Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Далас – Европскиот првак Шпанија ја продолжи серијата победи без примен гол на Светското првенство и со триумф синоќа во судиското продолжение над Португалија во Далас со 1-0 се пласираше во четвртфиналето. Победата на Шпанија ѝ ја донесе Микел Мерино во првата минута од судиското продолжение, само шест минути откако влезе на теренот на местото на Дани Олмо. Првото полувреме изобилуваше со шанси за гол на двете страни. Шпанија прва се закани ...
Денеска е вторник, 7 јули 2026 година, 188-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 177 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 5 минутa, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 6 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, а ќе зајде во 12 часот и 32 минути. Денеска е вторник, 7 јули 2026 година, 188-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 177 дена. Сонцето во ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамките на посетата на Турција, во Амбасадата на Македонија во Анкара имаше средба со припадници на македонската заедница. – Во пријателска атмосфера, во македонската амбасада во Анкара, имав чест да се сретнам со припадници на македонската заедница во Турција, придружени од Севим Оздемир, претседателка на Здружението „Иселениците од Румелија“, обајви претседателката Сиљановска на Фејсбук. ...
Кина постигна значајна пресвртница во електричниот погон за сателити со успешната демонстрација на новиот погонски мотор 750N Hall, завршувајќи рекордна орбитална мисија и надминувајќи ги перформансите на сите споредливи претходни системи. Моторот го напојуваше сателитот за експериментална комуникациска технологија 26A од неговата почетна транзициска орбита во геостационарна орбита преку пет маневри за подигнување на орбитата, работејќи ...
Еден од најпопуларните регионални изведувачи, Ацо Пејовиќ, на 11 јули ќе одржи концерт во Аква Парк Пробиштип, како дел од богатата летна концертна програма на најголемиот воден комплекс во источниот дел на Македонија. Концертот започнува во 21:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со неговите најголеми хитови, одлична атмосфера и врвна продукција. Со бројни безвременски песни и препознатлив настап, Пејовиќ ...
Современите свадби сè повеќе наликуваат на мини-претстави. Најнов тренд се така наречените „лажни матичари“. Станува збор за лица кои немаат законско овластување да склучуваат брак, но ја водат церемонијата така што таа изгледа како вистинско венчавање. Правниот дел од постапката младенците најчесто го завршуваат во Општина, а потоа големото „да“ го повторуваат пред семејството и пријателите, често со сценографија како на филм, пишува Сити ...
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска побара од САД да не и продаваат на Турција авиони ловци Ф-35, за да не се наруши балансот на силите во регионот. Не мислам дека треба да им се дадат Ф-35 или мотори за нивните борбени авиони, бидејќи тоа би го нарушило балансот на моќ на Блиски Исток, кој во крајна линија е загарантиран од израелската воздушна супериорност, а исто така, мислам, и од позицијата на Америка на Блиски Исток, изјави ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека европските земји-членки на НАТО и Канада веќе ги зголемиле трошоците за одбрана на околу четири проценти од бруто домашниот производ. – Минатата година, европските сојузници и Канада потрошија речиси 20 проценти повеќе за основна одбрана отколку претходната година. Гледајќи ги 2025 и 2026 година заедно, тоа се 258 милијарди долари дополнителни инвестиции, наведе Руте. На ...
Државниот завод за статистика соопшти дека трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – мај 2026 година во споредба со истиот период 2025 година. Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 217 977.7 милиони денари и бележи раст од 5,70 отсто, додека вредноста на увезената стока е 306 513.7 милиони денари, што претставува зголемување за 5,91 процент. Трговската размена по производи според Стандардната ...
Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик, потврдија за МИА од владејачкото мнозинство. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија ...
Околу 30 ученици биле испратени минатиот и овој месец да ја претставуваат нашата земја на меѓународни научни олимпијади, без грижа за нивните семејства дали ќе можат да ги покријат трошоците за патување и котизација, информираше попладнево министерката за образование и наука Весна Јаневска на Фејсбук. Јаневска додаде дека Министерството за образование и наука и Владата целосно ги финансираат, втора година по ред. – Така ќе биде и понатаму. ...
Од својата лежалка, со рацете зафрлени над главата, нозете лизгајќи ги напред-назад во песокот, Павлос Белејанис ги гледа своите внуци како се капат во неговиот омилен залив. Тоа е идилична сцена, исполнета со спокојство што новопензионираниот возач на камион директно го припишува на чувството на безбедност. Но, за прв пат, низ заливот е поставена лебдечка бариера. Склонувајќи се, прскајќи и шетајќи наоколу, децата не се осмелија да излезат ...
БИТОЛА – Жетвата на јачменот и пченицата во тек, а некаде и завршена, а земјоделците немаат цена за житото, ниту откуп. Од друга страна денес земјоделци споделија видео на кое како што велат се гледа дека преку граничниот премин Табановце се увезува пченица за Македонија. Земјоделецот Борче Бучински од здружението „Пелагонско поле“ споделувајќи го видеото вели: „Додека нашите маки мачат со жетвата, српска влегува на граница, како не ви е ...
Кинески суд го осуди Јанг Јулин, поранешен висок локален функционер во источниот град Нанџинг, на смрт во понеделник, прогласувајќи го за виновен за корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела, се вели во соопштението на судот. Јанг нелегално примил повеќе од 324 милиони долари во готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година, се вели во соопштението на Средниот народен ...
Владата на седница на 30 јуни донела одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница. Одлуката излезе во Службен весник на 3 јули, а денеска за неа објави градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, според кој е извојувана значајна победа за жителите на село Блатец. „Во втората половина на февруари, со официјален допис го известив инвеститорот дека Одобрението за градење на ...
Операционализацијата на идејата дека најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат достапни секој ден во текот на летото, во сезоната на пожари, преку тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше договорена на денешниот состанок на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов со претставници на доброволни противпожарни здруженија. „Постигнавме договор секое Здружение на доброволни пожарникари однапред да декларира ...
Канадската пливачка Самер Мекинтош постави нов светски рекорд на 200 метри пеперутка, соборувајќи го најдолготрајниот светски рекорд во женска конкуренција, откако ја исплива патеката за време од 2:01,65 во неделата на националното првенство во Монтреал. Претходниот рекорд од 2:01,81, во сопственост на кинеската пливачка Лиу Зиге, беше поставен во октомври 2009 година во ерата на полиуретанските костими, кои наскоро беа забранети, и ...
По повод две години од работата на Владата, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа прес-конференција на која даде пресек на постигнатите резултати и започнатите капитални процеси во ресорот, нагласувајќи го институционалниот континуитет и стабилноста во реализацијата на политиките. Во изминатиот период, Министерството обезбеди средства и започна со реализација на над 300 инфраструктурни проекти од ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) спроведуваат истрага против 20-ина комуникациски канали, меѓу кои веб-портали, како и страници и профили на Фејсбук и Инстаграм, поради сомневање дека биле користени за организирано ширење говор на омраза и поттикнување тензии преку содржини поврзани со односите меѓу Македонија и Бугарија, објави порталот Скопје 1. Во фокусот на истрагата се повеќе содржини ...
На 6 јули 1957 година, двајца тинејџери од Ливерпул по име Џон Ленон и Пол Макартни се сретнаа за прв пат во аудиториум на црква. Тоа беше почеток на едно од најплодните музички партнерства во историјата. Седум години подоцна, тие – заедно со Џорџ Харисон и Ринго Стар – ќе станат светски феномен познат како „Битлси“. Лесно е да се претпостави дека Џон и Пол најапосле би се сретнале некој друг ден доколку заедничкиот пријател не ја избрал ...
Европската Унија призна дека новиот дигитален систем за евиденција на влез и излез (EEС) се соочува со технички проблеми, откако аеродромите и авиокомпаниите предупредија на долги редици, доцнења на летови и пропуштени конекции. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Ирска, изјави дека Комисијата активно работи со земјите-членки на отстранување на проблемите, пренесува Политико. Системот EES, кој ...
Петар Ристески пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот го отсликува „одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса“. „Пред нас денес стои документ кој јасно го отсликува одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса. Овој предлог ребаланс на буџет за 2026 година не е обично прераспределување на бројки на хартија. Ова е економски ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, во Полициската академија во Идризово, присуствуваше и се обрати на промоцијата на каталогот за континуирани обуки на Министерството за внатрешни работи, изработен во соработка со Полициската академија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје – соопшти МВР. Во обраќањето министерот Тошковски истакнал дека каталогот претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалниот развој, стручноста и ...
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде транспарентно во врска со целата постапка за обнова на цементарицата „Титан Усје“ во Скопје – потенцира на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кој одговараше на новинарско прашање по кој закон ќе биде обновена А-интегрираната дозвола за овој индустриски капацитет. – Барањето, како што знаете, е објавено, расправата се ...
Општина Илинден започна со реализација на проектот за реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, како дел од континуираните активности за унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за спорт и рекреација. -Оваа реконструкција се врши по речиси дводецениско користење на салата, при што се предвидени повеќе градежни и технички зафати насочени кон подобрување на функционалноста, ...
Во тек се стандардните процедури за обнова на А-интегрираната дозвола за „Титан-Усје“, кажа денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, по реакциите околу неа. На новинарско прашање според кој закон ќе биде доделена дозволата за Усје, министерот одговори: „Новата дозвола на Усје ќе биде со параметри од новиот закон кој стапува во сила септември 2027 година. Ветувам дека целата постапка ќе биде транспарентна и ...
Лондон – Принцот Хари нема да остане во Бакингемската палата за време на неговата посета на Лондон оваа недела, објави Палатата, и покрај тоа што неговиот тим претходно утрово објави дека ја прифатил поканата. Кралски извори тврдат дека војводата формално не одговорил на понудата за сместување до крајниот рок утврден кон крајот на минатата недела и во саботата навечер му било кажано дека престојот во палатата не е можен, објавува Би-Би-Си. ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржува идејата за електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ги повика координаторите на пратеничките групи да се обидат да постигнат компромис за Изборниот законик. На брифинг со новинарите претседателот на Собранието Гаши денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на неговата политичка партија Алтернатива. „Јас сум за ...
Венеција – Џорџ Клуни ќе го добие Златниот лав за животно дело на годинешниот Венециски филмски фестивал, кој се одржува од 2 до 12 септември. „Овој фестивал е без сомнение мојот омилен и добивањето на Златниот лав е огромна чест. Веројатно значи дека сум стар, но ќе го прифатам“, рече 65-годишниот американски актер, режисер и продуцент. „Неоспорен шарм“ Алберто Барбера, уметнички директор на најстариот филмски фестивал во светот, го опиша ...
Објавен е Глобалниот индекс на мир за 2026 година, студија која ги наведува најбезбедните земји во светот. Европа повторно го зазеде првото место, а оваа година истата земја го зазеде првото место. Во време кога на многумина им се чини дека светот станува сè понестабилен, безбедноста сè повеќе станува еден од важните критериуми при избор на патување, пишува Time Out. Глобалниот индекс на мир анализира 163 земји секоја година и зема предвид ...