Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Животните во Паркот за диви животни во Анталија се разладуваат со коктели од ледено овошје и со фонтани во жешкото време, известува Анадолу. Температурата што достигнува 41 степен негативно влијае на речиси 1.600 животни од 115 видови во Паркот за диви животни во Анталија. Персоналот се обидува да ги заштити од топлината животните во паркот, па подготвува нискокалорични, ледени и ладни коктели од овошје, соодветни за летната исхрана на секое ...
Бугарија во четвртокот доби зелено светло од лидерите на Европската унија за воведување на еврото како официјална валута, почнувајќи од 1 јануари 2026 година. Лидерите, собрани на самит на ЕУ во Брисел, ја одобрија препораката на Европската комисија Бугарија да стане 21-та членка на еврозоната. Балканската земја е членка на ЕУ од 2007 година и ќе биде првата што ќе го усвои еврото откако Хрватска го направи тоа во 2023 година. Членството во ...
Определбата за зголемување на средствата за одбрана до 5 проценти од БДП не се однесува само на класични воени набавки, туку претставува севкупна инвестиција во безбедноста, инфраструктурата и економскиот развој на државата. Ова го оцени шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, по одлуката на сојузниците на НАТО да ги зголемат своите издатоци за одбраната до 2035 година. „Одиме кон пет проценти, за да немаме потреба некогаш да одиме ...
Денеска присуствував на работен состанок на кој се презентираше инструментот е-фактура во просториите на Управата на јавни приходи.Се воведува системот за е-фактура – крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот, oбјави премиерот Мицкоски на Фејсбук. Им благодарам на УЈП, на директорката, на нејзиниот тим, на министерката за финансии што после долго време конечно денес после повеќе од 10 години ...
Според „Еуроњуз“, жителите на бугарскиот регион Шумен живеат во страв речиси една недела откако избега еден црн пантер, што ги натера властите да прогласат вонредна состојба и да воведат строги безбедносни мерки. Опасното животно е видено во близина на Националниот парк Шумен, каде што се пронајдени траги што го потврдуваат неговото присуство, а потрагата сè уште е во тек. Поради сериозната закана за жителите, паркот е затворен за јавноста, а ...
Охрид доби уште едно современо и целосно реконструирано спортско игралиште кое ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески. Спортската инфраструктура е основа за градење на здрава заедница. Без соодветни спортски терени, нема услови за развој на спортскиот потенцијал кај младите. Секој нов квадратен метар од спортска површина, не носи чекор поблиску до здрави генерации. Колку повеќе вложуваме во спортските капацитети, толку ...
Двегодишно дете почина на југот на Франција, каде што има топлотен бран. Тој бил оставен во автомобилот од неговиот татко на паркинг. „Детето почина откако било оставено во автомобилот, изложено на сонце и топлина“, вели јавниот обвинител. Ова се случило во Истр, западно од Марсеј. Таткото го паркирал својот автомобил во воена база таму, каде што работи. Во тој момент надвор било 36 степени. Момчето е пронајдено мртво околу 16:00 часот. Според ...
Поранешниот венецуелски шпион Уго Карвахал се изјасни за виновен во кривичната постапка во САД против него, за наркотероризам и трговија со дрога. Тој, исто така, се изјасни за виновен за поседување оружје, соопшти Министерството за правда на САД. Поранешниот директор на воената разузнавачка служба на Венецуела се соочува со доживотна казна затвор во САД. Се вели дека ги извршил своите злосторства додека сè уште бил директор на разузнавачката ...
Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои говори секојдневно градоначалничката од Град Скопје надлежен е Градот, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање дали провериле што се случува во општина Чаир каде, според објавите на скопската градоначалничка, се градат дивоградби. Николоски ги оцени настапите на ...
Германија веќе пишува нов закон за регулирање на концептот на воена служба, но покрај одредбите за подобра парична компензација и обврската за нудење подобро сместување на војниците, тој веќе содржи и одредба за – воена служба. Сепак, како што објаснува министерот за одбрана Борис Писториус (СПД), тој дел треба да се активира само ако нема доволно доброволци. Владејачките Христијански демократи (ЦДУ/ЦСУ) исто така ја поддржуваат таа идеја. ...
Во рамките на овој самит, Рама и албанската делегација, во која се и министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, министерот за одбрана Пиро Венгу, началникот на Генералштабот на вооружените сили Арбен Кинѓи, остварија средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Рама, преку објава на Фејсбук информираше дека тема на разговорите, меѓу другото, била и големата инвестиција во новото пристаниште Драч, каде што НАТО ќе биде ...
Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час). Многу поголема нестабилност очекувам во северните, ...
Македонските друштва “Сонце” и “Илинден” учествуваа на Саемот за разновидност, уметност, храна и дијалог во Тирана. Македонското малцинство се претстави со три македонски традиционални јадења: пита со грав, позната како „Грашалник“ вкусно традиционално јадење што се подготвува во домовите на македонците од регионите Голо Брдо и Преспа и вкусната десерт познат како „Реванија“ се подготвува во Голо Брдо и „попарена тришка“ во Преспа. На трпезата ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за пратенички прашања излезе со предлог идната година да се спроведе вонреден електронски попис, но го услови тоа со усвојување на модел со една изборна единица „веднаш“. Овој предлог уследи како одговор на пратеничкото прашање од Халил Снопче од Алијансата за Албанците, кој побара Владата да ја поништи одлуката за намалување на бројот на советници во општините, со оглед дека ...
Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме чекор напред во градењето на темелите на промените. Наша обврска е да воспоставиме систем кој ќе ги штити чесните, а ќе ги изведува пред лице на правдата оние што ја краделе државата. Денес, токму тука, испраќаме јасна порака, тоа време дојде. Нема назад. Македонија оди напред, како држава на ред, правда и одговорност. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша одлуката за Западен Балкан, со која се продолжуваат за една година вонредните мерки што поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш ги донесе пред 16 години, објави американската влада. ккдкд Одлуката, меѓу другото, вклучува објавување на таканаречените црни листи на лица и организации под санкции на САД поради кршење на Дејтонскиот мировен договор и загрозување на националната безбедност и ...
Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин. „Како што сите добро знаеме, не е тајна дека значителен обем на нашите руски златни и девизни резерви е замрзнат во западните банки. И тие постојано зборуваат за тоа како ќе ги украдат нашите пари. Кражбата е тајна кражба на имот, но ова е јавна, ова е грабеж“, рече Путин на пленарната сесија на ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изјави дека е неопходно да се направи разлика помеѓу ставовите на Бугарија и останатите земји членки на Европската Унија кои го признаваат македонскиот идентитет и јазик. Според него, за нас е добредојдено сè што прави разлика помеѓу билатерална позиција на Бугарија, и заедничка позиција на сите земји членки на ЕУ, со тоа што би се издвоило што е прашање на билатерален идентитетски аспект и што е ...
Во телевизиско обраќање во четврток, 26 јуни, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи предупреди дека секоја идна агресија против Иран ќе има голема цена. Хамнеи, исто така, рече дека способноста на Иран потенцијално да стигне до големите американски воени бази е значително достигнување и додаде дека ваквите акции би можеле да се повторат доколку агресијата се обнови. Врховниот лидер на Иран изјави дека архинепријателот Израел „речиси се ...
Се спушти прашината над Фордо, оддалечениот планински нуклеарен објект на Иран, и две други локации за кои САД велат дека ги „збришале“ за време на викендот, во драматична ескалација на нивните напори да ја попречат нуклеарната програма на Техеран. До денес, таа програма даде нешто повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум, што се смета за „блиску“ до степен на рафиниран ураниум што може да се стави во бомба. Па каде е високо збогатениот ...
Уставниот суд укина делови од методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население, за коишто сметаат дека не се во согласност со темелната вредност на македонскиот уставен поредок – владеењето на правото. „Означените делови од методологијата, не се во согласност со темелната вредност на македонскиот уставен поредок – владеењето на правото, кое е уредено со член 8 став 1 алинеја 3 и уставната ...
Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна заштита. 11.000 потрошувачи останаа без електрична енергија. Објавените фотографии и видеа покажуваат како силниот ветер носел дрвја, како и обилни дождови и град, како и поплавени улици. Дванаесетгодишно дете загина кога врз него падна дрво на југозападот од Франција, а маж загина кога неговиот квадбајк удрил во паднато ...
Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“ овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух. Македонија за првпат е организатор на Европско првенство во џудо – чест и задоволство ни е што ги пречекуваме младите џудисти и нивните поддржувачи од цела Европа. Џудото нè обликува преку дисциплина, почит и стремеж кон ...
Почитувани посетители на Националниот парк Маврово, www.npmavrovo.mk/tickets Име и презиме Назив на агенција- фирма- организација (за организирани посети) Име и презиме на одговорно лице за групата (за организирани посети) Контакт информации Број на посетители кои ги пријавувате Регистарски број на возила Име и презиме на сите членови на групата Земја од која доаѓате Наведете во кој дел од територијата на НП Маврово ќе се ...
Возач излета од автопат кај Велес. Тешко е повредена сопатиничката. – На 25.06.2025 околу 12 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот во правец од Градско кон Велес, патничко возило „рено лагуна“ со германски национални ознаки, управувано од М.Р.(81) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Д.Б.(68) од Р. Србија, констатирани во Општата болница Велес, ...
Граѓаните преку апликација ќе ги „ловат“ ниските цени во маркетите во Северна Македонија. Министерот за економија, Бесар Дурмиши, на прес-конференција најави дека во следниот период, во соработка со Владата, ќе се изработи апликација којашто преку алгоритам ќе ги споредува цените и на граѓаните ќе им покажува кој продукт е најевтин во нивна близина. Ова следи откако претходно маркетите добија обврска, согласно Законот за заштита на ...
Одложување на работниот процес во критичните часови од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина, работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо, ослободување од работни обврски за бремени жени и лица над 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа – ова се само дел од препораките коишто се на сила поради топлотниот бран којшто ја зафати ...
При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“, во селото Младо Нагоричане, археолозите од НУ Музеј – Куманово открија две значајни наоди – најстар автохтон натпис на сад од локално производство на териториите северно од античкото македонско кралство и остатоци од постари ѕидови под резиденцијален објект од IV – III век пр. н. е., соопштија денеска надлежните од националната установа. – Горди сме што можеме да соопштиме дека ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи насилство во семејниот дом во населба Драчево, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена во 2021 година. Додека мајката приготвувала ...
Министерството за надворешни работи информира дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин. -Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Македонија, соопштуваат од МНР. Во бессознание бил извлечен од морето на ...