прими Нетанјаху во Будимпешта. Повлекувањето требаше да стапи на сила на 2 јуни оваа година. Веднаш по ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денес, 20 април, во касарната „Илинден“ во Скопје, се сретнаа со амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер со кого разговараа за инвестициите во Армијата, исполнувањето на НАТО-целите на способности и зацврстувањето на колективната одбрана на Алијансата. На средбата, Мисајловски истакна дека македонскиот одбранбен буџет е ...

Во дворот на претседателскиот Кабинет денеска се одржа спортски настан, во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а со поддршка на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Настанот е дел од поширока и далекусежна иницијатива чија цел е да се развие, имплементира и евалуира национален модел за промоција на физичката активност, здравите навики и менталното здравје кај децата од 6 до 14 години. Деца од ...

Европска комисија нема да одобри исплата на средства за Србија додека не се утврди дали ги исполнува условите, особено во однос на препораките од Венецијанска комисија за измените во правосудните закони. Еврокомесарката Марта Кос изјави дека ЕУ е сè позагрижена поради состојбите во Србија – вклучувајќи закони што ја загрозуваат независноста на судството, притисоци врз медиумите и односот кон протестите. ЕУ очекува слобода на изразување, ...

Пакистан очекува „наскоро позитивен развој на настаните“ поврзани со Ормускиот теснец и Иран, по телефонски разговор меѓу началникот на армијата Асим Мунир и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат владини извори. Интензивните дипломатски напори на Пакистан го отвораат патот за втор круг американско-ирански преговори, кои наскоро би можеле да се одржат во главниот град Исламабад. „Очекуваме наскоро позитивен развој на ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени. Во Скопје, во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ...

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија упатува искрени честитки до Румен Радев, како и до партијата Прогресивна Бугарија за остварениот изборен резултат на парламентарните избори. „Очекуваме новата Влада да придонесе кон натамошно зајакнување на демократските процеси, владеењето на правото и доследно почитување на европските вредности и стандарди, вклучително и исполнување на Копенхашките критериуми“, велат од партијата. Движењето ЗНАМ изразува ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари проштална средба со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија со седиштето во Тирана. „Претседателот Гаши му оддаде признание на амбасадорот за неговиот личен ангажман и дипломатски вештини со кои значително придонел за зајакнување на мостовите меѓу двете пријателски земји. Тој истакна дека во иднина очекува да продолжи процесот на отворање ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти МВР. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока. Четири возачи во Скопје, двајца во Гостивар и по еден во Тетово и Битола возеле без возачка дозвола. ...

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, вели дека дефанзивецот на Арсенал, Габриел, требало да биде исклучен поради обидот за удар со глава. Сити го победи Арсенал со 2:1, во натпреварот од 33-то коло од Премиер лигата, а победничкиот гол го постигна Халанд, кој го надмудри Бразилецот во таа ситуација. После тоа, двајцата влегоа во конфликт, Габриел ја потпре главата на напаѓачот на Сити, но не беше исклучен, доби само жолт картон. ...

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, издаде остро предупредување до своите западни соседи и Украина, велејќи дека Белорусија ќе одговори на секој чин на агресија со сите расположиви средства, вклучително и помош од Русија. Во интервју за „Раша тудеј“, кое го емитуваше белоруската државна новинска агенција „БЕЛТА“, Лукашенко нагласи дека Белорусија не сака војна, но е подготвена да се брани, пренесе „Киев Пост“. „Мојата задача е да ...

Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. „Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати“, истакна Филков. Тој информираше дека Министерството за правда активно работи на измени ...

Во кампот за обука „Пепелиште“ со свечена церемонија денеска беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година. Од Армијата наведуваат дека вежбата претставува значаен процес за сеопфатно оценување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), во согласност со стандардите за оценување на копнени команди и единци на Здружената ...

Сандро Тонали би можел да биде еден од најголемите трансфери во претстојниот летен преоден рок. Според Матео Морето, Италијанецот ќе биде баран во текот на летото, а тој би можел да го замени црно-белиот дрес на Њукасл со светло сина или црвена боја. Сити и Јунајтед се вклучија во трката за неговиоттрансфер, а во овој момент „Црвените ѓаволи“ имаат мала предност пред својот градски ривал. Проценките велат дека обештетувањето за поранешниот ...

Од полноќ дизелот и бензините ќе поевтинат за 1,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 ...

ДУИ денес функционира како адвокатска канцеларија на подземјето каде за Ахмети обичниот Албанец е само бројка за гласање, а неговите мили функционерите се штитови за заштита на неговиот личен капитал, реагираат од ВЛЕН на обвинувањата од ДУИ дека премиерот Христијан Мицкоски го држи под контрола Меџити со судско досие за дивоградби во Чаир. „Мала Речица е во состојба на клиничка паника бидејќи Демократската унија за интеграција (ДУИ) веќе не ...

На маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза. Средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна ...

На состанок со шефовите на мисии на земјите членки на ЕУ, првиот заменик претседател на Владата и Министерот за европски прашања, Беким Сали, го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027. Од вкупно 21 доставен реформски чекор, за 16 се очекува позитивна оценка, со што би се овозможило ослободување на околу 70 милиони евра финансиска поддршка, информираат од кабинетот на Сали. Беше истакнат напредокот во ...

Кафето може да влијае на дејството на одредени лекови бидејќи кофеинот ја менува нивната апсорпција и разградување во телото, што може да ја намали ефикасноста на терапијата или да ги зголеми несаканите ефекти. Кафето е дел од секојдневната рутина на многу луѓе, но може да влијае на ефектот на одредени лекови. Кофеинот може да го промени начинот на кој лековите се апсорбираат, разградуваат или излачуваат од телото, па во некои случаи ја ...

Во саботата, во спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, попозната уште меѓу граѓаните како „Партизан“, под покровителство на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, и коорганизаторство на самата Општина, се одржа Европско првенство во кинеско борење – SHUAI JIAO2026 на кое учество освен од нашата држава, зедоа тимовите од Италија, Германија, Србија, Шпанија, Франција, Босна и Херцеговина, како и претставници од Унгарија и Турција. ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
63%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
65%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
45%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.28
63%
1015
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
95%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
2.24
59%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1019
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.58
55%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
74%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0083

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

152465.86

Калај

52.70

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Рутениум

51376.89

Сребро

2534.46

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39