Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд од над 15 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со ...
Реформите кои ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Дигитализацијата носи конкретни резултати за граѓаните и крај на бирократијата и чекањето по шалтери. Дигиталната трансформација е обврска кон граѓаните. Државата мора да работи брзо, ефикасно и без бирократски лавиринти, а институциите конечно да бидат во служба на народот, а не обратно, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение кое ви го пренесуваме во целост: ...
Македонија е стабилна и безбедна држава, постојано сме во комуникација со нашите сојузници и продолжуваме да даваме значителен придонес кон зацврстување на колективната безбедност на Алијансата, истакна денеска на прес конференција македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски. -Буџетот е над 2%, вчера слушнавме од главните луѓе на НАТО дека сме над 4% во тотал, тоа навистина е голема вест за нас но и за државата бидејќи инвестираме во ...
На 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува. Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со ...
Претставниците на САД и на Иран пристигнаа во Доха на разговори за клучните регионални прашања, соопшти медијаторот Катар. Но, Иран демантира дека се согласил на состанок со американскиот пратеник за Блиски Исток, Стив Виткоф и високиот советник Џаред Кушнер. Техеран наведе дека нивните преговарачи ќе имаат консултации со претставниците на Катар за деталите на рамковниот договор, при што приоритет ќе биде одмрзнувањето на иранскиот имот и ...
Венчавката на Тејлор Свифт и Тревис Келси во Медисон Сквер Гарден во Њујорк ќе трае повеќе од десет часа, а сега е објавен деталниот распоред на прославите што ќе се одржат во петок. Ден претходно, во четврток навечер, двојката ќе организира пробна вечера за сто гости, пишува Page Six. На самиот ден на свадбата, во петок, 3 јули, вратите за гостите ќе се отворат во 15:30 часот по локално време. Коктелот за добредојде ќе започне во 16:00 часот ...
Морската сол не е ниту непријател ниту суперхерој – тоа е повеќе онаа драматична летна машна што може да направи совршен визуелен ефект, но бара внимание и рамнотежа. Летниот изглед на „плажна коса“ – таа совршено несовршена, малку брановидна коса како да сте излегле од морето и сте ја освоиле модната писта со години се смета за една од најпосакуваните естетски илузии во сезоната. Но, зад таа опуштена текстура се крие многу реално прашање: ...
Оние кои купуваат авионски карти за одмор или патување постојано ги следат цените и билетот го купуваат во момент кога е најевтин. Но дали можеби има правило кога се најевтини билетите за авионски патувања. Кој ден е најдобар, со која авиокомпанија, по која рута да стигнете ако немате директен лет. Еве неколку совети. Купувајте во вторник Најдобар ден за купување: Најдобро време за резервација на лет е обично вторник околу 15 часот. Вторник е ...
Девица Девиците се познати по тоа што уште од мали нозе се однесуваат како зрели души. Со нивниот практичен пристап, организација и аналитички вештини, тие знаат како да ги искористат своите таленти, а нивната работа често носи исклучителни резултати. Не е невообичаено Девиците набрзо по завршувањето на студиите да најдат одлична работа и со својот труд брзо да напредуваат и постигнуваат успешни кариери. До 50-тата година, Девиците обично ...
Финансискиот стрес е најштетен за здравјето и општата благосостојба на поединецот, го забрзува процесот на стареење, влијае на здравствените биомаркери и има посилен ефект врз менталното здравје во споредба со последиците од тагување поради болест, тешка загуба или развод, според новото истражување на британските научници. Речиси 5.000 возрасни лица на возраст од 50 и повеќе години учествувале во британската студија, спроведена од научници од ...
Кафе не би требало да се пие пред 9 ипол часот, открил невролог од „University of the Health Science“, Стивен Милер. Ова го објаснил со фактот дека помеѓу 8 и 9 часот наутро нивото на кортизол во крвта е прилично високо. Кортизол е хормон на стрес кој ја поттикнува работата на телото во фаза на будење и не прави будни. Стивен Милер препорачува утринско кафе најмалку 90 минути после будењето. Притоа, претпоставува дека стануваме околу 8 часот. ...
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека пет лица починале во Италија во изминатите 24 часа како резултат на екстремни жештини, додека регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге ги повика властите низ целиот континент да ги зајакнат превентивните мерки поради топлотниот бран. Клуге, како што јавува италијанската новинска агенција АНСА, предупреди дека актуелниот топлотен бран во Европа е еден вид „генерална проба“ ...
Лидерката на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, денеска изјави дека Германија треба да го прекине бојкотот на руска нафта и гас и дека евтината енергија од Русија е клучна за силата на германската индустрија. Во интервју за Ројтерс, Вајдел оцени дека прекинувањето на енергетските врски со Русија по воведувањето на санкциите во 2022 година „ја врати Германија назад за наредните години“ и доведе до губење на стотици ...
Индија во јули веројатно ќе има подпросечна количина монсунски врнежи. Петта година по ред во јуни нема дождови од почетокот на водењето евиденции во 1901 година, соопшти денеска Метеоролошката служба на Индија. Директорот на службата, Мрутјуњај Мохапатра изјави дека според прогнозите јулските монсунски врнежи ќе бидат помалку од повеќегодишниот просек од 94 проценти. Индиски официјални претставници предупредија дека малата количина врнежи би ...
Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт денеска го презентираше годишниот извештај на Федерална канцеларија за заштита на Уставот (БфВ), во кој се наведува дека минатата година е забележан раст на бројот на екстремисти во Германија. Според податоците на германската разузнавачка агенција минатата година регистрирани се 58.700 луѓе како потенцијални десничарски екстремисти, што во споредна со 2024 година нивниот број ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера претрпе уште еден правен пораз во спорот со Федералните резерви откако Врховниот суд го отфрли барањето на неговата администрација за отстранување на гувернерката на Федералните резерви Лиса Кук од функцијата, јавува ДПА. Одлуката значи дека Кук може да остане на својата функција додека судските постапки за нејзината позиција продолжуваат во понизок суд. Судиите ја темелеа својата одлука во голема ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посети општина Кисела Вода, каде изврши увид на градежни активности на проектите од унгарскиот кредит, и тоа отворање на каналот и пешачката патека на Мала Рада и изградба на потпорни ѕидови и реконструкција на коритото. Премиерот Мицкоски при посетата одговараше на новинарски прашања за Изборниот законик дали планита да го повлече бидејќи нема консензус. -Тезата е грешна, еве зошто? ...
Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денеска се врати на работното место после два месеца боледување и продолжува да ја извршува градоначалничката функција. Лукровски беше на боледување од 7 мај, а го заменуваше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој е член на Советот на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Крстевски се појавуваше на сите настани поврзани со работата на Општината, а одржуваше и прес-конференции. ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен по силното невреме кое го зафати главниот град. Ѓорѓиевски вели дека Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција. – Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, ...
Овен: Денес ќе почувствувате сила да се движите напред и да не губите време на работи што ве задржуваат во место. Можно е да добиете нова идеја или да започнете разговор што ќе ви отвори интересна можност. Во љубовта, искреноста и спонтаноста носат позитивни промени. На работа, преземањето иницијатива ќе биде ценето. Бик: Вашето внимание е насочено кон кариерата и долгорочните цели. Можно е да размислувате за нова насока или за начин како ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го осуди „немилосрдното ширење“ и зголемувањето на бројот на еврејски населби на Западниот Брег, што ја влошува најголемата криза со раселување во регионот од 1967 година, според извештајот на светската организација. Во кварталниот извештај за ситуацијата на Западниот Брег, окупиран од Израел во 1967 година, Гутереш „силно го осуди немилосрдното ширење и зголемување на бројот на ...
Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се зголеми на 1.943, изјави денеска претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додавајќи дека бројот на повредени речиси двојно се зголемил на 10.571. НАСА проценува дека околу 58.870 згради се оштетени или уништени во погодената област, врз основа на сателитски снимки. Во најтешко погодените области – главниот град Каракас и покраината Ла Гваира – ...
Ирска од денес до 31 декември ќе претседава со Советот на Европска Унија и за тоа ќе потроши трипати повеќе пари од Кипар и Данска. Се проценува дека Ирска за претседавањето ќе потроши речиси 300 милиони евра, објави бриселскиот портал „Политико“. Според пресметките на ирското Министерство за јавни трошоци за претседавањето со ЕУ планирани се 293 милиони, од кои 125 милиони евра ќе бидат наменети за полицијата и безбедноста. Трошоците на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги предупреди продавачите на гориво веднаш да ги намалат цените или да се соочат со „сериозни проблеми“. „Продавачите на гориво мора да ги намалат своите цени, СЕГА“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. „Нема да има зголемување на цените, што е целосно нелегално. Ако продавачите не го сторат тоа, тие се во голема неволја! Започнете да се стремите кон околу 2,50 долари за галон (3,785 ...
Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните и се потврдува определбата за одговорно, ефикасно и отчетно управување со државата. Оваа реконструкција е резултат на внимателна анализа на досегашните резултати, но и на јасно искажаните очекувања на граѓаните за побрзи реформи, поголема ефикасност и повисоки стандарди во работењето на институциите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство, додека ...
Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии има исполнето осум чекори, од вкупно 22 чекори коишто ги исполни ...
Со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште Обвинителството, презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, ...
Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика. Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Иако на прв поглед може да изгледа како уште една „обична“ летна недела, астролошките околности сугерираат дека токму тогаш може да се случи важна покана, предлог или средба што го менува текот на настаните. Почетокот на јули за еден хороскопски знак носи можност што би можела да означи пресвртница во бизнисот, врските или личните планови. Станува збор за знакот Рак, кој влегува во активен период, каде што работите почнуваат да се забрзуваат ...