Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Со длабока тага ја примивме веста дека денеска, по кусо и тешко боледување, на 41-годишна возраст не напушти нашиот колега Далибор Ѓошиќ, кој ќе остане запаметен по неговите врвни вокални интерпретации со ансамблот Танец, насекаде низ светот. Роден е во 1982 година и целиот својот животен и професионален пат го поминува во својот роден град. Музиката е негова љубов и определба уште од најрана возраст, а неговото музичко образование се протега ...
Во партнерство на НУ Центар за култура Битола и Центарот за европски развој и интеграција од Битола вечерва свечено ќе биде отворена изложбата на фотографии ФЕСТИВАЛСКА ДИОПТРИЈА на Диоген Хаџи-Коста Милевски, по повод 43-тиот роденден на Центарот за култура – Битола, во вторник на 10.10.2023 – во 19:30 часот. Ова е прва негова самостојна изложба која ќе биде составена од избрани фотографии од фестивали кои се одржале во Битола во изминатите ...
На 6 декември ќе се навршат три години откако нè напушти легендата на народната музика и големиот боем Џеј Рамадановски, а премиерата на филмот за неговиот живот е планирана за тригодишнината од неговата смрт. Филмот е подготвен за свечена проекција, а како што открива извор близок до режисерот насловната нумера на филмот ќе ја пее фолк ѕвездата и блиска пријателка на Џеј, фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ. Имаше песна што Марина и Фута ја ...
Не беше само Мајкл Џексон „Лошиот“. И новиот албум на извонредниот состав од Мостар – „Зостер“ го носи истиот наслов – „Најгори“. Секако, насловот е само во фигуративна смисла на зборот, бидејќи станува збор за еден од најдобрите албуми снимени оваа година во регионот, а според многумина, ова е албум на годината. За што станува збор? По објавувањето на петте синглови “Kuda idu svi ti ljudi”, “Treba mi keš”, “Čovjek želi da je ptica”, “Čovjek ...
Познатиот рапер Дрејк објави нов албум „For All The Dogs“, а на него има песна во која спомнува Југословени! Станува збор за песната „8AM in Charlotte“ во која тој го рапува следново: „Where I go, you go, brother, we Yugoslavian”“, што во превод значи „Каде одам јас, ти оди брат, ние сме Југословени“. Во оваа песна тој ја споменува и Чехословачка, велејќи дека „се чувствувам како Чехословак“. Дрејк (36) откако го промовираше албумот објави ...
Како што најавија организаторите, годинешново 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест“ во Штип, според списокот на музички имиња и квалитетот на песните кои ќе ги изведуваат, нуди мошне атрактивна музичка понуда. Покрај оние помладите или помалку афирмираните музички имиња кои ќе настапат во првата фестивалска вечер, втората најавува вистинска македонска музичка „прва лига“ засилена со неколку македонски суперѕвезди. Некои од ...
Сопранот Вероника Кардуло е добитник на бројни национални и интернационални награди. Настапувала на оперските сцени во Италија, Швајцарија, Австрија, Германија, Шпанија во водечки оперски ролји од оперите на Моцарт, Росини, Верди, Пучини, Доницети, Маскањи, Бизе. Нејзината концертна дејност покрај рецитални програми опфаќа настапи во ораториумите на Вивалди, Хендл и Верди. Пијанистаката Нокиеро дипломира на Државниот музички конзерваториум ...
Денеска точно напладне излезе новиот албум на Марија Шерифовиќ наречен „Долази љубов“ кој носи осум нови песни: седум поп балади и едно изненадување во форма на вистинска народна мелодрама. Новиот албум излегува по цели 10 години, а воедно и во годината во која Марија слави 20 години на музичката сцена. Единствената српска победничка на Евровизија, најпопуларната поп пејачка во регионот, на својот нов албум ја носи и љубовната балада „Пола ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот фолк пејач Благоја Грујовски кој воедно ја имаше улогата и на тв водител во музичко-забавниот проект на телевизија Алфа „Везилка“, повеќе нема да биде дел од истиот. Музика24 дознава дека неофицијално на негово место ќе застане познатиот фолк пејач Спасен Силјановски, кој е добар пријател, колега и соработник на Грујовски. Поради што и зошто се случува оваа промена и раковотството на ТВ ...
Комичарот Александар Георгиевски или “G Vision” како што го знаат фановите, изминатиот период ја освои публиката со своите настапи во живо, но, и со видеата на неговиот профил на Инстаграм и Тик Ток, каде некои од нив достигнаа и над 100 илјади прегледи. Тој освен во неговата родна Битола настапува и во другите градови низ Македонија, а денес, четврток 5-ти oктомври ќе биде гостин во “Dust Caffe” во Скопско Драчево. Александар и 6-ти октомври ...
Големо задоволство ни е да ви најавиме дека Госпоѓа Лисац ќе го одржи ветувањето дадено во Лисински, кога беше гостинка на концертот на Diana Krall во Загреб… дека, иако се’ поретко настапува далеку од дома, во Скопје сепак ќе се прослави 50-тиот јубилеј од „Дневник једне љубави“ и ќе се отпеат сите нејзини големи песни. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (6-ти октомври) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум ...
Македонската металкор група SMUT, основоположник на овој музички стил во регионот, објави нов видео спот со кој го претставува синглот „ЕДЕН ДЕН“. Новото видео е во режија на Владимир Митревски – Ѓуле, кој имено се потпишува зад сите спотови на SMUT. „Помислата да ја преточиш болката преку мастило во зборови, преку тонови во музика, преку слика во видео и тоа да ја опише истата за нас беше незамислива. Благодарение на целиот тим кој работеше ...
Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи. Континуирано ја исполнува својата дискографија со нови песни и на својата публика и дарува музичка магија. Новата песна „Кад осване“ е на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал, а еве што вели Калиопи за нејзината нова песна, и овој пат комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грил: „Песната ...
Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи. Континуирано ја исполнува својата дискографија со нови песни и на својата публика и дарува музичка магија. Новата песна „Кад осване“ е на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал, а еве што вели Калиопи за нејзината нова песна, и овој пат комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грил: „Песната ...
На 19 септември 2023г., во Загреб започна снимањето на долгометражниот игран филм „На сè ќе дојде крај” на режисерот Рајко Грлиќ, кое ќе трае до крајот на октомври оваа година. Како ко-сценаристи се потпишуваат писателот Антe Томиќ и Рајко Грлиќ, а филмот е во продукција на Интерфилм од Хрватска. Приказната на филмот го следи успешниот загрепски адвокат кој се судира со моќен клиент, поради што губи сè. Сепак, тој не се откажува… „Драго ми е ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот Пајак и Лара кои сите многу добро ги знаеме од минатогодишниот „Макфест“ кога се појавија со одличната и хитовска , за своите фанови и македонската публика повторно подготвуваат дуетска песна. Тоа е и природно и самата публика тоа би го очекувала по минатогодишниот хит од кога и Пајак и Лара се дигнаа на едно повисоко ниво на нашата музичка македонска сцена. „Ветуваме дека повторно ќе ...
Изминатите осум денови КЦ Магаза во Битола беше транссформирана во уметничка сцена обезбедувајќи интердисциплинарна програма. Нашата програма уште еднаш покажа дека Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е на битолчани, дека Битола може да направи топло добредојде и истовремено да ги истакне домашните потенцијали. Во мозаикот од настани се испрепелетија изложби, работилници (едукативни и инспиративни), промоции, книжевни ...
Иван Јованов, пејачот од „Либеро бенд“, ќе стане татко е вест која ја шокираше јавноста. Идните родители направија прослава во присуство на најблиските пријатели и семејство, на која го открија полот на бебето кое го очекуваат. Иван и неговата сакана Ивана на прославата дознаа дека очекуваат девојче. Инаку, за Јованов малкумина знаеја дека ќе стане татко, бидејќи очигледно пејачот својот љубовен живот добро го држел далеку од очите на ...
После редицата концерти низ целиот регион кој Калиопи ги најави за октомври и ноември, денеска таа најави и ново музичко парче. Таа на социјалните мрежи објави краток тизер за новиот сингл „Кад осване“ кој наскоро треба да излезе во етерот. И овој сингл е снимен на српско-хрватски јазик и е наменет за регионалната публика. За потсетување последен музички новитет што чувме од Калиопи е дуетот со Жељко Самарџиќ, „Знам“. Овој месец таа има ...
Иван Јованов, пејачот од „Либеро бенд“, ќе стане татко е вест која ја шокираше јавноста. Идните родители направија прослава во присуство на најблиските пријатели и семејство, на која го открија полот на бебето кое го очекуваат.Иван и неговата сакана Ивана на прославата дознаа дека очекуваат девојче Инаку, за Јованов малкумина знаеја дека ќе стане татко, бидејќи очигледно пејачот својот љубовен живот добро го држел далеку од очите на јавноста, ...
Изминатите осум денови КЦ Магаза во Битола беше транссформирана во уметничка сцена обезбедувајќи интердисциплинарна програма. Нашата програма уште еднаш покажа дека Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е на битолчани, дека Битола може да направи топло добредојде и истовремено да ги истакне домашните потенцијали. Во мозаикот од настани се испрепелетија изложби, работилници (едукативни и инспиративни), промоции, книжевни ...
Марко Николиќ по 20 години професионална музичка кариера во која неговото име се сретнува како автор на музика, текстови и аранжмани за хитови во светот на поп и народната музика, на јавноста ѝ го претставува новиот албум со наслов „Доѓи да те волим“. Станува збор за музички проект со 10 песни полни со љубов, романтика и нежни ноти, а кој освен што се промовира во соседството ќе биде претставен и кај нас. Идејата албумот да ѝ го претстави на ...
Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи во сабота (30.09.2023) на повеќе локации низ Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања и перформанси на десетици локации низ градот. Централната манифестација ќе се одржи пред „Порта Македонија“ каде скопјани ќе уживаат во композициите од маестро Кире Костов, кои ќе бидат изведувани од Андријана Јаневска, Наде ...
После редицата концерти низ целиот регион кој Калиопи ги најави за октомври и ноември, денеска таа најави и ново музичко парче. Таа на социјалните мрежи објави краток тизер за новиот сингл „Кад осване“ кој наскоро треба да излезе во етерот. И овој сингл е снимен на српско-хрватски јазик и е наменет за регионалната публика. За потсетување последен музички новитет што чувме од Калиопи е дуетот со Жељко Самарџиќ, „Знам“. Овој месец таа има ...
Македонската телевизија ги враќа на екранот малите и забавни Штумфови. Нова цртана серија за новите генерации. Последната адаптација на белгискиот стрип е снимена во 104 продолженија, а во оваа најнова телевизиска сезона ексклузивно ќе ја гледаат и најмалите на МРТ1. Во оваа нова анимирана авантура, ги следиме новите доживувања на Штрумфовите кои ќе запознаат нови магични суштества и ќе откријат многу тајни, бегајќи од лошиот волшебник ...
Брус Спрингстин ги одложи сите концерти закажани за оваа година. Поп-рок легендата имал чир на желудникот. „Брус Спрингстин полека заздравува по дијагностицирањето чир на желудникот. Закрепнувањето ќе продолжи под медицински надзор до крајот на оваа година. Имајќи го ова на ум и поради потребната претпазливост, сите преостанати настапи во рамките на турнејата на Спрингстин и на „Е-стрит бенд“ за 2023 година ќе бидат одложени за 2024 година“, ...
Здравко Чолиќ, еден од најпознатите пејачи од поранешна Југославија, купил стан во Пула, пишува Istarski.hr. Чолиќ купил стан во Марина Веруда, во една од зградите кои моментално се градат како дел од атрактивен и скап проект лоциран на границата меѓу пристаништето и Пјешчана Увала. Станува збор за пет згради лоцирани на ридот над пристаништето што се надвива над заливот и од кои, дури и од долните катови, се гледа погледот на чамците, ...
По одличните концерти во Штип, Битола, Велес и Прилеп караванот „Македонијо во срце те носиме” во недела, на 1 октомври, ќе гостува во Кочани. Концертот е со почеток во 20 часот, а ќе се одржи во Паркот на револуцијата. Веќе ви е добро познато, на репертоарот се „Заветна”, „Налеј, налеј”, „Народе македонски”, „Едно име имаме”, „Земјо македонска”, „Ој, Вардаре”, „Оган да го гори”, „Послушајте патриоти”, „Ми заплакало село Ваташа”… отпеани од ...
Под мотото „Легендите живеат вечно”, на 28-ми октомври во Македонска филхармонија ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу. Вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ македонската музичка историја, во изведба на најпопуларните македонски музички пејачи, а во придружба на Камерниот ...
Режисерот Антоан Фукуа ќе снима биографски филм за за светски познатиот пејач Мајкл Џексон едноставно насловен „Мајкл“, пишува филмскиот магазин „Hollywood Reporter“. „Според мене, не постои уметник со сила, харизма и чист музички гениј како Џексон. Гледањето на неговата работа влијаеше на мене да правам видеа. Неговата музика и тие слики се дел од мојот поглед на животот, а можноста да ја раскажам неговата приказна на екранот, со неговата ...