Мали холандски провајдери се цел на кинески хакери, според холандските разузнавачки и безбедносни служби MIVD и AIVD. Ова е дел од големата кампања за сајбер шпионажа од страна на кинеската хакерска организација Salt Typhoon, која, според САД, е поддржана од кинеската држава. Неколку земји беа погодени од кампањата на хакерите, која беше насочена кон компании во телекомуникацискиот сектор низ целиот свет. Тоа излезе на виделина кон крајот на ...

Младите лица под 18 години веројатно ќе бидат обврзани да носат кацига на дебели велосипеди и електрични велосипеди почнувајќи од 2027 година. Привремената влада работи на прописи што ќе бидат доставени до Претставничкиот дом на есен 2026 година. Претставничкиот дом првично сакаше разлика помеѓу дебели велосипеди и други електрични велосипеди, но ова е правно неизводливо, според Министерството за инфраструктура и управување со води по ...

Меѓународен тим на астрономи откри нова планета, наречена „WISPIT 2b“, која орбитира околу млада ѕвезда на околу 430 светлосни години оддалеченост од Земјата, јавува Анадолу. Планетата, за која се верува дека гасовит џин сличен по големина на Јупитер, се проценува дека е стара само околу пет милиони години – многу рана фаза во планетарни рамки. Истражувачите истакнуваат дека откритието нуди редок увид во процесот на формирање планети. ...

Младоженец починал од повреди здобиени при свечена пукотница по неговата свадба на северот од Турција. Додека младенците по церемонијата оделе кон својот дом, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели што наводно ги испукала роднина на неговата сопруга, јави државната агенција „Анадолу“. Жената била приведена, а во нејзината градина биле пронајдени два нерегистрирани пиштола, соопшти агенцијата. Обвинителите отворија истрага за ...

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија. Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука, информираа денеска од МОН. Обезбедени се и учебници по странските јазици, за ...

Во пукотница во католичко училиште во американскиот град Минеаполис, Минесота, загинаа три лица, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, а уште 20 се повредени, потврди полицијата. Потврдена е смртта на две деца, на возраст од 8 и 10 години. Агенцијата Ројтерс јави дека се повредени 17 лица. Според локалната полиција, вооружениот напаѓач бил малолетник, а мотивот за нападот сè уште не е познат. Полицијата првично соопшти дека пет лица се ...

Папата Лав XIV побара Израел да го запре „колективното казнување“ и присилното раселување на Палестинците во Газа, додека апелираше за итно и трајно прекинување на огнот на опколената територија, во услови на израелски подготовки за нова воена офанзива. Папата двапати беше прекинат од аплауз додека гласно го читаше својот последен апел за крај на 22 месечната војна за време на неговата неделна општа аудиенција на која присуствуваа илјадници ...

На (27.08.2025) во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул.„Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт. ...

Граѓаните да пријават евентуални неправилности поврзани со кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции, повикаа министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Апелот до граѓаните е откако кардиохирургот Сашко Кедев изјави дека на приватни клиники пациенти биле непотребно оперирани за профит. „Секој еден граѓанин кој мисли дека му е направено и наплатено нешто што не требало да биде ...

Под влијание на циконска активност со центар над Џеновскиот залив, во петок и во сабота (29/30 август) целиот регион ќе биде зафатен од поројни врнежи, грмежи, силен јужен ветер а на повеќе места очекувам и појава на силни временски непогоди, проследени со многу дожд (над 50 л/м2 за кратко време) силен и бурен ветер, силни грмежи и громови, појава на крупен град а над Јадранот можна е и појава на пијавица (торнадо). Ваквата временска ...

‎Неопислива е радоста што можам со гордост да објавам дека по повеќе од 50 години, Охрид доби ново училиште ООУ „Кочо Рацин“. ‎ ‎Местото каде што некогаш стоеше нефукционална зграда, сега прерасна во модерен, функционален и безбеден образовен објект, училиште какво што заслужуваат нашите ученици. ‎ ‎Вкупната инвестиција во овој значаен проект изнесува околу 90 милиони денари, средства со кои се овозможи темелна реконструкција, адаптација и ...

Забранети се околу 250 онлајн приредувачи на игри на среќа, кои немаат извадено лиценца во Македонија, информираше денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тоа е битка на нашата генерација и мора да се справиме со нелегалното приредување на онлајн игри на среќа. Затоа што е пандемија којашто ги зафаќа сите граѓани, особено таргет се младите, бидејќи не можат да играат исгри на среќа со лична карта, ги земаат ...

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија. Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука. Обезбедени се и учебници по странските јазици, за прв пат после седум години во ...

За убиството во Кавадарци, лишени од слобода се три лица, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Денеска во 04:56 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во градот, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР – Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т., на ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше со своите европски колеги за дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина, објави Стејт департментот. „Рубио разговараше со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, украинскиот министер за надворешни работи Андрија Сибихa, финскиот министер за надворешни работи Елина Валтонен и шефицата за надворешна политика на Европската унија (ЕУ) Каја Калас“, изјави ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески уверува дека се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ниво под три проценти, а во таа насока гледа охрабрувачки сигнали од страна на Владата. „Навистина сакаме да се симнеме на инфлација под 3 проценти. Тука има охрабрувачки сигнали од страна на Владата, помалку популизам од аспект на притисоците за раст на платите. Најверојатно до крајот на годината ќе има напори, мерки, да се вклопи ...

Набрзо по постигнувањето трговско примирје со Доналд Трамп, Европската Унија повторно се најде на нишан на американскиот лидер, откако тој се закани дека ќе ги казни земјите кои се обидуваат да ја ограничат моќта на големите технолошки компании. Брисел усвои моќен правен арсенал насочен кон зауздување на технолошките гиганти — главно преку Законот за дигитални пазари (DMA), кој се однесува на конкуренцијата, и Законот за дигитални услуги ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 26 август телефонски разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за понатамошно подобрување на соработката меѓу двете земји и политичката ситуација во регионот. „Разговаравме за ситуацијата во Босна и Херцеговина, кризата што беше предизвикана однадвор, со постојани напади врз (босанско-херцеговскиот ентитет) Република Српска“, напиша Вучиќ на Инстаграм. Вучиќ претходно, како ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Брисел, разговараше со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. На средбата било истакнато неодамнешното приклучување на Северна Македонија кон европската платежна зона СЕПА, како и иницијативата за постепено укинување на роаминг трошоците меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Одлуката за оваа мерка се очекува на почетокот на ...

Германската индустрија е во канџите на длабока криза, а автомобилската индустрија е особено силно погодена. Таму, во рок од една година, се загубени околу 51.500 работни места, што е еквивалентно на речиси седум проценти од работните места. Ова е заклучокот од анализата на консултантската фирма EY, врз основа на податоци од Сојузниот завод за статистика. Ниту еден друг сектор не затворил толку многу работни места. Пад на прометот – не само ...

Од повторниот избор за претседател на САД, Доналд Трамп повеќепати се соочи со обвинувања дека профитира од својата функција. Навистина, Трамп и неговото семејство неодамна склучија бројни зделки – од недвижности и криптовалути до обврзници и акции. Дали постои шема што укажува на лично богатење? Во САД, Законот за етика во владата од 1978 година, донесен како одговор на скандалот „Вотергејт“, бара од претседателот, потпретседателот и други ...

Ј.П. „Билјанини Извори“ продолжува со вложувања во унапредување и модернизација на опремата за одржување на тревнатите спортски терени. Со цел обезбедување на квалитетна грижа за тревнатите површини, се набави нов трактор LOVOL 404 со натрешница и специјални турф гуми за трева, кој поседува погон на сите тркала. На овој начин значително се намалува можноста за оштетување на тревната подлога, што е од особено значење за спортските терени. ...

На 25.08.2025 околу 19:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода О.Ј.(32) од Унгарија и А.Б.(37) од Србија. При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 01.08.2018 по јавен оглас од ...

Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ одбија да ја стават на дневен ред на Претседателството на 25 август иницијативата на членот Жељка Цвијановиќ за номинирање на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, објави Јавната радиотелевизија на Република Српска. Цвијановиќ претходно најави дека ќе му предложи на Комитетот за Нобелова награда ...

Денес (вторник 26 август) од запад над нашата Република Македонија ќе помине една облачна воздушна маса која може да донесе сосема слаб локален дожд. Веќе од утре среда(27 август) па до петок (29 август) ќе бидеме под влијание на топол бран од Африка кој ќе услови температурите да бидат значително повисоки и тие речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели од нашата Македонија тие локално ќе ...

За перење пари, даночно затајување и злосторничко здружување се приведени седум луѓе со помош на специјалната единица „Тигри“. Според сомнежите на Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, осомничените ја оштетиле државната каса во вредност од 7 милиони евра. Две годишната предистражна постапка, покажала дека осомничените од општините Липково, Куманово и Желино, кои се ...

Осум дена притвор доби 43-годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите Шкупи и Брегалница на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, физички нападна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев потврди дека на лицето А.А од Скопје му е одредена мерка притвор од осум дена, по што по скратена ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска (25 август) имаше средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници, соопшти Министерството за здравство. Министерот Алиу на средбата потсетил дека ќе биде испратен допис со кој сите приватни здравствени установи се задолжени од 15 септември да го информираат Министерството, односно ...

На 24.08.2025 во 17:58 часот на автопатот Скопје-Тетово, на место викано „Студена вода“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ј.(31) од с.Долна Лешница, општина Желино. При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со брзина од 184 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час. На 24.08.2025 во 16:22 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
83%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
99%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
994
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
89%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
98%
1000
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
94%
996
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Сребро

2457.28

Паладиум

53434.54

Алуминиум

3.07

Рутениум

45750.51

Бакар

11.66

Калај

48.47

Иридиум

221848.72

Цинк

3.33

Родиум

336779.07

Злато

157055.75