Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Поранешната министерка за одбрана и сегашна пратеничка на СДМ Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против Христијан Мицкоски, граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда, таа мора да се извини и да ја објави пресудата во медиумите, објави на својот профил на социјалните мрежи претседателот на Владата Мицкоски. Ова не е е моја лична битка, ова е битка за принципи, за вистината, за достоинството на секој поединец кој не дозволува ...
Најмалку 30 лица беа уапсени во центарот на Истанбул додека се обидуваа да учествуваат во забранета Парада на гордоста. Забраната за парадата на гордоста доаѓа како дел од долгогодишната репресија против ЛГБТ+ настаните во Турција. Снимките од Ројтерс покажаа како полицијата се турка со група активисти кои носеа знамиња во боите на виножитото во центарот на Истанбул. Кезбан Конукчу, пратеничка од прокурдската партија ДЕМ, која присуствуваше на ...
Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од државата, двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија, а втората група повредени на Пониква заминува од средина на јули, информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу. Во моментов, информациите околку пациентите кои се лекуваат во странство се дека се во стабилна здравствена состојба. Во државата, беше посочено, во Клиничкиот центар на Пластична хирургија, ...
Територијата на нашата Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен ...
Најстарата палатална населба во Европа се наоѓа во село Лин, Поградец потврдуваат истражувачите кои откриле дека пред 8.500 години, во оваа област се населиле земјоделци кои граделе дрвени конструкции на бреговите на Охридското Езеро и ја користеле околната природа и ресурси за земјоделство. Како што првата фаза од проектот што го спроведуваат Институтот за археологија и Универзитетот во Берн се ближи кон крајот, беа презентирани стотици ...
Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете. Граѓанскиот суд во Скопје донесе пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене. Судот ѝ наложи не само да ми се извини, туку и да ја објави пресудата во медиумите, затоа што вистината мора да излезе на виделина. Очигледно, лажењето како синдром на политичката култура и однесувањето на ...
Полицијата во Дубровник пријави несреќа на островот Шипан. Осум лица се повредени. Нерегистрирано патничко возило управувано од возач во алкохолизирана состојба излетало од патот во неделата околу 3 часот наутро на островот Шипан во близина на Дубровник, а од десетте лица натрупани во возилото, осуммина се повредени, од кои четворица се хоспитализирани, соопшти дубровничката полиција. Од десетте лица во нерегистрираното патничко возило, седум ...
Петтата книга од Одбраните дела на проф. д-р Марко Китевски „Фолклорот од Македонија“, која што излезе неодамна од печат во издание на „Гирланда“, ги содржи петдецениските истражувања на Китевски за голем број собирачи на македонски фолклорни материјали, како и на најзначајните зборници со македонски народни умотворби. Меѓутоа, важно за овој ракопис е што во него се застапени и истражувања на помалку познати собирачи на македонски народни ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нарече Парадата на гордоста во Будимпешта во сабота „одвратна и срамна“, обвинувајќи ја Европската унија дека им наложила на опозициските политичари да го организираат настанот, кој се претвори во антивладин протест, објавија унгарските медиуми. Парадата на гордоста во Будимпешта се претвори во една од најголемите демонстрации на отпор кон Орбан во последните години, собирајќи речиси 100.000 учесници и покрај ...
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија го одржа Вториот Конгрес на кој присутните 413 делегати едногласно за претседател на партијата во следните четири години го избраа Максим Димитриевски. Обраќајќи се пред сопартијците, делегатите и гостите на Конгресот, претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски рече: „Чест ми е да ја преземам оваа одговорност на себе, да ја водам партијата во следните четири години. ЗНАМ е ...
Холивудската ѕвезда Мел Гибсон, познат по филмскиот хит „Страстите Христови“ и својата длабоко изразена христијанска вера, пристигна на Света Гора, духовното срце на православието, каде што поминува неколку денови во манастирот Хиландар. Гибсон пристигна тивко, без медиумска помпа, но неговата посета одекна силно во православниот свет. „Ниту на едно друго место не сум почувствувал толку длабока врска со Бог. Света Гора не е само манастирски ...
Неколку учесници во повеќе инциденти се уапсени по завршувањето на вечерашниот масовен студентски протест на плоштадот Славија во Белград. Полицијата не им дозволи на новинарите да го снимаат апсењето. За време на полициска интервенција, повреден е и асистентот на телевизијата Н1, Јован Павловиќ, јавува телевизијата. Претходно, групи на маскирани мажи се судриле со полицијата во близина на црквата „Свети Марко“, јавува репортерот на Радио ...
Отсуството на Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи од јавноста за време на израелско – иранската војна може да се покаже како одлучувачки момент за неговото лидерство и иднината на Исламската Република. Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше постојано присутен, давајќи дневни изјави и демонстрирајќи решителност – Хамнеи, врховниот командант на Иран, беше во голема мера невидлив, објавувајќи само две видео пораки за време ...
Националниот план за топлина ќе се применува на цела Холандија од 10:00 часот утре наутро поради високите температури, известува RIVM. Денес веќе е на сила во Норд-Брабант и Лимбург. Тропските температури веќе се достигнуваат во јужните покраини денес. Се очекува тие да бидат во целата земја утре. Топлината може да продолжи до среда. Вторник и среда ќе бидат најтоплите денови, со можни 37 степени на југ и исток. KNMI ќе издаде жолт код ако ...
По обемната вечера со светските лидери за време на самитот на НАТО и луксузниот појадок со американскиот претседател Трамп, кралот Вилем-Александар, исто така, се чини дека не се занесува со популарното народно јадење. Заедно со кралицата Максима и принцезата Алексија, тој се придружи на редот во преполната продавница за шварма во Ротердам, Јафа, во петокот вечерта за автентичен капсалон. „И покрај толпата, тој трпеливо чекаше. Што е всушност ...
На 28.06.2025 во 22.26 часот на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода С.Н. (52) од с.Жилче, тетовско. При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека С.Н. управувал патничко моторно возило „мазда“ со тетовски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.63 промили алкохол во крвта. По целосно ...
Јаневска придружувана од заменик-министерот, државниот секретар и директорите на Педагошката служба, на Бирото за развој на образованието и на Државниот испитен центар, нагласи дека сите заедно ги поставиле темелите за изградба на квалитетен и конкурентен национален образовен систем, кој ќе овозможи еднаквост, ефикасност, подобро знаење и вештини и генерално задоволство кај сите чинители во воспитно – образовниот процес. -Недостигот на учебници ...
Британската влада критички одговори на изјавите дадени од рап-панк групата Боб Вилан за време на нивниот настап на фестивалот Гластонбери. За време на нивниот настап, кој беше емитуван во живо на BBC, пејачот Боби Вилан извика: „Слободна, слободна Палестина“ и „Смрт, смрт за IDF“. Полицијата сега истражува видео снимки од настапите на Боб Вилан за да види дали се кажани или извршени кривични дела. Министерката за култура Лиза Нанди го ...
Русија изврши воздушен напад од големи размери врз Украина синоќа. Експлозии се слушнаа во градовите од источна до западна Украина. Властите известуваат дека најмалку шест лица се повредени, вклучувајќи и едно дете. Во Херсон, едно лице е убиено во напад со беспилотно летало, а во Харков, друго е убиено кога беспилотно летало удрил во автомобил. Според украинската армија, Русија лансирала 477 беспилотни летала и 60 ракети. Од нив, се вели дека ...
На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош. Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица кои барале помош. Преземени се неопходните мерки и лицата се ...
Скопје нема да има ниту една дискотека/кабаре што работи летово, односно ниту еден ваков ноќен угостителски објект ја нема потребната лиценца. Ова денес го потврди директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, кој обелодени дека во главниот град нема ниту еден објект со валидна лиценца за кабаре или диско клуб, додека на ниво на цела држава има 14 валидни лиценци. Од 1 ноември лани до 15 јуни годинава, ДПИ извршил вкупно 17.359 ...
Американската корпорација за спортски обувки и облека Најк објави дека очекува дополнителни трошоци од 1 милијарда долари поради царините наметнати од администрацијата на Трамп, бидејќи компанијата се стреми да го префрли производството надвор од Кина, известува Анадолу. „Овие царини претставуваат нови и значајни пречки во однос на трошоците“, изјави Метју Френд, главен финансиски директор на Најк, во четвртокот за време на брифингот за ...
Земјотресот е почувствуван утрово во Валандово и околината со јачина од 3,3 степени според Рихтерова локална магнитуда, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотерсот утринава во 5 часот и 54 минути чиј епицентар ...
Вечерва голема чест ми причинуваше можноста да бидам дел од 40 годишниот јубилеј на Меѓународната ликовна колонија Дебрца. Четири децении посветеност, креативност и инспирација – ова е навистина значаен момент кој заслужува најголема почит. Оваа колонија е жива приказна, водена со ентузијазмот и повеќедецениската посветеност на еден исклучителен човек – ликовниот уметник и педагог, Ѓорѓи Целески. Неговата визија и неуморна работа ја поставија ...
Косовската полиција соопшти дека привела вкупно 17 лица за време на прославата на Видовден, меѓу кои дел за „поттикнување омраза“ и „носење облека со провокативна содржина“. Еден од приведените е осомничен за нелегално поседување оружје, друг за прекршок, четворица се ослободени, а 11 остануваат под истрага, се наведува во официјалното полициско соопштение. Полициските активности, според властите, биле извршени во координација со правосудните ...
Под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од Африка и поле на висок воздушен притисок, во периодот од (понеделник 30 јуни) до (петок 4 јули) времето во нашата Република Македонија ќе биде многу топло и сончево со појава на сосема мала локална облачнот. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено во понеделник и во вторник. И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период следува многу топло време ...
Почина Митрополитот на Ѓирокастро, Димитри на Автокефалната православна црква на Албанија. Во последниот период, Неговото Блаженство беше хоспитализиран во Општата универзитетска болница во Јанина, поради респираторна инфекција и ендокардитис. И покрај напорите на лекарите, Неговото Блаженство не можеше да ја надмине болеста и се упокои во Господ денес, 28 јуни 2025 година, во 20:30 часот, како резултат на недоволно функционирање на многу ...
Два протести се одржуваат на националниот празник Видовден во центарот на Белград. Едниот е организиран од студенти кои ги блокираат факултетите низ целата земја од ноември 2024 година и бараат предвремени избори. Другиот е од граѓани кои, како што велат, го поддржуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На улиците на Белград, каде што истовремено се одржуваат двата протести, присутни се полициски екипи со опрема за борба против нереди. ...
На 27.06.2025 во 18.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишен малолетник од Скопје, по претходна пријава дека околу 14.30 часот во централното подрачје на градот, со употреба на физичка сила од Т.М.(44) од Скопје одзел пари. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следува ...
На 27.06.2025 во 14.35 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода Т.Б.(41) од Велес. При извршен претрес во неговиот дом, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја, 1624 семки канабис и остатоци од зелена растителна материја. Т.Б. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ...