Експерти од Хесен Форст- Државна шумарска служба од Хесен, Германија, Научно-истражувачкиот институт за шумарство од Гетинген, Германија и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг – Ханс Ем“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe, остварија посета на ЈУ Национален парк „Пелистер“. Експертите од Научно-истражувачкиот институт за шумарство од Гетинген доаѓаат од истата институција во која што претходно ...

За четири години од сега, треба да биде готов автопатот Скопје-Блаце, во должина од 12 километри, а за него преку ЕБОР се обезбедени 30,8 милиони евра грант и заем од 167,6 милиони евра. Со оглед на тоа што се работи за изклучително тежок терен на падините на Скопска Црна Гора, патот предвидува пет тунели, девет мостови, 11 потпатници, четири галерии и 9 потпорни ѕидови за стабилност. Изградбата треба да почне во август годинава, а рокот за ...

Левица обвинува дека предложените измени во Општина Аеродром наместо да придонесат за повеќе зелени површини, ќе создадат можност просторот околу зградите да се претвора во паркинзи. Според партијата, додека жителите на Аеродром секојдневно се соочуваат со недостиг од паркинг-места, општинската власт предлага вистинското зеленило околу станбените објекти да се заменува со кровно зеленило. Советникот на Левица во Советот на Општина Аеродром, ...

Претставниците на парламентарните партии денеска повторно ќе седнат на иста маса во обид да ги приближат ставовите за измените на Изборниот законик, иако разликите околу неколку клучни прашања и натаму остануваат значителни. Најголеми несогласувања има околу начинот на гласање на македонските државјани во дијаспората, воведувањето една изборна единица и моделот за финансирање на помалите политички партии. Од СДСМ предупредуваат дека ...

СДСМ реагира на најавите од премиерот Христијан Мицкоски дека денес повторно ќе поскапат цените на горивата, истовремено не најавувајќи никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар. -Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи“, но рече дека „имињата засега нема да ги открие“. Тоа се тие се двајца Мицкоски – едниот признава дека има проблем, другиот со лаги и манипулации се обидува да ...

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје со особена благодарност ја прими донацијата на книги од академик Влада Урошевиќ, еден од најистакнатите современи македонски книжевници, поети, есеисти, преведувачи и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Оваа значајна донација претставува драгоцено збогатување на библиотечниот фонд и ќе им овозможи на читателите непосреден пристап до дела од автор чие творештво ...

Тихоокеанските острови што им припаѓаат на Соединетите Американски Држави и каде што се наоѓаат клучните американски воени бази се под напад на супертајфунот Бави, објавија денес американските медиуми. Островот Тинијан, познат по американската воена база од која полетаа бомбардерите Б-29 што ги фрлија атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки во Втората светска војна, беше погоден од супертајфунот Бави со сила на ураган од IV категорија и во ...

Смел облог на платформата за прогнозирање на пазарот „Полимаркет“ го привлече вниманието на меѓународната заедница и регулаторните органи. Анонимен корисник со прекар „ZnotluvuiSamez“ се обложил со значителна сума на настани поврзани со геополитичкиот конфликт меѓу Русија и Украина. Информациите за активноста на корисникот, чија профилна слика е со украинското знаме, првично ги откри американската медиумска компанија Ен-Би-Си. Најголемата ...

Одлуката на ФИФА да го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун предизвика големи контроверзии. Американскиот напаѓач сепак ќе може да игра во осминафиналето на Светското првенство против Белгија, откако неговата суспензија поради исклучувањето на натпреварот против Босна и Херцеговина беше укината. Ваквиот исход беше овозможен со изненадувачка одлука на Дисциплинската комисија на ФИФА. Веста веднаш одекна во јавноста, а американскиот ...

Во ноќта на 6 јули, руските сили започнаа масовен напад со ракети и дронови врз Киев по втор пат за една недела. Во нападот загинаа 11 лица, а ранети се 46 други, вклучувајќи три деца, според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Тој рече дека нападите погодиле повеќекатни станбени згради во четири области на градот. Според Државната служба за вонредни состојби на Украина (ССУ), најмалку 15 станбени згради биле уништени или оштетени. ...

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека Владата, преку Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), започнува со реализација на нова програма за вклучување на младите во работата на општините.Според најавите, во текот на август и на септември ќе започне програмата „Месеци на практикантство“, која ќе се спроведува во соработка со државните универзитети. Преку неа, ...

Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на дискусија на самитот на НАТО неделава во Турција, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, реагирајќи на најновите напади на Русија врз Украина. „Синоќа, руските сили повторно неодговорно нападнаа цивили од воздух, со повеќе од 400 беспилотни летала и ракети што го нападнаа главниот град. На Украина итно ѝ е потребна дополнителна воздушна ...

Монако – Описот на Француската ривиера од англискиот раскажувач и драматург Сомерсет Мом како „сончево место за сомнителни луѓе“ денес се чини посоодветен од кога било за Монако, мала енклава на милијардери сместена помеѓу Франција и Медитеранот. Експлозијата на пакет-бомба што ги повреди украинскиот тајкун Вадим Јермолаев, неговиот наводен партнер и нивниот син ги потресе жителите. Три дена по нападот, работниците ја поправаа влезната врата ...

Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики коишто произлегуваат од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“. Првата фаза од активностите од проектот финансиран од ЕУ опфаќаше пред сѐ анализа на постојната состојба ...

Пекинг – Кинеската војска денес тестираше ракета во Тихиот Океан од нуклеарна подморница, објавија државните медиуми, а потегот беше критикуван од Јапонија, Австралија и Нов Зеланд. Нуклеарна подморница на Народноослободителната армија испали ракета со лажна боева глава кон меѓународните води во Тихиот Океан во 12:01 часот по локално време, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа. Проектилот падна во „води одредени за тоа“, додаде ...

Каракас – Пејачката Шакира и ФИФА соопштија дека ќе донираат 500.000 американски долари за помош на децата погодени од разорните земјотреси што кон крајот на јуни ја погодија Венецуела. Средствата ќе бидат обезбедени преку Фондот за образование ФИФА („FIFA Global Citizen Education Fund“) и ќе бидат наменети за поддршка на образованието на илјадници деца чие школување е загрозено по катастрофата. Разорните земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,5 ...

По четири години активни настапи, регионални гостувања и континуирано градење на својот авторски израз, Дина Јашари ова лето и есен ја реализира својата прва поголема турнеја низ Македонија, со концерти во седум градови низ земјата. Турнејата започна на 2 јули во Скопје, со настапот на Дина Јашари како предгрупа на Duran Duran во арената „Борис Трајковски“, а продолжува со серија концерти низ Македонија во текот на јули, август и септември. ...

Шумски пожари беснеат низ јужна Европа, принудувајќи илјадници луѓе на евакуација и поттикнувајќи ги службениците да им забранат на гледачите пристап до етапа од познатата велосипедска трка Тур де Франс. Стотици пожарникари се борат со пожарите што уништија повеќе од 19.000 хектари земја низ Португалија, Шпанија, Франција и Грција. Температурите повторно се зголемуваат, а се предвидува дека температурите ќе достигнат 40 степени Целзиусови во ...

Пратеничката група на Левица поднесе 47 амандмани кон Ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои бараме суштинска прераспределба на јавните средства кон области што директно го засегаат животот на граѓаните – безбедност, инфраструктура, животна средина, земјоделие, домување, социјална заштита, образование, култура, спорт и институционална отчетност. Ребалансот што го предлага ДПМНЕ е финансиски неодговорен и политички разголен документ. ...

Недостатокот на гориво што ја уништува Русија ги принуди возачите низ целата земја да чекаат во долги редици за да наполнат гориво, во голема мера евоцирајќи спомени од недостигот од комунистичката ера, пишува американското списание Fortune. Месечната кампања на напади со беспилотни летала врз нафтената инфраструктура длабоко на руска територија ги принуди рафинериите да престанат со работа. Енергетските аналитичари проценуваат дека овие ...

Лондон– Британскиот министер за одбрана, Ден Џарвис, престојуваше во посета на Исланд во услови на „сè поголеми руски закани“, во момент кога НАТО за првпат спроведе операции за воздушна одбрана од европски носач на авиони. Џарвис ги посети британските сили на командниот брод на Кралската морнарица „ХМС Принцот од Велс“ (HMS Prince of Wales), кој е распореден во близина на Исланд под команда на НАТО, при што од неговата палуба за првпат беа ...

Анкара – Лидерите на земјите членки на НАТО ќе се соберат утре и во среда во турската престолнина Анкара на состанок на врвот, на кој европските членки би требало да го преземат главниот товар за одбраната на сопствениот континент. „Ги удвојуваме нашите напори со цел да го направиме НАТО она што отсекогаш требаше да биде: балансиран сојуз со Европа на чело за сопствената одбрана – НАТО 3.0“, изјави американскиот министер за одбрана, Пит ...

Вашингтон – Во чест на 250-годишнината од незавнисоста на Соединетите Американски Држави, Јавната библиотека во Њујорк соработуваше со една тамошна пиварница за да произведе пиво според изворен рецепт на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон (1732 – 1799). Според наводите, Вашингтон го запишал рецептот во тетратка во 1757 година, додека сè уште бил воен командант. Таа тетратка сега се чува во архивата. Пивото, коешто веројатно не ...

Префинета публика, синоќа, во свежото Скопје, во рамки на 47. фестивал „Скопско лето“, уживаше во спојот на класичната традиција, фолклорното наследство и филмската имагинација. Историскиот двор на Сули ан се претвори во светска сцена на концерт под ѕвездено небо, каде што публиката музички патуваше низ разни култури и епохи . Преку делата на Барток, Григ, Штраус, Пјацола, Зимер, Вилијамс и Мориконе, од вестерн до чардаш, од либертанго до ...

Додека како најважна ударна вест сѐ уште траат расправите за „реконструкција и ребрендирање“ на старо-новата влада се присетив на една реченица на Блаже Конески искажана во ресторанот на Клубот на пратеници пред повеќе години по истиот повод како и сега. Јавни личности мудруваа навидум многу загрижено за најавените промени во владата, кои министри ќе си заминат, а кои ќе дојдат на нивно место. Откако ги искажаа сите „аргументи“ колку е тоа ...

Мумбаи – Најмалку шест лица, меѓу кои пет деца, загинаа вчера во Мумбаи, кога неколку објекти се урнаа како последица на обилните дождови што ги зафатија источните предградија на индиската метропола. Според официјалните податоци што ги објавија локалните власти, во урнатите повеќекатници загинале пет деца и една жена. Обилните врнежи предизвикаа и свлечишта, поради што е затворен автопатот меѓу Мумбаи и Пуна, што предизвика сериозни ...

Брисел – Времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана и безбедност на Америка е завршено, оценија генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заеднички авторски текст за весникот „Економист“. Тие признаа дека Европа во рамките на Северноатлантскиот сојуз долго време била премногу потпрена на воените капацитети на Вашингтон, но нагласија дека суровата реалност и ...

Без електрична енергија денеска од 08:00 – 09:30, се до 14:30 – 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од општина Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. РЦУК информира дека по добиено известување од ЕВН Македонија АД без електрична енергија во периодот од 08.00 до 15.00 часот, чќе бидат корисниците од улица „Тодор Чангов“, во општина Аеродром Без струја во периодот од ...

Рио Де Жанеиро – Бројот загинати во двата силни земјотреси што пред околу една и пол седмица ја потресоа Венецуела се искачи на 3.342, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Претседателот на Националното собрание на Венезуела, Хорхе Родригес, соопшти дека околу 16.740 лица се повредени, а повеќе од 17 илјади останале без своите домови. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството, како што е најавено, треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица. ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.87
26%
1011
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
1.61
46%
1013
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
3.18
40%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.63
35%
1012
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.18
35%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.42
68%
1016
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.81
40%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.01
19%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.8
27%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
2.24
48%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
3.13
42%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
2.79
56%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Платина

55652.94

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Цинк

0.00